5. Покајанието на Соломон

Сподели го ова:

Господ двапати му се јавил на Соломон во текот на неговото владеење упатувајќи му зборови на одобрување и совети – во ноќно видение во Гаваон, кога ветувањето за мудроста, богатството и честа било пропратено со совет да остане понизен и послушен, и по посветувањето на храмот, кога Господ повторно го повикал да биде верен. При тоа, на царот му биле дадени јасни предупредувања и прекрасни ветувања. А сепак, во Соломон кој по околностите, карактерот и животот изгледало дека во потполност ќе ги исполни должностите и одговорностите очекувани од небото: “Тој не го одржа тоа што Господ му го заповеда”. Затоа што “го отстрани срцето свое од Господа, Бога Израилев, кој на двапати му се беше јавувал: и му беше заповедал да не оди по други богови.” (1.Цар.11:9-10). Неговото отпадништво до таа мерка било потполно, а неговото срце толку закоравело во престап, та неговиот случај се чинел речиси безнадежен.
Соломон ја напуштил радосната заедница со Бога за да побара задоволство во телесните уживања. Тој зборува за своето искуство:
“Презедов големи работи: си изградив куќи, си насадив лозја, си уредив градини и садници;…придобив слуги и слугинки,…Насобрав сребро и злато и скапоцености од цареви и области: си доведов пејачки и тоа, што ги насладува синовите човечки. И така станав голем и посилен од сите, што пред мене беа во Ерусалим:
Што и да сакаа очите мои, не им откажував, не му забра- нував на срцето свое никаква веселба, бидејќи срцето мое се радуваше во сиот мој труд…и се обѕрнав, та погледнав на сите дела, што ги беа извршиле моите раце, и на трудот, со кој се бев трудел, извршувајќи ги: и ете – се беше суета и мака за духот, и немаше од нив полза под сонцето!
Потоа се свртев да ги погледам мудроста, безумството и глупоста: што може да направи човек по царот, посебно од она, што е веќе направено?…го намразив животот, … и го намразив сето она, за кое се бев трудел под сонцето.” (Проповедник. 2:4- 18)
Соломон врз основа на сопственото горко искуство, увидел дека животот кој обременува со земските работи како највозвишено добро, е многу празен. Подигал олтари на незнабожечки богови, но конечно дошол до сознание колку се празни нивните ветувања за спокојство на духот. Ноќе и дење го мачеле темни мисли и му ја вознемирувале душата. За него повеќе не постоела животна радост и душевен мир, и иднината му изгледала очајно темна.
Меѓутоа, сепак Господ не го напуштил. Со укорите и строгите казни сакал да го натера царот да види колку е грешен неговиот начин на живот. Повеќе не го штител царството и дозволил непријателите да пустошат и да го ослабат. “И Господ му воздигна на Соломона противник – идумеецот Адада… и Господ подигна против Соломон друг противник , Резон, …четоводач,” кој “го мразеше Израел и владееше во Сирија. И Јеревоам слугата Соломонов”, кој “беше силен и храбар”, “дури тој се крена против царот” (1. Царства 11:14-28).
Најпосле Господ преку еден пророк му пратил на Соломона страшна вест: “Затоа што тоа се врши кај тебе, и ти не го зачува Мојот завет и Моите наредби, што ти ги бев заповедал, ќе го одземам царството од тебе и ќе му го дадам на твојот слуга: но во твоите дни Јас нема да го направам ова поради татка ти Давида: од рацете на синот твој ќе го одземам” (1. Царства 11:11, 12).
Овој збор на осуда изговорен против него и неговиотдом како да го разбудил Соломона од сон, и со разбудена совест тој почнал во вистинска светлина да гледа на својата лудост. Искаран во духот, со ослабен ум и тело, тој уморен и жеден ги остави распуканите земски кладенци за уште еднаш да се напие од водата на животот. Најпосле страдањето во него изврши промена. Тој долго стравуваше дека потлолно ќе пропадне затоа што не беше во состојба да се откаже од својата лудост, но сега во дадената вест согледа зрак на надеж. Бог не го отфрлил целосно, туку бил спремен да го ослободи од ропството потешко и од гроб, кое тој со сопствена сила не бил во состојба да го стори.
