21. Завршувањето на Елисеевата служба
Повикан на пророчка должност уште за време на Ахавовото владеење, Елисеј доживеал да види многу промени во Израилевото царство. Казна по казна го снаоѓала Израел за време на владеењето на Сирецот Азаил, кој бил помазан да биде камшик за отпаднатата нација. Строгите мерки на реформа кои ги вовел Јуј имале за последица уништување на целиот Ахавов дом. Во постојаните војни со Сирците, Јуевиот наследник Јоахаз изгубил неколку градови кои лежеле источно од Јордан. Некое време изгледало дека Сирците ќе завладеат со целото царство. Меѓутоа, реформацијата која ја започнал Илија а ја продолжил Елисеј, ги навела мнозина да го бараат Бога. Биле заборавени Вааловите олтари и Божјата цел полека но сигурно се исполнувала во животите на оние кои се одлучиле да Му служат Нему со целото свое срце.
Заради љубов кон заблудениот Израел, Бог дозволил Сирците да ги казнуваат. Од сомилост кон слабите Тој го подигнал Јуј да ја уништи безбожната Језавела и целиот Ахавов дом. И уште еднаш, во својата милост, ги тргнал Астаротините свештеници и Вааловците и ги срушил нивните незнабожечки олтари. Бог во својата мудрост предвидел дека доколку искушенијата бидат отстранети некои ќе се одречат од идолопоклонството и ќе ги вператсвоите очи кон небото, и затоа Тој допуштил да ги снаоѓаат неволји, една по друга. Милоста ги ублажувала неговите судови и кога Неговата намера би се остварила, пакја покажувал својата љубов кон оние кои научиле да Го бараат.
Додека силите на доброто и злото се бореле за превласт и додека сатаната со сите сили се трудел да го доврши своето уништувачко дело, започнато за време на Ахав и Језавела, Елисеј продолжувал да го изнесува своето сведоштво. Имал противници, но никој не можел да ги оспори неговите зборови. Hero длабоко го почитувале во целото царство. Мнозина доаѓале кај него за совет. Израелскиот цар Јорам барал негов совет уште во времето на Језавела, а еднаш додека бил во Дамаск, дошле кај него гласници на сирскиот цар Вен-Адад да го прашаат дали царевата болест ќе се заврши со смрт. Пророкот на сите верно им сведочел, и тоа во време кога вистината на секој чекор се изопачувала и кога поголемиот дел од народот бил во отворен бунт против небото.
И Господ никогаш не го заборавал својот избран гласник. Сирскиот цар во една прилика на еден напад во израелската земја сакал да го погуби Елисеј затоа што го известувал израелскиот цар за намерите на неговиот непријател. Сирскиот цар се советуваше со слугите свои, велејќи: “Во тоа и тоа место ќе го поставиме својот логор.” Господ му го открил овој план на Елисеј кој “испрати да му кажат на израелскиот цар: Внимавај да не минуваш преку она место, зашто таму Сирците се во заседа. И израелскиот цар испрати разузнавачи, на она место, за кое му порача Божјиот човек, и се пазеше; и се зачува оттаму не еднаш и не два пати.”
“И му се вознемири срцето на сирскиот цар поради тоа, и тој ги повика слугите свои и им рече: Кажете ми, кој од нашите одржува врска со израелскиот цар? И рече еден од слугите негови: Никој, господару мој, цару; туку пророкот Елисеј, кој е во Израелот, му ги соопштува на израелскиот цар и оние зборови, што ти ги говориш во спалната соба своја.”
Решен да се прости со пророкот, сирскиот цар заповедал: “Одете, дознајте, каде е тој, и јас ќе испратам да го фатат.” Пророкотсе наоѓал во Датан, и дознавајќи го тоа царот “испрати таму коњи и коли и многу војска; тие дојдоа ноќе и го опколија градот. Изутрината слугата на Божјиот човек стана и излезе. A тоа војска околу градот со коњи и коли.”
