26. „Еве го вашиот Бог!“

Сподели го ова:

Во времето на Исаија луѓето ја загубиле моќта за духовен поим при погрешните представи за Бога. Сатаната долго настојувал да ги наведе луѓето на помисла дека Бог го создал гревот, неволјите и смртта. Оние кои на тој начин биле измамени го сметале Бог за строг и за оној кој многу бара. Тие сметале дека Тој само чека прилика да ги повика луѓето на одговорност и да ги осуди, дека со незадоволство го прима грешникот и тоа дека за тој став има оправдување во законот. Големиот измамник лажно им го претставил законот на љубовта кој владее со небото; им говорел дека тој закон ја ограничува човечката среќа и дека претставува мачен товар кој треба да се отфрли. Тој говорел дека луѓето не треба да се покоруваат на Неговите прописи, и дека казните за престапот се доделуваат произволно и самоволно.
Израел немал никакво оправдување затоа што го загубил од вид вистинскиот Божји карактер. Тој многу пати им се открил како “полн со сочувство и милослив, долготрпелив, богат со љубов и вистина.” (Псалм 86:15). “Додека Израел беше дете Јас го љубев и го повикав Мојот син од Египет,” посведочил Господ. (Осија 11:1).
Господ нежно постапувал со Израел ослободувајќи го од египетско ропство, и пратејќи го на патот кон Ветената Земја. “Во сите нивни тешкотии Тој ги сожалуваше, и ангел на Неговата присутност ги избавуваше; во Својата љубов и сомилост, Тој ги откупи, ги дигна и ги носеше во сите древни дни.” (Исаија 63:9).
“Јасличноќетргнамсотебе,”(2. Мојсеева 33:14), гласело Неговото ветување во текот на патувањето низ пустината. Тоа било пропратено со чудесно откровение на Божјиот карактер, па Мојсеј можел да му објави на целиот Израел за добрината Господова и детално ги поучи за карактерот на невидливиот Цар. “Поминувајќи покрај него Господ објавил: Господ, Господ Бог, милостив и милослив, долготреплив на гнев, многумилостив и вистински, искажува милост на илјадници, проштава беззаконие, грев и престап, и не го оправдува виновниот.”
(2. Мосеева 34:6, 7).
Ова спознание за Господовото долготрпение и Неговата бескрајна љубов и милост го поттикнало Мојсеј да ја изговори онаа прекрасна молитва за Израел, во моментот кога на самата граница од ветената земја се воспротивиле да одат понатаму, одбивајќи да се покорат на Божјите заповеди. Кога нивниот бунт го достигнал врвот, Господ рекол: “Ќе ги удрам со помор и ќе ги истребам;” и Тој предложил од потомството Мојсеево да направи “народ голем и посилен од него.” (4. Мојсеева 14:12). Но пророкот се повикал на чудесната промисла и ветувањето кое Бог му го дал на избраниот народ, а над се на Божјата љубов кон паднатиот човек. (4. Мојсеева 14:17-19).
Господ милостиво одговорил: “Им проштавам, на твојот збор.” А потоа во форма на пророштво му го покажал на Мојсеја својот план во поглед на конечната победа на Израелците. “Како што Јас живеам,” Тој објавил, “сета земја ќе биде полна со Господовата слава.” (4. Мојсеева 20:21). На човештвото ќе му се открие Божјата слава, Неговиот карактер, милост и љубов на кои Мојсеј се повикувал молејќи се за Израел. Ветувањето Господово било потврдено и со заклетва. Како што е Господ жив и владее, така и Неговата слава ќе биде објавена “меѓу многубошците, и Неговите чуда на сите народи.” (Псалм 96:3).
Во врска со исполнувањето на ова пророштво во иднина, Исаија слушнал како светлиот серафим пее пред престолот: “Сета земја е полна со Неговата слава.” (Исаија 6:3). Убеден во вистинитоста на овие зборови, пророкот подоцна храбро објавил за оние кои се поклонувале на дрвени и камени ликови: “Тие ќе ја видат Господовата Слава, величието на нашиот Бог.” (Исаија 35:2).
Ова пророштво денеска брзо се исполнува. Мисионската дејност на Божјата црква донесува обилен плод и наскоро веста за евангелието ќе биде објавена до сите народи. “На фалба на славата на Неговата благодат,” мажи и жени од сите колена, јазици и народи се “прифатени во Возљубениот,” “та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.” (Ефесјаните 1:6; 2:7). “Благословен да е Бог, Израеловиот Бог, Кој единствен твори чудеса. Нека е благословено Неговото славно име засекогаш и нека се исполни целата земја со Неговата слава.” (Псалм 72:18,19).
