58. Доаѓањето на Ослободителот

Сподели го ова:

Светлина во предвечерието

Bo текот на сите оние долги векови “неволји, темнина и тешки маки,” (Исаија 8:22) кои што ја обележуваат историјата на човештвото од денот кога нашите прародители го изгубиле својот дом во рајот до моментот кога Божјиот Син се појавил како Спасител на грешниците, светот со надеж го очекувал својот Ослободител да го избави народот од ропството на гревот и од гробот.
Првата најава за оваа надеж ја добиле Адам и Ева во зборовите изговорени на змијата во рајот, кога Господ пред нив му објавил на сатаната: “Јас ќе поставам непријателство помеѓу тебе и жената, помеѓу твоето семе и нејзиното семе: Тој ќе ти ја сотрува главата а ти ќе Му ја сотруваш петата.” (1. Мојсеева 3:15).
Слушајќи ги овие зборови, виновниот пар бил инспириран со надеж, затоа што во пророштвото дека моќта на сатаната ќе биде скршена се наѕирало ветувањето за избавување од пропаста во која што западнале со престапот на заповедта. И покрај тоа што ќе мораат да страдаатод силата на непријателот затоа што подлегнале на неговите измами наместо да ја послушаат јасната Господова заповед, тие сепак не треба да паднат во очајание. Ќе дојде Божјиот Син да плати за нивниот грев со Својата сопствена крв. На нив ќе им биде дадено време на милост, во кое, преку вера во Христовата моќ да спаси, тие повторно ќе можат да станат Божји деца.
Бидејќи успеал човекот да го одврати од патот на послушноста, сатаната станал “богот на овој свет.” (2. Коринтјаните 4:4). Власта која некогаш му припаѓала на Адама, ја приграбил измамникот. Но Божјиот Син одлучил да се симне на земјата и да ја плати казната за гревот, и така не само да го откупи човекот туку и да го поврати изгубеното царство. Токму на тоа мислел пророкот Михеј кога рекол: “И ти Стражарнице на стадата, Тврдино на Сионската ќерка, при Тебе ќе се врати поранешната власт.” (Михеј 4:8). Апостол Павле тоа го нарекол “залогза нашето наследство.” (Ефесјаните 1:14). И Псалмистот ја имал во вид оваа конечна обнова на првобитното човеково наследство кога рекол: “Праведниците ќе ја наследат земјата, и ќе живеат на неа до века.” (Псалм 37:29).
Од срцата на луѓето никогаш не исчезнала надежта дека спасението ќе дојде преку доаѓањето на Божјиот Син, кој е наш Спасител и Цар. Од самиот почеток имало луѓе кои што со вера гледале во реалноста на иднината низ сенката на сегашноста. Преку Адам, Сит, Енох, Матусал, Ное, Сим, Авраам, Исак, Јаков и други достоинственици, Господ сочувал драгоцени откровенија на Својата волја. А преку избраниот народ Израел, во кој требало да се појави ветениот Месија, Господ го запознал човештвото со Својот закон и му укажал на спасението кое ќе се оствари преку жртвата на помирувањето на Неговиот возљубен Син.
Надежта на Израел се базирала на ветувањето кое што го добил Аврам кога бил повикан, а подоцна повеќе пати било повторено и на неговото потомство: “Во тебе ќе бидат благословени сите племиња на земјата.” (1. Мојсеева 12:3). Како што на Аврам му била откривана Божјата намера да го спаси човечкиот род, Сонцето на Правдата го заблескувало неговото срце и темнината исчезнувала. И најпосле, кога Самиот Спасител живеел и зборувал помеѓу човечките синови, Тој им сведочел на Евреите за патријарховата светла надеж за избавување преку доаѓањето на Откупителот. “Аврам, вашиот отец, би се зарадувал да го види Мојот ден, и го виде, и се зарадува,” рекол Христос. (Јован 8:56).
