3. Гордост заради успехот

Сподели го ова:

    Бог бил со Соломон се додека тој го почитувал законот од небото, дарувајќи му мудрост праведно и милостиво да владее со Израел. Стекнувајќи богатство и светска слава, тој најнапред бил понизен и угледот му бил многу голем. “Соломон владееше со сите царства од реката Еуфрат до земјата Филистејска, и до египетската меѓа“ и “имаше мир на сите граници наоколу. И живееја Јуда и Израел спокојно, секој под лозата своја и под смоквата своја, од Дан до Вирсавија, преку сите Соломонови дни.” (1. Царства 4: 21, 24, 25).
    Ho, по оваа зора која многу ветувала, отпадништвото го замрачило неговиот живот. Историјата со тага го забележува моментотза оној кој бил наречен “Едидиј – љубимец Господов” (2. Самоилова 12:25), оној кого Господ го одликувал со толку видливи знаци на својата милост така што неговата мудрост и праведност му донеле светска слава, и оној кој другите ги насочувал да му укажуваат почитување на Израилевиот Бог – ја напуштил службата Господова и започнал да се поклонува на незнабожечки идоли.
    Уште стотина години пред Соломон да стапи на престолот, Господ предвидувајќи ја опасноста која им се заканува на оние кои што ќе бидат избрани за владетели на Израел, му дал на Мојсеја упатства кои што биле за нивното однесување. Упатствата наложувале дека оној кој ќе застане на Израилевиот престол треба да “си направи препис” на тие заповеди од книгата, што се наоѓа кај свештениците левити, и нека ги држи кај себе и нека го чита во сите денови на неговиот живот, за да се научи да се бои од Господа, својот Бог, и да ги пази и да ги исполнува сите овие заповеди и наредби: за да не се возгордее срцето негово пред неговите браќа, и да не отстапува од законите ни десно, ни лево, за да остане на власт многу години, тој и синовите негови во Израелот.” (5. Мојсеева 17: 18-20)
    Во врска со овие упатства, Господ посебно нагласил за оној кој ќе биде помазан за цар “да нема многу жени, за да не се разврати срцето негово, и да не натрупува сребро и злато прекумерно” (Стих 17).
    На Соломон му биле познати тие предупредувања и тој извесно време ги имал истите на ум. Негова најголема желба била да живее и владее според законот даден на Синај. Начинот на кој тој го управувал своето царство многу се разликувал од обичајот на останатите народи во негово време, народи кои што не се боеле од Бога и чии што владетели го престапувале Неговиот свет закон.
    Меѓутоа, Соломон, се осмелил да стапне на забрането тло со желба да ги зацврсти своите односи со моќното царство кое се наоѓало јужно од Израел. Сатаната добро знаел какви би биле плодовите на послушноста, така што во првите години на владеењето на Соломон, кои биле славни заради мудроста, добротворноста и праведноста на царевите, се трудел со разни влијанија лукаво да ја поткопа Соломоновата верност кон начелата и да го одвои од Бога. Историјата ни зборува дека непријателот во овие свои напори имал успех: “Соломон се сроди со Фараонот, египетскиот цар, и ја зеде фараоновата ќерка и ја воведе во Давидовиот град” (1. Царства 3:1).
   И покрај тоа што оваа женидба била во спротивност со учењето на Божјиотзакон, гледајќи од човечки аспектсе чинело дека сепак ќе донесе благослов, затоа што Соломоновата жена се обратила од многубоштвото и заедно со него го славела вистинскиот Бог. Покрај тоа, Фараонот му направил голема услуга на Израел затоа што “Фараонот, египетскиот цар, беше дошол и го презел Гезер, и со оган го беше изгорел, a Хананејците, што живееја во градот, и го беше дал како мираз на ќерка си, Соломоновата жена” (1. Царства 9:16). Соломон го обновил овој град со што очигледно ја зајакнал својата положба покрај крајбрежјето на Средоземното море. Меѓутоа, Соломон со овој сојуз со една незнабожечка држава, кој го запечатил и со женидбата на незнабожечка принцеза, непромислено ги прегазил мудрите одредби кои Бог ги поставил за да ја зачува чистотата на својот народ. Надежта дека неговата жена египќанка ќе се обрати, била само слаб изговор за гревот.
