6. Поделба на царството

Сподели го ова:

“И Соломон почина при татковците свои и беше погребан во градот на татка си Давида: а место него се зацари синот негов Ровоам” (1. Царства 11:43).
Набрзо по стапувањето на престол Ровоам отишол во Сихем, очекувајќи таму сите племиња свечено да го признаат. “Ровоам отиде во Сихем, зашто во Сихем се беа собрале сите Израелци, за да го избератза цар” (2. Летописи 10:1).
Помеѓу присутните се наоѓал и Јеровоам, синот Наватов, оној истиот кој за време на владеењето на Соломон бил познат како “силен и храбар,” на кого пророкот Ахиј Силомеецот му дал неочекувана вест: “Ете ќе го истргам царството од раката на Соломона и тебе ќе ти дадам десет племиња.” (1. Царства 11: 28-31).
Господ преку својот гласник јасно му укажал на Јеровоам на неопходноста за поделба на царството. До поделба мора да дојде, рекол Господ “Ова е поради тоа, што тие Me оставија и почнаа да и се клањаат на Астарта, сидонската божица, и на Хемоса, моавскиот бог, и на Мелхома, амонскиот бог, и не одеа по Моите патишта, за да го вршат она, што е угодно пред Моите очи, и да ги пазат Моите наредби и Моите заповеди, како татко му Давид.” (1. Царства 11:33).
Освен тоа на Јеровоам му било речено дека царството не смее да се дели пред да заврши Соломоновото владеење. Господ рекол: “Јас нема да го одземам целото царство од раката негова, туку го оставам да владее до крајот на својот живот заради Мојот слуга Давид, кого го избрав и кој ги пазеше Моите заповеди и Моите наредби: но ќе го одземам царството од раката на синот негов и десет племиња од него ќе ти ги дадам тебе.” (Стихови 34, 35).
Иако Соломон сакал Ровоам, својот избран наследник, да го подготви мудро да ја дочека кризата која ја прорекол пророкот Божји, никогаш не бил во состојба доволно силно да влијае во вистински правец на разумот на својот син, чие воспитување во деството било занемарено. Ровоам од својата мајка, една Амонка, наследил колеблив карактер. Едно време се трудел да му служи на Бога и постигнувал извесни успеси, но не бил постојан и на крајот потпаднал под влијание на злото кое го опкружувало уште од детството. Грешката во животот на Ровоам и неговиот конечен отпад сведочат за ужасните последици на Соломоновата врска со идолопоклоничките жени.
Племињата долго поднесувале тешки неправди и угнетувања од страна на претходниот владетел. За да си ги задоволи своите расипнички навики, Соломон во периодот на своето отпадништво му наметнувал на народот огромни даноци и барал прекумерна физичка работа. Пред да пристапат на крунисување на новиот владетел, водечките луѓе од сите племиња одлучиле најнапред да утврдат дали Соломоновиот син има намера да ги олесни тие товари. “Така Јеровоам и сиот Израел, и му говореа на Ровоам вака: Твојоттатко ни наложи тешко бреме: ти пак олесни ни го тешкото ропство од татка ти и тешкото бреме, што ни го наложи тој, и ние ќе ти служиме.
Сакајќи да разговара со советниците пред да ја изложи својата политика, Ровоам им одговори: По три дена дојдете пак при мене. и народотсе разотиде. Се посоветува царот Ровоам со старешините, што стоеја пред татка му Соломона, додека беше жив, и им рече: Што ќе ме посоветувате да му речам на овој народ? Тие му одговорија: Ако бидеш добар спрема овој народ и му угодиш, ако му говориш благи зборови, тој ќе ти служи во сите дни.” (2. Летописи 10:3-7).
Незадоволен од таквиот совет, Ровоам им се обратил на младите со кои се дружел во детството и младоста и ги запрашал: “Што ќе ме посоветувате да им одговорам на оние луѓе, што ми рекоа и кажаа: Олесни ни го бремето, што ни го наложи татко ти?” (1. Царства 12:9). Младите го посоветувале строго да постапува со поданиците на своето царство и од самиот почеток јасно да им покаже дека нема да дозволи никакво мешање во своите лични работи.