Преплашен, Елисеевиот слуга поита да му го јави тоа. “Ах, господару!” рекол тој, “што да правиме?”
“He плаши се,” му одговори пророкот; “зашто оние, што се со нас, се повеќе од оние, што се со нив.” И тогаш, за да види и неговиотслуга, “Елисеј се помоли и рече: Господи, отвори му ги очите да види. И Господ му ги отвори очите на слугата, и тој виде, а тоа, целата гора полна со коњи и огнени коли околу Елисеја.” Помеѓу Божјите слуги и непријателската војска се наоѓала војска од небесни ангели. Тие се симнале во сета своја сила, не да уништат ниту да изнудат покорност, туку да ги обиколат и заштитат слабите и немоќни Господови слуги.
Кога ќе западне во неволја, од која изгледа дека му нема спас, Божјиот народ мора да се надева единствено во Господа.
А кога сирските војници, незнаејќи за невидливите небесни чети, смело појдоа напред, “Елисеј му се помоли на Господа и рече: Порази ги овој народ, Те молам, со слепило. И Господ ги порази со слепило, според зборот на Елисеја. Елисеј тогаш им рече: He е тоа патот, не е тоа градот, одете по мене, јас ќе ве одведам при оној, што го барате. И ги одведе во Самарија.”
“Кога дојдоа во Самарија, Елисеј рече: Господи, отвори им ги очите да видат. И Господ им ги отвори очите, и видоа дека се среде Самарија. И израилскиот цар, кога ги виде, го праша Елисеја: Да ги убијам ли, оче мој, да ги убијам ли? Но тој одговори: He ги убивај. Зар со сабјата своја и со лакот свој ги зароби, та да ги убиваш? Дај им леб и вода; нека јадат и пијат, и да си одат при господарот свој. Царот им даде голема гозба, и откако јадеја и пиеја, тој ги пушти и тие се вратија при својот господар.” (Види 2. Царства 6).
Израел извесно време после таа случка бил поштеден од нападите на Сирците. Меѓутоа, подоцна сирската војска под заповедништво на енергичниот и одлучен цар Азаил (внук на оној Азаил кој бил помазан како камшик на Израел), ја опколила Самарија и започнала со опсада. Израел никогаш порано не бил во толкава неволја како за време на оваа опсада. Гревовите на татковците навистина биле казнети врз нивните деца и внуци. Стравовите од долготрајните гладувања го натерале царот да превземе очајнички мерки, но Елисеј претскажал дека следниот ден ќе дојде до ослободување.
Кога следното утро започнало да се разденува, “Господ беше направил така, што во сирскиот логор се чу топот од коли, жржење на коњи, шум од голема војска,” па тие во страв “беа станале и избегале во темнината, и ги оставиле шаторите свои, и коњите свои, и ослите свои – целиот логор, како што си бил,” со богати залихи на храна. “И беа избегале, за да се спасат,” не запирајќи се додека не поминале преку Јордан.
Таа ноќ, кога тие побегнале, четири лепрозни на вратите од градот решиле во очајување заради гладта да одат во логорот на Сирците и да побараат милост од завојувачите, надевајќи се дека овие ќе се сожалат на нив и ќе им дадат храна. Колкаво било нивното чудење кога влегувајќи во логорот виделе дека “таму немаше никој”. Бидејќи никој не вознемирувал ниту спречувал, “тие влегоа во еден шатор, јадеа и пиеја, и зедоа оттаму сребро, и злато, и облека, па отидоа, та ги сокрија. Влегоа и во друг шатор, и оттаму зедоа плен, па отидоа и го сокрија. И си рекоа еден на друг: He правиме добро. Овој ден е ден за радосна вест, а ние молчиме.” Потоа брзо се вратиле во градот носејќи радосна вест.
Пленот бил голем. Намирници имало толку што се продавале “една мера чисто брашно беше продавана за шекел, и две мери јачмен за шекел,” како што прорекол Елисеј еден ден пред тоа. Уште еднаш Божјото име се прославило помеѓу незнабошците, “според речта Господова”, преку Неговиот пророк во Израел. (Види 2. Царства 7:5-16).
