38. Светлина низ темнина

Сподели го ова:

Мрачните години на уништување и смрт кои го одбележаа крајот на јудејското царство би го довеле во очај и најтврдото срце доколку не биле пророчките охрабрувања на Божјите гласници. Преку Еремија во Ерусалим, преку Даниел на вавилонскиот двор, преку Езекиел на бреговите на Хебар, Господ во Својата милостјасно ја објавил Својата вечна намера и дал уверување дека е подготвен на Својот избран народ да му ги исполни ветувањата запишани во Мојсеевите книги. Она што рекол дека ќе го направи за оние кои ќе Му се покажат верни, сигурно ќе се случи. “Словото на живиот Бог… живее и пребива во сите векови.” (1. Петрово 1:23).
Во деновите кога талкале низ пустината, Господ обилно се погрижил Своите деца да се сеќаваат на зборовите од Неговиот закон. По населувањето во Ханан, божествените уредби требале секојдневно да се повторуваат во секој дом; тие требале да бидат јасно испишани на рамките од вратите и портите и спомен-плочите. Требале да бидат проследени со музика и песни од младите и старите. Свештениците требале да поучуваат за овие свети уредби на јавните собири, a владетелите на земјата требале од нив да направат предмет на своето секојдневно проучување. “Поучувај се од неа дење и ноќе,” му заповедал Бог на Исус Навин за книгата на законот, “за да разбереш како ќе го извршуваш се она, што е напишано во неа; зашто тогаш ти ќе имаш успех во патиштата твои и умно ќе постапуваш.” (Исус Навин 1:8).
Исус Навин го поучувал целиот Израел на Мојсеевите книги. “Од се она, што Мојсеј му беше заповедал на Исуса, немаше ни збор, што Исус не го прочита пред целото израелско собрание, пред мажите и жените и децата и придојдените, што се најдоа меѓу нив” (Исус Навин 8:35). Ова било во согласност со изразената наредба на Јехова која барала јавно повторување на зборовите од книгата на законот секоја седма година, за време на празникот Сеници. “Собери го народот, мажите, жените, децата и придојдените свои, што се наоѓаат во градовите ваши”, биле упатени духовните водачи на Израел, “за да чујат и да се научат да се плашат од Господа, вашиот Бог, и да пазат да ги исполнуваат сите заповеди од овој закон; и синовите нивни, кои не го знаат тоа, ќе чујат и ќе се научат да се плашат од Господа, вашиот Бог, преку сите денови, додека живеете во земјата, за која ќе го минете Јордан, за да ја наследите.” (5. Мојсеева 31:12,13).
Доколку овој совет бил послушан низ вековите што следеле, колку поинаква би била историјата на Израел! Единствено доколку во срцата на народот се негувала почит кон Божјата Света Реч, тој можел да се надева дека ќе ја исполни божествената намера. Почитта кон Божјиот закон му дала сила на Израел за време на владеењето на Давид и раните години од владеењето на Соломон; Преку верата во живата реч била извршена реформација во времето на Илија и Осија. И преку истите тие писма на вистината, најголемото наследство на Израел, Еремија во своите напори повикувал на реформа. Каде и да служел, тој ги пресретнувал луѓето со искрена молба: “Чујте ги зборовите на овој завет,” зборови кои ќе ги довеле до потполно разбирање на Божјиот план, да им го пренесат знаењето за спасоносната вистина до сите народи. (Ер.11:2)
Во завршните години од отпадништвото на Јудеја овие предупредувања на пророците имале малку влијание; и кога халдејската војска дошла за трет и последен пат да го опколи Ерусалим, надежта исчезнала од секое срце. Еремија предвидел целосно разурнување; и поради неговото инсистирање да се предадат, тој конечно бил фрлен во затвор. Но, Бог не го оставил верниот остаток кој се уште бил во градот на безнадежно очајување. Дури и во времето кога Еремија бил под строг надзор од страна на оние кои ги прекорувале неговите пораки, тој добивал нови откровенија во врска со Небесната подготвеност да прости и спаси, што бил верен извор на утеха за Божјата црква од тој ден до денес.
Цврсто држејќи се за Божјите ветувања, Еремија, преку одиграна приказна, ја илустрирал пред жителите на осудениот град својата силна верба во конечното остварување на Божјиот план за Неговиот народ. Во присуство на сведоци, и со грижпиво почитување на сите неопходни законски норми, тој за седумнаесет сикли сребро купил една нива во околината на селото Анатот.