Благодарејќи на видението кое го добил во тремот на храмот Исаија стекнал јасен поим за карактерот на Израеловиот Бог. “Вишниот и Возвишениот, Кој вечно живее, и Името Му е Светиот,” се појавил пред него во сета своја величественост, но на пророкот му било дадено да ја разбере Неговата сочувствителна природа. Оној кој живее на “високо и свето место,” пребива со “оној кој е со скрушен и понизен дух, за да го оживее духот на понизните и срцето на скрушените.” (Исаија 57:15). Ангелот кој бил наименуван се допре до неговите усни, му ја донел веста: “Твоето беззаконие е симнато и гревот очистен.” (Исаија 6:7).
Слично на Павле од Tape на вратите од Дамаск, пророкот здогледувајќи го Господа почувствувал колку е недостоен, но во ист момент во неговото скрушено срце се појавило сознание за потполно простување, така што станал како обратен човек. Тој го видел Господа. Согледал зрак од љубовта која ја содржи божествената природа. Можел да сведочи за преобразувањето остварено по пат на набљудување на бескајната љубов. Од тој момент го надахнувала желбата да го ослободи заблудениот Израел од товарот и казната за гревот. “Зошто да бидете погодени и понатаму?” запрашал пророкот. “И дојдете сега, да резонираме заедно, говори Господ. Ако ви бидат гревовите како црвено сукно, ќе бидат бели како снег; ако бидат румени како пурпур, ќе станат како волна.” “Измијте се, очистете се, отстранете ги од пред Моите очи нечесните дела, престанете да правите зло; учете да чините добро.” (Исаија 1:5, 18, 16, 17).
Исаија им го прикажал Бога, за кого тие исповедале дека наводно му служеле, но чиј карактер бил погрешно разбран, како голем Исцелител на болестите на душата. Што ако е целата глава болна и целото тело изнемоштено и што ако од петицата до главата никаде нема здраво место, туку повреди, синила, отворени рани? (Види Исаија 1:6) Оној кој бил непокорен и одел no сопствените патишта можел да биде излечен ако се врати кај Господа. “Ги видов неговите патишта,” објавил Господ, “ќе го излечам, ќе го водам и ќе го утешам…Мир, мир на оној кој е далеку и кој е близу, зборува Господ, Јас ќе те излечам.” (Исаија 57:18, 19).
Пророкот го воздигнувал Бога како свој Творец. Неговата порака во Јудините градови гласела: “Еве го вашиот Бог!” (Исаија 40:9). “Вака зборува Господ, Бог, Кој ги создаде и ги оптегна небесата, кој ја распростре земјата и нејзините растенија;” “Јас Сум Господ Кој создал се;” “Јас ја творам светлината и ја создавам темнината;” “Јас ја направив земјата и го создадов човекот на неа, со Своите раце ги оптегнав небесата и им заповедам на сите нивни воинства.” (Исаија 42:5; 44:24; 45:7,12). “Со кого ќе Me изедначите Мене, кој Ми е рамен? вели Светецот. Подигнете ги очите свои и гледајте: кој го создаде тоа? Оној кој по број ја изведува нивната војска, и Кој ги вика сите по име, и поради големата моќ и големата сила во Hero ништо не недостига?” (Исаија 40:25, 26).
До оние кои стравувале дека нема да бидат примени ако се вратат кај Бога, пророкот говорел:
“Зошто велиш, Јакове, и ти, Израеле, зборуваш: Мојотпат е скриен од Бога, мојата правда Му избегнува на мојот Бог? Зар не знаеш? Зар не си чул? Господ е вечен Бог, Творец на земните краишта. Тој не се заморува, не застанува, и Неговиот ум е неизмерлив. Назаморениот муја враќа силата, гозајакнува немоќниот. Дури и младите се заморуваат и се истоштуваат, и младите момчиња се тетерават, но на оние кои се надеваат во Господа, силата им се обновува, се подигаат на крилја како орлите, трчаат и не застануваат, одат и не се уморуваат.” (Стихови 27-31).
Срцето на Бескрајната Љубов копнее за оние кои чувствуваат дека не се во состојба да се ослободат од сатанските стапици, и милосливо им нуди поткрепа за да живеат за Hero. “He бој се,” вели Тој, “зашто Јас сум со тебе; не обрнувај се исплашено; зашто Јас Сум твој Бог, Јас те крепам и ти помагам, те потпирам со десницата на Мојата праведност.” “Јас, Господ, твојот Бог, ја крепам твојата десница и ти велам: He бој се, Јакове, црвче, и вие луѓе Израелци; Јас сум твоја помош – говори Господ, и твој Откупител, Светецот Израелов” (Исаија 41:10, 13, 14).
Жителите на Јуда не биле достојни, но Бог сепак не сакал сосема да се одрече од нив. Преку нив Неговото име требало да се прослави помеѓу незнабошците. Мнозина кои биле во потполно незнаење за Неговиот карактер, требале да почнат да ја осознаваат славата на божествениот карактер. Со желба да ги разјасни своите милостиви намери, Бог непрестано праќал свои слуги пророци со пораката: “Вратете се секој од својот лош пат и своите зли дела.” (Еремија 25:5). “Заради Своето име,” Тој објавил преку Исаија, “го одлагав Својот гнев, заради Својата слава се воздржував да не те уништам.” “Заради Себе правев така, зар моето име да биде обесветено? Својата слава не му ја давам на друг.” (Исаија 48:9, 11).