Оваа иста блажена надеж била изразена и во благословот кој патријархот Јаков пред самата смрт му ја изрекол на својот син Јуда:
“Јуда, тебе ќе те пофалуваат твоите браќа, раката ќе ти биде секогаш врз вратот на непријателот, синовите на татка ти ќе ти се поклонуваат…
Нема да се оддалечат од Јуда, ни царското жезло, ниту владетелската палка од кај неговите нозе, додека не дојде Оној,
комуќемусепокоратнародите.” (1. Мојсеева 49:8-10)
Доаѓањето на Откупителот на светот бил навестен и на границите на ветената земја во пророштвото кое што го изговорил Валам:
“Ќе го видам Hero, но не сега;
Ќе го гледам, но не во ова време;
Ќе излезе Ѕвезда од Јакова, и ќе се подигне Жезал од Израел,
Кој ќе ги разбие кнезовите Моавски, и ќе ги уништи сите деца Ситови.” (4. Мојсеева 24:17)
Бог преку Мојсеја му ја објавил на Израел Својата намера да го прати Својот Син како Откупител на човечкиот род. Во една прилика, непосредно пред својата смрт, Мојсеј изјавил: “Господ, Твојот Бог, ќе ти издигне од твојата средина, од твоите браќа, Пророк, каков што сум јас: слушајте Го Hero.” На Мојсеја му било јасно изложено делото кое што ќе го изврши идниот Месија. “Јас ќе им подигнам Пророк помеѓу браќата нивни,” гласела речта која што Јехова му ја дал на Својотслуга, “и ќе му вметнам Мои зборови во устата Негова, и ќе им кажува ним она што ќе Му заповедам.” (5. Мојсеева 18:15, 18).
Жртвениот систем во богослужението претставувал, во времето на патријарсите, постојан потсетник на доаѓањето на Спасителот; а тоа важи и за сите обреди кои што биле вршени во светилиштето во текот на целата историја на Израел. Со помош на службата во шаторот од состанокот а подоцна и во храмот подигнат наместо шаторот, на народот на симболичен начин му била прикажана голема вистина за доаѓањето на Христа како Откупител, Свештеник и Цар; а еднаш годишно нивните умови биле насочувани кон завршните настани во големата борба помеѓу Христа и сатаната, и на конечното очистување на вселената од гревот и грешниците. Жртвите и обредите во стариот завет укажувале секогаш на една возвишена служба на небото. Земското светилиште било “образ за одреденото време кога сега е тука” во кое се принесувале дарови и жртви. Нејзините две одделенија биле “според небесното обличје,” затоа што Христос, нашиот голем Првосвештеник, денес е “служител во светилиштето и на вистинската скинија, која ја подигна Господ, а не човек”. (Евреите 9:9, 23; 8:2).
Од оној ден кога Господ и рекол на змијата во рајот: “Јас ќе ставам непријателство помеѓу тебе и жената и помеѓу семето твое и семето нејзино,” (1. Мојсеева 3:15) сатаната знаел дека нема да има потполна власт над жителите во овој свет. Кога Адам и неговите синови почнале да принесуваат церемонијални жртви кои што Бог ги одредил како симбол на Откупителот што ќе дојде, сатаната сфатил дека тие жртви се знак на врската помеѓу небото и земјата. Тој подоцна во текот на многу векови непрестано се трудел да ја прекине таа врска. Неуморно настојувал лажно да го претстави Бога и обредите кои што упатувале на Спасителот и во тоа успеал кај најголемиот дел од луѓето.
Додека Бог сакал да го поучи светот дека од Неговата љубов доаѓа Подарокот кој ќе го помири со Hero, најголемиот непријател на човекот се трудел да го прикаже Бога како оној кој наоѓа задоволство во човековото уништување. Така системот на жртви и обреди одреден од Небото за да ја открие Божјата љубов, се изопачил поставувајќи средство во рацете на грешниците кои што се надевале дека со дарови и со добри дела ќе го умилостиват гневот на навредениот Бог. Сатаната во ист замав се трудел кај луѓето да ги разбуди и зајакне злите страсти, паѓајќи од еден во друг грев што повеќе да се оддалечат од Бога и да станат робови на гревот, без надеж дека некогаш ќе се ослободат од неговите окови.
