ПАТРИЈАРСИ И ПРОРОЦИ
|

ПАТРИЈАРСИ И ПРОРОЦИ

Веројатно не постои никој кој не се запрашал: Од каде потекнува сето тоа? Како настанал универзумот? Како е создаден светот? Како и кога настанале човечките суштества? ”Патријарси и пророци“ е книга за почетокот на сè што е создадено. Таа на привлечен и разбирлив јазик зборува кога е создадена Земјата и луѓето што живеат на неа….

73. ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ НА ДАВИДА

Оваа глава е заснована на 2. Самоилова 24 глава; 1. Царевите 1 глава и Летописи 21; 28; 29 глава По паѓањето на Авесалома, во царството не настанал веднаш мир. Во бунтот зел учество толку голем дел од народот, што Давид не сакал да се врати во престолнината и повторно да ја преземе власта во свои…

72. БУНТОТ НА АВЕСАЛОМА

Оваа глава е заснована на 2. Самоилова 13 до 19 глава. „За овчичката тој треба да плати четворно”, гласела пресудата што Давид несвесно си ја изрекол самиот себеси кога ја ислушал приказната на пророкот Натан; и требало да му се суди токму според таа пресуда. Четири негови синови морале да паднат, а загубата на секој…

71. ГРЕВОТ НА ДАВИДА И НЕГОВОТО ПОКАЈАНИЕ

Оваа глава е заснована на 2. Самоилова 11 и 12 глава Во Библијата малку пофалби има за луѓето. Малку место е посветено на опишување на добродетелите дури и на најдобрите луѓе што живееле на овој свет. Тоа молчење не е случајно и треба да даде поука. Сите добри особини што ги поседуваат луѓето се Божји…

70. ВЛАДЕЕЊЕТО НА ДАВИДА

Оваа глава е заснована на 2. Самоилова 5,6-25; 7. 9. и 10 глава Штом стапил на престолот, Давид почнал да бара погоден град кој би можел да биде престолнина на неговото царство и нашол едно место околу триесетина километри од Хеврон кое го избрал за главен град. Пред Исус Навин да ги преведе Израеловите чети…

69. ДАВИД ПОВИКАН ДА ГО ЗАЗЕМЕ ПРЕСТОЛОТ

Ова глава се темели на 2. Самоилова 2 до 5:5 Со смртта на Саула исчезнале опасностите поради кои Давид морал да талка како изгнаник. Сега му бил отворен патот за враќање во татковината. Кога поминале деновите на жалост за Саула и Јонатана, „Давид Го праша Господа, велејќи: ‘Да одам ли во некој од Јудините градови?’…

68. ДАВИД ВО ЦИКЛАГ

Оваа глава е заснована на 1. Самоилова 29 и 30 глава и на 2. Самоилова 1 глава Давид и неговите луѓе не учествувале во судирот меѓу Филистејците и Израел, иако со Филистејците дошле на бојното поле. Додека обете војски се приготвувале за битка, синот на Јесеја бил во голема неволја и неизвесност. Се очекувало да…

67. ВРАЖАЊЕТО ОД ДРЕВНИНА ДО ДЕНЕСКА

Библискиот извештај за Сауловата посета на вражарката во Ен-Дор збунува многу истражувачи на Библијата. Некои сметаат дека Самоил навистина бил присутен при разговорот со Саула, но во Библијата има доволно докази за спротивен заклучок. Ако Самоил бил на небото, како што тврдат некои, тогаш тој можел да биде повикан или со Божја, или со ѓаволска…

66. СМРТТА НА САУЛА

Оваа глава е заснована на 1. Самоилова 28 и 31 глава Повторно избила војна меѓу Филистејците и Израелците. „Се собраа Филстејците и отидоа, та се улогорија во Сунем”, на северниот крај на Јизреелската рамнина. Саул со својата војска се улогорил на неколку километри оттаму во подножјето на планината Гелвуја, на јужниот крај од истата рамнина….

65. ВЕЛИКОДУШНОСТА НА ДАВИДА

Оваа глава е заснована на 1. Самоилова 22:20-23 и 23- 27 глава По свирепото убиство на Господовите свештеници од страна на Саула, „се спаси само еден од синовите на Ахимелех, Ахитувовиот син, по име Авијатар, и избега кај Давид.Авијатар му раскажа на Давид дека Саул ги уби свештениците Господови.А Давид му рече на Авијатар: ‘Јас…