Соломон со благодарност ја признал моќта и љубовта на Оној кој е “поголем од највозвишениот” (Проповедник 5:8) и почнал да се враќа на онаа височина на чистота и светост од која што толку ниско паднал. He можел да се надева дека ќе ги избегне поразните последици на гревот, ниту можел да го избрише од своето сеќавање оној развратен живот кој го водел, но срдечно сакал другите да ги одврати да не тргнат по истиот пат. Бил подготвен понизно да признае колку грешел и да го крене својот глас во предупредување за другите да не бидат неповратно изгубени под влијание на лошиот пример кој што им го дал.
Искрениот покајник не тежнее да ги заборави гревовите кој што ги сторил откако ќе стекне душевен мир, тој не престанува да се грижи за последиците од своите грешки. Тој мисли на оние кои што со својот пример ги навел на зло и настојува со сите сили да ги врати на вистинската патека. Колку е посјајна светлината која што го осветлува, толку е посилна и неговата желба другите да ги изведе на прав пат. Тој не гледа рамнодушно на своите грешки, не преоѓа преку нив лесно, туку укажува на опасноста за да ги предупреди другите навреме.
Соломон признал дека “човечките срца се полни со зло и лудост е во срцата нивни…” (Проповедник 9:3). На друго место тој вели: “Бидејќи не се врши суд над лоши работи, човечкото срце е наклонето да прави зло. Иако некој грешник врши стопати зло, судот му се одолжува: но јас знам, дека ќе им биде добро само на оние, што се бојатод Бога, кои имаатстрав пред лицето Негово: а за нечесниот нема да има добро, и како сенка, само кратко време, ќе преуспее оној, кој не се плаши од Бога” (Проповедник 8:11-13).
Царот вдахнат од духот Божји ја забележал за подоцнежните поколенија историјата на своите упропастени години за да им послужи како поука и опомена. И така, делото на неговиот живот сепак не било целосно промашување, иако неговиот народ ја ожнеал жетвата на злото од семето кое што тој го посеал. Со кротост и понизност во своите подоцнежни години тој “го учеше народот на мудрост. Тој се испитуваше, изучуваше и остави многу мудри изреки.” Тој “се трудел да најде убави изреки и точно ги запишал зборовите на вистината. Зборовите на мудреците се како остени, и како забиени клинци: зборовите на оние што ги напишаа, дадени се од еден пастир. И така преку ова синко биди упатен и внимавај” (Проповедник 12: 9-12).
“А суштината на се е: бој се од Бога и пази ги неговите заповеди, зашто тоа е се за човекот оти Бог ќе изведе на суд секоја работа и што е тајно, било да е добро или лошо” (Стихови 12:13, 14).
Од последните Соломонови списи се гледа дека тој, согледувајќи се повеќе колку животот му бил безбожен, особено внимание посветил на тоа да ги предупредува младите луѓе за да не паднат и тие во исти заблуди заради кои тој самиот залудно ги потрошил најубавите небесни дарови. Признавал во тага и со срам дека во цветот на својата младост, тогаш кога требало Бог да биде негова утеха, воздигнување и живот, ја презрел небесната светлина и Божјата мудрост, и го напуштил обожувањето на Бога заради идолопоклонство. И сега, откако тешкото искуство го поучило колку бил бесмислен таквиот живот, најголема желба му била да ги спаси другите, за да не поминат низ такви горки искуства низ кои што тој самиот поминал.
Грижливо и со чувства пишувал за предностите и одговорностите кои што младите ги очекува во Божјата служба: “Слатка е светлината, и пријатно е за очите да гледаш сонце. Ако човек проживее и многу години, нека се весели во текот на сите нив и нека си спомнува за темните дни, какви што ќе ги има многу: но се што ќе биде, ќе биде суета! Весели се во младоста своја, момче, и срцето твое да вкусува радост во дните на твојата младост, и оди каде што срцето те влече и каде што очите ти гледаат: само знај, дека за сето тоа Бог ќе те изведе на суд. Отстрани ја лутината од срцето свое и отстранувај го злото од телото свое, зашто детството и младоста се суета!” (Проповедник 11: 7-10).
“И спомнувај си за твојотТворец во дните на младоста своја, додека не дојдат лоши денови, и не настанале години, за кои ќе речеш: He ми се мили, Додека сонцето, или светлината, или месечината, или ѕвездите, не потемнат,
и да се вратат црни облаци по дождот.
