16. Падот на домот Ахавов
Лошото влијание кое Језавела од почетокот го вршела врз Ахав ги обележувало и подоцнежните години од животот на Ахав, и вродило со плод на срам и насилство на кој ретко во светата историја му има рамен. “Уште немало таков како Ахава, кој се продаде така за да прави што е зло во очите на Господа, за кое го советуваше жена му Језавела.” (1. Царства 21:25).
По природа склон кон алчност Ахав поттикнуван и поддржуван во зло од Језавела, се водел според склоностите на своето лошо срце, додека на крајот не потпаднал целосно под власт на себичноста. Тој не трпел да му се одбие било каква желба; сметал дека има право врз она што го сакал.
Таа доминантна црта на Ахавовиот карактер, која така несреќно влијаела врз судбината на царството за време на неговите наследници, јасно се покажала во една прилика на една случка која се одиграла уште додека Илија бил пророк во Израел. Непосредно покрај царскиот двор се наоѓало лозје кое припаѓало на еден Езраелец – Навутеј. Ахав посакал да го земе тоа лозје. Сакал да го купи или да го замени со некој друг имот. “Дај ми го ова лозје,” му рече тој на Навутеј, “тоа ќе ми биде овоштарник, бидејќи е близу до мојот дом, а место него ќе ти дадам поубаво лозје од тоа, или, ако сакаш, ќе ти дадам сребро, колку што чини тоа.” (1. Царства 21:2).
На Навутеј му било многу важно ова лозје, затоа што припаѓало на неговите претци и не сакал да го оттуѓи. “Да ме чува Господ да ти го дадам наследството од татковците свои” (1. Царства 21:3) му рекол тој на Ахав. Според левитскиотзакон ниту еден имот не можел засекогаш да се пренесе на друг, ниту со купопродажба ниту со замена; синовите Израилеви морале “да го чуваатсекое наследство на татковците свои.” (4 Мој. 36:7)
Ова поглавје се базира на 1. Царства 21; 2. Цареви 1.
Себичниот цар се разбеснал заради Навутеевото одбивање. “Ахав се врати во домот свој возбуден и лут од зборовите, што му ги беше кажал Езраелецот Навутеј… и тој легна на постелата своја, си го сврти лицето свое и не јадеше леб.” (1. Царства 21:4).
Језавела набрзо дознала што се случило, па и самата бесна што некој се осудил да го одбие царевото барање, му рече на Ахав дека за тоа не треба да се тагува. “Ти ли си царот Израилев?” му рече таа. “Стани јади леб, и биди со добра волја; јас ќе ти го дадам лозјето од Езраелецот Навутеј”.
На Ахав не му било важно на кој начин Језавела ќе го нарави тоа, и таа веднаш се фрлила на работа да ја оствари својата гнасна намера. Напишала писмо во името на царот, го запечатила со неговиот печат и го пратила на старешините и поглаварите на градотво кој живеел Навутеј, велејќи: “Објавете пост и поставете го Навутеја пред народот; и спроти него ставете двајца лоши луѓе, што ќе сведочат против него и да кажат: Ти хулеше на Бога и на царот. И потоа изведете го и убијте го со камења, та да умре.”
Наредбата била набрзо извршена. “Тогаш мажите на неговиот град, старешините и големците,…направија како што им заповеда Језавела, така како што беше запишано во писмото, што го беше испратила до нив.” (Стих 11). Тогаш Језавела отишла кај Ахав и му кажала да отиде и да го завземе лозјето. Ахав немислејќи на последиците, потпаднал под нејзиниот совет и тргнал да го присвои посакуваното лозје.
Но на царот не му било допуштено мирно да ужива во она што го присвоил со измама и крвопролевање. “Тогаш би словото Господово кон Тесвиќанецот Илија: Стани и пресретни го израелскиот цар Ахава, кој е во Самарија, -ете сега е во лозјето на Навутеја, каде што дошол да го завладее, – и кажи му: вака вели Господ: ти си убил, и уште стапуваш во наследство? (Стихови 17-19) Господ потоа му наложил на Илија да изрече врз Ахав страшна казна.