Од секоја човечка гледна точка, ваквото купување на земја во територија која веќе била под контрола на Вавилонците би делувала како неразумно дело. Самиот пророк го прорекувал уништувањето на Ерусалим, запустувањето на Јудеја и потполното разурнување на царството. Тој пророкувал долг период на заложништво во далечниот Вавилон. Веќе навлезен во години, тој не можел да се надева дека некогаш ќе има лична корист од оваа зделка. Сепак, неговото проучување на ветувањата запишани во Писмото, во неговото срце создале цврсто убедување дека Господ планира да им го обнови на децата на заложништвото нивниотстар имотво Ветената земја. Со окото на верата Еремија ги видел изгонетите како, откако ќе истече времето на неволјата, се враќаат и повторно ја заземаат земјата на нивните татковци. Преку купениот имот во Анатот, тој сакал да го стори она што може за да ја разбуди кај другите онаа надеж која донела толку голема утеха во неговото срце.
Потпишувајќи го договорот за купопродажба и обезбедувајќи потписи од сведоци, Еремија го назначил неговиот помошник Варух: “земи ја оваа книга, договоров за купопродавање, која е потпечатена и оваа отворена книга, и стави ги во глинен сад, за да останат таму долго време. Оти, така вели Господ Саваот, Бог Израилев: во оваа земја пак ќе се купуваат куќи, ниви и лозја.” (Еремија 32:14,15).
Изгледите на Јудеја биле толку обесхрабрувачки во времето на оваа чудна зделка, што веднаш по завршувањето на деталите околку купопродажбата и зачувувањето на документите верата на Еремија, иако толку цврста, сега била остро искушана. Дали тој, во својот напор да ги охрабри Јудејците, делувал самоуверено? Во својата желба да разбуди доверба во Божјата реч, дали поставил темели за лажна надеж? Оние кои влегле во заветна заедница со Бога, веќе одамна ги презреле нештата направени во нивна полза. Можат ли ветувањата за избраниот народ некогаш да се исполнат во потполност?

Сметен во духот, наведнат од жалост над маките на оние кои одбиле да се покајат за своите гревови, пророкот повикал кон Бога за натамошни просветлувања во врска со божествениот план со човештвото.
“О, Господи Боже!” – молел тој, “Ти ги создаде небото и земјата со силата Твоја голема и со подигната мишка; за Тебе не постои ништо премногу тешко; Ти покажуваш милост на илјадници и за гревовите на татковците нивни им отплаќаш на децата нивни по нив; Боже Велики, Силни, Кому името Му е Господ Саваот, Голем во замисли и силен според делата, Чии очи се отворени врз сите патишта на синовите човечки, за да отплатува секому според патиштата негови и според плодовите на делата негови: Кој изврши чудеса и покажа знаци во земјата египетска, а извршуваш и до денес во Израелот и меѓу сите луѓе, и Си создаде име, како во оној ден, па го изведе Твојот народ Израелот од земјата Египетска со знаци и чудеса, со силна рака и крената мишка и со големи стравотии. И им ја даде оваа земја, која со клетва им ја беше ветил на татковците нивни, дека ќе им ја дадеш, земја, каде што тече мед и млеко. Тие влегоа и ја зазедоа, но не го слушаа гласот Твој и не одеа по законот Твој, не вршеа ништо од она што им беше заповедал да прават, па заради тоа Ти го испрати врз нив сево ова зло.” (Стихови 17-23).
Војската на Навуходоносор само што не ги завземала Сионските ѕидини. Илјадници гинеа во последната очајничка одбрана на градот. Уште многу повеќе умреле од глад и болести. Судбината на Ерусалим веќе била запечатена. Кулите кои непријателот ги изградил во текот на опсадата веќе ги надвишувале градските ѕидини. “Ете, насипите,” продолжил пророкот во својата молитва до Бога, “дојдоа до градот за да го преземат; и градот ќе падне во рацете на Халдејците кои се нафрлаат врз него со меч, глад, и помор; се што рече Ти, се исполнува, и еве, Ти го гледаш тоа. Ти, Господи Боже, ми рече: купи си нива за сребро и повикај сведоци тогаш кога градот се предава во рацете на Халдејците.” (Стихови 24, 25).
На молитвата на пророкот било милостиво одговорено. “И би слово Господово до Еремија” во тој неволен час, кога верата на гласникот на вистината била искушана како со оган.