Така Божјиот човек продолжил да работи од година во година, во тесна врска со народот верно вршејќи ја својата должност, советувајќи цареви во тешки и критични моменти. Владетелите и народот во текот на многу години служеле на идоли, и тоа оставило страшни последици. Сеуште насекаде се гледале темни сенки на отпадништво, но имало овде и онде луѓе кои не сакале да му се поклонат на Ваал. Продолжувајќи го делото на реформацијата, Елисеј мнозина вратил од незнабоштво и тие луѓе научиле да најдат радост во служба на вистинскиот Бог. Пророкотсе радувал на овие чудесни дела на божествената благодат и сесрдно тежнеел да допре до сите оние кои биле со искрени срца. Каде и да се нашол, настојувал да биде учител на праведноста.
Од човечка гледна точка, изгледите за духовна обнова биле исто така безнадежни како што се и денес напорите на Божјите слуги кои работат во оние делови од земјата каде што владее темнина. Меѓутоа црквата Христова е Божјо средство за објавување на вистината. Тој неа ја ополномоштил да врши една посебна задача, и ако биде предана на Бога и послушна на Неговите заповеди, во нејзината работа ќе се манифестира извонредност на божествената сила. Ако остане верна на својот завет, никаква сила нема да може да и се спротивстави. Силата на непријателот нема да биде повеќе способна да и се спротивстави отколку што плевата може на ветрот.
Пред заедницата ќе зазори зора на сјаен и славен ден, но само тогаш кога ќе ја облече облеката на праведноста Христова и ќе ги прекине сите врски со светот.
Бог ги повикува своите верни да веруваат во Hero и да влеваат храброст на оние кои се без вера и надеж. Обратете му се на Господа, вие затвореници кои се надевате. Побарајте сила од Бога, од живиот Бог. Ако со вера побараме од Hero сила, Тој ќе ги измени, чудесно ќе ги измени, најбеспомошните, и најбезнадежните околности. Тој ќе го направи тоа за слава на Своето име.
Елисеј се заложувал за изградување на пророчки школи се додека бил во состојба да патува од град во град по цел Израел. Каде и да се нашол, Бог бил со него давајќи му зборови да говори и моќ да прави чуда. Во една прилика “пророчките синови му рекоа на Елисеј: Ете, тесно ни е местото кај тебе. Туку да отидеме до Јордан, па таму секој да земеме по греда и да си направиме таму живеалиште.” (2. Царства 6:1, 2). Елисеј тргнал со нив на Јордан, поттикнувајќи ги во работата, давајќи им упатства и дури правејќи чудо со кое им помагал во работата. “А додека еден од нив ја делкаше гредата, секирата му падна во водата, и тој викна: Ах, господару! И уште беше позајмена! А Божјиот човек праша: Каде падна? Оној му го покажа местото. Тогаш тој пресече дел од дрво, го фрли на она место и направи секирата да исплива. И рече: Извади ја! И човекот ја протегна раката та ја зеде.“ (Стихови 5-7).
Неговата служба била толку делотворна а угледот толку голем, што дури и младиот цар Јоас, и покрај тоа идолопоклоник кој не го почитувал Бога, му признал дека присуството Елисеево во тешките времиња вредело повеќе отколку војската со колите и коњите. Историјата бележи: “Кога Елисеј се разболе од болест од која што требаше да умре, му дојде израелскиот цар Јоас, се расплака над него и му рече: Татко мој, татко мој!
Израелевата кола и неговите коњаници!” (2. Царства 13:14).
Пророкот бил нежен и мудар татко на многу души во час на неволја. И во овој случај тој не сакал да го отфрли овој безбожен млад човек кој стоел пред него, и бил толку недостоен на својот царски повик, но на кој многу му бил потребен совет. Бог во своето провидение му дал на царот можност да ги поправи своите поранешни грешки и да го зајакне своето царство. Т ребало да се истераат Сирците кои тогаш ја заземале земјата источно од Јордан. Бог сакал уште еднаш да ја открие својата сила за доброто на Израел.
