43. Невидлив стражар

Сподели го ова:

 Ова поглавје се базира на Даниел 5. глава
Пред крајот на Даниеловиот живот дошло до големи промени во земјата во која пред шеесет години тој и неговите другари биле доведени во ропство. Умрел Навуходоносор, “најужасниот помеѓу народите,” и Вавилон, “фалбата на целата земја,” под неразумна управа на неговите наследници се распаѓал постепено но сигурно. (Езекиел 28:7; Еремија 51:41).
На Вавилон набрзо му претстоела пропаст како резултат на лудоста и слабоста на Навуходоносоровиот внук Валтасар. Учествувајќи уште во младоста во царската власт, Валтасар се гордеел со својата сила и се подигнал во срцето против небесниот Бог. На него му се пружале многубројни можности да ја запознае Божјата волја, да ја разбере својата должност и да и се покори. Му било познато дека со Божја одлука неговиот дедо бил прогонет од човечката заедница; знаел за неговото обратување и чудесното оздравување. Но Валтасар дозволил љубовта кон задоволствата и лукавството да ги избришат поуките кои не смеел никогаш да ги заборави. Ги пропуштил приликите кои милостиво му се пружале и не ги искористил средствата кои му биле на дофат за потполно да се запознае со вистината. Валтасар рамнодушно проаѓал покрај она што Навуходоносор всушност го стекнал по цена на неискажани страдања и понижувања.
Неволјите наишле брзо. Вавилон го опколил Кир, син на Дариј Мидиски и заповедник на здружените сили на Мидијците и Персијците. Меѓутоа, разблудениот владетел се чувствувал сигурен и го проаѓал времето во оргии и веселби, среде навидум неосвоивитетврдини, содебели ѕидови и бакарни надвратници, заштитени со реката Еуфрат и обилно снабдени со храна.
Во својата гордост и арогантост, исткаен со безгрижни чувства на сигурност, Валтасар “направи голема гозба за илјадници свои кнезови и пиеше вино пред нив.” Сите задоволства кои може да си ги допушти богатството и власта, го зголемувале сјајот на гозбата. Убави и заносни жени со својата атрактивност се наоѓале помеѓу големците на гозбата. Имало тука надарени и образовани луѓе. Кнезовите и државниците пиеле вино како вода и се веселеле под неговото залудувачко влијание.
Со помрачен ум покрај срамното пијанство, целиот обземен од ниски страсти и мотиви, самиот цар бил водач во тие бесни оргии. Во текот на гозбата Валтазар “заповедал да се донесат златните и сребрени садови кои…ги беше донел Навуходоносор од Ерусалимскиот храм, да пијат од нив царот и неговите големци, неговите жени и наложници.” Тој сметал дека не е ништо толку свето што самиот тој не можел да се допре со своите раце. “Ги донесоа златните садови… и пиеја од нив царот и кнезовите негови, жените нивни и соложниците нивни; пиеја вино и ги славеа боговите златни и сребрени и бронзени и железни и дрвени и камени.”
Валтасар ни малку не помислувал дека на таа идолопоклоничка гозба присуствувал еден небесен Сведок, дека еден невидлив божествен Стражар го набљудувал тој призор на обесчестување, ја слушал богохулната веселба и го гледал идолопоклонството. Но, набрзо непоканетиот Гостин дал доказ за Своето присуство. Кога оргиите биле на пиедестал, се појавила една бескрвна рака испишувајќи по ѕидовите на дворот букви сјајни како пламен – зборови кои, и покрај тоа што повеќето биле неразбирливи, навестувале пропаст на сега од совеста своја погоден и ужасен цар и неговите гости.
Гласната веселба замолкнала, додека луѓето и жените зафатени со неискажпив ужас ја посматрале раката како полека ги испишува таинствените букви. Пред нивни очи поминале како филм низата зли дела од нивниот живот. Изгледало како да стапуваат на суд пред вечниот Бог чија власт ја пркоселе. Таму каде што до пред некој момент владеело веселба и богохулна духовитост, сега се запазувале бледи лица и извици на страв. Кога Бог ќе ги заплаши луѓето, тие не можат да ја скријат силата на ужасот.
Валтасар се уплашил повеќе од сите. Тој пред се бил одговорен за побуната против Бога, која таа ноќ го достигнала врвот во вавилонскиот двор. Во присуство на невидливиот Стражар, претставникот на Оној чија власт била оспорувана и името осрамотено, царот бил обземен од страв. Совеста била разбудена. “Зголобовите на неговите колкови попуштија, и колената му удираат едно од друго.” Валтасар безбожно се возвишувал себеси наспроти небесниот Бог, потпирајќи се на својата моќ, не претпоставувајќи дека некој ќе се осмели да каже: “Што правиш?” Но сега увидел дека мора да даде сметка за она што му било доверено, и дека не може со ништо да ги оправда пропуштените можности и својот пркосен став.