“Еве, Јас сум Господ, Бог на секоја плот; има ли нешто, што е премногу тешко за Мене?” (Стихови 26, 27). Градот наскоро требал да падне во рацете на Халдејците; неговите порти и градби требале да бидат запалени и изгорени; но, без оглед на фактот што уништувањето било целосно и што жителите на Ерусалим требале да бидат одведени во заложништво, непроменливата цел на Јехова за Израелот допрва требала да се исполни. Во натамошниот одговор на молитвата на Својот слуга, Господ изјавил за оние врз кои паѓале Божјите казни:
“Еве, Јас ќе ги соберам од сите страни, во кои бев ги расеал во гневот Свој, во јароста Своја и во големото негодување, па ќе ги вратам на ова место и ќе им дозволам да живеат спокојно. Тие ќе бидат Мој народ, и Јас ќе им бидам Бог. И ќе им дадам едно срце и еден пат, за да се бојатод Мене во текот на сите дни од животот нивни, за нивно добро и за добро на децата нивни по нив. Па ќе склучам со нив вечен завет, според кој нема да се одвратам од нив и ќе им правам добрини, и ќе вложам во срцата нивни страв од Мене, за да не отстапуваатод Мене. И ќе се радувам за нив, правејќи им добро, и ќе ги населам цврсто на оваа земја – со сето Свое срце и со сета Своја душа.”
“Зашто така вели Господ: како што го испратив ова големо зло врз оној народ, така ќе испратам врз нив секакво добро што го изреков за нив. И тие ќе купуваат ниви во оваа земја, за која велат: – тоа е пустина, без луѓе, без добиток, предадена во рацете на Халдејците; ќе купуваат ниви за сребро, ќе потпишуваат купопродажни книги, ќе ги потпечатуваат и ќе повикуваат сведоци – во земјата на Венијамина, во ерусалимската околина и во градовите на Јуда, во планинските градови, во градовите на полето и во јужните градови; бидејќи ќе ги вратам заробените нивни, вели Господ.” (Стихови 37-44).
Како потврда во овие уверувања за избавување и обнова “словото Господово дојде до Еремија по втор пат, додека тој беше сеуште затворен во дворот на затворот, велејќи:
“Вака зборува Господ, Кој ја создаде земјата, ја вообличи и ја зацврсти – Кому името му е Господ; повикај Me, и ќе ти одговорам и ќе ти покажам големи и недостижни нешта за кои не знаеш ништо. Зашто вака вели Господ, Израилевиот Бог, за куќите на овој град и за куќите на јудејските цареви, кои се разурнати заради насипи и меч; . . . Ете, Јас ќе ги исцелам и здравје ќе им дадам, ќе ги исцелам и ќе им пружам изобилство на мир и вистина. Ќе ги вратам заробените на Јуда и заробените на Израелот и ќе ги подигнам како порано. Ќе ги очистам од секое нивно беззаконие, со кое згрешија пред Мене, и ќе им ги простам сите нивни гревови … и Ерусалим ќе Ми биде радост, за фалба и за чест пред сите народи на светот, кои ќе чујат за сето добро што ќе им го направам: ќе се восхитуваат и ќе се чудат на сета онаа среќа во мирот, што ќе им ја дадам.”
“Господ зборува вака: На ова место за кое што велите дека е пустина без човек и без животинче – во јудејските градови и по запуштените ерусалимски улици пак ќе се разнесуваат извици на радост, извици на младоженецот и на невестата… воскликнувањата на оние кои што ќе велат: Славете го Господа на воинствата, зашто Господ е благ, затоа што Неговата милост пребива вечно: и воскликнувањата на оние кои ќе принесуваат жртви благодарници во Господовиот дом. Зашто Јас ќе ги вратам заробените од оваа земја во нивната поранешна состојба, вели Господ.”
“Така вели Господ: Повторно на ова место, кое е пусто без човек и без животинче, и во сите негови градови пак ќе има живеалишта на пастири, кои ќе ги одмараат своите стада. Во планинските градови, во градовите на полето и во јужните градови, и во земјата на Венијамина, и во ерусалимските предградија, и во градовите Јудини пак ќе врват стада под раката на оној што ќе ги пребројува, вели Господ.”
“Ете, доаѓаатденови, вели Господ, кога ќе го исполнам доброто ветување што им го дадов на Израеловиот дом и на домот Јудин.” (Еремија 33:1-14).
