ПАТРИЈАРСИ И ПРОРОЦИ

Веројатно не постои никој кој не се запрашал: Од каде потекнува сето тоа? Како настанал универзумот? Како е создаден светот? Како и кога настанале човечките суштества?

”Патријарси и пророци“ е книга за почетокот на сè што е создадено. Таа на привлечен и разбирлив јазик зборува кога е создадена Земјата и луѓето што живеат на неа. Ако некогаш сте биле обесхрабрени од злото во светот и сте се запрашале од каде потекнува, оваа книга ќе ви го каже тоа.

Пророци и цареви

Целата историја на „избраниот народ“, децата Аврамови „по тело“, е од необично големо значење, токму поради тоа што ни ја открива возвишената Божја природа – Неговата бесконечна милост, совршена праведност, безгранична мудрост, Неговата неизмерна моќ и вечна љубов. Оваа книга го обработува еден од најинтересните делови на таа историја, опфаќајќи го периодот кога израелската нација го досегнува зенитот на својата земна слава, па сѐ до падот во ропство и повторно обновување.

Копнежот на вековите

Оној што бара да ја згасне својата жед на изворите на овој свет, ќе пие и пак ќе биде жеден. Луѓето насекаде се незадоволни. Тие копнеат по нешто што ќе ја задоволи потребата на душата. Само Еден може да ја задоволи таа потреба. Потребата на светот „Копнежот на сите народи“ е Христос.

МИСЛИ ОД ГОРАТА НА БЛАЖЕНСТВАТА

Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно! Блажени се оние што плачат оти ќе се утешат! Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата! Блажени се гладните и жедните за правда, оти тие ќе се наситат!

Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани! Блажени се чистите по срце, оти тие ќе го видат Бога! Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји! Блажени се гонетите заради правда, бидејќи нивно е царството небесно! Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно – заради мене! Радувајте се и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата! Така ги гонеа и пророците што беа пред вас!

PK2b

Патот кон Христа

Дали го познаваш Исуса, или само си слушнал за Него? Оваа прочуена и популарна книга беше напишана од една личност која припаѓа во малиот број на оние во човековата историја кои навистина го познаваа Него. Таа го разбираше значењето на зборовите: „А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил… Таа лично го прифати ветувањето на Евангелието според Јован 1,12: „ А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име“.

христовите поуки

За Исус е запишано: „Никогаш човек не говорел така како Овој Човек“ (Јован 7:46). „Кој е таков учител, како Него“? (Јов 36:22). Христос во Своето учење земено од природата зборувал за работи што Самиот ги создал со Свои раце. Природата сведочи за својот Творец. Меѓутоа, штом светиот пар го прекршил законот на Севишниот, сјајот на Божјото лице се повлекол од лицето на природата. Сега земјата е замрачена и осквернета од гревот. Сепак, дури и во својата изопачена состојба, таа сочувала голем дел од претходната убави на. Поуките што ни ги дава не се наполно избришани; правилно разбрана, природата зборува за Својот Создател. Христовиот поглед на вистината бил толку широк и Неговото учење сеопфатно; што секоја промена во природата ја користел за да ја прикаже вистината. Сите сцени на кои почива окото се поврзани со некоја духовна вистина; така што параболите на големиот Учител можеле да се разберат од самата природа. „Сето ова му го зборуваше Исус на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо; за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: ‘Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот’” (Матеј 13:34,35).

ГОЛЕМАТА БОРБА

Ова е една од најсериозните и назначајни книги кои постоеле на оваа земја, во неа писателот ги запишал позначајните историски настани со цел да ги предупреди овие последни генерации за она што го очекува овој свет, со цел да се спасат луѓето од злото и вечната пропаст.

„Кога Божјиот Дух ми укажа на последните настани на Божјото Слово и ми ги откри сцените на минатото и иднината, ми заповеда и другите да ги известам за она што ми е покажано – да напишам историја за борбата во минатите векови и особено така да ја прикажам за таа да ја расветли претстојната битка која се приближува.

Последните настани

Сегашното време привлекува особено внимание на целото човештво. Управители и државници, луѓе на доверливи и влијателни функции, разумни мажи и жени од сите општествени слоеви со големо внимание ги следат настаните што се случуваат околу нас. Особено ги преокупираат меѓународните односи. Тие гледаат дека некаква напнатост ги опфатила сите елементи на Земјата и сфаќаат дека се подготвува нешто големо и одлучувачко – дека светот се наоѓа на самиот раб на една голема сериозна криза…

Живот на село

  „Многумина од оние што живеат во градовите, немаат ниту парче земја обрасната со зелена трева да застанат на него, кои од година во година гледаат само валкани дворови, тесни улици од кои повеќето се поплочени со камени коцки или калдрма, небо со облаци од прав и чад; доколку так­вите би можеле да бидат преселени во некоја земјоделска област, опкружена со зелени полиња, шума, ритчиња и потоци, ведро небо и свеж, чист селски воздух, тоа за нив би изгледало речиси како живот на Небото“. 