Пророкот побрзал да ја изврши божествената заповед. Наоѓајќи се очи во очи со Господовиот гласник во лозјето, царот чувствувајќи ја својата вина извикал во страв: “Me најде ли, о непријателе мој?”
А гласникот Господов одговори без колебање: “Те најдов, бидејќи ти се оддаде да вршиш зло пред очите на Господа. Ете, ќе ти нанесам зло, и ќе го истребам твоето потомство.” Повеќе не требаше да има милост. Домот Ахавов ќе биде целосно уништен, “како домот на Наватовиот син Јеровоам и со домот на Ахавиевиот син Васа,” Господ објавил преку својот слуга: “зашто ме расрди до гнев и го наведе на грев Израелот.” (Стихови 20-22).
И за Језавела Господ рече: “Кучиња ќе ја изедат Језавела зад Езраелските ѕидови; и кој од Ахавовиот дом ќе умре во градот, него кучињата ќе го изедат, а кој ќе умре во полето, него птици небески ќе го исколваат” (Стихови 23 и 24).
Кога царот ја чул оваа страшна вест, “ја раскина облеката своја, го покри телото свое со вреќиште, постеше и спиеше во вреќиште и одеше нажален.”
“И би слово Господово кон Илија Тесвиќанецот за Ахава. И Господ рече: Виде ли, како се понизи Ахав пред Мене? Затоа што се смири пред Мене, Јас нема да му го испратам злото во неговите дни, туку во дните на синот негов ќе пратам зло врз неговиот дом.” (Стихови 27-29).
He поминале ни три години а царот Ахав го загубил животот во војна со Сиријците. Охозија, неговиотсин, “правеше што е зло во Господовите очи, и одеше по патот на својот татко и по патот на својата мајка, и по патот на Јеровоам, синот Наватов.” “Му служеше на Ваал и му се поклонуваше. Го разгневуваше Господа, Израелевиот Бог”(1. Царства 22:52, 53) како што правел и неговиот татко Ахав. Меѓутоа казните брзо почнале да пристигаатдо овој непокорен цар. Најнапред тешка војна со Моавците, а потоа еден несреќен случај во кој за малку што не го загубил животот. Сето тоа биле знаци дека Бог се гневи на него.
Охозија падна “низ прозорската решетка на својата горна соба” и тешко повреден и загрижен заради последиците ги пратил своите слуги да го прашаат Велзевула богот Акаронски дали ќе заздравее или не. Луѓето верувале дека богот во Акарон дава преку своите свештеници информации за случките во иднината. Мнозина луѓе тука доаѓале распрашувајќи се за иднината; меѓутоа, сите тие претскажувања и информации доаѓале од кнезот на темнината. Слугите на Охозија наишле на еден Божји човек, кој им рекол да се вратат кај царот со пораката: “Зар во Израелот нема Бог, та сте тргнале да го прашате Велзевула, акаронското божество? Затоа вака вели Господ: Од постелата, на која си легнал, нема да станеш, туку ќе умреш.” И откако ја пренесе пораката, пророкотси замина. (2. Царства 1:1-4).
Зачудените слуги побрзале назад кај царот да го известат за она што им го рекол Божјиот човек. “Каков беше на изглед тој човек? запраша царот. Тие му одговорија: Тој човек целиот беше со влакна и беше опашан преку половината со кожен појас.” Тоа е “Илија Тесвитецот,” извикал царот. Знаел дека пророковите зборови ќе се исполнат, ако човекот што го сретнале навистина бил Илија. Со желба ако е воопшто можно, да ја оттргне од себеси таа казна, тој одлучил да прати луѓе да го доведат пророкот.
Охозија два пати праќал чета војници да го заплаши пророкот, и два пати војниците ги уништувал Божјиот гнев. Третата чета се понизила пред Бога, а нивниот капетан приближувајќи се до Божјиот гласник, “клекна на колена пред Илија, и молејќи го му рече: човеку Божји, Мојотживот и животот на овие педесет твои слуги нека биде скапоцен во твоите очи.”