Бидејќи пишаната Божја Реч била дадена на луѓето преку еврејските прорци, сатаната внимателно ги проучувал пораките кои што се однесувале на Месијата. Внимателно тој ги воочил сите места каде што јасно се говори за делото кое што Христос ќе го изврши помеѓу луѓето, кој ќе страда како жртва и како Цар кој ќе победи. Во книгата на Стариотзавет испишано на свитоците од пергаменти тој прочитал дека Оној кој што ќе дојде ќе биде “како јагне доведено на колење,” и дека “Неговиот лик… беше обезличен повеќе, отколку на секој човек, и Неговиот лик повеќе отколку на синовите човечки.” (Исаија 53:7; 52:14). Ветениот Спасител на човештвото требал да биде “презрен и отфрлен од луѓето; човек на болката, и запознаен со страдањата; погоден и поразуван од Бога;” но сепак силна ќе биде Неговата моќ за да “им суди на бедните помеѓу луѓето.” Тој ќе ги “спаси децата на сиромасите,” а “насилниците ќе ги сотре.” (Исаија 53:3,4; Псалм 72:4). Овие пророштва го натерале сатаната да затрепери од страв; па сепак не се одрекол од своите намери, ако е можно, да го осуети Божјиот план за спасение на изгубените. Одлучил да ги заслепи луѓето, колку што е можно, да не го разберат вистинското значење на пророштвото за Месијата за тие да го отфрлат Христа кога ќе дојде.
Вековите кои што непосредно претходеле на потопот, сатаната успеал целиотсветда го поттикне на непокорност кон Бога. Меѓутоа, луѓето не ги памтеле долго дури ни стравотиите на потопот. Сатаната чекор по чекор повторно ги водел синовите човечки во отворена побуна. Се чинело дека повторно ќе ликува, но намерата која што ја имал Бог со отпаднатиот човек не смеела да биде осуетена. Преку потомството на верниот Авраам од Симовиот род било пренесено сознанието за Божјата милост заради доброто на идните поколенија. Бог од време на време праќал гласници на вистината за да им го објасни на народот смисолот на принесувањето на жртвите, а посебно ветувањето дека ќе дојде Оној на кого укажуваат сите обреди на жртвениот систем. На тој начин светот требало да биде сочуван од општото отпадништво.
Но Божјата волја се остварила и покрај најогорченото противење на непријателот на вистината и праведноста, којшто на сите можни начини настојувал Аврамовите потомци да заборават на својот висок и свет повик и да се свртат кон лажни богови. И честопати, во овие свои напори имал успех. Векови пред Христовото прво доаѓање, мрак ја покривал земјата и голема темнина го прекривала народот. Сатаната фрлил својата пеколна сенка на патот на луѓето, за да го оневозможи стекнувањето на знаењето за Бог и за идниот свет. Милиони луѓе седеле во смртната сенка. Нивна единствена надеж била дека таа темнина ќе се подигне, и дека потоа Бог ќе им се открие.
Давид, помазаниот од Бога, во видение видел дека Христовото доаѓање ќе биде “како утринска светлина, кога сонцето изгрева, како утро без облаци.” (2. Самуилова 23:4). Осија, исто така сведочи: “Како утринска зора е Неговото појавување.” (Осија 6:3). Светлината на деноттивко и мирно ја освојува земјата, ги изгонува сенките на мракот и ја буди земјата во живот. Така требало да се јави и Сонцето на Праведноста, “со исцелување во неговите зраци.” (Малахија 4:2). И мноштвата кои живеат во “земјата на сенката на смртта ќе види голема светлина.” (Исаија 9:2).
Посматрајќи го во видение ова славно ослободување, пророкот Исаија извикал :
“Ни се роди Дете,
Син ни се даде.
Власта ќе почива на рамото Негово.
Името ќе му биде:
Прекрасен, Советник, силен Бог,
Вечен Татко, Кнез на Мирот.
Неговата власт ќе се шири надалеку
и не ќе има крај на мирот
на Давидовиот престол,
и на неговото царство:
ќе го зацврсти и ќе го утврди
во правина и во праведност отсега и довека.
