9. Илија Тесвиќанецот

Сподели го ова:

Пророци од северното царство

Источно од Јордан, во Галатските планини, во времето на Ахав живеел еден човек од вера и молитва, кој со својата бестрашна мисија требал да го спречи брзото ширење на отпадништво во Израел. И покрај тоа што живеел далеку од сите познати градови и не заземал никаква висока положба, Илија Тесвиќанецот се посветил во својата служба со верба дека Бог ќе го израмни патот пред него и дека ќе му подари многу успех. Од неговите усни се слушнале зборови на вера и сила, и тој целиот свој живот го посветил на делот на реформата. Тој бил силен глас во пустината, кој го осудувал гревот и не му дозволувал на злото да поплавува. Излегол пред народот како оној кој го укорува гревот, но во ист момент неговата вест била мелем од Галад за душите кои боледувале од гревот и за сите оние кои што сакале да се исцелат.
Гледајќи како Израел се подлабоко запаѓа во идолопоклонство, Илија чувствувал како душата му се исполнува со тага и гнев. Бог направил големи дела за својот народ. Тој ги ослободил од ропство и “и им даде незнабожечки земји, и така наследија плодови од други народи, за да ги чуваат наредбите Негови и да ги исполнуваат законите Негови.” (Псалм 105:44, 45). Но луѓето речиси заборавиле на Божјите благодети. Неверството брзо го одвоило избраниот народ од Изворот на неговата сила. Илија бил целиотобземен од болка посматрајќи го од своите планини отпадништвото на народот. Во душевна болка викал кон Господа да не дозволи Неговиот избран народ и понатаму да оди по лошите патишта, да го казни, ако е тоа потребно, за да стане свесен дека се одвоил од Небото. Копнеел да го види народот во покајание пред уште повеќе да потоне во зло и да го предизвика Господа целосно да ги уништи.
Ова поглавје се базира на 1. Царства 17:1-7.
Бог ја вослишил молитвата на Илија. Многуте опомени, повици и укори не го навеле Израел да се покае. Дошол момент кога Бог морал да проговори со суд. Над осквернетата земја лежело тешко Божјо проклетство, затоа што Вааловите свештеници тврделе дека небесните дарови, росата и дождот, не доаѓаат од Господа туку од природните сили и дека земјата ги добива своите благодети благодарејќи на грижата на енергијата од сонцето и така донесува обилен род. Требало да им се покаже на отпадничките Израилеви племиња колкава лудост е да се очекува дека земските благодети доаѓаат од Вааловите сили. Земјата нема да добие ниту роса ниту дожд се додека не се покајат, се додека не се вратат кај Бога и признаат дека Тој е изворот на сите благослови.
Илија добил задача да му ја пренесе оваа вест за небесниот суд на Ахав. Тој не се препирал да биде Господов гласник: сам Господ му ја упатил својата реч. Како ревносен слуга на славата Божја, не се поколебал да се покори на божествениот повик, и покрај тоа што ова значело да се изложи себе си на уништување од страна на безбожничкиот цар. Пророкот веднаш тргнал на пат и одел дење и ноќе се додека не стигнал во Самарија. Кога дошол во дворот, не ги молел да го примат ниту чекал да го најават. Облечен во груба облека од кострет, какви што пророците обично носеле во тоа време, поминал покрај стражата, наизглед незабележан и набрзо се нашол пред царот.
Илија не се извинувал што така непријавено излегол пред царот. Оној кој е поголем од Израилевиот цар му наложил да зборува. Подигајќи ја својата рака кон небото, свечено објавил заколнувајќи се во живиот Бог, дека казна од Семожниот ќе падне врз Израелот. “Така жив да е Господ Бог израилев пред кого стојам, овие години нема да има ни роса ниту дожд ќе има додека не речам јас.” (1. Царства 17:1)
Само силна вера во непогрешливата Божја реч можела да му даде на Илија сила да ја пренесе оваа вест. Да немал неограничена доверба во Оној на кој Му служел, тој никогаш не би излегол пред Ахав. Патувајќи низ Самарија, Илија проаѓал низ бујни реки, брегови покриени со зеленило и прекрасни шуми кои изгледале како никогаш да нема да подлегнат на суша. На се на што ќе се запрел неговиот поглед било облечено во убавина. Пророкот можел да се запраша како воопшто можат да пресушат овие реки кои течат од исконско време, или како може сушата да ги испече овие брегови и долини. Но тој не му давал место на сомнежот. Потполно верувал дека Бог ќе го понизи отпадничкиот Израел и дека со своите казни ќе