Поласкан од изгледите на неприкосновена власт, Ровоам одлучил да го отфрли советот на старците во своето царство и за свои советници да ги земе младите. И така, кога “дојде Јеровоам и сиот народ кај Ровоам, како што им беше кажал царот”, да ја чујат изјавата за политиката која има намера да ја спроведува, Ровоам …’’грубо му одговори на народот,” велејќи: “Татко ми ви наложи тежоктовар, јаспак, ќе гозголемам вашиот товар: татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ќе ве казнувам со скорпии.” (Стихови 12-14).
Да ја разбереле божествената волја Ровоам и неговите советници во поглед на Израел, тие би излегле во пресрет на барањата на народот да се изврши одлучна реформа во начинот на владеење. Меѓутоа, тие ја пропуштиле можноста која им се давала на состанокот во Сихем, не размислувале за причините и последиците, и така засекогаш го ослабнале своето влијание над поголемиот дел од народот. Нивната решеност да го продолжат па дури и да го зголемат угнетувањето, кое започнало од Соломоновата влада, била во спротивност со Божјиот план за Израел и му дала на народот повод да се посомнева во искреноста на нивните побуди. Во овој обид непромислено и бесчувствително да владеат, цароти неговите избрани советници покажале гордост заради положбата и власта.
Господ не му дозволил на Ровоам да ја спроведе политиката која ја изложил. Меѓу племињата имало илјадници луѓе кои, премногу огорчени од угнетувањето за време на Соломон, сметале дека не им преостанува повеќе ништо друго освен токму сега да се побунат против Давидовиот дом. “И сите Израелци видоа, дека царот не ги послуша. Тогаш луѓето му одговорија на царот и рекоа: Каков дел имаме кај Давида? За нас нема дел кај синот Јесеев: по шаторите свои, Израеле! Гледај си го својот дом Давиде! И Израел се разотиде по шаторите свои.” (Стих 16).
Се покажало дека расцепот предизвикан од непромислените зборови на Ровоам бил непоправлив. Дошло до поделба на дванаесетте племиња Израилеви: Јудиното и Венијаминовото племе сочинувале од тогаш долно или јужно Јудино царство под управа на Ровоам, додека десетте северни племиња си создале и сочинувале посебна управа, познато како царство Израилево со Јеровоам како владетел. Така се исполниле зборовите на пророкот за поделбата на царството. “Зашто Господ беше така уредил.” (Стих 15).
Кога Ровоам видел дека десет племиња му одрекуваат послушност, тоа го натерало нешто да превземе. Преку некои влијателни луѓе од своето царство, Адонар, “управникот над даноците”, се обидел да се помири со нив. Но гласникот на мирот наишол на прием кој сведочел за непријателски чувства кон Ровоам. “Но целиот Израел го посипа со камења та го убија”. Запрепастен од таа побуна, “царот Ровоам брзо се качи во колата, за да избега во Ерусалим.” (Стих 18).
Кога дојде во Ерусалим “собра од целиот Јудин дом и од коленото Венијаминово сто и осумдесет илјади избрани војници, за да војуваат против Израилевиот дом и да му го возвратат царството на Соломоновиот син Ровоам. И би словото Божјо кон Семеја, човек Божји, и беше речено: Кажи му на Соломоновиот син Ровоама, царот јудејски, и на целиот Јудин и Венијаминов дом и на другиот народ: вака вели Господ: ,Не одете и не почнувајте војна против вашите браќа, Израилевите синови: вратете се секој во домот свој, бидејќи тоа беше од Мене. И тие ги послушаа Господовите зборови и се вратија дома според словото Господово. Јеровоам го изгради Сихем на Ефремовата гора и се насели во него: оттамутргна и го изгради Фануил.” (Стихови 21-24).
