25. Повикот на Исаија

Сподели го ова:

Проповедник на праведноста

Долгото владеење на Озија (исто така познат како Азарија), во Јудината и Венијаминовата земја, било одбележено со поголем напредок од било кој владетел по Соломоновата смрт, речиси два века порано. Неговата војска со небесен благослов повратила неколку територии кои биле изгубени во изминатите години. Биле подигани градови и тврдини, и положбата на нацијата помеѓу соседните земји била многу засилена. Трговијата оживеала, и богатството од другите земји се слевало во Ерусалим. Името на Озија “се чу надалеку, зашто уживаше чудесна помош се додека не се засили.” (2. Летописи 26:15).
Меѓутоа, надворешниот напредок не бил пропратен со одговарачко оживување на духовната сила. Обредите во храмот биле вршени како и во изминатите години и многу луѓе се собирале да го слават живиот Бог; меѓутоа гордоста и формализмот постепено го заземале местото на понизноста и искреноста. За самиот Озија е напишано: “Но кога се засили, срцето му се возгордеа, та многу што се расипа, та му згреши на Господа, својот Бог.” (Стих 16).
Гревот кој имал толку страшни последици за Озија, бил грев на дрскоста. Наспроти јасната Божја заповед дека само Ароновите потомци можат да служат како свештеници, царот влегол во светилиштето “да кади на олтарот за кадење”. Првосвештеникот Азарија и останатите свештеници се спротивставиле со тоа што го молеле царот да се откаже од намерата. Тие му говореле на царот дека згрешил и дека нема “да му биде на чест пред Господа Бога.” (Стихови 16, 18).
Озија се разгневил што него, царот, го укориле на таков начин. Меѓутоа, не му било дозволено да го оскверни светилиштето така што наишол на сложно негодување од оние кои биле надлежни за тоа. Додека стоел тука полн со гнев и бунтовност, одненадеж го погодила Божја казна. На неговото чело се појавила лепра. Побегнал во страв и никогаш повеќе не се појавил во храмот. До денот на својата смрт – која настапила после неколку години – Озија останал лепрозен како жив пример на лудост од отфрлување на јасните зборови “така говори Господ.” Ниту неговата висока положба, ниту долгиот живот во службата не можеле да го оправдаат гревот на дрскоста со кој ја оцрнел последната година од своето владеење и навлекол врз себеси казна од Небото.
Бог не гледа кој е кој. “Оној кој изврши нешто со дрска рака, било да е роден во татковината или странец, тој хули на Господа; Таквиот нека биде истребен од својот народ.” (4. Мојсеева 15:30).
Казната која го снашла Озија изгледа влијаела позитивно на неговиот син. Јотам вршел тешки должности во текот на последните години од владеењето на својот татко, и дошол на престол по смртта на Озија. За Јотам е напишано: “Правеше што е право во Господовите очи, сосем како и татко му Озија. Но сепак високите места не беа отстранети; народот уште принесуваше жртви и кадеше на високите места.” (2. Царства 15:34, 35).
Озиевото владеење се завршувало, и Јотам веќе носел многу државни одговорности кога Исаија, кој бил од царско потекло, бил повикан уште како млад човек да врши пророчка должност. Времето во кое Исаија требало да работи било полно со опасности за Божјиот народ. Пророкотдоживеал војската од северниот Израел и Сирија заеднички да ја нападнат Јуда; ја видел асирската војска улогорена пред главните градови на царството. За време на неговиот живот паднала Самарија a десетте Израилеви племиња биле растурени меѓу народите. Асирската војска непрестано ја напаѓала Јуда, а Ерусалим бил опседнат и сигурно би паднал ако Бог не се замешал на чудесен начин. Сериозна опасност му се заканувала на јужното царство. Божјата заштита била ускратена, а асирската војска се подготвувала да ја преплави Јудината земја.
Но тие надворешни опасности, колку и да изгледале големи, не биле толку сериозни како внатрешните.
Изопаченоста на народот предизвикувала кај Господовиотслуга силна збунетост и длабоко очајување. На оние на кои им било наменето да бидат светлина на народот навлекле врз себе Божји гнев со својот бунт и отпадништво. Многу зла кои ја забрзале пропаста на северното царство и на кои јасно укажале Осија и Амос, сега брзо го изопачувале Јудиното царство.
Состојбата била особено неповолна во социјален поглед. Со желба за добивка луѓето си придавале куќа на куќа и нива на нива. (Види Исаија 5:8). Правдата се изопачила и немало никакво сожалување кон сиромашните. За тие зла Бог кажува: “Грабежот од сиромашните е во вашите куќи.” To угнетувате Мојот народ и го газите лицето на бедниот.” (Исаија 3:14, 15).
Со угнетувањето и богатењето дошле и гордоста и раскошот, пијанството и оргиите. (Види Исаија 2:11, 12; 3:16, 18-23;5:22,11,12) Во времето на Исаија дури ни идолопоклонството не предизвикувало чудење. (Види Исаија 2 :8, 9). Безбожноста завладеала до таа мерка во сите слоеви така што оние малкумина што останале верни на Бога, често доаѓале во искушение да паднат во малодушност и да им попуштат на обесхрабрувањето и очајанието. Изгледало дека Божјата цел во поглед на Израел нема да се оствари и дека разбунтуваната нација ќе доживее слична судбина како Содом и Гомор.