го натера на покајание. Паднала одлука од небото и Божјата реч морала да се изврши. Илија бестрашно се изложил на животна опасност за да ја изврши оваа мисија. Веста за казната која доаѓа, го поразила царот како гром од ведро небо: меѓутоа, пред Ахав и да си дојде на себеси, пред да помисли било што да одговори Илија исчезнал онака како и што се појавил, не чекајќи да види како неговата вест ќе влијае врз царот. А Господ одел пред него рамнејќи му го патот. “Обрни се кон исток” му било наредено на пророкот, “и сокриј се при потокот Хорат, кој е спроти Јордан: од тој поток ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат таму.” (1. Царства 17:3, 4)
Царот упорно се распрашувал за пророкот, но не можел да го пронајде. Разјарена од пораката која ги ускратила небесните благодети на земјата, царицата Језавела непрестано се советувала со Вааловите свештеници, кои заедно со неа го проколнувале пророкот и се противеле на Божјиот гнев. Но покрај сите нивни желби да го најдат оној кој им ја донел таа вест за несреќа, им било пресудено во тоа да доживеат разочарување. Ниту пак можеле да ја сокријат од останатите казната изречена за отпадништво. Гласотдека Илија ги осудил Израилевите гревови и пророштвото дека казната наскоро ќе дојде, брзо се рашириле по целата земја. Кај некои предзивикало стравување, но генерално земено, небесната вест била примена со потсмев и исмејување.
Пророковите зборови брзо се исполниле. Оние кои во почетокот биле склони да се потсмеваат за споменатата несреќа, набрзо имале причина сериозно да се замислат. Земјата, неосвежена од росата и дождот, брзо се исушила и по неколку месеци растенијата се исушиле. Со текот на времето почнале да опаѓаат и реките кои од секогаш течеле, а потоците да пресушуваат. Водачите и понатаму го повикувале народот да има верба во Ваал, а пророштвото Илиево да го отфрлат како празни зборови. Свештениците сеуште тврделе дека дождовите паѓаат благодарејќи на Вааловите сили. “He плашете се од Илиевиот Бог, не тресете се од неговите зборови”, зборувале, “Ваал донесува жетва кога и е време и се грижи за луѓето и животните.”
Божјата веступатена кон Ахав и дала можност на Језавела и нејзините свештеници, како и на сите следбеници на Ваал и Астарта да ја проверат силата на своите богови, и доколку е тоа можно, да ја докажат неточноста на Илиевите зборови. Илиевото пророштво стоело осамено наспроти ветувањата на стотина идолопоклонички свештеници. Ако Ваал, и покрај сите пророчки тврдења, направи реките и понатаму да течат a растенијата да цветаат, тогаш царот Израилев нека му служи на Ваал, а народот нека каже дека тој е бог.
Решени народот да го задржат во заблуда, Вааловите свештеници продолжиле да принесуваатжртви на своите богови молејќи ги дење и ноќе да ја освежат земјата. Свештениците се труделе со помош на скапи подароци да го смират гневот на своите богови. Со ревност и истрајност кои би биле повредни да ги посветат кон повозвишена цел, тие се движеле околу своите незнабожечки олтари и искрено се молеле за дожд. По цели ноќи одекнувале нивните повици и преколнувања по целатаземја. Но облаци не се појавувале прекуден да ја скријат вжарената светлина од сонцето. Ниту роса ниту дожд не ја освежувале земјата. Сето она што Вааловите свештеници го правеле, не можело да ја измени речта на Јехова.
Поминало една година, а дожд немало. Земјата изгледала како спржена од оган. Вжештената топлина од сонцето ги уништила и оние малку растенија што останале. Реките пресушиле. Говедата рикале, овците блееле во стадата лутајќи по несреќната земја. Некогаш цветните полиња се претвориле во вжарени песочни пустини – очајна пустош. Паднале лисјата во шумичките посветени на идоли: се разголеле шумските дрвја, наликувале на костури, не давале никаква сенка. Воздухот станал сув и задушлив: песочни луњи ги заслепувале очите и го оневозможувале дишењето. Некогаш напредните градови и села се претвориле во места на јад. Гладта и жедта предизвикувале голема смртност меѓу луѓето и животните. Се повеќе се приближувала потполна глад со сите свои стравотии.
Но и покрај тие докази на Божјата сила, Израел не се каел, ниту ја примил поуката која Бог сакал да му ја даде. Тие не согледувале дека Оној кој ја создал природата, управува со нејзините закони да ги употреби како оружје на благослов или уништување. Возгордеаните срца, занесени од нивното лажно богослужение, не сакале да се понизатпред моќната Божја рака, туку почнале да бараат некои други причини кои ќе ги припишат за своите страдања.