Царот напразно се обидувал да ги прочита пламените зборови. Тоа била тајна која не можел да ја протолкува, сила која не можел ниту да ја разбере ниту да ја одрече. Во очајание, се обратил за помош кај мудреците од своето царство. Неговиот гневен глас одекнал пред собраните повикувајќи ги ѕвездарите, халдејците и волшебниците да ги прочитаат зборовите. Царот ветувал: “Кој ќе го прочита ова писмо и ми каже што значи, тој ќе биде облечен во скерлет, и ќе носи златна веришка околу вратот, и ќе биде трет господар во царството.” Меѓутоа, тоа што им се обратил на своите верни советници и им ветил богати награди, не било до никаква корист. Небесната мудрост не може ниту да се продаде ниту да се купи. “Сите мудреци цареви… не можеа да го прочитаат писмото ниту да му кажат на царот што тоа значи.” He биле во состојба да ги прочитаат таинствените зборови, токму како и мудреците од поранешните поколенија кои не можеле да ги протолкуваат Навуходоносоровите соништа.
Тогаш царевата мајка се сетила на Даниел кој пред повеќе од половина век му го соопштил на царот Навуходоносор сонот за големиот кип и неговото толкување. “Царе, жив да си довека!” – рече таа. “Да не те вознемируваат твоите мисли и нека не ти се менува лицето. Има човек во твоето царство, во кого е духот на светите богови; и во времето на твојоттатко се најде во него видело и разум и мудрост, каква што има кај боговите и царот Навуходоносор… го постави за главатар над волшебниците, ѕвездарите, халдејците и гатарите; зашто одличен дух и знаење и разум за кажување сонови и толкување на гатанки и размрсување на замрсени работи се најдоа во Даниел, на кого царот му даде име Валтасар; нека го повикаат сега Даниел и тој ќе го каже значењето.”
“Тогаш Даниел беше доведен пред царот.” Трудејќи се да ја поврати својата сталоженост, Валтасар му рече на пророкот: “Ти ли си Даниел помеѓу Јудејските робови кои ги доведе од Јудеја мојот татко? Слушнав за тебе дека духот на светите богови е во тебе, и дека светлина и разум и мудрост голема се нашло во тебе. А сега се доведени пред мене мудреци, и ѕвездари да го прочитаат писмото и да ми кажат што значи; но не можат да ми кажат што значи. А за тебе слушнав дека можеш да толкуваш и замрсени работи да размрсуваш. Ако можеш да го прочиташ ова писмо и ми кажеш што значи, ќе бидеш облечен во скерлет, и златна веришка ќе носиш околу вратот, и ќе бидеш трет господар во царството.”
Незаинтересиран за царевите ветувања, Даниел пред мноштвото на ужасени луѓе стоел спокојно и достоинствено како слуга на Севишниот, не за да зборува ласкави зборови, туку да ја протолкува веста за пропаста. “Даровите твои тебе ти ги оставам,” рекол тој, “и дај му ги на некој друг твоите дарови; a писмото јас ќе му го прочитам на царот и ќе му кажам што значи.”
Пророкот најпрво го потсетил Валтасар на она што му било добро познато, а од кое не извлекол никаква поука на смирение која би можела да го спаси. Говорел за Навуходоносоровиот грев и пад, и за начинот на кој Господ со него постапувал – за царството и славата кои му биле дарувани, за божествената казна заради неговата злоба и за подоцнежното признавање на силата и милоста на Израелевиот Бог. А потоа смело и силно го укорил Валтасар заради неговото големо беззаконие. Му укажал на царот за неговите гревови, извлекувајќи ги поуките кои можел да ги извлече за себе но пропуштил да го направи тоа. Валтасар не се користел од искуството на својот дедо, ниту пак ги послушал опомените односно случките кои ќе настапат, толку значајни за него. Му била пружена прилика да го запознае вистинскиот Бог и да послуша, но ова тој не го примил во срцето и сега требал да ги пожнее плодовите на својата побуна.