    Бог некое време во својата сочувствителна милост го трпел овој страшен прекршок и царот, да бил мудар, можел во голема мерка да го потисне злото кое со својата непромисленост го поттикнал. Но Соломон почнал да го губи од вид изворот на својата сила и слава. Чувствата го надвладеале разумот, а неговата самоувереност растела. Тој се трудел на свој начин да ги оствари Божјите намери. Сметал дека со зајакнување на политичките и трговските врски со околните народи ќе ги доведе истите до спознавање на вистинскиот Бог и со тоа склопувал грешни сојузи еден по друг. Тие сојузи често биле потврдувани со женидба на незнабожечки принцези. Соломон почнал да ги отфрла Господовите заповеди и наместо нив да ги воведува обичаите на околните народи.
    Си ласкал себеси дека со својата мудрост и пример ќе ги одврати своите жени од идолопоклонство и ќе ги наведе да го почитуваат вистинскиот Бог, како и дека со така склопените сојузи ќе ги привлече соседните народи да стапат во близок однос со Израел. Тоа биле празни надежи. Кобната Соломонова грешка се состоела во тоа што себеси се сметал за доволно силен да се спротивстави на своите незнабожечки сојузници. Кобна била и неговата заблуда дека ќе може да ги наведе и другите да ги почитуваат и слушаат прописите на Божјиот закон, кој тој самиот го престапувал.
    Сојузите и трговските односи со незнабожечките земји му донеле на царот слава, чест и богатство. Можел да донесе злато од Офир и сребро од Тарсис во големо изобилие.“ И го направи царот во Ерусалим среброто и златото да ги има како камења, а кедрите како диви смокви што растат по полињата.” (2. Летописи 1:15). Во Соломоново време народотсе повеќе доаѓал до богатство со сите пропратни искушенија, додека вистинското злато, добриот карактер, темнеел и пропаѓал.
    Соломон сосем постепено паѓал во отпадништво и многу се оддалечил од Бога и пред да го забележи тоа. Тој скоро незабележително почнал се помалку да се владее според Божјите упатства и да се надева на Неговите благослови, и се повеќе да се потпира на сопствената сила. Се помалку ја покажувал кон Бога онаа непоколеблива послушност која Израел го направила избран народ, и се повеќе се доближувал кон обичаите на соседните народи. Подлегнувајќи им на искушенијата кои ги следеле неговите успеси и угледната положба, заборавил на Изворот на својот просперитет. Желбата да ги надмине сите народи во сила и слава, го навела да се стреми кон себични цели, да ги злоупотреби оние дарови кои порано ги користел за слава Божја. Трошел пари за остварување на свои себични планови кои му биле дадени во свет аманет да ги употреби во корист на сиромашните луѓе и за ширење на начелата на свет живот во целиот свет.
    Обземен со неодолива ревност да ги надмине сите други народи во надворешниот сјај, царот заборавил на должноста да го изградува и усовршува својот карактер. Ја продал својата чест и достоинство за себеси да се воздигне пред светот. Огромните приходи стекнати со трговија во многу земји го зголемиле собирањето на големи даноци. И така, од гордоста, славољубието, расипништвото и уживањето произлегле свирепост и глобење. Исчезнале совесноста и разбирањето кои биле така карактеристични за неговиот однос кон луѓето во првите години на владеење. Тој од најмудар и најмилостив владетел се претворил во тиранин. Тој човек кој некогаш бил милостив и побожен заштитник на народот, се претворил во насилник и деспот. За да дојде до средства за издржување на својот раскошен двор, притискал на народот со данок врз данок.
    Народот почнал да негодува. Почитувањето и восхиту- вањето кои што луѓето порано ги имале кон својот цар се претворило во омраза и презир.