Ревноста на Господа над Воинствата ќе го изврши тоа.”
(Стихови 6, 7)
Во подоцнежните векови од историјата на Израел, кои што претходеле на првото доаѓање, владеело општо уверување дека во оваа пророчка реч била за доаѓањето на Месијата: “Малку е да ми бидеш слуга за да се подигне племето Јаковово и да се врати остатокот Израелев, туку ќе те направам видело на народите за да бидеш спасение мое до крајот на земјата.” “И ќе се јави славата Господова,” рекол Исаија, “и секое тело ќе го види.” (Исаија 49:6; 40:5). За таа светлина подоцна така смело сведочел и Јован Крстителот, објавувајќи: “Јас сум глас на оној кој вика во пустината: израмнете го патот на Господа; како што рече пророкот Исаија.” (Јован 1:23).
За Христа е дадено и ова пророчко ветување: “Вака вели Господ, Израелевиот Избавител, Светецот негов, Оној којшто го презира, од кого се гади народот… вака вели Господ… ќе те чувам и ќети дадам да направиш заветсо народотда ја утврдиш земјата и да го наследиш опустошеното наследство; да им кажеш на затворените: Излезете; на оние коишто се во темнина: Покажете се… Нема да биде гладни ниту жедни, нема да ги удри припек ниту сонце, зашто Оној кој има милост над нив ќе ги води, и покрај водени извори ќе ги носи.” (Исаија 49:7-10).
Оние непоколебливите помеѓу Евреите, потомците на светата лоза преку кои се сочувало сознанието за Бог, ја крепеле својата вера со овие и слични ним зборови во Библијата. Чувствувале силна радост читајќи како Господ ќе помаза Еден кој “ќе проповеда добри вести до кротките,” “и ќе ги превие ранетите во срцата, и ќе им огласи на заробените слобода,” објавувајќи ја благопријатната година Господова.” (Исаија 61:1, 2). Но нивните срца се исполнувале со тага кога ќе помислеле на маките кои што ќе мора Тој да ги поднесе за да ја исполни Божјата волја. Со длабока понизност на душите ги читале пророчките зборови забележени на пергаментите:
“Кој му поверува на тоа што го чу од над, и кому му се откри силата Господовата?
Зашто Тој ќе израсте пред Hero како нежно стебло, и како корен од сува земја.
Немаше на него ни убавина ни блескот за да би сме се загледале во Hero, ни убавина за да не привлече кон Hero.
Беше презрен и отфрлен од луѓето,
Човек на Болката, свикнат на страдањата, и ние го одвраќавме од Hero лицето свое, беше презрен, и за ништо не го сметавме.
А Тој ги понесе нашите болки, ги зеде врз себе нашите жалости,
а ние сметавме дека Тој беше поразуван, казнуван и понизуван од Бога.
Но Тој беше изнаранет за нашите престапи, и беше биен за нашите беззаконија.
Казната за нашиот мир падна врз Hero, преку Неговите рани ние се исцеливме.
Сите заскитавме како овци, и се отстрани секој по својот пат.
А Господ ги возложи врз Hero беззаконијата на сите нас.
Го измачуваа, и беше злоставуван, но сепак не ја отвори устата Своја.
Го одведоа како јагне на колење;
како овца нема, пред оние што ја стрижат,
така Тој не ја отвори устата Своја.
Со сила и со суд се ослободија од Hero, и кој ќе го објасни Неговиот род?
Од земјата на живите го отстранија Hero, за гревовите на Мојот народ, го ранија на смрт.
Му го одредија погребението меѓу злодејците, а Неговиот гроб беше при богатите, затоа што не беше направил неправда, и во устата Негова немаше лага.” (Исаија 23:1-9)
Самиот Господ преку Захарија кажал за напатениот Спасител: “Разбуди се, О мечу против Мојот Пастир, против Човекот, кој е Мој ближен.” (Захарија 13:7). Божјата правда одредила Христос како замена да страда наместо грешниот човек. Тој требал да разбере што правдата значи. Тој требал да знае како е кога грешникотсам стои пред Бога без посредник. Преку Псалмистот, Откупителот пророкувал за Себеси:
“Срам го обзеде срцето мое,
Изнемоштев; Чекав некој да се сожали, но не се најде никој.