Во денот кога куќните стражари ќе затреперат, и силните мажи се наведнат,
кога мелничарите ќе запрат, затоа што останале малку, кога ќе се помрачат оние, што гледаат низ прозорците, кога се затвораат уличните врати,
кога шумот на мелењето ослабува, и кога човек ќе почне да станува на птичји глас, и ќерките – пеачки ќе замолкнат:
кога височините за нив ќе бидат страшни, и по патот ќе има ужаси:
кога ќе процути бадемот, и скакулецот ќе стане тежок, и желбата ќе помине:
зашто човекот заминува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го опкружуваат по улица:
додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не се разбие тркалото крај бунарот.
и ќе се врати правот во земјата, како што си бил: а духот ќе се врати кај Бога,
Кој го дал.” (Проповедник 12:1-7)
Соломоновиот живот претставува големо предупредува- ње не само за младите луѓе туку и за оние во позрели години, кои се симнуваат низ ридот на животот и гледаат во сонцето кое заоѓа. Ние гледаме и слушаме колку младоста е непостојана, како се колеба помеѓу доброто и злото и како струјата на расипани страсти лесно може да ја понесе. Кај зрелите луѓе пак, не очекуваме таква нестабилност и изневерување на начелата, сметајќи дека нивниот карактер е изграден и начелата фатиле длабок корен. Но, тоа не е секогаш така. Соломон под притисок на искушението ја изгубил својата потпора, иако неговиот карактер требало да биде цврст како даб. Бил најслаб тогаш кога требало да биде најсилен.
Овие примери треба да не поучат дека будноста и моли- твата се единствена одбрана и за старите и за младите. Високата положба и големите предности не даваат никаква безбедност. Може човек со години да има вистинско христијанско искуство, а сепак да биде изложен на нападите на сатаната. Дури и мудриот и силен Соломон потклекнал во борбата со внатрешниот грев и надворешните искушенија. Неговиот пораз треба да не поучи дека човек никогаш не смее да се надева на сопствената сила и мудрост, какви и да се неговите умствени сили и колку верно и да му служел на Бога во минатото.
Вистинските основи и вистинскиот начин за изградба на карактерот биле исти во сите времиња и во сите земји. Божјиот закон: “Возљуби Го Господа, Твојот Бог, со сето свое срце… и ближниот свој како самиот себеси” (Лука 10:27), големото начело кое што се открило во карактерот и животот на нашиот Спасител, претставува единствен сигурен темел, единствен сигурен патоказ. “И тврдина на времето твое, сила на спасението твое ќе биде мудроста и знаењето” мудрост и знаење кои можеме да ги добиеме само од Бога. (Исаија 33:6).
Ова важи и денес токму како во времето кога Израел примил упатства да се покорува на Неговите заповеди: “Зашто тоа е вашата мудрост и вашиот разум пред народите” (5. Мојсеева 4:6). Тоа е единствената безбедност за чесноста на поединецот, чистотата на домот, добробитието на општеството и стабилноста на нацијата. Во сите животни заплетености, опасности и конфликти, единствено безбедно и сигурно правило е да се прави она што Бог го вели. “Наредбите Господови се праведни,” (Псалм 19:8) и “кој вака прави никогаш нема да се поколеба” (Псалм 15:5).
Оние кои што ќе извлечат поука од отпадништвото на Соломона, ќе бегаат и од сенката на оние гревови на кои тој им подлегнал. Единствено послушноста кон барањата на небото ќе го сочува човекот да не стане отпадник. Бог им подарил на луѓето голема светлина и многу благослови, но тие нема да бидат никаква безбедност против непокорноста и отпадништвото ако не ги прифатиме искрено. Ако луѓето кои Бог ги поставил на висока позиција, се одвојат од Hero и се надеваат во човечка мудрост, нивната светлина станува темнина. Способностите кои што Тој им ги дал, за нив стануваат стапица.
Се додека борбата не заврши, ќе има луѓе кои ќе отстапуваат од Бога. Сатаната така ги мести околностите што тие речиси неприметливо ќе ги урнат бедемите на душата, до колку немаме помош од божествената сила. На секој чекор мора да се запрашаме “Дали е ова патот Господов?” Во текот на целиот живот, наклонетостите и страстите мораат одлучно да се скротат. Ниеден момент не можеме да бидеме сигурни, освен ако не се потпираме на Бога, и ако животот не ни е сокриен во Христа. Будноста и молитвата се чувари на чистотата.