Три години Ровоам настојувал да извлече поука од жалното искуство кое го стекнал на почетокот од своето владеење, и во тоа настојување имал успех. Тој “соѕида тврди градови во земјата Јудина”, и “ги утврди тие градови, намести во нив заповедници и остави за жито и за масло и за вино”, грижејќи се особено да “ги утврди силно.” (2. Лет. 11:5, 11, 12). Но тајната на Јудиниотуспех во првите години на Ровоамовото владеење не лежела во тие мерки. Племињата Јудино и Венијаминово се наоѓале во поволна положба благодарејќи на тоа што го признавале Бога како врховен владетел. Кон нив се припоиле многу богобојазни луѓе од северните племиња. Во записот се вели: “Од сите племиња Израилеви, кои го управија срцето свое да Го бараат Господа, Бога Израилев, одеа во Ерусалим, за да Му принесат жртви на Господа, Бога на татковците свои. Тие го зацврстија царството Јудино и го поддржуваа Соломоновиотсин Ровоама три години, зашто одеа по патот на Давида и Соломона во тие три години. (Стихови 16, 17).
И понатаму да одел по тој пат, на Ровоам би му се дала можност во голема мерка да ги исповеда минатите гревови и да се здобие со доверба во своја способност праведно да владее. Но вдахновеното перо забележало жалосен извештај за Соломоновиот наследник како човек кој ја пропуштил можноста своето силно влијание да го стави во служба на Јехова. И покрај тоа што по природа бил тврдоглав, самоуверен, самоволен и склон кон идолопоклонство, тој сепак би стекнал силен карактер, цврста вера и навика да се покорува на божествените барања, потполно да се потлрел на Бога. Меѓутоа, времето си течело и царот се повеќе се потпирал на силата на својата позиција и на градовите кои ги утврдил. Малку по малку попуштал на наследените слабости и на крајот потполно прешол на страната на идолопоклонството. “А кога Ровоам го утврди царството свое и кога го засили, го остави законот Господов и целиот Израел со него.” (2. Летописи 12:1).
Колку се жални и полни со значење зборовите: “и целиот Израел со него!” Народот кој Г оспод го избрал да биде светлина на околните народи, се одвоил од Изворот на силата настојувајќи да стане сличен на нив. Како што било тоа во Соломоновиот случај, така било и за владеењето на Ровоам: влијанието на лошиот пример ги одвело мнозина на раскрсница. Тоа исто, во голема или помала мерка, важи за сите оние кои прават зло – влијанието на лошите постапки не се ограничува на оној кој врши зло. Никој не живее сам за себе. Никој не пропаѓа сам во своето беззаконие. Сечиј живот е светлина која го осветлува и развеселува патот на другите, или паксо своите мрачни и погубни влијанија ги носи во очајание и пропаст. Ние ги водиме другите или нагоре кон среќа и бесмртен живот, или надолу кон болки и вечна смрт. Ако со своите дела ги засилуваме или ги форсираме злите сили на активност во оние кои се наоѓаат околу нас, ние учествуваме во нивниот грев.
Бог не дозволил отпадништво во Јудината земја да остане неказнето. “На петтата година од Ровоамовото царување Сусаским, египетскиот цар, се крена против Ерусалим, – зашто беа отстапиле од Господа, – со илјада и двесте коли и шеесет илјади коњаници: а дојдениот од Египет со него народ број немаше…и ги превзеде утврдените градови во Јудеја и стигна до Ерусалим.
Тогаш пророкот Самеј дојде при Ровоама и при јудејските кнезови, што се беа собрале во Ерусалим, за да се спасат од Сусаскима, и им рече: Вака вели Господ: ,Вие Me оставивте, затоа и Јас ве оставам во рацете на Сусаскима.” (Стихови 2-5).
Народот сеуште не бил толку западнат во отпадништво за да го презре Божјиот суд. Во губитоците кои ги претрпеле во текот на нападот од страна на Сисак, тие ја препознале раката Божја и се понизиле за извесно време. “Праведен е Господ”, признале.
“Кнезовите Израилеви и царот се понизија и рекоа: Праведен е Господ! Кога виде Господ дека тие се понизија, дојде словото Господово до Самеја и беше речено: Нема да ги погубам, а скоро ќе им дадам избавление: Мојот гнев нема да се излее врз Ерусалим преку раката Сусакимова: сепак тие ќе му станат слуги, за да знаат што е тоа да Ми служат Мене и да им служат на земните царства. Египетскиот цар Сусаским дојде во Ерусалим и ги одзеде ризниците на домот Господов и ризниците на царскиот дом: одзеде се, ги одзеде и златните штитови, што ги беше направил Соломон. Но царот Ровоам направи место нив бакарни штитови и ги предаде во рацете на старешините над чуварите, што го чуваа влезот во царскиот дом…и кога тој се понизи, гневот Господов се одврати од него и не го погуби до крај: па и во Јудеја имаше нешто добро.” (Стихови 6-12).