И да ме утеши некој, но не најдов никого.
Ми дадоа жолчка да каснам;
И во жедта Моја ми дадоа оцет да пијам.”
(Псалм 69:20, 21)
Тој прорекол и за тоа како ќе се однесуваат кон Hero: “Me опколија многу кучиња; група од злодејци Me опкружи; ги прободоа рацете Мои и нозете Мои. Би можел да ги избројам сите Мои коски а тие Me гледаат и Me презираат. Ги поделија Моите алишта меѓу себе, и жрепка фрлаа за мојата облека.” (Псалм 22:16-18).
Овие опишани горки маки и сурова смрт за Ветениот, колку и да се болни, биле богати со ветувања, затоа што во Hero, за кого “беше волјата на Господа да биде биен” ставен на маки за да Тој може да стане “принос за гревот,” Господ рекол:
“Ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе напредува преку Неговата рака. Ќе види од трудот на Својата душа и ќе се насити.
Преку Своето знаење, Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина;
затоа што нивната вина ќе ја земе врз Себе.
Затоа ќе Му дадам големо наследство,
и со силните ќе го дели пленот;
затоа што душата Своја на смрт ја предаде,
и беше вброен меѓу злосторниците,
и ги понесе врз Себе гревовите на мнозина,
и за престапниците стана посредник.”
(Исаија 53:10-12)
Токму љубовта кон грешниците го поттикнала Христа да ја плати цената на нивното откупување. “И виде дека немаше човек, се зачуди дека немаше посредник;” никој друг не би можел да го ослободи човекотод власта на непријателот; “затоа Неговата мишка му помогна; и Неговата праведност Го подржа.” (Исаија 59:16).
“Еве Го Мојотслуга, Кого Го поткрепувам,
Мојот Избраник, мил на Мојата душа.
Го излеав Својот Дух врз Hero,
и Тој ќе им донесе суд на народите.” (Исаија 42:1)
Во неговиот животот не требало да има место за само издигнување и почестите кои што светот ги оддава преку за положбата богатството и талентот, биле туѓи за Синот Божји. Тој не се користел со ниедно средство со кои луѓето се служат за да стекнат приврзаници и почитување. Неговото целосно самоодрекување било прикажано со следниве зборови:
“Нема да вика, ниту ќе го подига гласот,
Нема да дозволи да го чујат по улиците,
Скршените трски нема да ги докрши,
И ленот што тлее нема да го угасне.”
(Стихови 2, 3)
Начинот на кој Спасителот им се обраќал на луѓето во голема мерка се разликувал од настапот на тогашните вероучители. Во неговиот живот никогаш не се слушнала гласна препирка, ниту наметлива молитва, не е запазена ниедна постапка чија цел би била да предизвика восхитување кај луѓето. Месијата морал да биде скриен во Bora, а Бог да биде откриен во карактерот на Својот Син. Без познавањето на Бога.човештвото би било засекогаш изгубено. Луѓето без божествената помош би тонеле се подлабоко и подлабоко. Силата и животот мора да ги даде Оној кој што го создал светот. Непостоел друг начин да се спаси човекот.
За Месијата уште било проречено: “Нема да ослабне, ниту ќе изнемошти, здосади ниту ќе се умори, додека не го постави судот на земјата, и островите ќе ја чекаат науката Негова.” Требало да “го направи законот голем и славен.” (Исаија 42:4, 21). Тој не дошол да ја намали неговата важност и значение, туку да го направи уште поголем. Требало да ги исчисти божествените прописи од сите оние тешки формални барања, наметнати од страна на човекот, кои што ги обесхрабриле мнозина што се труделе искрено да Му служат на Бога.
