87. „КАЈ СВОЈОТ ОТЕЦ И ВАШИОТ ОТЕЦ”

Оваа поглавје е засновано на Лука 24:50-53; Дела 1:9-12. Дошло време Христос да се вознесе до Татковиот престол. Како божествен победник, Тој се подготвувал во небесните дворови да се врати со трофеите на Својата победа. Пред Својата смрт Тој му изјавил на Својот Татко: „Ја завршив работата што ми ја даде да ја свршам”. (Јован…

86. „ОДЕТЕ И НАУЧЕТЕ ГИ СИТЕ НАРОДИ”

Оваа поглавје е засновано на Матеј 28:16-20 Стоејќи само еден чекор од Својот небесен престол, Христос им дал налог на Своите ученици: „Дадена ми е сета власт на Небото и на Земјата,“ рекол Тој. „Одете и научете ги сите народи”. „Одете насекаде низ светот и проповедајте го евангелието на секое создание”. (Марко 16:15) Овие зборови…

85. УШТЕ ЕДНАШ ПОКРАЈ МОРЕТО

Оваа поглавје е засновано на Јован 21:1-22. Христос одредил да се сретне со Своите ученици во Галилеја и набрзо по пасхалната седмица, тие се упатиле таму. Нивното отсуство од Ерусалим за време на празникот би се протолкувало како нелојалност и ерес и затоа останале до крај. Меѓутоа, кога празникот завршил, тие радосно тргнале во своето…

84. „МИР ВАМ”

Оваа поглавје е засновано на Лука 24:33-48; Јован 20:19-29. Стигнувајќи до Ерусалим, двајца ученици влегле во градот низ источната капија, која е отворена ноќе за време на празникот. Куќите потонале во мрак и тишина, но патниците оделе по својот пат низ тесните улички, осветлени од Светлината на месечината. Отишле во горната соба, каде што Исус…

83. НА ПАТОТ ЗА ЕМАУС

Оваа поглавје е засновано на Лука 24:13-33 Доцна попладнето на денот на воскресението, двајца ученици оделе по патот кон Емаус, мало место оддалечено околу тринаесет километри од Ерусалим. Тие двајца ученици не заземале никакво истакнато место во Христовото дело, но искрено верувале во Него. Тие дошле во градот за да ја прослават Пасха и биле…

82. „ЗОШТО ПЛАЧЕШ?”

Оваа поглавје е засновано на Матеј 28:1,5-8; Марко 16:1-8; Лука 24:1-12; Јован 20:1-18 Жените кои стоеле покрај крстот будно стражареле и чекале да помине саботата. Првиот ден во седмицата тие многу рано тргнале на гробот, носејќи со себе скапоцени мириси за да Го помазат телото на Спасителот. Тие не помислувале на Неговото воскресение од мртвите….

81. „ГОСПОД ВОСКРЕСНА”

Оваа поглавје е засновано на Матеј 28:2-4, 11-15 Ноќта на првиот ден од седмицата полека поминувала. Настапил најмрачниот час, час кој му претстои на осамнувањето. Христос сѐ уште бил затвореник во Својот тесен гроб. Големиот камен бил на своето место, римскиот печат не бил оштетен, а римските стражари ја чувале својата стража. Тука се наоѓале…

80. ВО ЈОСИФОВИОТ ГРОБ

Конечно Христос почивал. Долгиот ден на срам и маки завршил. Кога со последните зраци на сонцето кое заоѓало настапила саботата, Божјиот Син спокојно почивал во гробот на Јосиф. Завршувајќи го Своето дело со раце склопени во мир, Тој се одморал во светите часови на саботниот ден. {КВ 769.1} Во почетокот, по создавањето, Таткото и Синот…

79. „СЕ СВРШИ”

Оваа поглавје е засновано на Матеј 27:31-53; Марко 15:20-38; Лука 23:26-46; Јован 19:16-  30. Христос не Го предал Својот живот сѐ додека не Го завршил делото заради кое дошол, а тогаш во Својот последен здив извикал: „Се сврши”. (Јован 19:30) Битката била добиена. Неговата десница и света рака му донела победа. Тој како Победник го…

78. ГОЛГОТА

Оваа поглавје е засновано на Матеј 27:31-53; Марко 15:20-38; Лука 23:26-46; Јован 19:16-30 „И кога дојдоа на местото, наречено Голгота, таму Го распнаа Него”. {КВ 741.1} „За да го освети народот со Својата крв,“ Христос „настрада надвор од градските порти”. (Евреите 13:12) Поради престапот на Божјиот закон, Адам и Ева биле истерани од Едем. Христос,…