“Тогаш му рече Ангелот Господов на Илија: Оди со него и не плаши се од него. И тој стана, та отиде со него при царот. И му рече: Вака вели Господ: Поради тоа што испрати пратеници да го прашаат Велзевула, акаронското божество, како да немаше во Израелот Бог да Го прашаш за словото Негово – ти нема да станеш од леглото, на кое си легнал, туку ќе умреш.” (2. Царства 1:7-8, 13; 15-16).
Охозија уште во животот на својот татко бил сведок на чудесните дела на Семожниот. Ги видел Божјите докази кон отпаднатиот Израел за тоа како Тој гледа на оние кои ги отфрлаатобврзувачките барања на Неговиотзакон. Но Охозија кон тие строги работи се однесувал како да се обична бајка. Наместо да излезе со скрушено срце пред Господа, тој се поврзал со Ваал и најпосле се осудил да го направи тоа свое најбезбожно дело. Непокорен и без намера да се покае, Охозија умрел “според зборовите Господови, кои ги рече Илија.”
Историјата за гревот на царот Охозија и неговата казна ја содржи поуката која никој не може неказнето да ја избегне. Денешните луѓе можеби не оддаваат почести на незнабожечки богови, но сепак илјадници се поклонуваат пред сатанските олтари, како што тоа некогаш го правел Израилевиот цар. Духот на идолопоклонството и денес цвета во светот, и покрај тоа што под влијание на науката и образованието добил поубав и попривлечен облик отколку што било тоа во времето кога Охозија се обраќал на акаронскиот бог. Секој ден донесува нови жални докази дека верата опаѓа во верната пророчка реч, и наместо неа суеверието и сатанските магии го освојуваат разумот на многу луѓе.
Денеска обредите на незнабожечките идолопоклонства се заменети со тајни состаноци и сеанси, мрачни претскажувања и чуда на спиритистички медиуми. Откритијата на таквите медиуми желно ги прифаќаат илјадници луѓе кои одбиваат да ја примат светлината на Речта Божја преку Неговиот Дух. Оние кои веруваат во спиритизам можеби со презир говорат за некогашните врачари, но големиот измамник победоносно се исмејува кога тие запаѓаат во неговите лукави стапици во поинаков облик.
Има луѓе кои со ужас ја отфрлаат помислата да се обратат на медиуми, но ги привлекуваат некои попријатни облици на спиритизам. Други отишле на застранет пат заради теориите на култот “Христијанска Наука,” и преку мистицизмот на теозофијата и другите источни религии.
Проповедниците на скоро сите облици на спиритизам тврдат дека имаат моќ да исцелуваат. Тие таа моќ ја препишуваат на електрицитетот, магнетизмот, т.н. “симпатетични лекови” и скриени внатрешни сили на човековиот ум. И не е мал бројот на оние кои и во овој христијански век одат кај такви “исцелители,” наместо да се надеваат во силата на живиот Бог и во знаењето на добро квалификуваните лекари. Мајките бдеат крај постелите на своите болни деца и мислат: “Ништо повеќе не можам да направам. Зарем никаде нема лекар кој има моќ да го исцели моето дете?” Некој ќе и раскаже за чудесните дела на некој видовит или магнетски исцелител, и таа му го доверува своето дете т.е. го предава во рацете на сатаната кој се наоѓа крај неа. Често се случува подоцнежниот живот на таквото дете да биде потчинет на сатанска сила на која тешко може да и се одолее.
Бог имал причина да се разгневи на Охозиевата безбожност. Што се не направил Бог за да ги придобие срцата на Израелците и да ги вдахне со доверба! Со векови му давал на својот народ докази на посебна наклонетост и љубов. Од почетокот покажал дека Неговата “радост се синовите човечки.” (Изреки 8:31). Тој бил секогаш присутна помош на секого кој искрено Го барал. А сега царот Израилев се одвратил од Бога и побарал помош од најголемиот непријател на својот народ, покажувајќи дека повеќе има доверба кај незнабожечките идоли отколку во небесниот Бог. На ист начин и денеска луѓето му нанесуваат срам на Бога кога се оддалечуваат од Изворот на силата и мудроста барајќи помош и совет од силите на темнината. Кога Охозиевиот акт предизвикал Божји гнев, како ли тогаш ќе гледа Бог на оние кои веќе имаат светлина, а сепак одат по сличен пат?