“Ти,… О Валтасаре,” рекол пророкот, “не го понизи срцето твое, и покрај тоа што го знаеше сето ова. Туку си се подигнал над небесниот Бог, и садовите од Неговиот дом ги донесе пред тебе, и пиевте од нив вино ти и твоите кнезови, жените твои и ложниците твои, и ти ги фалеше боговите сребрени и златни, бронзени, железни, дрвени и камени, кои не гледаат ниту слушаат ниту разбираат, а не го прослави Бога во чии раце е и твојот здив и сите твои патишта. Затоа од Hero беше пратена рака и ова писмо беше напишано.”
Свртувајќи се кон пораката на ѕидот, која што ја пратило небото, пророкот прочитал: “МЕНЕ, МЕНЕ, ТЕКЕЛ, УФАРСИН.” He се гледала повеќе раката која ги испишувала тие букви, но овие четири зборови пламтеле со ужасна разбирливост. A народот без здив ги слушал зборовите на стариот пророк:
“Ова значат тие зборови: МЕНЕ, го изброи Бог твоето царство, и му стави крај. ТЕКЕЛ, измерен си на мерила и си се нашол лесен. УФАРСИН, твоето царство е разделено и им е дадено на Мидјаните и Персијанците.”
Во таа последна ноќ на безумно славење, Валтасар и неговите доглавници ја наполниле мерката на својата вина и вината на вавилонското царство. Бог не можел повеќе да ја одложува казната. Тој со многу пророштва се обидувал да го поучи Вавилон да го почитува Неговиот закон. “Го лечевме Вавилон,” рекол Тој за оној чиј грев стигнал до небото, “но не се исцели.” (Еремија 51:9). Заради страшните изопачености на човечките срца, најпосле била изречена пресуда. Валтасар морал да падне, а неговото царство да помине во други раце.
Кога пророкот завршил, царот заповедал да му се укажат ветените почести “па го облекоа Даниела во скерлет и му ставија златна веришка околу вратот, и го прогласија за трет господар во царството.”
Повеќе од едно столетие пред оваа случка, пророштвото ја споменало таа “ноќ на. . . задоволства” во која царот и неговите поглавари ќе се натпреваруваат во богохулење, и дека одеднаш ќе стане ноќ на ужас и пропаст. Сега случувањата, опишани во пророчките списи уште пред да бидат родени учесниците на оваа драма, брзо се менувале.
Додека царот сеуште се наоѓал во раскошниот двор опкружен со оние на кои што пропаста им била одлучена, дошле гласниците да му јават “дека градот е превземен,” од непријатели од чие оружје не се плашел; “дека бродовите се заземени. . . а јунаците исплашени.” (Стихови 31, 32). Додека тој со своите поглавари пиел од светите Господови садови, славејќи го своето злато и сребро, Мидјаните и Персијците го смениле текот на Еуфрат и навлегле во самото средиште на небранетиот град. Кировата војска веќе се наоѓала под ѕидините на дворецот и градот бил полн со непријателски војници “како гасеници,” (Стих 14) така што нивните победнички извици ги надминувале очајаничките извици на изненадените учесници на оргиите.
“Истата ноќ беше убиен Валтасар царотХалдејски” и еден странски владетел седнал на престолот.
Еврејските пророци јасно кажале на кој начин ќе пропадне Вавилон. Кога Господ во видение им ги открил случувањата за иднината, тие извикале: “Како ли е заземен Сесах, како е освоена славата на сета земја? Како ли стана Вавилон страшило на народите?” “О, како е скршен, здробен, чеканот на целата земја? Како Вавилон им стана страшило на народите?” “На гласот дека Вавилон падна земјата ќе се стресе ќе се слуша пискот меѓу народите.”
“Одненадеж падна Вавилон разрушен.” “Да, запустувачот дојде во Вавилон, фатени се неговите воини, скршени им се лаковите. Навистина Господ, е Бог одмаздник Кој плаќа според заслугата. Ќе му ги испијанам кнезовите и мудреците, војводите, намесниците и воините: за да заспијат со вечен сон па веќе да не се разбудат, зборува Царот, името Му е Господ над Воинствата.”
“Ти ставив стапица, Вавилону, ти се фати и не виде. Затекнатси и фатен, зашто завојува против Господа! Господ ја отвори својата оружница, го извлече оружјето на Својот гнев, зашто има работа за Господа над Војските во халдејската земја.”
“Господ над Војските зборува вака: Угнетувани се Израелевите синови, заедно со јудините синови; оние што ги заробија ги држат цврсто и нема да ги пуштат. Но моќен е нивниот Искупител, името Му е Господ над Воинствата. Тој ќе ја одбрани нивната парница – ќе и донесе мир на земјата и ќе ги смути жителите на Вавилон.” (Еремија 51:41, 50:23, 46; 51:8. 56, 57; 50:24, 25, 33, 34).
