2. Храмот и неговото посветување
Соломон мудро ја остварил Давидовата долго негувана желба да подигне храм за Господа. Седум години Ерусалим бил полн со вредни работници кои го рамнеле одбраното земјиште, подигнувале големи потпорни ѕидови, поставувале широки темели – “големи камења, скапоцени камења…делкани камења” (1. Царства 5:17), обработувале дрва донесени од Ливанските шуми и го подигнувале величественото светилиште.
Паралелно со подготвувањето на дрвата и камењата, за кои многу илјади луѓе ги посветиле своите сили, работата напредувала и околу внатрешното уредување на храмот и тоа под раководство на Хирам од Тир, “човек вешт и разумен”, кој “умееше да работи од злато и сребро, од бронза, од железо, од камен и дрво, од пурпурна и сина преѓа, од висон и од багреница” (2. Летописи 2:13,14).
Така градбата на гората Морија безшумно се подигала од “камен што веќе беше изделкан, така што за време на градењето на храмот не се слушаше, ни чекан, ни секира, ниту некакво друго железно орудие” (1. Царства 6:7). Истовремено се подготвувале прекрасни предмети според мострите на Давид кој му ги покажа на својотсин – “сите други предмети за Божјиот дом” (2. Летописи 4:19).
Тука спаѓале олтарот за жртви паленици, трпезата за лебот на предложението, светилникот и кандилцата, со садовите и направите потребни за службата на свештениците во светињата – се, од “злато; тоа беше чисто злато” (2. Летописи 4: 21). Бакарните работи – олтарот за жртви паленици, морето врз дванаесетте волови, помалите умивалници и многу други садови, кои што “царот ги излеа во глинена земја во околината на Јордан, помеѓу Сокхот и Саридат.” Сето тоа било донесено во доволни количества како ништо не би недостасувало. (Ст.17)
Величествената градба која Соломон и неговите помагачи ја подигнале за Бога и Неговата служба, била исклучително убава и раскошна. Украсена со драгоцени камења, опкружена со пространи тремови со величествени приоди, обложена со длабоко резбарство во кедровина и сјајно злато, градбата со своите извезени завеси и богат мебел претставувала подобен симбол за црквата на живиот Бог на земјата, која со текот на времето се градела во согласност со Божјиот модел, од материјал кој е спореден со “злато, сребро, и скапоцени камења,” “полиран во стилот на сличноста на дворецот.” (1. Коринтјаните 3:12, Псалм 144:12). Во тој духовен храм “камен на аголот е Исус Христос, врз кого целата зграда стројно составена расте во светхрам во Господа.” (Еф. 2:20, 21) Најпосле храмот кој што го замислил цар Давид а го градел неговиотсин Соломон, бил довршен. “И се што имаше наумено Соломон во срцето свое да изврши во Господовиот дом” тој го “заврши успешно” (2. Летописи 7:11). Затоа што дворецот кој беше подигнат на ритчето Морија не бил наменет за човек туку “за Господ Бог” (1. Летописи 29:1), како што Давидтоа многу го сакаше, останало уште со свечен обред да се посвети на Господа и Неговата служба.
Местото на кое што храмот бил подигнат долго време се сметало за свето. На тоа место Авраам, таткото на сите верни, покажал дека сака да го жртвува својот син покорувајќи и се на Божјата заповед. Тука Бог го обновил својотзавет на благослов со Авраама, завет кој го содржел славното месијанско ветување до човечкиот род за избавување преку жртвата на Синот на Севишниот. (види 1. Мојсеева 22:16-18). На тоа место Давид принел жртва паленица и жртва на благодарност за да го оттргне мечот на ангелот погубител, а Господ му одговорил пуштајќи му оган од небото. (види 1. Летописи 21.) Сега уште еднаш слугите Господови се собрале на ова место да излезат пред Hero и да го обноват својот завет на верност.
За посветување на храмот било избрано најпогодно време, седмиот месец, кога по обичај народот од целото царство се собирал во Ерусалим за да го прослави празникот Сеници. Тоа било радосно празнување. Се одржувало по завршување на жетвата а пред почеток на нова работа и народот слободен од грижи, можел да ужива во тие свети и радосни мигови.