Оние кои се изложуваат на сатанските волшебства можат да се фалат дека извлекле голема корист. Меѓутоа, дали е тоа доказ дека нивната постапка е безбедна и мудра? Се само да се продолжи животот, но зошто? Дури и да се здобие земска добивка, зошто е сето тоа? Дали конечно ќе се исплати запоставувањето на Божјата волја? На крајот ќе се покаже дека секоја таква добивка всушност е непоправлива загуба. He можеме неказнето да урнеме ниедна ограда која ја подигнал Бог за да го пази својот народ од сатанските сили.
Бидејќи Охозија немал син, го наследил неговиот брат Јорам, кој владеел дванаесет години над десетте племиња. Сето тоа време живеела и неговата мајка Језавела, и непрестано вршела лошо влијание врз народот. Мнозина сеуште се придржувале на идолопоклоничките обреди. И самиот Јорам “вршеше што беше неугодно пред очите на Господа, но не така, како татко му и мајка му, зошто ја собори статуата на Ваала, што беше ја направил татко му; при сето тоа тој остана во гревовите на Јеровоама, Наватовиотсин, што беше го навел на грев Израелот, и не отстапуваше од нив.” (2. Царства 3:2, 3)
За време на Јорамовото владеење над Израел умрел Јосафат, а Јосафатовиот син, кој исто така се викал Јорам, стапил на престолот на Јудиното царство. Со својата женачка со ќерката на Ахав и Језавела, Јорам тесно се поврзал со Израилевиот цар, и во своето владеење одел по Ваал “како што правел Ахавовиот дом.” “Исто така и идолски светилишта направи по горите јудејски, ги воведе во блудство ерусалимските жители и ја заведе Јудеја кон тоа.” (2. Летописи 21:6, 11).
Заради ваквото страшно отпадништво, Јудиниот цар не можел да помине без укор. Пророкот Илија сеуште не бил вознесен и не можел со молчење да ги поднесе во Јудиното царство истите зла кои што северното царство го довеле на работ на пропаста. Така пратил до Јорам, Јудиниот цар една порака во која безбожниот цар ги прочитал овие страшни зборови:
“Вака говори Господ, Бог на татка ти Давида: затоа што не тргна по патиштата на татка си Јосафата, ниту по патиштата на Аса, царот јудејски, туку појде по патот на израелските цареви и ги воведе во блудство Јудејците и Ерусалимците, како што направи домот Ахавов, а покрај тоа ги уби и браќата свои во домот на татка си, кои беа подобри од тебе. Еве, Господ ќе го порази со голем пораз твојот народ и синовите твои, и жените твои, и целиот имот твој, а ти ќе заболеш од тешка болест.”
Во исполнување на ова пророштво, Господ го подигна против Јорама духот на Филистејците и Арапите, соседи на Етиопјаните; и тие се кренаа против Јудеја, навлегоа во неа и го ограбија сиот имот, што беше во домот на царот, а исто така и синовите негови, и жените негови, та не му остана друг син, освен Охозија, најмалиот од синовите негови.”
“По сето тоа Господ ги порази цревата негови со болест неизлечива. Таа траеше денови и денови, а кога се наврши втората година, …умре во страшни маки.” “И неговиотсин Охозиј се зацари место него.” (2. Летописи 21:12-19; 2. Царства 8:24).
“Жителите ерусалимски место него за цар го поставија Охозија, најмалиот негов син, бидејќи сите постари беа убиени од разбојници, што се беа приближиле до логорот со Арапите, – и така стана цар Охозија, синот на јудејскиот цар Јорам.” (2. Летописи 22:1).
Ахавовиотсин Јорам владеел во Израел кога на Јудиниот рестол стапил неговиот внук Охозија. Охозија владеел само една година и за тоа време, под влијание на својата мајка Готолија, “неговата советничка во злите дела,” “правеше што е зло во Господовитеочи, како Ахавовиотдом.” (2. Летописи 22:3, 4; 2. Царства 8:27). Језавела, неговата баба, сеуште беше жива и тој сосема се беше поврзал со својот вујко Јорам.