Здравје и среќа

Општо земено, на зачувувањето на здравјето му се посветува премалку внимание. Многу е подобро да се спречи болеста отколку да се знае да се лекува кога таа ќе се појави. Обврска на секоја личност, заради своја и полза на оние со кои доаѓа во контакт, е да ги запознае животните закони и свесно да им се покорува. Чистиот воздух, сончевата светлина, умереноста, одморот, физичката активност, правилната исхрана, употреба на водата и верата во Божествената сила –тоа се вистинските лекови.

Секој човек треба да ги знае природните средства за лекување и нивната примена.

Совети за животот и исхраната

Гревот и болеста се зголемуваат со секоја следна генерација. Неумереноста во јадењето и пиењето и попуштањето на ниските страсти ги умртвиле благородните способности на човекот. И физичката и умната сила во голема мера зависат од храната што ја јадеме. Мнозина ги престапуваат законите на здравјето поради незнаење и ним е потребна поука. Меѓутоа, повеќето луѓе знаат повеќе отколку што чинат.

8 МОЌНИ ИСЦЕЛИТЕЛИ

Животот е Божји дар: „И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.“ (Создавање 2:7)

„Зашто ние преку Него живееме, се движиме и постоиме.“ (Делата на апостолите 17:28) Вистински одраз на овој животен принцип е нашата здравствена состојба, изразена во хармонија на душата и телото. Здравјето е конечно резултат на послушноста на Божјите закони.

Ум, карактер и личност

Од печат излезе нова книга од опусот на Елена Вајт
  „Многумина од оние што живеат во градовите, немаат ниту парче земја обрасната со зелена трева да застанат на него, кои од година во година гледаат само валкани дворови, тесни улици од кои повеќето се поплочени со камени коцки или калдрма, небо со облаци од прав и чад; доколку так­вите би можеле да бидат преселени во некоја земјоделска област, опкружена со зелени полиња, шума, ритчиња и потоци, ведро небо и свеж, чист селски воздух, тоа за нив би изгледало речиси како живот на Небото“.

Совети за правилно воспитување на детето

Воспитувањето почнува во домот. Домот е место каде што треба да започне воспитувањето на детето и тој претставува негова прва школа. Крај своите родители како инструктори, детето треба да ги научи лекциите кои ќе го водат низ целиот негов живот лекции за почит, послушност, стравопочит и самоконтрола. Воспитните влијанија во домот претставуваат сила која ќе го води детето да се определи за добро или за зло. Во многу случаи тие влијанија дејствуваат тивко и постепено, но доколку се добро насочени, тие стануваат далекусежна сила за вистината и праведноста. Доколку детето во домот не е правилно насочено, сатаната ќе го воспита преку средства кои самиот тој ќе ги одбере. Колку е тогаш важно домашното воспитување!

Патот на христијанинот

„Успехот во придобивањето на душите не зависи од возраста или околностите, туку од љубовта што ја имате за другите. Помислете на Џон Буњан затворен во затворот во Бетфорд. Неговите непријатели мислеле дека го сместиле на место каде што неговото дело за другите мора да престане. Но, не е така. Тој не е неактивен. Љубовта кон душите продолжува да гори во него и иако се наоѓа во немилост, тој од затворот испраќа светлина која блеска во сите делови од цивилизираниот свет. Тој таму ја напишал прекрасната алегорија за патувањето на побожниот патник од земјата на пропаста до небесниот град. Оваа книга „Патот на христијанинот“ толку точно го отсликува христијанскиот живот и ја прави љубовта кон Христа толку привлечна, така што преку нејзините упатства стотици и илјадници биле преобратени“ (RH May 30, 1912, par. 11).

Како да се спасиме - Бог одговара

Оваа брошура јасно укажува на патот по кој треба да одат сите оние што сакаат да го најдат Христа. Мнозина се прашуваат како да го почнат христијанскиот живот и како да го прифатат повикот на евангелската вест.

Целта на оваа брошура е да даде одговор на тие прашања на начин којшто лесно ќе можат да го сфатат и старите и младите. Сесрдниот читател на овие зборови ќе биде богато благословен и коѓа ќе ги прими овие драгоцени вистини, своите искуства и радост ќе им ги пренесува и на другите.

Зборот што го сврте светот наопаку

Кој е тој збор што го сврте светот наопаку? Тоа е зборот АГАПЕ. Зборот агапе (ä gä›pay), на грчки јазик значи љубов. Во македонскиот јазик не постои збор кој вистински би го опишал овој збор. Павле во 1. Коринтјаните 13. поглавје ја опишува љубовта. Некој може да зборува „на сите човечки јазици, па дури и на ангелски“, да има „пророчки дар“ и да ги знае „сите тајни“, да го има „сето знаење“, „а и така силна вера, што и планини“ да преместува, и да го раздаде „целиот свој имот,“ да го предаде телото да му изгори, а сепак да не ја поседува најважната состојка. Сето тоа „ништо“ не му користи. Но агапе има феноменална карактеристика која „сѐ поднесува“ бидејќи агапеникогаш не престанува.“ Таква е Божјата љубов кон човекот, никогаш не престанува.