Во определеното време се собрале Израелците и богато облечените претставници од многу земји во предворјето на храмот. Тоа бил необично величествен призор. Соломон заедно со израелските поглавари и најугледните луѓе во народот дошол од другиот крај на градот, од каде што го донеле ковчегот на заветот. Од светилиштето на Гаваонските височини бил пренесен древниот “ковчег и шаторот за состанок и сите свети садови што беа во шаторот” (2. Летописи 5:5). Тие работи кои биле длабоко почитувани и кои што потсетувале на некогашните искуства на децата израелски во текот на патувањето низ пустината и освојувањето на Ханан, сега нашле дом во величественото здание, подигнато да го замени подвижниот шатор.
Носејќи го ковчегот во светиот храм со камените плочи на кои прстот Божји ги напишал десетте заповеди, Соломон се поучил од примерот на татка си Давид. Принесувал жртви на секои свои шест чекори. Низ пеење, музика и свечени обреди “го внесоа свештениците ковчегот на заветот на Господа на местото негово, во внатрешниот дом, во Светињата на Светињите (Стих 7). Кога влегле во светињата, ги заземале своите места. Пеачите – Левитите облечени во бело платно со кимвали, псалтири и харфи – стоеле источно од олтарот а со нив сто и дваесет свештеници кои трубеле со труби. (Стих 12).
“И додека трубеа и пееја како еден, испуштајќи еден глас за фалба и славословие на Господа и кога го подигнаа звукот од труби, кимвали и други свирки, и сите го фалеа Господа, дека е благ, дека милоста Негова е вечна, – тогаш домот Господов се исполни со облак, и поради облакотсвештениците не можеа да стојат при служба, зашто славата Господова го исполни Божјиот дом.” (Стихови 13, 14).
Соломон разбирајќи што значи тој облак, изјавил: “Господ беше рекол, дека ќе благоволи да престојува во темен облак, но, јас изградив дом за Твое живеалиште, место за Твое вечно престојување.”
“Господ царува: нека треперат народите!
Тој седи на херувими: нека се затресе земјата!
Велик е Господ на Сион, возвишен е Тој над сите народи.
Нека го слават името Твое велико: затоа што е свето. . .
Превознесувајте го Господа, нашиот Бог, поклонувајте Му се во подножјето на нозете Негови, затоа што Тој е свет!” (Псалм 99:1-5)
“Среде дворот” на храмот било поставено “бакарно подножје” или платформа “долго петлакти, широко пет лакти и високо пет лакти”. На него Соломон застана и со кренати раце кон небото го благослови мноштвото што стоеше пред него. “И сето собрание на Израелците стоеше” (2. Летописи 6:13 и 3).
“Нека е благословен Господ, Бог Израилев” извикна Соломон, “Кој го изврши со светата рака Своја она, како што го беше рекол со устата Своја на татка ми Давида велејќи: го избрав Ерусалим, за да биде во него Моето име. (Стихови 4, 6) Потоа Соломон клекнал на подножјето и пред целиот народ изговорил молитва на посветување. Верниците ги наведнале своите глави кон земјата а царот ги подигнал рацете кон небото молејќи се: “Господе Боже Израилев! Нема Богтаков каков што си Ти, ниту на небото ниту на земјата, Кој го чуваш заветот и милоста на слугите свои, кои одат пред тебе со целото свое срце.”
“Ќе живее ли Бог со луѓето на земјата? Ете, небото и небесата Твои не те собираат, дотолку помалку ќе Те собере овој храм, што сум го изградил. Но погледни милостиво кон повикот на Твојот слуга и кон молбата негова, Господи, Боже мој! Чуј го повикот и молитвата, со која Твојот слуга се моли пред Тебе. Нека бидаточитеТвои отворени кон овој храм дење и ноќе, кон местото, во кое си ветил дека ќе го ставаш името Свое, за да ја слушаш молитвата, со која слугата Твој ќе се моли на ова место. Чуј ги молбите на Твојот слуга и на Твојот народ Израелот, со кои ќе се молат на ова место: чуј од местото на Твоето живеалиште, од небесата, чуј и смилувај се…
Кога Твојот народ Израелот ќе биде поразен од непријателот, затоа што згрешил пред Тебе, и се врати и го исповеда името Твое, ако повика и се помоли пред Тебе во овој храм, чуј тогаш од небото и прости му го гревот на Твојот народ Израелот и врати го во земјата, што си му ја дал нему и на татковците негови.