Охозија, царот Јудин набргу трагично завршил. Преживеаните членови на домот Ахавов навистина беа “негови советници по татковата смрт, за негова пропаст.” (2. Летописи 22:4). Додека Охозија престојувал кај својот вујко во Езраел, пророкот Елисеј добил налог од Бога да прати еден од синовите пророчки во Рамот Галатски за да го помаже Јуј за цар израелски. Војската на Јуда и Израел тогаш заеднички војувала против Сирците во Рамот Галатски. Ранет во битка, Јорам се вратил во Езраел и го оставил Јуј да командува со царската војска.
Помазувајќи го Јуја, гласникот Елисеев рече: “Те помазувам за цар над народот Господов, над Израелот, и ти ќе го истребиш домот на Ахава.” И потоа свечено му пренел на Јуја посебна задача од небото. “И истреби го домот Ахавов, господарот твој,” објавил Господ преку својот гласник: “за да ја одмаздам крвта на Моите слуги – пророците, и за крвта на сите слуги Господови, паднати од раката на Језавела. И така ќе изгине сиот дом Ахавов.” (2. Царства 9:6-8).
Откако војската го прогласила за цар, Јуј поитал кон Езраел за да ги погуби оние кои своеволно одлучиле да продолжат да живеат во грев а и другите да ги наведуваат на истото. Јорам царот Израилев, Охозија Јудиниот цар и мајката на царот, заедно со сите од домот на Ахава во Езраел, и сите големци негови, и блиски негови, и свештениците негови,” беа погубени. “Сите Ваалови пророци, сите слуги негови и свештениците негови”, кои живееја во Вааловото светилиште во Самарија, беа погубени од меч. Идолските кипови беа урнати и изгорени а Вааловиот храм, беше разурнат. “Така Јуј го истреби Ваала од Израил.” (2. Царства 10:11, 19, 28).
Гласот за овој општ колеж стигнал и до Готолија, до ќерката на Језавела, која имала голема моќ во Јудиното царство. Кога Готолија дознала дека е убиен нејзиниот син, Јудиниот цар, “таа стана и го погуби целото царско семе од домот Јудин.” Во тој колеж изгинале сите Давидови потомци кои можеле да дојдат на престол, освен едно дете по име Јоас, кое жената на првосвештеникот Јодај го скри во заградениот простор на храмот. Детето тука живеело шест години, додека “над земјата царуваше Готолија.” (2. Летописи 22:10, 12).
По истекот на тоа време, “Левитите и целиот народ Јудин”, заедно со свештеникот Јодај, го крунисале и го помазале Јоаса за цар, “И ракоплескаа и извикуваа: Да живее царот! (2. Царства 11:12).
“Кога го чу Готолија гласот на раздвижениот народ, кој го фалеше царот, излезе кај народот во домот Господов и виде: ете царот според обичајот стои крај столб, а кај царот – кнезови и труби, и сиот народ на таа земја се весели и трубат со труби.
Тогаш Готолија ја раскина својата облека и почна да вика: Предавство! Предавство!” (2. Царства 11:14). Но Јодај им заповедал на стотниците да ја фатат Готолија и сите нејзини следбеници, да ги извадат од храмот и да ги одведат на место за погубување, каде што требаа да бидат погубени.
Така исчезнал и последниот член од домот на Ахава. Ужасното зло кое било последица на неговиотбраксо Језавела, траело се додека не бил уништен и последниот негов потомок. Дури и во Јудеја, каде што верата во вистинскиот Бог никогаш не била официјално напуштена, Готолија успеала мнозина да заведе. Веднаш по погубувањето на непокајничката царица, “сиот народ отиде во домот на Ваала, ги урнаа жртвениците негови, и идолите негови сосема ги уништија, и Вааловиот свештеник Матана го убија пред жртвениците.” (Стих 18).
Потоа настапила реформација. Оние кои учествувале во прогласувањето на Јоаса за цар, свечено се заветувале “дека ќе бидат народ Господов”. И сега, бидејќи од Јудеја исчезнало лошото влијание на Језавелината ќерка и бидејќи Вааловите свештеници биле погубени а нивниотхрам урнат, “се веселеше целиот народ на таа земја и градотсе смири.” (2 Лет. 23:16, 21)