Господовата Реч за Спасителската мисија гласи: “Јас Господ те повикав во праведност, и ќе те држам за рака, и ќе те чувам, и ќе те дадам за завет на народот, светлина на народите; да им ги отвориш очите на слепите, да ги изведеш затворените од затвор и од темнина кои што седат во темнина. Јас сум Господ, тоа е името Мое, и славата Своја нема да ја дадам на друг ниту фалбата Своја на резани ликови. Еве, претходното дојде, и Јасјавувам ново, уште пред да се исполни ви кажувам.” (Стихови 6-9).
Израелевиот Бог сакал да го спаси Сион преку ветеното Семе. “Ќе изникне Фиданка од Јесеевите пенушки; Гранка ќе никне од нејзиниот корен.” “Ете, девица ќе затрудни и ќе роди син, и ќе му стават име Емануел. Масло и мед ќе јаде, додека не научи да го отфрли злото и да го избере доброто.” (Исаија 11:1; 7: 14, 15).
“И врз Hero ќе почива Духот Господов, Духот на мудроста и разумот, Духот на совет и сила, Духот на знаење и страв Господов. Господовиот страв ќе го вдахне, не ќе суди според виденото, ни ќе пресудува според чуеното, туку ќе им суди по праведност на бедните, и прав суд ќе им изрекува на кротките на земјата. Со бичот на словото Свое ќе ја порази земјата, а со здивот на устата Своја ќе го убие безбожникот. Тој со праведност ќе ги препаше бедрата, и со верност бедрата.” “Во оној ден Јесеевиот Корен, ќе биде издигнат како знаме на народите, незнабожците Hero ќе го бараат. И почивалиштето Негово ќе биде славно.” (Исаија 11:2-5, 10).
“Еве го Човек кому му е името Зачетникот;… тој ќе го изгради Господовиотхрам. И Тој ќе ја носи славата, и ќе седне и ќе владее на Својот престол и ќе биде свештеник на престолот Свој.” (Захарија 6:12, 13).
Извор ќе се отвори извор “за гревот и нечистотија” (Захарија 13:1); синовите човечки ќе го чујат блажениот повик:
“О сите вие сте жедни, дојдете при водите;
и вие кои и немате пари, дојдете, купете и јадете.

Да, дојдете, купете вино и млеко, без пари и без плаќање.
Зошто да ги трошите парите за она што не е леб? и заработката своја за она што не сити?
Послушајте ме внимателно Мене, и јадете што е добро, и душата ваша нека ужива во мрсни јадења.
Приклонете го увото и дојдете при Мене, послушајте Me, и душата ваша ќе живее.
Ќе склучам со вас вечен Завет,
Завет на милоста, ветен на Давида.”
(Исаија 55:1-3)
На Израел му било дадено ветување: “Еве, те направив сведок на луѓето, кнез и заповедник на народите. Еве, ќе повикаш народ кого не го познаваш, и народ што не те знае ќе дотрча при Тебе заради Господа, Твојот Бог, и заради Израелевиот Светец, зашто Тој те прослави.” (Стихови 4, 5).
“Ја приближувам Својата праведност, не е веќе далеку, Моето спасение не ќе се забави. Ќе го ставам спасението на Сион за Израел Својата слава.” (Исаија 46:13).
Задачата на Месијата во текот на Неговата земска служба била со зборови и со дела да му укажува на човештвото за славата на Бог Отецот. Тој требало да му ја покаже на паднатото човештво бескрајна Божја љубов со секоја постапка на својот живот, со секој изговорен збор и со секое извршено чудо.
“Искачи се на високата гора, ти кој јавуваш добри вести за Сион, извиши го силно гласот свој, благоизвестителе Ерусалиме, подигни го, не плаши се.
Кажи им на градовите Јудини: Ете го вашиот Бог. Ете, Господ Бог иде со сила и мишката Негова е со власт.
Ете, наградата Му е со него,
и делото Негово пред Hero.
Како пастир ќе го пасе Тој стадото Свое: јагнињата ќе ги земе Тој во Своите раце, и ќе ги носи на градите Свои,
и грижливо ќе ги води доилките.” (Исаија 40:9-11)
“И во тој ден глувите ќе ги чујат зборовите од Книгата, и очите на слепите ќе прогледаат од темнината и мракот.
