49. Во времето на царицата Естира
Користејќи се со наклонетоста на Кир, скоро педесет илјади заробеници ја послушале заповедта со која било овозможено нивното враќање. Меѓутоа, во споредба со стотини илјади растурени по разните области на Медо-Персија, овие педесет илјади го представувал само остатокот. Повеќето Израелци одлучиле да останат во земјата на робството за да не се изложуваат на потешкотии од патување и повторно населување на нивните опустошените градови и домови.
Поминале повеќе години, и тогаш Дариј, кој што владеел во тоа време, издал втора заповед, исто така поволна како и првата. Така Бог во својата милост им пружил прилика на Евреите во Медо-Персиското царство да се вратат во земјата на своите татковци. Господ предвидувал бурни времиња кои што ќе настапатза време на владеењето на Ксеркс – Асвир од книгата на Естира – и со тоа не само што предизвикал промена на чувствата во срцата на луѓето кои што се наоѓале на власт туку и го поттикнал Захарија да влијае на заробените за да се вратат.
“Еј, еј, бегајте од северната земја” – гласела пораката упатена на растурените Израелеви племиња кои што се населиле во многу земји, далеку од нивната поранешна татковина. “Зашто во сите четири небесни ветра ве распрснав – говори Господ! Еј, Сиону, којживееш кај вавилонската ќерка, спаси се! Вака зборува Господ над Воинствата чија Слава ме испрати кај народите кои ве ограбија: Кој ве допира, Ми ја допира зеницата на окото. Ете, ја подигам раката против нив за да им бидат плен на своите робови. Така ќе знаете дека ме испрати Господ над Војските.” (Захарија 2:6-9).
Токмукакоод самиотпочеток, Господова цел и тогаш била Неговиот народ да послужи на благослов на целиот свет во слава на Неговото име. Во текот на долгите години од нивното робство, Тој многу пати им пружал прилики да се вратат. Некои одлучиле да послушаат; некои нашле спасение во маките. Мнозина од нив ќе се вбројат во остатокот кој што ќе се врати. Пророштвото ги споредило со врвот на “висок кедар,” кој што ќе биде посаден на “гора висока и воздигната, на високата Израелева гора.” (Езра 17:22, 23).
Сите оние “на кои Бог им го подига духот” (Езра 1:5), се вратиле уште на Кировата заповед. Меѓутоа, Бог непрекратно се обраќал на оние кои што останале во земјата на робството, и на многу начини ги поттикнувал да се вратат. Но тоа немало никакво влијание на оние кои што не ја послушале ниту раната Кирова заповед. Тие не се отповикале на повикотдури ни тогаш кога Захарија ги повикал да бегаат од Вавилон.
Во меѓувреме приликите во Медо-Персиското царство брзо се менувале. Дариј, под чие владеење Евреите уживале посебна милост, го наследил Ксеркс Велики. За време на неговото владеење Евреите се нашле во страшна криза, затоа што не ја послушале опомената да бегаат. Бидејќи одбиле да се користат со патот кој што Бог им го отворил за бекство, сега биле соочени лице во лице со смртта.
Сатаната во тоа време настојувал да ги попречи Божјите цели и тоа преку Аман Агеј, еден нечесен човек кој што се наоѓал на висока позиција во Медо-Персија. Аман бил исполнет со омраза кон Мардохеј, Евреин. Мардохеј не му направил никакво зло на Аман, само што не сакал да му се поклонува со стравопочитување. Мислејќи дека “не е вредно да крене рака на самиот Мардохеј,” Аман “гледаше да ги истреби сите Јудејци што беа по целото царство Асвирово, народот на Мардохеј”. (Естира 3:6).
Измамен од Амановите зборови, Ксеркс бил наведен да издаде заповед да се убијат сите Евреи – народ “расеан и растурен по народите по сите провинции” на Медо-Персиското царство. Во одреден ден требало да се уништат сите Евреи и да се заплени нивниот имот. Царот не согледал до какви далекусежни последици би дошло кога таа заповед би се спровела во потполност. Сатаната бил скриен поттикнувач на целиот план и се трудел да ги тргне од земјата оние кои што го сочувале знаењето за вистинскиот Бог.
“Во сите земји, во било кое место каде и да дојдеше царевата реч и заповедта негова, стануваше голема жалост меѓу Евреите, и пост и плач и лелек, и мнозина во кострет и пепел лежеа.” (Естира 4:3). Заповедта на Мидјаните и Персијците не можела да се отповика. Изгледало како да нема никаква надеж, дека целиот Израел е осуден на уништување.
Меѓутоа, заверата на непријателот ја спречила онаа иста Сила која што владее со синовите човечки. Естира, Јудејка, по Божјо провидение станала царица во Медо-Персија. Мардохеј бил нејзин близок роднина. Кога се нашле во неволја, тие одлучиле да му се обратат на Ксеркс во името на својот народ. Естира требало да излезе пред царот како посредник. Мардохеј рекол: “Кој знае дали токму и не си се искачила до царската чест заради часот каков што е овој.” (Стих 14).
