37. Одведени во заробеништво во Вавилон
Во деветтата година од владеењето на Седекија “Навуходоносор дојде со сета своја војска против Ерусалим,” за да го опседне градот. (2. Царства 25:1). Изгледите за Јудеја биле безнадежни. “Еве, Јас сум против тебе,” изјавил Сам Господ преку Езекиел, “Јас, Господ, Сум го извлекол Мојот меч, од ножницата негова, и тој нема веќе да се врати… ќе замре секое срце и сите раце ќе малаксаат, и секој дух ќе се нажали, и сите колена ќе затреперат како вода” “Ќе го излеам врз тебе Моето негодување, ќе дувнам врз тебе со огнот на јароста Своја и ќе те предадам во рацете на луѓе свирепи, вешти во убивање.” (Езекиел 21:3, 5-7, 31).
Египјаните се обиделе да притекнат на помош на опколениот град; а Халдејците, со цел да ги задржат, за некое време ја напуштиле својата опсада на јудејскиот главен град. Во срцето на Седекија се разбудила надеж, и тој испратил гласник кај Еремија, барајќи од него да се моли на Бога во полза на еврејскиот народ.
Страшниот одговор на пророкот гласел дека Халдејците ќе се вратат и ќе го уништат градот. Пресудата била изречена; непокајаната нација не можела повеќе да ги запре божествените казни. “He лажете се,”го предупредил Господ Својот народ, “бездруго ќе си отидат Халдејците од нас – зашто нема да си отидат; дури и да бевте ја разбиле сета војска на Халдејците, кои војуваат против вас, и да останеа при вас само ранетите, тоа тогаш и тие би станале, секој од шаторот свој и би го изгореле овој град со оган.” (Еремија 37:9, 10). Остатокот од Јудеја требал да отиде во ропство, низ страдања да ја научи лекцијата што одбил да ја научи во поповолни околности. На оваа одлука на светиот Надгледник не можела да се поднесе жалба.
Меѓу праведните, кои се уште биле во Ерусалим, на кои божествената намера им била јасна, имало и такви кои одлучиле да го тргнат светиот ковчег со камените плочи на кои биле испишани десетте заповеди, вон дофат на безбожничките раце. Тие го сториле тоа. Со плач и тага, тие го сокриле светиот ковчег во пештера, каде што требал да биде сокриен од луѓето на Јудеја и Израел поради нивните гревови и никогаш повеќе да не им биде вратен. Тој светковчегесеуштесокриен. Никогаш потоа не бил пронајден затоа што тоа останало тајна.
Многу години Еремија стоел пред народот како верен Божји сведок; а сега, кога осудениот град требал да падне во незнабожечки раце, тој ја сметал својата работа за завршена и наумил да замине, но го задржал синот на еден од лажните пророци, кој изјавил дека Еремија се подготвува да им се придружи на Вавилонците, на кои постојано ги повикувал Јудејците да им се покорат. Пророкот го одрекнувал лажното обвинение, но сепак “кнезовите се разгневија на Еремија, го биеја и го затворија во темница” (Стих 15).
Надежта која се разбудила во срцата на кнезовите и на народот кога војската на Навуходоносор која се свртела кон југ да ги пресретне Египјаните, наскоро била уништена. Зборот Господов гласел: “Еве, Јас сум против тебе фараоне, царе Египетски.” Вдахновението изјавило, “И ќе познаат сите жители на Египет, дека Јас сум Господ, оти тие беа на домот Израилев потпорна трска.” “Ќе ги зацврстам мишките на вавилонскиот цар, а мишките на фараонот ќе отпаднат; и ќе познаат, дека Јас сум Господ Бог, кога ќе му го дадам мечот Свој во раката на вавилонскиот цар, и тој ќе го потегне врз земјата египетска. (Езекиел 29:3, 6; 30:25).
Додека Јудејските кнезови се уште залудно очекувале помош од Египет, Царот Седекија исполнет со немир размислувал за Божјиот пророк фрлен во затворот. По многу денови, Царот испратил по него и тајно го прашал: “Нема ли слово од Господа?” Еремија одговорил: “Има, и додаде: ќе бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар”
“Тогаш Еремија му рече на царотСедекија: Што згрешив пред тебе, пред сите слуги твои и пред овој народ, па ме фрливте во темница? И каде се вашите пророци, кои ви пророкуваат, кажувајќи: вавилонскиот цар нема да дојде против вас и против оваа земја? А сега, чуј, господаре мој, услиши ја молбава моја пред лицето твое; не враќај ме во куќата на писарот Јонатан, за да не умрам таму.” (Еремија 37:17-20).