И кротките се повеќе и повеќе ќе се радуваат во Господа, а сиромасите ќе воскликнуваат во Светецот Израелев.”
Тогаш оние што се заблудени ќе ја познаат мудроста, и непокорните ќе ја примат науката.”
(Исаија 29:18, 19, 24)
Така Господ преку патријарсите и пророците, како и преку модели и симболи му говорел на светот за доаѓањето на Оној кој луѓето ќе ги ослободи од гревот. На други низ пророштва им укажувал за доаѓањето на “Копнежот на сите народи.” (Агеј 2:7). Било точно назначено дури и местото на неговото раѓање и времето кога ќе се појави.
Синот Давидов мора да се роди во градот Давидов. Пророкот рекол дека од Витлеем “ќе излезе…Оној кој ќе биде владетел во Израел чие потекло е од дамнини, од вечни времиња.” (Михеј 5:2).
“И ти Витлееме, земјо Јудина!
По ништо не си помал меѓу војводствата Јудини;
Зашто од тебе ќе излезе водачот
Кој ќе биде Пастир на Мојот народ Израел.”
(Матеј 2:6)
Ангелот Гаврил му го открил на Даниел времето на првото доаѓање како и некои од главните случувања врзани со животното дело на Спасителот. “Седумдесет седмици,” рекол ангелот, “му се одредени на твојот народ и на твојот свет град за да се сврши престапот и да исчезне гревот и да се исчисти беззаконието и да се доведе вечна праведност, и да се запечати видението и да се помаза светиот над светиите.” (Даниел 9:24). Во пророштвото еден ден претставува една година. (Види 4. Мојсеева 14:34). Седумдесет седмици или четиристотини и деведесет дена значи четиристотини и деведесет години. Даден е и почетокот на овој период: “Затоа знај и разбери: откако излезе заповедта Ерусалим повторно да се изгради до помазаникот и водачот ќе има седум седмици, и шеесет и две седмици” – шеесет и девет седмици или четиристотини осумдесет и три години. Наредбата Ерусалим “повторно да се изгради” ја исполнил Артарксеркс Лонгиманус (види Езра 6:14; 7:1, 9) и таа стапила на сила во есента 457 година пред Христа. Сметајќи од таа дата, 483 година достигнува до есента 27 година по Христовото раѓање. Според пророштвото тој период требал да достигне до Месијата, Помазаникот. Исус во 27-та година со крштевањето го примил помазувањето на Светиот Дух и наскоро после тоа ја започнал својата служба. Тогаш била упатена веста: “Времето се исполни.” (Марко 1:15).
Ангелот потоа рекол: “И ќе го утврди заветотсо мнозина за една седмица (седум години).” Евангелието требало да им се проповеда посебно на Евреите во текот на седум години од почетокот на службата на Спасителот; Самиот Христос требал да проповеда три и пол години, а после Hero апостолите. “А во половината од седмицата ќе ги укине жртвата и приносот.” (Данило 9:27). Во пролетта 31-та година по Христа, Христос, вистинската жртва, била принесена на Голгота. Тогаш завесата од храмот се раскинува на половина, што значело дека жртвениот систем ја изгубил својата светост и смисла. Дошол моментот кога требало да престанат земските жртви и приноси.
Една седмица – седум години – завршила во 34-тата година. Тогаш Евреите го каменувале Стефан и засекогаш ја запечатиле својата судбина со отфрлање на Евангелието; учениците што беа расеани заради прогонствата “одеа насекаде проповедајќи ја речта,” (Дела 8:4); и набрзо после тоа се обратил Савле прогонителот и станал Павле, апостол на незнабошците.
Многу пророштва за доаѓање на Спасителот направиле Евреите да живеат во постојано исчекување. Мнозина умреле со вера не примајќи го ветувањето. Но наѕирајќи оддалеку, тие верувале и признавале дека на земјата се само гости и дојденци. Ветувањата кои што уште од времето на Енох се повторувале преку патријарсите и пророците одржувале кај луѓето надеж за Неговото доаѓање.