Језавела воопшто не сакала да признае дека сушата е казна од Јехова. Непопустлива во својата решеност да му пркоси на небесниот Бог, таа скоро со целиот Израел го обвинувала Илија дека тој е причината за целата нивна беда. Зарем тој не сведочел против нивниот облик на богослужение? Кога би можел Илија да се тргне од патот – говорела Језавела – гневот на нивните богови би се стишал и на нивните маки би им дошол крај.
На заповед на царицата Ахав почнал внимателно да трага по пророковото засолниште. Пратил во соседните земји гласници да го бараат човекот кого го мразел, но и од кого се плашел. Настојувајќи трагањето да биде што потемелно спроведено, барал од тие цареви и земји да положат заклетва дека навистина не знаат каде се наоѓа пророкот. Но барањето било залудно. На пророкот не можела да му наштети лукавоста на царот чии гревови го навлекле гневот на навредениот Бог на земјата.
Претрпувајќи неуспех во борбата против Илија, Језавела одлучила да се одмазди така што ќе ги убие сите Јеховини пророци во Израел. Ниеден не смеело да остане жив. Оваа разјарена жена ја остварила својата цел извршувајќи колеж на многу Божји слуги. Но сепак, не биле сите убиени. Авдија, управителот на Ахавовиот двор, но верен на Бога, зел “сто пророци” и, изложувајќи го во опасност својот живот, “ги сокри, по педесет во една пештера, и ги хранеше со леб и вода.” (1. Царства 18:4).
Поминала и втората година со глад, а на немилосрдното небо сеуште не се појавиле знаци на дожд. Сушата и гладта сеуште ровареле по царството. Немоќни да ги ублажат страдањата на своите деца, мајките и татковците гледале како децата им умираат. А отпадничкиот Израел сеуште не сакал да го понизи своето срце пред Бога: и понатаму роптал против човекот чии зборови ги навлекле врз нив тие ужасни казни. Во своите страдања и неволји тие не препознале повик на покајување – божествено посредување чија цел било да ги спречи да не направат кобен чекор преку границите на небесното простување.
Отпадништвото на Израел било поужасно зло од сите стравови на глад. Бог сакал да го ослободи народот од заблудите, да го наведе да разбере дека е одговорен на Оној кој му го должи животот и сето останато. Се обидел да им помогне да ја вратат својата изгубена вера и бил принуден да ги изложи на големи страдања.
“Зар ми е мене угодно грешникот да умре? говори Господ Бог. Напротив, Јас сакам – тој да се одврати од патиштата свои и да биде жив.” “Отфрлете ги од себе сите свои гревови, со кои сте згрешиле, и направете си ново срце и нов дух: и зошто да умирате доме Израилев? Оти, Јас не ја сакам смртта на оној што умира, вели Господ Бог: затоа обратете се и живејте!” “Обратете се, обратете се од своите лоши патишта; зошто да умиратедоме Израилев?” (Езекиел 18:23,31, 32; 33:11)
Бог на Израел му праќал гласници со повик да се вратат на патот на верноста. Да го послушале тој повик, би се одвоиле од Ваала и би му се вратиле на живиот Бог, и Илиевата казна никогаш не би била објавена. Меѓутоа, предупредувањата кои можеле да бидат мирис животен за живот станале мирис на смртта за смрт. Нивната гордост била повредена, гнев се подигнал против гласникот и сега страшно го мразеле пророкот Илија. Само да падне во нивните раце, со задоволство би и го предале на Језавела: како да кога би го замолкнале неговиот глас ќе го спречат исполнувањето на неговите зборови! И покрај сите несреќи, тие цврсто се држеле до идолопоклонството. Така само ја зголемувале својата вина заради која и казната небесна се излеала на земјата.
За онесреќениот Израел постоел само еден излез – да се одрече од гревот заради кој на него се спуштила гневната рака на Семожниот, и да му пријде на Господа со целото свое срце. На нив им било дадено ветување: “Ако го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ, и Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото, ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувамземјата негова.” (2. Летописи 7:13, 14). Богпродолжил да им ја ускратува росата и дождот се додека не се изврши одлучна преобразба, за да може подоцна да им ги подари ветените благослови.

Сподели го ова:

Слични објави