Повикот на покајание бил јасно упатен и сите биле повикани да се вратат. “Барајте Го Господа додека може да се најде,” молел пророкот: “повикувајте Го додека е близу. Нека безбожникот го остави својот пат и неправедникот мислите свои; и нека се врати кај Господа, и Тој ќе се смилува на него.” (Исаија 55:6, 7).
Дали и ти, читателу, го избра сопствениот пат? Дали си се оддалечил од Бога? Дали си се обидел да се храниш со плодовите на престапот, и на крајот да согледаш дека се претвораат во пепел на твоите усни? И сега, бидејќи животните планови ти се уништени и надежите мртви, седиш ли осамен и очаен? Оној ист глас кој одамна му зборува на твоето срце, но кој не си сакал да го слушнеш, ти се обраќа јасно и гласно: “Станете и одете! Ова не е ваше одморалиште, затоа е осквернето, тоа ќе ве уништи.” (Михеј 2:10). Врати се дома кај твојот Отец. Тој те повикува: “Обрати ми се Мене, зашто Јас те искупив.” “Приклонете го увото и дојдете при Мене, послушајте Me, и душата ќе ви живее; и Јас ќе склучам со вас вечен Завет, Завет на милоста, ветен на Давида.” (Исаија 44:22; 55:3).
He го слушај непријателот кога ти советува да не му пријдеш на Христа се додека не се поправиш, додека не постанеш достоен да дојдеш кај Бога. Ако толку чекаш, никогаш нема да дојдеш. Ако сатаната укажува со прст на твојата валкана облека, сети се на ветувањето на Спасителот: “Кој доаѓа при Мене нема да го истерам.” (Јован 6:37). Речи му на непријателот дека крвта на Исуса Христа чисти од секаков грев. Моли се со Давидовата молитва: “Пороси ме со исоп, за да се очистам, измиј ме и јас ќе бидам побел од снег.” (Псалм 51:7).
Повиците кои ги упатувал пророкот на жителите на Јуда да го вперат погледот на живиот Бог и да ги прифатат Неговите милостиви дарови, не биле залудни. Имало луѓе кои искрено послушале, и напуштајќи ги своите идоли се обратиле кон обожување на Јехова. Тие согледале љубов, милост и нежно сочувство восвојотТворец. Во мрачните денови кои ќе настапат во историјата на Јуда, кога во земјата ќе преостане само мал остаток, пророковите зборови треба и понатаму да донесуваат плод на одлучна реформација. Исаија рекол: “Во оној ден човекот ќе погледне на својот Создател и неговите очи ќе имаат почит кон Израеловиот Светец. Тој веќе нема да гледа кон жртвениците, делото на своите раце, ниту ќе има почит кон она што неговите прсти го направија: ашерите или ликовите.” (Исаија 17:7, 8).
На мнозина им било наменето да го запознаат Оној кој е сиот љубезен, повеќе од десет илјади други. На нив е изречено милостиво ветување: “Твоите очи ќе го гледаат Царот во Неговата убавина.” (Исаија 33:17). Гревовите им биле простени и тие требало да се фалат само во Бога. Во тој радосен ден на покајание се чуло воскликнување: “Славниот Господ ќе биде за нас место на широки реки и потоци… Зашто Господ е наш судија, Господ е наш законодавец, Господ е наш цар – тој ќе не спаси.” (Стихови 21, 22).
Пораката на Исаија за оние кои одлучиле да ги напуштат своите зли патишта, била полна со утеха и охрабрување. Слушни ги зборовите кои Господ ги упатил преку својот пророк:
“Спомни си за тоа, Јакове и Израеле, зашто си Мој слуга;
Јас те создадов; и ти си Мој слуга,
О Израеле, Јас нема да те заборавам.
Како магла ги растерав твоите престапи, и како облак твоите гревови;
Врати се кај Мене, зашто Јас те откупив.”
(Исаија 44:21, 22)
“Ќе речеш во оној ден: ќе те славам, Господи,
И покрај тоа што Ти се разгневи на мене,
Твојот гнев се одврати од мене, и Ти ме утеши.”
“Ете, Бог е мое спасение,
јас се надевам, и не се бојам веќе,
зашто Господ Јехова е моја сила и моја песна,
Тој ми е спасение…
“Пејте му на Господа, зашто создаде убавини,
Нека се знае тоа по целата земја.
Воскликнувајте и радувајте се, жители на Сион,
Зашто голем е меѓу тебе Израеловиот Светец.”
(Исаија 12)

Сподели го ова:

Similar Posts