Бог не го открил веднаш точното време на првото Христово доаѓање; па дури ни тогаш кога ова било објавено во Даниловото пророштво, сите не ја толкувале правилно веста.
Проаѓале векови и векови и најпосле престанале гласовите на пророците. Израел тешко го притискала раката на угнетувачот. Бидејќи Евреите се оддалечиле до Бога, нивната вера се поколебала и надежта не ја осветлувала повеќе иднината. Мнозина не ги разбрале пророчките зборови; оние чија вера требала да остане постојана биле наклонети да извикнат: “Се протегаат деновите, и од виденијата нема да биде ништо.” (Езекиел 12:22). Но денот на Христовото доаѓање бил одреден во небесниотсовет, и “кога се наврши времето, го прати Бог синот свој… да ги искупи оние кои што се под законот, за да можеме да примиме посинување.” (Галатјаните 4:4, 5).
Луѓето мораат да се поучуваат на човечки јазик. Гласникот на заветот мора да говори. Неговиот глас мора да се чуе во Неговиот храм. Тој, авторот на вистината, мора да ја исчисти вистината од плевата на човечките искажувања кои што ја направиле неделотворна. Мораат јасно да се изнесат начелата на Божјата влада и планот на спасението. На луѓето мора јасно да им се изложат поуките на Стариот завет.
Кога Спасителот најпосле се појавил “во обличје човечко,” (Филипјаните 2:7) и ја започнал својата служба на благодат, сатаната имал власт само да Го “касне за петата,” додека секое Христово понизување или страдање го погодувале во глава Неговиот непријател. Срцето на Безгрешиот го исполнувале страдања кои што донеле грев, но Христос, трпејќи ги нападите на грешниците, го плаќал долгот за паднатото човештво и ги ракинувал ланците на ропството, кои што го надвиснувало човештвото. Секоја болка и навреда претставувале допринос за ослободување на човековиот род.
Да можел сатаната да го натера Христос да попушти на само едно искушение, да можел да Го наговори со само една постапка или со една мисла да ја извалка Својата совршената чистота, кнезот на темнината би ликувал над Надежта на човештвото и би го придобил за себеси целиот човечки род. Меѓутоа, сатаната можел само да навредува но не и да го извалка. Можел да предизвика болка, но не и да наметне грев. Тој успеал Христовиот живот да го претвори во низа на конфликти и искушенија, но со секој напад губел од својата власт над луѓето.
Нашиот Спасител го вкрстил оружјето со кнезот на темнината во пустината на искушението, во Гетсиманската градина и на крстот. Неговите рани станале трофеи на Неговата победа во корист на човечкиот род. Сатаната навистина го каснал Христос за петата додека Христос висел на крстот во маки, кога злите духови ликувале и злите луѓе Му се смееле. Но токму во таа прилика Христос и застанал на змијата на главата. Тој со својата смрт го уништил “оној кој имал власт над смртта, т.е. ѓаволот.” (Евреите 2:14). Со овој чин била одлучена судбината на водачот на буната и засекогаш обезбеден планот на спасението. Со смртта тој придобил победа над нејзината сила а со своето воскресение ја отворил вратата на гробот на сите Свои следбеници. Во таа последна борба гледаме исполнување на пророштвото: “Тој ќе ти згазне на главата а ти ќе го каснеш во петата.” (1.Мојсеева 3:15).
“Љубезни, сега сме Божи деца, и уште не се покажа што ќе бидеме; туку знаеме дека кога Тој ќе се покаже, ќе бидеме како Hero, зашто ќе го видиме каков што е.” (1. Јованова 3:2). Нашиот Спасителот го отворил патот по кој и оние најголемите грешници, најсиромашните, најпрезрените и најнемоќните можат да му пријдат на Отецот.
“Господе, ти си Бог мој,
Ќе те возвишувам,
Ќе го восфалам името твое,
Зашто изврши прекрасно дела;
Твоите Намери се уште од дамнина, тие верни и вистинити.”
(Исаија 25:1).

Сподели го ова:

Слични објави