Сите кои што влегуваат во Божјиот град – влегуваат низ тесна врата, по цена на тешки напори, затоа што “таму нема да влезе во него ништо погано” (Откровение 21:27). Меѓутоа, никој кој паднал не треба да очајува. Луѓе во поодминати години, кои некогаш го славеле Бога, можат да ги извалкаат своите души жртвувајќи ги своите доблести на олтарот на телесните желби: но ако се покајат, ако се одречат од гревот и се обратат кон Бога, за нив сеуште има надеж. Оној кој вели: “Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот” (Откровение 2:10), исто така упатува повик: “Безбожникот нека го остави својот пат и неправедникот мислите свои: и нека се врати кај Господа, и ќе се смилува на него, и кај нашиот Бог зошто простува многу.” (Исаија 55:7). Бог го мрази гревот, но го љуби грешникот. Тој вели: “Ќе го исцелам нивното отпадништво, ќе ги љубам со драга волја.” (Осија 14: 4).
Соломоновото каење било искрено: меѓутоа, не можела да се поправи штетата која ја нанел давајќи лош пример. За време на неговото отпадништво имало во царството луѓе кои останале верни на својот завет и ја сочувале својата чистота и верност. Но и многу биле заведени така што царевото покајание не можело да ги запре силите на злото кои со воведувањето на идолопоклонство и светски обичаи биле ставени во движење. Неговата моќ да прави добро ослабнала во голема мерка. Мнозина се двоумеле повторно целосно да се предадат на неговото раководство. И покрај тоа што царот ги признал своите гревови и оставил запис за својата лудост и покајание за да можат со нив да се користат подоцнежните генерации, тој не можел да очекува штетното влијание на лошите дела да биде во потполностотстрането. Охрабрени со неговото отпадништво, мнозина продолжиле упорно да прават зло и само зло. И подоцна, кај многу владетели кои дошле по него, можело да се запази жалното влијание на изопачувањето на дадените способности од Бога.
Размислувајќи мачно и горко за својот зол живот, Соломон бил присилен да каже: “Мудроста е подобра од воено оружје: но еден грешник уништува многу добро.” “Има зло што сум го видел под сонцето, како грешка што доаѓаа од владетелот: неукоста се поставува на голема височина, а богатите седат ниско.”
“Мртвите муви го усмрдуваат благопријатното масло на мироварецот: истото го прави една мала глупост на уважуван човек за неговата мудрост и чест” (Проповедник 9:18, 10:5, 6, 1).
Меѓу многуте поуки кои ги дава животот на Соломон, најповеќе се истакнува поуката за моќта на влијанието во правец на доброто или злото. Колку и да е ограничен нашиот делокруг, ние сепак вршиме влијание на добро или зло. Без наше знаење и контрола тоа влијание им служи на останатите на благослов или проклетство. Тоа може да биде оптоварено со мрачно незадоволство и себичност, или затруено со смртоносната дамка на некој омилен грев: или пак, може да содржи животворна сила на вера, храброст, надеж и сладок мирис на љубов. Така, во секој случај влијанието е добро или лошо.
Дека нашето влијание може да биде смртен мирис за смрт – тоа е ужасна мисла, но сепак е можна. Една заведена душа, која го губи вечното блаженство – може ли некој да процени колкав е тој губиток? А сепак, една лесномислена постапка, еден непромислен збор, од наша страна, може толку длабоко да влијае на животот на друг човек и да ја упропасти неговата душа. Една дамка на карактерот може мнозина да ги одбие од Христа.
Кога посеаното семе ќе даде жетва и тоа повторно посеано, прави жетвата да се умножува. Тоа е закон кој важи во нашите односи со другите. Секоја постапка, секој збор претставува семе кое ќе даде плод. Секое дело на љубезност, послушност и самоодрекување ќе се повтори и во другите, a преку нив во уште поголем број луѓе. Така и секое дело на завист, злоба и неслога претставува семе кое прераснува во “горчлив корен” (Евреите 12:15) кое ќе оскверне мнозина. A колкумина ли само бројот на овие “мнозина” ќе затруе! Така резултатите од сеењето добро и зло е значајно и за сегашноста и за вечноста.

Сподели го ова:

Similar Posts