На ова Седекија наредил “Да го затворат Еремија во стражарницата, и да му даваат по едно парче леб од улицата на лебарите, се додека не се заврши сиот леб во градот. И така остана Еремија во стражарницата.” (Стих 21).
Царот не се осмелил јавно да покаже некаква верба во Еремија. Иако неговиот страв го натерал приватно да бара информации од него, тој сепак бил премногу слаб за да се соочи со неодобрувањето на своите кнезови и на народот, потчинувајќи и се на Божјата волја која била објавена преку пророкот.
Од стражарницата на затворот, Еремија продолжил да советува покорност на вавилонската влада. Да се покаже отпор, би било одење во сигурна смрт. Господовата порака до Јудеја била: “Оној, што ќе остане во овој град, ќе умре од меч, од глад и од помор; а оној, што ќе појде при Халдејците, ќе биде жив, и неговата душа ќе му биде замената место грабеж, и тој ќе остане жив. Така вели Господ – овој град бездруго ќе биде предаден во рацете на војската од вавилонскиот цар, и тој ќе го преземе.” (Еремија 38:2, 3).
Конечно кнезовите, разгневени од постојаните совети на Еремија, кои биле во спротивност со нивната воспоставена политика на отпор, остро протестирале пред царот, тврдејќи дека пророкоте непријател на народот и дека неговите зборови ги заслабнале рацете на народот и му донеле несреќа; затоа, тој требал да биде погубен.
Плашливиот цар знаел дека обвиненијата се лажни, но за да им се додвори на оние кои имале висока и влијателна положба во државата, тој се правел дека верува во нивните лаги и го предал Еремија во нивни раце да прават со него што ќе посакаат. Пророкот бил фрлен “во јамата на Малхија, синот царев, која беше во стражарницата… со јаже; во јамата немаше вода, туку само тиња; и Еремија падна во тињата” (Стих 6). Но Бог му подигнал пријатели, кои се заложиле кај царот за него и повторно го вратиле во стражарницата на затворот.
Уште еднаш царот насамо го повикал Еремија, молејќи го верно да ја прикаже Божјата намера со Ерусалим. Како одговор, Еремија изјавил: “Ако ти откријам, нема ли да ме предадеш на смрт, а ако те посоветувам, ти нема да ме послушаш. И му се заколна тајно царот Седекија на Еремија, велејќи: Жив Господ, Кој ни ја создаде душата, нема да те предадам на смрт и нема да те предадам во рацете на оние луѓе, што ја сакаатдушата твоја.” (Стихови 15,16).
Се уште постоела можност за царот да покаже добра волја и да ја послуша волјата на Јехова, и на тој начин да ги ублажи со милост казните кои сега паѓале врз градот и народот. “Ако отидеш пред кнезовите на вавилонскиот цар”, на царот му била дадена пораката, “душата ќе ти остане жива, и овој град нема да биде изгорен со оган, и ти ќе бидеш жив, и домот твој; ако, пак, не појдеш при кнезовите на вавилонскиот цар, овој град ќе биде предаден во рацете на Халдејците, и тие со оган ќе го изгорат, а ти нема да побегнеш од рацете нивни”.
“Се плашам од Јудејците кои појдоа при Халдејците,” одговорил царот, “за да не ме предадат Халдејците во рацете нивни, па тие да се исмеат со мене.” Но пророкот ветил: “Нема да те предадат; послушај го гласот Господов за ова, што ти го кажувам, па ќе ти биде добро, и жива ќе остане душата твоја.” (Стихови 17-20).
На овој начин, се до последниот час, Бог ја ставал на знаење Неговата подготвеност да покаже милост кон оние што ќе одберат да им се покорат на Неговите барања. Доколку царот одбрал да се покори, животите на луѓето можеле да бидат поштедени, а градотспасен од уништување; но тој мислел дека отишол премногу далеку за да ги исправи своите стапки. Се плашел од Евреите, се плашел од исмевање, се плашел за својот живот. По долги години бунтовништво против Бога, Седекија мислел дека е премногу понижувачки да му каже на својот народ: Го прифаќам словото Господово, изречено преку пророкот Еремија; He се осмелувам да војувам против непријателот соочен со сите овие предупредувања.