Така утеха примила заедницата Божја во едно од најмрачните периоди на својата долга борба со силите на темнината. Се чинело како да сатаната триумфирал во своите напори да го уништи Израел, меѓутоа Господ бил посилен од моменталните околности, така што во годините кои што следеле им дал можности на Својот народ да го откупат минатото. Неговата порака до заедницата гласела:
“He бој се Јакове, слуго Мој; не плаши се , О Израеле: зашто еве, ќе те спасам од далеку, и твоето потомство од земјата на нивното заробеништво; и Јаков ќе се врати, ќе живее спокојно и мирно и никој нема да го заплашува. Оти Јас сум со тебе, вели Господ – за да те избавувам.” “Јас ќе те исцелам и раните твои ќе ги излечам.” (Еремија 30:10, 11, 17).
Во тој радосен ден на обновата, поделените племиња на Израел ќе се соединатвоеден народ. Господ ќе биде признат како владетел над “сите семејства во Израел.” “Тие ќе бидат Мој народ,” Тој објавил. “Воскликнувајте му од радост на Јакова, поздравете го бурно првенецот на народите: разгласувајте, славете и кажувајте: О Господе, спаси го Твојот народ, остатокот на Израел. Ете, Јас ќе ги доведам од северната земја и ќе ги соберам од земните краишта, и слеп и хром;. . . тие тргнаа со плачење и со молитви ќе ги доведам назад; ќе ги поведам покрај потоци со води, по рамен пат по кој нема да се сопнуваат: зашто Јас сум му Татко на Израел, и Ефрем е Мојот првороден. (Еремија 31:1, 7-9)
Понизени пред другите народи, оние кои некогаш небото ги возвишило над народите на земјата, морале во прогонство да ја научат лекцијата за послушност, толку неопходна за нивната идна среќа. Се додека не ја научат таа лекција, Бог не можел да стори за нив ништо од она што Тој посакувал да го направи. “Ќе те казнам по мерка, но неказнет нема да те оставам,” (Еремија 30:11) изјавил Бог, објаснувајќи им ја својата намера да ги казни заради нивното духовно добро. Меѓутоа, Тој не сакал засекогаш да ги отфрли оние кои што биле предмет на Неговата нежна љубов. Тој пред сите народи на земјата ќе покаже дека Неговиот план е најочигледниот пораз да го претвори во победа, да спаси а не да уништи. На пророкот му била дадена пораката:
“Оној што го распрсна Израелот ќе го собере и ќе го пази како што го прави тоа пастирот со своето стадо. Затоа што Господ го откупи Јакова и ќе го избави од раката на оној кој што беше посилен од него. И, ќе дојдат и ќе пеат на сионските височини, ќесе стрчаат кон добрата Господови, кон пченицата, виното и маслото, кон јагнињата и телињата: и душата нивна ќе им биде градина напоена со вода и веќе нема никогаш да тагуваат воопшто … и тагата нивна ќеја претворам во радост, и ќе ги утешам, и ќе ги зарадувам по нивната болка. И ќе ја нахранам душата на свештениците со мрсно, и Мојот народ ќе се насити со Мојата добрината, вели Господ.
“Така вели Господ Саваот, Бог Израилев: Во иднина, кога ќе ги вратам робовите нивни, тие по земјата на Јуда и во неговите градови ќе го кажуваат овој збор: Господ нека те благослови, живеалиште на правда, горо на светоста. И ќе се насели во неа Јуда и во сите негови градови заедно, земјоделците и оние кои што одат по стадата. Бидејќи Јас ќе ја напојам изморената душа и ќе ја наситам секоја малаксана душа.”
“Ете, настапуваат дни, вели Господ, и ќе склучам со домот Израилев и со домот на Јуда нов завет. He онаков завет, каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за раце, за да ги изведам од египетската земја; тој завет тие го нарушија, иако Јас им бев нивни сопруг, вели Господ. Но еве го заветот, што ќе го склучам со домот Израилев; по оние дни, вели Господ: ќе го вложам Мојот закон во утробата нивна, и ќе го напишам ви нивните срца и Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Мој народ. И нема повеќе да се поучваат еден со друг, и секој човек својот брат, и да зборуваат познајте Го Господа, оти сите тие, од мал до најголем, ќе ме познаваат, вели Господ, бидејќи ќе им ги простам беззаконијата нивни, и за гревовите нивни нема веќе да си спомнувам.” (Еремија 31:10-14, 23-25, 31-35)

Сподели го ова:

Слични објави