50. Ездра, свештеник и книжевник

Околу седумдесет години по враќањето на првата група на заробеници под Зоровавел и Исус, на Медо-Персискиот престол дошол Артарксеркс Лонгиманус. Името на овој цар е врзано со света историја преку цела низа значајни случувања. За време на неговото владеење живееле и работеле Езра и Неемија. Тој е оној кој во 457 година пред Христа издал…

49. Во времето на царицата Естира

Користејќи се со наклонетоста на Кир, скоро педесет илјади заробеници ја послушале заповедта со која било овозможено нивното враќање. Меѓутоа, во споредба со стотини илјади растурени по разните области на Медо-Персија, овие педесет илјади го представувал само остатокот. Повеќето Израелци одлучиле да останат во земјата на робството за да не се изложуваат на потешкотии од…

48. „Ниту со сила, ниту со крепост“

Веднаш no видението за Исус и Ангелот, пророкот Захарија примил вестза делото на Зоровавел. “Потоа се врати ангелот кој што ми говореше,” рекол Захарија, “и ме разбуди како човек кога се буди од сон и ми рече: што гледаш? А јас одговорив: гледам, ете светилник сиот од злато, со чаша за масло, врз него; и…

47. Исус и ангелот

Постојаното напредување во изградбата на храмот предизвикало големо незадоволство и вознемиреност кај војската на злото. Сатаната одлучил со сите сили да работи за да го ослабне и обесхрабри Божјиот народ, укажувајќи му на недостатоците на неговиот карактер. Кога тие, кои толку долго страдале заради престапувањата на Божјите заповеди, би можеле да бидат наведени повторно да…

46. Божјите пророци помагаа

Недалеку од Израелците кои што работеле на обновување на храмот, живееле Самарјаните. Тие биле мешавина настаната од взаемно женење и мажење на незнабожци населени тука од Асирија и остатокот од десетте племиња кои што останале во Самарија и Галилеја. Самарјаните со текот на времето почнале да тврдат дека се почитувачи на вистинскиот Бог, но во…

45. Враќањето на изгнаниците

По заробеништвото Појавата на Кировата војска пред ѕидовите на Вавилон била за Евреите знак дека се приближува нивното ослободување од заробеништво. Повеќе од едно столетие пред раѓањето на Кир, пророштвото го споменало по име и го запишало делото кое ќе го изврши при ненадејното заземање на градот Вавилон и во подготовката за патотза ослободување на…

44. Даниел во лавовска јама

 Ова поглавје се базира на Даниел 6 главаKora Дариј Мидјанинот го преземал престолоткој пред тоа припаѓал на вавилонските владетели, тој веднаш пристапил кон преуредување на власта. Тој “постави над царството сто и дваесет управители;… а над нив тројца старешини, од кои еден беше Даниел, на кого управителите ќе му даваат сметка за да не биде…

43. Невидлив стражар

 Ова поглавје се базира на Даниел 5. главаПред крајот на Даниеловиот живот дошло до големи промени во земјата во која пред шеесет години тој и неговите другари биле доведени во ропство. Умрел Навуходоносор, “најужасниот помеѓу народите,” и Вавилон, “фалбата на целата земја,” под неразумна управа на неговите наследници се распаѓал постепено но сигурно. (Езекиел 28:7;…

42. Вистинска големина

Иако воздигнат до пиедесталот на земските почести и признат дури и од страна на Најголемиот како “цар над царевите” (Езекиел 26:7), Навуходоносор сепак од време на време ја препишувал својата слава и сјајот на своето владеење на Господовата благонаклоност. Така било после неговиот сон за големиот кип. Тоа видение длабоко влијаело врз неговата душа, како…

41. Огнена печка

Ова поглавје се базира на Даниел 3. главаСонотза големиот лик, кој на Навуходоносор му ги открил случките до крајот на земската историја, бил даден за тој да разбере каква улога треба да одигра во историјата на светот и во каков однос би требало да биде неговото царство кон небесното царство. Во толкувањето на сонот јасно…