Кога ќе се заклучи небото и ќе снема дожд, затоа што тие згрешиле пред Тебе, и ќе се помолат на ова место, и ќе го исповедаат името Твое и ќе се свртатод своите гревови, затоа што си ги понизил, чуј тогаш од небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот народ Израел, покажувајќи им го добриот пат, по кој што треба да одат: и испрати дожд врз Твојата земја, што си му ја дал на народот Свој во наследство.
Ако биде глад во земјата или помор, огнен ветар или гламја, скакулци или гасеници, или ако го притиснат непријателите негови во земјата, што ја владее, или некое зло ако се случи или пак некаква болест, секоја молитва, секој извик од кој и да е човек, или од сиот народ Твој Израелот, кога секој ќе ја почувствува неволјата своја и тагата своја и ќе ги подаде рацете кон Твојот храм, чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и прости и подај му на секого според патиштата негови, како што го познаваш срцето негово, – зашто само Ти ги познаваш срцата на синовите човечки, – за да се плашат од Тебе и да одат по Твоите патишта во сите дни, додека живеат на земјата, што си им ја дал на татковците нивни.
Дури и туѓинецот, што не е од Твојот народ Израелот, кога ќе дојде од далечна земја поради Твоето големо име, поради Твојата моќна рака и Твојата подигната мишка, – дојде и се помоли во овој храм, чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, и направи се, за кое туѓинецот ќе те повика, та сите земни народи да го познаат Твоето име и да се плашатод Тебе, како и Твојот народ Израелот, и да знаат, дека овој дом, што јас го изградив, е наречен по Твоето име.
Кога твоите луѓе ќе излезат во војна против непријате- лите свои по патот, по кој ќе ги испратиш Ти, и Ти се помолат, обрнувајќи се кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградив на Твоето име, тогаш послушај ја од небото молитвата нивна и молбата нивна и направи им го она што е таму потребно.
Кога ќе згрешат пред Тебе, (затоа што нема човек што не греши) и Ти ќе им се разгневиш и ќе ги предадеш на непријателите, и оние, што ги заробиле, ќе ги одведат во далечна или блиска земја, кога во земјата, во која ќе бидат заробени, ќе дојдат на себеси, ќе се свртат и ќе Ти се помолат во земјата на своето ропство, велејќи: згрешивме, направивме беззаконија и неправди, и ќе се обрнат кон тебе со сето свое срце и со сета своја душа, во земјата на своето ропство, каде што ќе бидат одведени во плен, и ќе се помолат, обрнувајќи се кон земјата своја, што си им ја дал на татковците нивни, и кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградив на Твое име, – тогаш чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, чуј ја молитвата нивна и молбата нивна, и направи го она што им е потребно, и прости му на Твојот народ, за она штозгрешил пред Тебе.
Боже мој, очите твои нека бидат отворени и ушите твои нека бидат внимателни кон молитвата на ова место! И сега, Господи Боже, застани во Твоето почивалиште, Ти и ковчегот на Твојата сила. Твоите свештеници, Господи Боже, нека се облечат во спасение, и нека Твоите светии се радуваат во добрина. Господи Боже, не свртувај го лицето од помазаникот Свој, присети се на милостите ветени кон Својотслуга Давид.” (Стихови 14-42)
Кога Соломон ја заврши молитвата “слегна оган од небото и ја изгори жртвата паленица и другите жртви.” Свештениците не можеле да влезат во храмот затоа што “со славата Господова се наполни домот Господов,” и сите синови Израилеви ја видоа славата Господова врз домот, ги приклонија лицата кон земјата до подот, поклонувајќи се и фалејќи го Господа, велејќи: затоа што Тој е добар, затоа што е вечна Неговата милост.”
Тогаш царот и народот му принесоа жртва на Господа. “И царот и целиот народ го посветија домот Господов” (2. Летописи 7:1-5). Седум дена мноштво собрано од сите краишта на царството, од границите “на Емат до потокот Египетски”, “собор многу голем”, го славеа овој голем настан. Следната недела повторно ја поминале славејќи го празникот сеници. По завршувањето на овој празник од повтореното посветување и радост, луѓето се вратија во своите домови, “и беа радосни и весели заради добрината што им ја направи Господ на Давида и Соломона и на Израелот, Неговиот народ.” (Стихови 8, 10).