Господ ги предупредил оние кои ќе владеат со Израел да не набавуваат многу коњи за да не се потпираат на телесна сила. Но Соломон, кој целосно ја отфрлил оваа наредба, “доведуваше коњи од Египет.” “И му доведуваа на Соломон коњи од Египет и од сите земји.” “Соломон така насобра коњи и коњаници: тој имаше четириесет илјади коли и дванаесет илјади коњаници, кои ги размести по колските градови и при царот во Ерусалим.” (2. Летописи 1:16, 9:28, 1. Царства 10: 26).
    Царот започнал се повеќе да смета дека раскошот, задоволувањето на желбите и наклонетоста кон светотсе знаци на големина. Од Египет, Феникија, Едом, Моав и од многу други земји му носеле убави и привлечни жени. Бројот на овие жени се зголемил на илјадници. Нивната религија била идолопоклоничка и тие биле научени да вршат свирепи и понижувачки обреди. Заслепен од нивната убавина, царот ја занемарил својата должност кон Бога и царството.
    Неговите жени имале големо влијание врз него и малку по малку го принудиле да учествува во нивните обреди. Соломон ги презрел поуките кои ги дал Бог и кои служеле како ограда против отпадништвото и почнал да служи на лажни богови. “Кога Соломон остаре, неговите жени го приклонија срцето негово кон други богови, и срцето негово не беше наполно предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на татка му Давида. И Соломон почна да и служи на Астарта сидонската божица, и на Милхом, амонскиот гад” (1. Царства 11:4, 5).
    На јужниот крај од Маслинската гора, кон гората Морија, каде што се подигал прекрасниотхрам Божји, Соломон подигнал мноштво храмови кои се користеле за незнабожечки обреди. За да им угоди на своите жени, подигал огромни идоли – безоблични кипови од камен и дрво – во миртовите и маслиновите градини. Тука пред паганските олтари на “многубожечкото светилиште на Хемос, моавскиот гад,” и на “Молох, амонскиот гад” (1. Царства 11:7) биле практикувани најгнасните многубожечки обреди.
    Соломон со своите постапки навлекол на себеси заслужена казна. Одвојувањето од Бога и дружењето со идолопоклоници му донеле пропаст. Одрекувајќи ја послушноста кон Бога, тој ја изгубил способноста да владее со себеси. Исчезнале неговитедоблести. Затапеле неговите убави чувства и совеста му се умртвила. Тој кој во почетокот на своето владеење покажал толку мудрост и љубов враќајќи го беспомошното дете на неговата несреќна мајка (види 1. Царства 3:16-18), паднал толку ниско што одобрил градење на еден идол кому му биле принесувани како жртви – живи деца. И покрај тоа што во младоста бил надарен со здраво расудување, а во своите мажествени години бил вдахновен да напише: “Некои патишта на човекот му се чинат прави, а крајот им е смрт”, толку се оддалечил од чистотата во своите позни години што одобрил гнасни обреди на обожователите на Хемос и Астарта. Тој кој во моментите на посветување на храмот му рекол на својот народ: “И нека срцето ваше биде кон Господа нашиот Бог,” станал и самиот престапник и се одрекол од сопствените зборови и во срцето и во животот. Мислел дека распуштеноста е исто што и слобода. Пробал – но по која цена – да ја соедини светлината и темнината, доброто и злото, чистотата и нечистотата, Христа и Велијара.
    Еден од најголемите цареви кои некогаш држеле скиптар, Соломон станал распуштеник, оружје и роб на други луѓе. Неговиот карактер, некогаш чист и мажествен, станал слаб и похотен. Наместо вера во живиот Бог, дошле атеистички сомнежи. Неверството му ја труело среќата, ги поткопувало начелата и го понижувало неговиот живот. Правдата и големодушноста во првиот негов дел од владеењето биле заменети со деспотизам и тиранија. Колку е мизерна и немоќна човечката природа! Бог малку може да направи за луѓето кои изгубиле чувство на зависност од Hero.