Така “широките вавилонски ѕидови” станаа “разурнати до основите, а неговите високи врати. . .спалена со оган.” Така Јехова над воинствата ќе “ја докрајчи ароганцијата на горделивите,” и “понизи надуеноста на силниците.” Така “Вавилон украс на царствата, убавина и горделивостхалдејска,” стан како Содом и Гомор – место засекогаш проколнато. “Никогаш веќе нема да биде со населен и од род до род ќе остане ненаселен,” објавило Вдахновението . Арабинот не ќе подига таму шатор, ниту пастирите ќе одмораат таму. Пустинските ѕверови ќе почиваат таму, бувовите ќе им ги наполнат куќите, ноевите ќе живеат таму, јарците ќе играат таму.” “Ќе им го дадам во сопственост на ежевите и на мочуриштата. Ќе го изметам со гибелна метла, говори Господ над Воинствата.” (Еремија 51:58; Исаија 13:11, 19-22; 14:23).
На последниот цар на Вавилон токму како и на првиот му дошла осудата од божествениот Стражар: “О Царе. . . тебе ти се објавува; царството се зеде од тебе.” (Даниел 4:31).
“Снижи се, седни во правот, девице, вавилонска ќерко! Седни на земјата, без престол. . .
Седи молчејќи,
повлечи се во темнина, халдејска ќерко:
Зашто, нема веќе да те викаат владетелка на царствата.
Се разгневив на својот народ, го запустив Своето наследство, и ги предадов во твоите раце, а ти не им покажа милост. . .
Зборуваше: Довека ќе останам госпоѓа.
Никогаш тоа не го зеде на срце, ниту помисли како тоа ќе заврши.
Затоа сега послушај, развратнице,
која седиш безгрижно и во своето срце говориш:
Јас и нема друг освен мене; Никогаш не ќе овдовеам, нема да ги загубам децата: . . .
Двете нешта ќе стигнат, во миг, во ист ден, ќе ги изгубиш децата, ќе овдовееш!
Со полна мерка ќе те најдат двете нешта, заради сето твое вражање и мноштвото твои маѓесништва!
Затоа што се надеваше во твоето зло, и зборуваше: Никој не ме гледа!
Твојата мудрост и знаењето те заведоа.
и во своето срце велеше: Јас и нема друг освен мене!
Затоа зло ќе те најде и нема да го пресретнеш,
неволја ќе се нафрли врз тебе и
нема да ја одвратиш;
пропаста ќе дојде одненадеж врз тебе,
нема да ја предвидиш.
И така, стој сега со своите вражања,
и со многуте твои баења,
околу кои се трудеше од младоста;
Ако можат да ти бидат од полза;
Ако можеш со нив да се одржиш.
Те изморија твоите многубројни советници.
Нека станат сега да те спасат астролозите,
оние кои ги набљудуваат ѕвездите и
кои секој месец проречуваат што ќе те снајде.
Ете, тие ќе бидат како плева. . .
Тие нема да се избават од силата на пламенот. . . никој нема да те спаси.” (Исаија 47:1-15).
На секој народ кој се појавил на светската сцена му било дозволено да заземе свое место на земјата за да се види дали ќе ја исполнува волјата на Стражарот и Светецот. Пророците претскажувале подигнување и напредок на големите светски царства – Вавилон, Медо-Персија, Грција и Рим. Кај секој од нив, како и кај послабите народи, историјата се повторувала. Секое имало време на свое искушување и ниедно не издржало; на секое му потемнела славата и секое ја изгубило својата сила.
И покрај тоа што народите ги отфрлале божествените начела и пропаѓале, во текот на вековите сепак се остварувала божествената цел. Тоа го видел пророкот Езекија во едно чудесно видение кое го добил за време на ропството во халдејската земја, кога пред неговиот зачуден поглед се покажале симболите на највозвишената сила која управувала со постапките на земските владетели.
Езекиел на бреговите на реката Хевар видел како од север доаѓа силен ветар, “голем облак и оган кој се разгоруваше, и околу него светлина, а среде него, среде огнот нешто слично на сјајна ковина.” Четири живи суштества влечеле вкрстени тркала, еден покрај друг. А високо над сето тоа, “беше како престол, по видението како камен сафир, а на престолот беше во обличје како човек.” “А во херувимите се гледаше човечка рака под крилјата.” (Езекиел 1:4, 26; 10:8). Тркалата биле така сложено распоредени што на прв поглед давале впечаток на вистинска збрка. Меѓутоа, тие се движеле во совршен ред. Раката која се наоѓала под крилјата на херувимите ги поддржувала небесните суштества и управувала со нив, а тие ги задвижувале тркалата. Над нив, на престолот од сафир, се наоѓал Вечниот, а околу престолот се видело виножито, знак на Божјата милост.