Царот направил се што било во негова моќда го мотивира народот потполно да му се посвети на Бога и на Неговата служба и да го величаат Неговото име. Господ му посведочил на владетелот на Израел дека го примил и го благословил, како што е тоа еднаш веќе направено на почетокот на неговото владеење, во Гаваон. Ноќно време во едно видение му се покажал Господ со една вест: “Ја вослишив молбата твоја и го избрав тоа место да ми биде дом за жртви. Ако го затворам небото за да не врне дожд, или ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или ако пуштам помор на народот свој, и се понизи народот мој, од кој е повикано моето име, и се помолат, и го побараат лицето мое, и ако се повратат од своите зли патишта, јас тогаш ќе ги вослишам од небото и ќе им ги простам гревовите нивни и ќе ја исцелам земјата нивна и очите Мои ќе бидат отворени и ушите Мои приклонети кон молитвата од ова место. Зашто сега избрав и го посветив тој дом да биде името мое таму довека: и ќе бидат тука очите мои и срцето мое постојано.” (Стихови 12-16).
Доколку Израел му останал верен на Господа, овој величествен храм би стоел како вечен знак на посебна Божја милост кон избраниот народ. “А туѓинците кои ќе Му пристапат на Господа да му служат и да го љубат името Господово”, рекол Господ, “да Му бидат слуги, секој кој ја држи саботата да не ја оскверни и го држи заветот мој, нив ќе ги доведам на својата света гора, и ќе ги развеселам во својотдом молитвен: жртвите нивни паленици и другите жртви ќе бидат угодни на олтарот мој, затоа што и домот мој ќе се вика дом на молитва за сите народи.” (Исаија 56: 6, 7).
Давајќи му на царот до знаење дека е прифатен, Господ истовремено го означил и патот на должности по кој како цар треба да го оди. “И, ако одиш пред лицето Мое, како што одеше татко ти твој Давид, и ако вршиш се, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш уредбите Мои, Јас ќе го зацврстам престолот на царството твое, како што му бев ветил на татка ти Давида, велејќи: Нема да ти снема маж, што ќе владее во Израелот.” (2. Летописи 7:17,18).
Доколку Соломон продолжил да му служи на Господа во понизност, неговото владеење би извршило големо влијание на добро меѓу околните народи, кои инаку чувале убави спомени на владеење на неговиот татко Давид и на кои им оставиле голем впечаток мудрите зборови и сјајните дела од првите години на неговото владеење. Предвидувајќи страшни искушенија кои ги следатуспехот и славата, Бог го предупредил Соломон за злото на отпадништвото и страшните последици на гревот. Тој рекол дури и за овој прекрасен храм, кој всушност е посветен, ќе стане приказна и потсмев помеѓу народите” (Стихови 20 и 22) ако Израелците се одречат од “Господа Бога на татковците нивни” и отидат во идолопоклонство.
Соломон поткрепен во срцето и радосен заради вестите од небото дека неговата молитва за Израелот е вослишена, зачекорил во најубавото време од своето владеење, кога “сите цареви земски сакаа да го видат Соломона и да ја чујат неговата мудрост, која му ја даде Господ во срцето негово” (2. Летописи 9: 23). Мнозина доаѓале да го проучуваат неговиот начин на владеење и да побараат од него совет за решавање на своите потешкотии.
Соломон ги учел луѓето што го посетувале дека Бог е творец на се што е создадено, па така тие се враќале кон своите домови со појасни поими за Израилевиот Бог и Неговата љубов кон човештвото. Тие во природните појави виделе знаци на Неговата љубов и откривање на Неговиот карактер и мнозина почнале да Му служат како на свој Бог.
Соломоновата понизност во времето кога го понел бремето на одговорности во државата, кога признал пред Бога “јас сум уште сосем млад,” (1. Царства 3:7) неговата голема љубов кон Бога и длабокото почитување кон се што е божествено, немањето доверба во себеси, воздигнувањето на вечниот Творец на се што е создадено, сите тие карактерни особини кои биле толку ценети, се откриле во текот на посветувањето на храмот, кога во молитва клечел како понизен молител. Христовите следбеници денеска мораат да се чуваат да не го изгубат духот на стравопочитување кон Бога. Светото писмо ги учи луѓето како тие треба да пристапуваат кон Творецот – во понизност и стравопочит, со вера во божествениот Посредник. Псалмистот објавил:
“Бог е велик Господ, и велик Цар над сите богови.