Меѓутоа, кога била тргната раката на гневот и кога народот повторно почнал да напредува, мнозина ги заборавиле своите стравувања и повторно се свртеле кон идолопоклонство. Меѓу нив бил и самиот цар Ровоам. Неволјата која надошла до некаде го понизила, но не довела до одлучен пресврт во неговиот живот. Ја заборавил поуката која му ја дал Господ и повторно се оддал на гревови кои ја навлекле казната на неговиот народ. По неколку неславни години во кои “царот чинеше зло, зашто не го управи срцето свое да го бара Господа”, “почина Ровоам кај татковците свои и беше погребан во градот Давидов: а на негово место се зацари Авија неговот син” (Стихови 14, 16).
Со поделбата на царството во првите години на Ровоамовото владеење почнала да опаѓа славата во Израел и никогаш повеќе потполно не се вратила. Во наредните векови.од време на време, на престолот Давидов доаѓале луѓе со морални вредности и далекувидно расудување, па благословите кои под нивна власт почивале врз Јудиното царство ги чувствувале и околните народи. Од време на време името Господово се воздигало над лажните богови и луѓето го почитувале Неговиот закон. Повремено се појавувале силни пророци да ја охрабрат раката на владетелот и да го охрабрат народот и понатаму да остане верен. Но никогаш не било сосем уништено семето на злото кое почнало да се развива уште кога Ровоам стапил на престолот, така што некогаш возљубениот Божји народ паѓал толку ниско што служел за подбив на незнабошците.
Меѓутоа, покрај изопаченоста на оние кои се приклониле на незнабожечките обичаи, Бог полн со милост правел се што било во Негова моќ да го спаси од пропаст разделеното царство. И покрај тоа што луѓето кои што биле вдахнати со сатанска сила се обидувале со текот на времето да ги расипат Божјите планови за Израел, Тој сепак ја исполнувал својата љубов кон избраниот народ, одведувајќи ги во ропство и повторно ослободувајќи ги.
Поделбата на царството било само почеток на една прекрасна историја во која дошле до израз добрината и големата Божја милост. Од огнот на искушенија низ кој поминувале заради своите вродени и стекнати склоности кон зло, оние кои Бог сакал да ги очисти за да создаде од нив посебен народ “кој копнее за добри дела”, морале на крај да признаат:
“Нема сличен на Тебе, Господи! Ти се велик и името Твое е велико со Твојата моќ. Кој не ќе се бои од Тебе, Царе над народите?…Меѓу сите мудреци кај народите и во сите царства нема сличен на Тебе. А Господ е вистинскиот Бог: Тој е живиот Бог и вечен Цар…” (Еремија 10:6, 7, 10).
И идолопоклониците на крај морале да увидат дека лажните богови не се во состојба да воздигнат и спасат. “Боговите кои не ги создале небото и земјата, ќе ги снема од земјата и под небото.” (Еремија 10:11). Човекот може да најде мир и спокојство само во служба на живиот Бог, Творецот и Владетелот на сите нешта.
Најпосле, заеднички, искараниот Израел и Јуда во покајание го обновиле својот завет во послушност на Господа над војските, Бог на нивните татковци, и запеале за Hero:
“Тој ја создаде земјата со силата Своја, ја утврди вселената со мудроста Своја и со разумот Свој ги распростре небесата.
Од гласот Негов шумат водите небесни,
Тој ги крева облаците од краиштата земни, создава молскавици со дождот и изведува ветар од живеалиштето Свое.
Секој човек станува безумен во своето знаење,
се срамува секој леар со идолот свој,
бидејќи она што го излеал е лага, и во него нема дух.
Тоа е суета, дело на заблуда:
во времето на посетата нивна тие ќе исчезнат.
Делот на Јакова не е како нивниот:
Бидејќи неговиот Бог е создател на се, а Израелот е жезал на неговото наследство:
Господ над воинствата е Неговото име.”
(Стихови 12-16)

Сподели го ова:

Слични објави