Со обѕир на ваквите околности, не е никакво чудо што Исаија, кога во последната година од владеењето на Озија бил повикан веста на опомена и Божји укор да ги објави на Јуда, потфрлил пред таа одговорност. Тој добро знаел дека ќе наиде на отпор. Чувствувајќи се неспособен да одговори на таква должност, размислувајќи за упорноста и неверството на народот за кој требал да работи, Исаија се плашел дека нема да може да ја изврши својата задача. Зарем во очајание да се одрече од својата мисија и да дозволи Јуда и понатаму невознемирена да тоне во идолопоклонство? Зарем боговите на Ниневија да владеат со земјата пркосејќи му на небесниот Бог?
Со такви мисли се занимавал Исаија додека стоел во тремот на храмот. Одеднаш вратите и внатрешната завеса од храмот се отвориле и му било дозволено да фрли поглед внатре во светињата, во која ни пророковата нога не смеела да стапне.
Пред неговите очи во видение му се покажал Бог како седи на висок и возвишен престол, а скутот на Неговата слава го исполнувал храмот. Од двете страни на престолот лебделе серафими, служејќи пред својот Творец со покриени лица, сложно и свечено извикувајќи: “Свет, Свет, Свет е Господ над воинствата; сета земја е полна со Неговата слава;” (Исаија 6:3) се чинело дека столбовите и кедровата врата треперат од нивните гласови и целиотхрам бил исполнет со фалбопеење.
Кога Исаија го согледал откровението на славата и Господовата величественост, бил целиотобземен со чувството на Божјата чистота и светост. Каква општа спротивност помеѓу ненадминливото Божјо совршенство и грешниотживот на оние кои заедно со него се вбројувале во избраниот народ на Израел и Јуда! “Тешко мене!” извикал тој; “пропаднав, зашто сум човек со нечисти усни, живеам во народ со нечисти усни, затоа што моите очи Го видоа Царот, Господ над војските.” (Стих 5).
Стоејќи тука, при полна светлост на Божјата присутност во внатрешноста на светињата, тој сфатил дека нема да биде во состојба да ја изврши должноста за која е повикан, ако биде препуштен на својата несовршеност и неспособност. Меѓутоа, еден серафим бил пратен да го тргне неговото очајување и да го подготви за значајната мисија. Жив јаглен од олтарот му бил ставен врз усните, со зборовите: “Еве, ги допре твоите усни, беззаконието ти е симнато и гревоточистен.” Тогаш се слушнал Божјиот глас велејќи: “Кого да испратам? И кој ќе ја однесе нашата порака?” А Исаија одговорил: “Еве ме, испрати ме мене.” (Исаија 6:7, 8).
Тогаш небесниот посетител му наложил на весникот кој чекал: “Оди и речи му на тој народ,
Со уши ќе слушате, но нема да разбирате, со очи ќе гледате, но нема да видите,
Закорави му го срцето на овој народ, заглуши му ги ушите, затвори му ги очите,
За да не види со очите, и слуша со ушите,
И разбере со срцето,
и да не се обрати и да не се излекува.” (Стихови 9, 10)
Пророковата должност била јасна; тој морал да го поди- гне својот глас против злото кое насекаде владеело. Но тој стравувал да се нафати на таа работа без претходно ветување кое би му влеало надеж. “До кога Господи?” запрашал тој. (Стих 11) Зарем никој од твојот избран народ нема да разбере, да се покае и да биде исцелен?
Неговата грижа за заблудената Јудеја не била залудна. Неговиот труд не бил потполно бесплоден. Меѓутоа, во негово време веќе не можело да се истреби злото кое се множело од поколение во поколение. Целиот свој живот тој морал да биде храбар и трпелив учител – не само пророк на казната туку и пророк на надежта. Сите плодови од неговата работа, како и работата на сите верни Божји гласници ќе се покаже дури кога потполно ќе се оствари Божјиот план. Требало да се спаси остатокот. За да се постигне тоа требало на непокорниот народ да му се праќаат пораки на предупредување и повици; Бог објавил:
“Додека не запустат градовите и не останат без жители,
додека куќите не бидат без луѓе,
и земјата сосема не опусти,
додека Господ не ги протера луѓето далеку,
и додека земјата не стане само пустина.” (Стихови 11, 12)
Тешките казни кои ги снаоѓало непокорните – војна, прогонство, неволји, губење на власта и престижот помеѓу народите – сето тоа тие морале да го искусат, не би ли ја препознале раката на навредениот Бог и се покајат. Десетте племиња од северното царство набрзо биле растурени помеѓу народите, нивните градови запустеле, а војските на непријателските народи постојано ја напаѓале и ја пустошеле нивната земја. Најпосле паднал Ерусалим и Јуда била одведена во ропство. Но ветената земја не била засекогаш напуштена. Небесниот весник му ветил на Исаија:
“Во неа ќе остане десеттиот дел, па и таа ќе биде сотрена;
Како брест и како даб,
на кои кога им паѓаат лисјата, им останува стеблото, така светото семе ќе биде нејзиното стебло.” (Стих 13)

Ова ветување, за конечното исполнување на Божјиот план, влеало храброст во срцето на Исаија. Што ако земските сили навалуваат на Јуда, а луѓето се противат и го напаѓаат Божјиот весник. Исаија го видел Царот, Господ над восјките, тој ја слушнал песната на серафимите: “Сета земја е полна со Неговата слава.” (Стих 3). Тој имал ветување дека Господовата вест за отпадничкиот Јуда ќе биде пратена со убедливата сила на Светиот Дух. Така пророкот бил вооружен за задачата која се наоѓала пред него. За целото време на својата долга и мачна мисија тој го носел во себеси сеќавањето на ова видение. Тој шеесет или повеќе години стоел пред Јудините деца како пророк на надежта а неговите претскажувања за идниот триумф на Заедницата биле се посмели.

Сподели го ова:

Слични објави