Дојдете, да се поклониме и да паднеме, да клекнеме пред Господа, нашиот Творец”.
(Псалм 95: 3, 6)
И во молитва на јавно место и во домот треба да клекне- ме пред Бога кога Му се обраќаме. Исус кој е наш пример, “клекна на колена и се молеше на Бога.” (Лука 22:41). Тоа исто е запишано и за Неговите ученици: “клекнаа на колена и се помолија на Бога.” (Дела 9:40) Павле рекол: “Затоа ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос.” (Ефесјаните 3:14) Езра клечејќи пред Бога ги исповедал гревовите на Израел. (Езра 9:5) Даниел “три пати во текот на денот ги преклонуваше колената свои и Му се молеше на својот Бог и Го славословеше.” (Даниел 6:10)
Вистинското стравопочитување кон Бога доаѓа од сознанието за Неговата бескрајна големина и свеста за Неговата присутност. Секое срце мора да има свесно и длабоко чувство за Неговото присуство. Часот и местото на молитвата се свети, затоа што е тука Бог. Исполнувањето на ова почитување и држењето на ставот само го продлабочува ова чувство. “Страшно е и свето името Негово.” (Псалм 111:9), вели Псалмистот. Ангелите го кријат своето лице изговарајќи го Господовото име. Со какво стравопочитување треба да го изговараме ние кои што сме паднати грешници!
Добро би било и старите и младите да размислуваат за зборовите на Светото писмо кое покажува како треба да се почитуваат местата на кои е присутен Бог. “Соблечи ги обувките свои од нозете, затоа што земјата на која што стоиш е света”, Му рекол Тој на Мојсеја кај капината која била во оган. (2. Мојсеева 3: 5). Кога Јаков во видение здогледал ангел, извикал: “Сигурно е Господ на ова место: а јас не знаев! He е друго, а е дом Божји, ова е вратата небесна!” (1. Мојсеева 28:16, 17)
Соломон во својата молитва за посветувањето се трудел од духот на присутните да ги отстрани разните суеверни разбирања во поглед на Творецот, на кои им робувале незнабошците. Небесниот Бог не се врзува за храмови кои луѓе ги подигнале со своја рака, како што е тоа случај со незнабожечките богови. Сепак, ако Неговиот народ се собере водомоткој еподигнатза служба за Hero, Неговиотдухќе биде таму присутен.
Павле многу векови подоцна ја искажал истата вистина со овие зборови: “Бог, кој го создаде светов и се што е во него, бидејќи Тој е Господ на небото и на земјата, не живее во ракотворни храмови, ниту, пак, прима служба од човечки раце како да има потреба од нешто, но Сам на сите им дава живот, дишење и се… за да го бараат Господа, та не би ли некако Го усетиле и нашле, иако Тој не е далеку од секој еден од нас: оти ние преку Hero живееме, и се движиме, и постоиме.” (Дела 17: 24-28)
“Блажен е оној народ, чиј што Бог е Господ; и луѓето, кои Тој ги избрал за наследство Свое.
Од небесата гледа Господ, ги гледа сите синови човечки: од местото на своето живеалиште, ги гледа сите, кои живеат на земјата:
Господ го поставил Својот престол на небесата, и царството Негово владее над се.
О Боже, свет е твојот пат:
Кој Бог е толку голем, како нашиот Бог?
Ти си Бог, кој прави чудеса:
Ти ја покажа силата Своја меѓу народите:
(Псалм 33:12-14, 103:19, 77: 13,14)
И покрај тоа што Бог не престојува во храмови подигна- ти од човечки раце, тој сепак со своето присуство го осветува собранието на својот народ. Тој ветил дека ќе им го открие својот Дух на оние кои ќе се соберат да Го побараат, ќе ги признаат своите гревови и ќе се молат едни за други. Но оние кои се собираат за да Го слават, мораат да ја отстранат секоја зла мисла. Нивното собирање нема да има никаква вредност ако не се молат со духот на вистината и во убавината на светоста. За ваквите луѓе Господ вели: “Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Me почитува, а срцето негово стои далеку од Мене.” (Матеј 15: 8-9). Оние кои се поклонуваат на Бога мораат да се поклонуваат со “дух и вистина, зашто Отецот сака такви поклоници.” (Јован 4:23).
“Господ е во Својот свет храм: нека молчи целата земја пред лицето Негово!” (Авакум 2:20).