40. Сонот на Навуходоносор

 Ова поглавје се базира на Даниел 2. главаНабрзо откако Даниел и неговите придружници стапиле во служба на вавилонскиот цар, се одиграле настани кои на идолопоклоничкиот народ му ги откриле силата и верноста на Израелевиот Бог. Навуходоносор сонил необичен сон заради кој “му се вознемири духот и сонот му избега.” Меѓутоа, иако овој сон оставил врз…

39. Во Вавилонскиот двор

Во земјата на незнабошците Помеѓу синовите Израелеви одведени во Вавилон на почетокот од седумдесетте години на робување, имало христијански родољуби – луѓе кои во поглед на начелата биле цврсти како челик, кои не дозволувале себичноста да ги изопачи, и на кои Божјата слава им била поважна од се. Во земјата во која робувале, тие луѓе…

38. Светлина низ темнина

Мрачните години на уништување и смрт кои го одбележаа крајот на јудејското царство би го довеле во очај и најтврдото срце доколку не биле пророчките охрабрувања на Божјите гласници. Преку Еремија во Ерусалим, преку Даниел на вавилонскиот двор, преку Езекиел на бреговите на Хебар, Господ во Својата милостјасно ја објавил Својата вечна намера и дал…

37. Одведени во заробеништво во Вавилон

Во деветтата година од владеењето на Седекија “Навуходоносор дојде со сета своја војска против Ерусалим,” за да го опседне градот. (2. Царства 25:1). Изгледите за Јудеја биле безнадежни. “Еве, Јас сум против тебе,” изјавил Сам Господ преку Езекиел, “Јас, Господ, Сум го извлекол Мојот меч, од ножницата негова, и тој нема веќе да се врати……

36. Последниот јудејски цар

На почетокот од своето владеење Седекија ја имал целосната доверба на вавилонскиот цар, а како испробан советник го имал пророкот Еремија. Доколку го задржал чесниот однос кон Вавилонците и им обрнувал внимание на пораките од Господа што ги добивал преку Еремија, тој можел да го задржи почитувањето на мнозина на високи положби и ќе ја…

35. Пропаста наближува

Првите години од владеењето на Јоаким биле исполнети со предупредувања за наближувањето на пропаста. Божјиот збор, изговорен од пророците, требало да се исполни. Асирската сила од север, која толку долго била надмоќна, веќе не владеела со народите. Египет, од југ, во чија што моќ јудејскиот цар залудно се надевал, наскоро требал да прими силен удар….

34. Еремија

Меѓу оние кои се надевале на трајно духовно оживување како резултат од реформацијата предводена од Јосија бил и Еремија, кого Бог го повикал за пророк додека бил сеуште млад, во тринаесеттата година од владеењето на Јосија. Како член на левитското свештенство, Еремија уште од детството бил подготвуван за света служба. Во тие среќни години на…

33. Книгата на законот

Тивкото, но сепак моќно влијание настанато со пророчките пораки за вавилонското ропство сторило многу за подготовка на патот за реформацијата која се случила во осумнаесеттата година од владеењето на Јосија. Ова реформаторско движење, со кое биле одложени проречените казни било последица на една сосема неочекувана случка – пронаоѓањето и проучувањето на еден дел од Светото…

32. Манасија и Јосија

На Јудеја и претстои казна Јудиното царство, кое цветало за време на Езекиевото владеење, повторно паднало ниско во текот на безбожното Манасиево владеење, кога безбожништвото повторно оживеало и мнозина од народот повторно потонале во идолопоклонство. “Манасиј ги заведе Јудејците и Ерусалимците та правеа уште полошо од незнабожците.” (2. Летописи 33:9). Величествената светлина на изминатите поколенија…

31. Надеж за незнабошците

Во текот на целата своја служба Исаија објавувал јасно сведоштво за Божјите намери во поглед на незнабошците. И останатите пророци го споменувале Божјиот план, но нивните зборови не биле секогаш разбрани. На Исаија му било дадено јасно да му ја објави на Јуда вистината дека во Божјиот Израел мора да се вбројат и мнозина кои…