Пророкотод смртната постела му нареди на царот: “Земи лак и стрели.” Јоас послушал. Тогаш пророкот рече: “Оптегни го лакот!” Јоас “го оптегна лакот и Елисеј ги стави рацете врз царевите раце, потоа рече: Отвори го прозорецот кон исток. И тој го отвори, а на тоа Елисеј рече: Стрелај! И тој исфрли стрела.” И додека стрелата летала во правец на исток во земјата преку Јордан која што ја држеле Сирците, пророкот во вдахновение рече: “Господовата стрела на ослободување, и стрелата на ослободување од Сирија; затоа што ќе ги разбиеш Сирците кај Афек, додека целосно не ги уништиш.”
Тогаш пророкот ја искушал царевата вера. Му наредил на Јоас да земе стрела и му рекол: “Удри на земјата.” Тој удри трипати и застана.” “Требаше да удриш пет или шестпати,” извика расрдениот Елисеј, “тогаш потполно ќе ги разбиеше, Арамејците; вака ќе ги победиш само трипати.” (2. Царства 13:15-19).
Оваа поука се однесува на сите кои вршат одговорни должности. Кога Бог ќе отвори пат да се изврши некоја задача и гарантира дека во тоа ќе се успее, избраното човечко орудие мора да направи се што е во негова моќ за да се оствари таа цел. Бог ќе ни подари успех сразмерно со ентузијазмот и истрајноста со која ќе работиме за негово остварување. Бог може да врши чуда за својот народ единствено ако тој неуморно го врши својот дел на должности. Бог повикува луѓе кои ќе бидат предадени на Неговото дело, – луѓе полни со морална храброст, со силна љубов кон душите и ревност која никогаш не малакса. На таквите луѓе ниедна должност нема да им биде тешка и тие никогаш нема да изгубат доверба, туку срдечно ќе работат се додека привидниот пораз не се претвори во победа. Ни ѕидовите на темнината, ниту справите за мачење нема да ги спречи таквите луѓе да работат со Бога на изградба на Неговото царство.
Со советите и охрабрувањата дадени на Јоас, делото на Елисеј завршило. Оној врз кого паднал во полна мерка духот кој почивал врз Илија, се покажал верен до крај. Никогаш не се поколебал. Никогаш не ја загубил доверата во силата на Семожниот. Секогаш одел со вера, дури и тогаш кога патот пред него изгледал безизлезен, а Богсекогаш ја наградувал неговата вера и отварал пред него пат.
На Елисеј не му било дадено да појде со својот учител на огнена кола. Господ дозволил да боледува од долготрајна болест. Во долгите часови на човечка слабост и страдања, неговата вера се крепела со Божјите ветувања и тој секогаш гледал околу себе небесни гласници кои му носеле утеха и мир. Како што на висините Датан видел небесна војска, огнена кола и коњаници, така сега чувствувал присуство на сочувствителни ангели и тоа го поткрепило. Во текот на целиот свој живот тој пројавувал силна вера, и како што придобивал знаење за Божјите провиденија и Неговата милостива благост, верата созреала во постојана доверба во Бога, и кога го повикала смртта, бил подготвен да се одмори од својата работа.
“Скапоцена е во очите на Господа смртта на Неговите свети.” (Псалм 116:15). “Праведникот има надеж во својата смрт.” (Изреки 14:32) Заедно со псалмистот, Елисеј можел да рече со полна доверба: “Бог ќе ја откупи мојата душа од силата на гробот; и ќе ме прими милостиво.” (Псалм 49:15) И радосно тој ќе може да посведочи: “Јас знам дека мојот Избавител живее, дека и Тој во последно време ќе застане над земјата.” (Јов 19:25). “А јас ќе го гледам Твоето лице во праведност; и еднаш кога ќе се разбудам, ќе се наситам од Твојот изглед.” (Псалм 17:15).