Еремија со солзи го преколнувал Седекија да се спаси себеси и својот народ. Со душевна болка, тој го уверувал дека доколку не го послуша Божјиот совет, нема да може да избега жив, а се што поседува ќе падне во рацете на Вавилонците. Но, царот бил тргнат во погрешна насока, и не сакал да ги исправи своите стапки. Одлучил да го следи советот на лажните пророци и на луѓето кои всушностги презирал, и кои ја исмевале неговата слабост и попустливоста кон нивните желби. Тој ја жртвувал благородната слобода на својата личност, својата мажественост и станал беден роб на јавното мислење. Тој немал никаква намера да стори зло, но исто така немал ни одлука да застане смело на страната на она што е праведно. Колку и да бил убеден во вредноста на советот добиен од Еремија, тој немал доволно морална сила да го послуша; и како последица на тоа, тој продолжил и понатаму по погрешниот пат.
Царот бил премногу слаб за да дозволи неговите дворјани и народот да дознаат дека се советувал со Еремија, неговата душа била толку исполнета со страв од луѓето. Доколку Седекија застанел цврсто и објавил дека верува во зборовите на пророкот, веќе наполу исполнети, какво уништување можело да биде спречено! Тој требал да каже, Јас ќе Му се покорам на Господа, и ќе го спасам градотод целосно разурнување. He се осмелувам да ги занемарам Божјите наредби поради стравот или умилкувањето на луѓето. Јас ја сакам вистината, го мразам гревот, и ќе го следам советот на Семоќниот во Израелот.
Тогаш луѓето ќе го почитувале неговиот храбар дух и оние кои се колебале меѓу верата и неверувањето, цврсто ќе застанале на страната на доброто. Самата бестрашност и праведност на оваа одлука ќе разбудела кај неговите поданици восхит и лојалност. Тој ќе ја добиел целосната поддршка и Јудеја би била поштедена од неискажаниотужас на помор, глад и оган.
Слабоста на Седекија била грев за кој платил страшна цена. Непријателотсе втурнал како лавина и гоуништил градот. Еврејската војска била поразена и натерана во бегство. Земјата била освоена. Седекија бил заробен, а неговите синови биле погубени пред негови очи. Царот бил одведен од Ерусалим како заложник, со ископани очи, a no пристигнувањето во Вавилон, бедно умрел. Прекрасниот храм кој повеќе од четири века бил круна на Сионската гора не бил поштеден од Халдејците. To изгореа Божјиотдом, ги разурнаа ѕидовите на Ерусалим и сите негови дворци со оган ги изгореа; и сите негови скапоцености ги уништија.” (2. Летописи 36:19).
За време на последната опсада на Ерусалим од страна на Навуходоносор, мнозина ги избегнале ужасите на долгата опсада само за да загинат од меч. Од оние кои се уште биле живи, некои, особено првосвештеникот, офицерите и кнезовите биле одведени во Вавилон и таму погубени како предавници. Други биле одведени во ропство да живеат во служба на Навуходоносор и неговите синови “до зацарувањето на персискиот цар, …за да се исполни зборот Господов, кажан преку устата на Еремија.” (Стихови 20, 21).
За Еремија е запишано: “А за Еремија Навуходоносор, царот вавилонски, му даде таква заповед на Навузардана, началникот на телохранителите” земи го, грижи се за него, и не прави му ништо лошо, туку постапувај со него онака, како што ќе ти каже тој.” (Еремија 39:11,12).
Ослободен од затворот од страна на вавилонските офицери, пророкот одбрал да ја сподели својата судбина со малиот “остаток од Јудејците,” оставен од Халдејците “да бидат лозари и земјоделци.” Вавилонците го поставиле Годолија како нивни владетел. Поминале само неколку месеци пред новоназначениот владетел да биде мачно убиен. Кутриот народ, кој поминал низ многу неволји, конечно бил наговорен од своите водачи да побараат засолниште во египетската земја. Еремија го кренал својот глас во протест против овој потег: “He одете во Египет,” повикувал тој. “Но неговиот вдахновен совет не бил послушан и “сиот остаток од Јудејците… мажи, жени, деца”, избегале во Египет. “Тие не го послушаа гласот на Господа, и стигнаа до Тафнис.” (Еремија 43:5-7).