Како што со вкрстените тркала управувала раката под херувимските крилја, така се сложени и случувањата во човечките животи под Божја контрола. Во текот на конфликтите и безредието кај народите, Оној кој седи над херувимите, сеуште управува со случувањата на земјата.
Историјата на народите ни говори и на нас денес. На секој народ и поединец Бог му одредил место во големиот план. Оној кој никогаш не греши им ги мери деновите на луѓето и на народот. Со својот избор секој одлучува за својата судбина, a Бог владее над сите и работи на остварување на Своите возвишени цели.
Пророштвата кои што големиот ЈАС СУМ ги дал во Својата Реч кои што се спојуваат како алка со алка во ланецот на случувања од вечноста во иднината, и ни говорат каде се наоѓаме денес во низата од вековите и што можеме да очекуваме во иднината. Сето она што пророштвото најавило дека ќе се случи, се до денешен ден, веќе е запишано на страниците на историјата, и ние можеме да бидеме убедени дека и она што допрва треба да се случи исто така ќе се исполни.
Знаците на времето денес ни говорат дека се наоѓаме на прагот на големи и свечени случувања. Насекаде во светот владее вознемирување. Пред нашите очи се исполнуваат зборовите на Спасителот за случувањата кои претходат на Неговото доаѓање: “Ќе слушате боеви и гласови за војни. . . народ ќе се дигне против народ, и царство против царство, и на места ќе има глад, помор и потреси.” (Матеј 24:6, 7).
Денешното време е од големо значење за сите живи суштества. Владетели и државници, личности на позиции на доверба и авторитет, мудри луѓе и жени од сите класи го насочуваат вниманието кон настаните кои се одигруваат околу нас. Тие ги проучуваатодносите кои постојат помеѓу народите. Така ја запазуваат силината на секој земен елемент и увидуваат дека се случува нешто големо и одлучувачко, дека светот се наоѓа на работ на голема криза.
Библијата, и единствено Библијата, ни дава исправно гледиште за сите тие појави. Тука се откриени големи завршни случувања на историјата на светот кои веќе ја фрлаат својата сенка, додека од виката на нивното настапување земјата трепери а човековото срце замирува од страв.
“Ете, Господ ја запустува земјата, ја разурнува, и го обезобразува лицето, ги распрснува нејзините жители… Зашто го престапија законот, ја изгазија одредбата, го нарушија вечниот завет. Затоа проклетството ја проголтува земјата, нејзините жители се виновни.” (Исаија 24:1-6).
“О каков ден! Зашто Господовиот ден е близу и доаѓа како погибел од Севишниот… Зрната се изгниени под грутките, пусти се житниците, срушени се спремните, зашто снема жито. Како воздивнува добитокот! Здивени стада, говеда, скитаат, зашто им нема пасиште. Па и стада овци ја поднесуваат казната.” “Лозата се исуши, смоквата овена, калинката, палмата и јаболкниците: секое полско дрво се исуши. Зашто радоста ја снема меѓу човечките синови.” (Јоил 1:15-18, 12).
“Me боли во срцето;… He можам да молчам, зашто го слушам гласот на рогот, бојните извици. Соопштуваат гибел врз гибел, сета земја е ограбена.” (Еремија 4:19, 20).
“Леле! зашто е голем овој ден, сличен нему не му бил! Време на Јакововите неволја, но сепак ќе се избави од неа.” (Еремија 30:7).
“Зашто Господ е твое засолниште, го избра Севишниот за своја закрила.
Нема да те најде несреќа,
неволја нема да се приближи до твојот шатор.”
(Псалм 91:9, 10)
“Ќерко Сионска… Господ ќе те откупи од рацете на твоите непријатели. А сега многу народи се собраа против тебе. Тие зборуваат: Нека се обесчести, нашите очи нека се наситат со Сион! Но Господовите мисли тие не ги знаат и не ги разбираат Неговите намери. (Михеј 4:10-12). Бог нема да ја напушти својата заедница во часот на најголемата опасност. Тој ветил ослободување. “Еве, ќе ја изменам судбината на Јакововите шатори, ќе им се смилам на неговите шатори,” рекол Тој. (Еремија 30:18).
Тогаш ќе се исполни Божјата цел; се што живее под сонцето ќе ги велича начелата на Неговото царство.

Сподели го ова:

Слични објави