    Во текот на тие години на отпадништво, Израел се повеќе пропаѓал во морален поглед. Зарем и можело да биде поинаку кога царот се соединил со сатанското оружје? Непријателот работел преку нив да го помати разумот на Израел за да не го разликува вистинското богослужение од лажното: и така Израел станал лесен плен. Израелците по пат на трговија со останатите народи стапиле во тесна врска со оние кои немале љубов кон Бога, па и нивната љубов кон Hero во контекст на тоа многу ослабнала. Тие повеќе немале јасна слика за возвишената и света Божја природа. He сакале да одат по патот на послушноста и станале слуги на непријателот на праведноста. Склопувањето бракови со незнабошците станало сосем вообичаена појава, па Израелците набрзо престанале да се гнасат од идолопоклонство и одобрувале многуженство. Незнабожечките мајки ги учеле своите деца да вршат пагански обреди. Кај некои најмрачното идолопоклонство ја заменила чистата служба која што Бог ја востановил.
Христијаните мораат да се одвојат и да се чуваат од светот, од неговиот дух и влијание. Бог може да не штити во светот но ние не смееме да се соединиме со светот. Божјата љубов не е ниту неизвесна ниту променлива. Тој секогаш бдее над своите деца со неизмерна грижа. Меѓутоа, Тој од секој поединец бара неподелена лојалност. “Никој не може да им слугува на двајца господари: оти, или едниот ќе го замрази, a другиот засака: или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. He можете да им служите на Бога и на Мамона” (Матеј 6:24).
    Соломон бил надарен со чудесна мудрост, но светот го одвоил од Бога. Денешните луѓе не се посилни од него и лесно можат да потпаднат под влијание кое ја предизвикало неговата пропаст. Како што Бог некогаш го предупредил Соломона за опасноста, така и денес Бог ги опоменува своите деца да не се изедначуваат со светот доведувајќи ја својата душа во опасност. “Затоа излезете од нив”, ги повикува Тој, и одвојте се… не допирајте се до нечисто, и јас ќе ве примам, и ќе ви бидам Отец, а вие ќе ми бидете синови и ќерки, говори Господ Семоќниот” (2. Коринтјаните 6:17, 18).
    Опасноста посебно се заканува кога човекот напредува. Во сите векови богатството и славата ги доведувале во прашање понизноста и духовноста. Празен пехар не е тешко да се носи и да не се преврти, но тешко е да се носи полн. Страдањата и неволјите можат да бидат мачни, меѓутоа, всушност среќата претставува најголема опасност за духовниот живот. Ако човечките суштества не живеат во континуирана покорност на Божјата волја, ако не бидат посветени со вистината, веројатно благосостојбата ќе разбуди природна наклонетост кон возвишување.
    Во долината на понизноста, каде што луѓето зависат од Бога да ги учи и води во секој чекор, постои релативна сигурност. На најголема опасност се изложени луѓето кои се наоѓаат на врвот и за кои се мисли дека заради нивната позиција мораат да имаат голема мудрост. Ако овие луѓе не се потпираат на Бога, веројатно е дека ќе паднат.
Животот секогаш се изопачува кога со човекот владеат гордост и славољубие, затоа што гордиот човек, не чувствувајќи потреба, го затвора срцето за бескрајните благослови од небото. Човекот кој сака да се прослави себеси, се лишува од Божјата благодат која единствено дава вистинско богатство и најдлабока исполнување на ветувањето: “Благословот Господов – збогатува, и не донесува со себеси тага во срцето” (Изреки 10: 22). Спасителот со својата блага и милостива рака го отстранува немироти несветото славољубие оддушата, непријателството го претвора во љубов и неверувањето во доверба. Кога Тој на душата и ги упатува зборовите: “Тргни по мене,” оковите на световната маѓепсаностсе скршени. На Неговиотгласодсрцето исчезнува духот на алчност и славољубие, и луѓето се подигнуваат, ослободени, поаѓајќи no Hero.

Сподели го ова:

Слични објави