Пророштвата за казната изречени од Еремија против остатокот кој се побунил против Навуходоносор бегајќи во Египет биле измешани со ветувања за прошка за оние што ќе се покајат за својата лудост и ќе бидат подготвени да се вратат. Иако Господ нема да ги поштеди оние кои се завртеле против Неговиот совет кон заводливите влијанија на египетското идолопоклонство, сепак ќе покажел милост кон оние кои ќе покажат дека се лојални и верни. “Само малкумина оттргнати од мечот ќе се вратат од земјата египетска во јудејската”, изјавил Тој; “а сите други Јудејци, што отидоа во земјата египетска, за да поживеат таму, ќе узнаат кој збор ќе се изврши: Мојот или нивниот.” (Еремија 44:28).
Жалоста на пророкотпоради целосната изопаченост на оние кои требале да бидат духовна светлина на светот, неговата жалост поради судбината на Сион и оние кои биле одведени во ропство во Вавилон е откриена во книгата Плачот на Еремија која тој ја оставил како споменик на лудоста од одвратувањето на советите на Јехова кон човечка мудрост. Помеѓу урнатините Еремија се уште можел да каже: “Поради милоста на Господа не загинавме наполно,” а негова постојана молитва била: “Да ги испитаме и да ги истражиме патиштата свои и да се обрнеме кон Господа.” (Плач Еремин 3:22, 40). Додека Јудеја се уште била царство меѓу народите, тој го прашувал својот Бог: “Зар наполно Ти го отфрли Јуда? Зар душата Твоја го замрази Сион?” – и имал смелост да моли: “He отфрлај не нас заради името Твое.” (Еремија 14:19, 21). Потполната верба на пророкот во вечната Божја намера да заведе ред во безредието и да им ги покаже на земските народи и на целата вселена својата праведност и љубов, сега го навела да моли со вера во полза на оние кои би можеле да се одврататод злото кон праведноста.
Но сега Сион бил потполно уништен; Божјиот народ бил во ропство. Преплавен од тага, пророкот извикал: “Како сам остана градот некогаш полн со народ! Стана како вдовица; некогаш голем меѓу народите; кнезот над областите сега плаќа данок. Горко плаче ноќе, а солзите му паѓаат по образите. Од сите оние што го сакаа, сега нема никој да го утеши; сите негови пријатели го изневерија и му станаа непријатели.
“Поради беда и ропство Јуда се пресели; се насели меѓу незнабожци, и не најде спокој; сите што го гонеа, го притеснија. Патиштата на Сион тагуваат, зашто нема кој да оди на празник; сите негови порти запустеа; свештениците воздивнуваат, девиците негови се нажалени, а самиоте беден! Непријателите негови станаа глава; на противниците негови им е добро, бидејќи Господ испрати врз него тага поради неговите бројни беззаконија; децата негови отидоа во ропство пред непријателот.”
Како ја помрачи Господ во гневот Свој ќерката Сионова! Од небесата ја симна славата Израилева и не се потсети за подножјето на нозете Свои во денот на Својот гнев! Господ ги сотре сите живеалишта на Јакова, не ги поштеди; ги разруши во јароста Своја сите тврдини на ќерката Јудина, ги кутна на земја, ги отфрли царството негово и кнезовите негови, како нечисти. Во жестокиот гнев Свој ги скрши сите рогови Израилеви, ја повлече десницата Своја од непријателот и се разгори против Јакова како огнен пламен, кој проголтува се наоколу; го затегна лакот Свој како непријател, ја управи десницата Своја како непријател и уби се што е мило за очите: врз скинијата на ќерката Сионова ја излеа како оган јароста Своја”
“Што да ти кажам и со што да те споредам, ќерко ерусалимска? Што да направам, за да те утешам, девојко, ќерко Сионова? Зашто раната твоја е како море голема; кој може да те исцели?”
“Спомни си, Господи, што не снајде; милостиво погледај и види го исмевањето наше! Наследството наше мина на туѓинци, куќите наши – на луѓе од други племиња; останавме сираци, без татко; мајките наши се како вдовици… Татковците наши грешеа; нив ги нема веќе, а ние трпиме казна за нивното беззаконие. Робовите ни се господари, а нема кој да не избави од рацете нивни…Поради тоа и копнее срцето наше; поради тоа и потемнеа очите наши.”
“Ти, Господи, остануваш вечно; престолот Твој е од род во род. Зошто наполно не забораваш, не оставаш долго време? Обрни не кон Себе, Господи, и ние ќе се обрнеме; обнови ги деновите наши како во старо време.” (Плач Еремин 1:1-5; 2:1- 4, 13; 5:1-3; 7, 8, 17; 19-21).