Кризата со која се соочила Естира барала брза и сериозна акција. Меѓутоа, и таа и Мардохеј сфатиле дека нивниот труд нема да биде од никаква корист ако Бог силно не се заложи за нив. Затоа Естира се обратила кон Бога, изворот на својата сила. “Оди,” му рекла на Мардохеј, “собери ги сите Јудејци што се наоѓаат во Сусан, и постете за мене, и не јадете и не пијте три дена ни ден ни ноќ; и јас со своите девојки исто ќе постам, па потоа ќе отидам кај царот, кое не е според законот, и ако загинам, нека загинам.” (Стих 16).
Случките кои што потоа брзо се менувале – излезот на Естира пред царот, благонаклоноста која што тој и ја укажал, банкетот на кој што присуствувале царот, царицата и Аман како единствен гостин, немирниот сон на царот, јавната почест искажана на Мардохеј, понижувањето и падот на Аман по откривањето на неговата лукава завера – сето тоа спаѓа во рамките на една позната сторија. Бог чудесно работел за Својот народ кој што се покајал. Царот издал втора заповед, која што им допуштила да се борат за својот живот. Таа заповед гласниците на коњите брзо ја разнеле по сите краишта на царството, кои “отидоа брзо и итно според царевата заповед.” “Во секоја земја и во секој град, каде и да дојдеше заповедта на царот и неговата наредба, имаше радост и веселби помеѓу Јудејците, гозба и благословени денови, и мнозина од народот на земјата стануваа Јудејци, зашто ги опфати страв од Евреите.” (Естира 8:14, 17).
Во денот кога требало да се изврши нивното погубување, “се собраа Јудејците во своите градови по сите покраини на царот Асир да удрат над оние кои ја бараа нивната пропаст; и никој не се осмели да им пружи отпор зашто сите народи ги опфати страв од Јудејците.” Ангелите кои се ненадминливи по сила, беа поставени од Бога на должност да го штитат Неговиот народ кои беа собрани да “го бранатсвојотживот.” (Естира 9:2, 16).
На Мардохеј сега му била дадена висока положба која што претходно ја завземал Аман. Тој “беше втор до царот и голем кај Јудејците и прифатен од мноштвото на браќата свои;” и тој настојувал да обезбеди благосостојба на својот народ. (Естира 10:3). Така Бог повторно ја повратил наклонетоста на Медо-Персискиот двор за Својот избран народ, и го овозможил остварувањето на големата цел – повторно да ги врати во нивната земја. Меѓутоа, дури по неколку години, во седмата година од владеењето на Артарскеркс I, наследникот на Ксеркс Велики, значаен број на Евреи се вратил во Ерусалим под водство на Ездра.
Тешките искушенија на кои што наишол Божјиот народ во времето на Естира не биле обележје само во тоа доба. Гледајќи низ вековите до крајот на светот, Јован вели: “Се разгневи змејот на жената, и отиде да војува со остатокот од семето нејзино, кои што ги држат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исуса Христа.” (Откровение 12:7). Некои кои што живеат денес на земјата ќе го видат исполнувањето на тие зборови. Истиот оној дух кој во изминатите векови ги наведувал луѓето да ја прогонуваат вистинската заедницата, ќе направи и во иднина да се применат истите мерки кон оние кои што ќе останат верни на Бога. Веќе се вршат подготовки за последниот голем судир.
Заповедта која на крајот ќе биде издадена против остатокот на Божјиот народ ќе биде многу слична на заповедта која што Асвирја издал против Евреите. Денеска непријателите на вистинската црква, во малата група на оние кои што ја држат саботата според четвртата заповед, го гледаат Мардохеј крај портите. Послушноста на Божјиот народ кон Неговиот закон представува непрекратен укор за оние кои што немаат Господов страв и ја газат Неговата сабота.
Сатаната ќе поттикне негодување против малцинството кое што не ги прифаќа обичаите и традициите од овој свет. Луѓе на положба и од влијание ќе се здружат со беззакониците и грешниците против Божјиот народ. Богатството, разумот, образованието – се ќе се здружи за да изрази презир кон Божјиот народ. Против него ќе коваат завери тирански владетели, проповедници и припадници на цркви. Со зборови и перо, со закани и исмејувања ќе настојуваат да ја уништат нивната вера. Со лажно прикажување и гневни обвинувања луѓето ќе ги поттикнуваат страстите кај народите. Бидејќи нема да можат да се повикаат на зборовите: “Така вели Светото писмо,” тие, во борба против оние кои што ја почитуваат библиската сабота, ќе прибегнуваат кон крути одредби за да го надоместат тој недостаток. За да стекнат популарност и да си осигураат себеси власт, законодавците ќе се согласат да се донесе неделниот закон. Но оние кои се бојат од Бога нема да можат да ја усвојат одредбата која што претставува повреда на прописот на десетте заповеди. На тоа боиште ќе се води последната голема борба помеѓу вистината и заблудата. И ние не сме оставени во незнаење во поглед на завшрницата. Денес, токму како во времето на Естира и Мардохеј, Господ ќе извојува победа и ќе ја одбрани Својот вистина и Својот народ.