59. „Доме Израилев“

Сподели го ова:

Проповедајќи ја вистината на вечното евангелие на сите народи, племиња, колења и јазици, Божјата црква денеска го исполнува древното пророштво: “Израел ќе пушти гранки и ќе расцути, и ќе го исполни името на земјата за плодови.” (Исаија 27:6). Соработувајќи со небесните сили, Исусовите следбеници брзо продираатво пустините земски, и нивната работа вродила со голема жетва на драгоцени души. Ширењето на библиските вистини преку посветувањето на заедницата им донесува денес на човечките синови се повеќе од оние благодети кои што биле проречени преку многу векови во ветувањето дадено на Авраам и на целиот Израел – на Божјата црква во сите времиња: “Ќе те благословам… и ти ќе бидеш благослов.” (1. Мојсеева 12:2).
Во вековите по враќањето на Израел од земјата на неговото робување, ова ветување за благословот требало да се оствари во многу поголема мерка. Божјата намера била целата земја да се подготви за првото Христово доаѓање, токму како денеска што се подготвува патот за Неговото второ доаѓање. Кога истекле горчливите години на прогонство, Бог милостиво дал ветување преку пророкот Захарија на Својот народ Израел: “Ќе се обрнам кон Сион и ќе живеам во Ерусалим: и Ерусалим ќе се вика град на вистината, и гората на Господа над војските света гора.” А за својот народ рекол: “Ете… Јас ќе им бидам Бог, во вистина и во праведност.” (Захарија 8:3, 7, 8).
Овие ветувања се дадени под услов ако Израел биде послушен. Гревовите кои што го обележувале Израел пред ропството, не смееле да бидат повторени. “Судете право,” ги опоменувал Господ оние кои што го обновувале Израел, “и бидете милостиви и жалостиви еден кон друг. И не правете и лошо на вдовицата ниту на сиромавиот, и не мислете зло еден на друг во срцето свое.” “Зборувајте вистина еден на друг; праведно и мирољубиво судете при портите ваши. (Захарија 7:9, 10; 8:16).
Голема е платата, како земската така и духовната, и им била ветена на оние кои се владеат по овие начела на праведноста. “Твоето семе ќе биде успешно,” објавил Господ; “лозата ќе го даде својот плод, и земјата ќе раѓа род свој, и небото ќе ја дава росата своја; и сето тоа ќе го дадам во наследство на остатокот на тој народ. И како што вие, доме Јудин, и доме Израелев бевте проколнати меѓу народите, така ќе ве избавам, и вие ќе бидете благословени.” (Захар. 8:12, 13).
Вавилонското ропство успешно ги излечило Израелците од идолопоклонство. После ропството тие обрнувале големо внимание на проучување на она што во службата е вистинско за Бога, а тоа било запишано во книгата на законот и кај пророците. Обновувањето на храмот им овозможил да продолжат со церемонијалните служби на светилиштето. Предводени од Зоровавел, Езра и Неемија, тие неколку пати се заветувале дека ќе ги држат сите заповеди и уредби Господови. Периодот на напредок кој што потоа наследил претставувал јасен доказ дека Бог е кадар да ги прими и да им прости. Меѓутоа, тие во кобна кратковидостповторно го свртеле грбот на својата прекрасна иднина и себично го чувале само за себе она што можело да донесе исцелување и духовен живот на милиони луѓе.
Во времето на Малахија посебно јасно се покажал нивниот пропуст да ги исполнат Божјите намери. Господовиот гласник строго ги осудувал злата заради кои Израел ја губел својата земска среќа и духовна сила. Укорувајќи ги престапниците, пророкот не ги штедел ниту свештениците ниту народот. “Бремето на зборовите Господови кон Израел преку Малахија” биле дека не смеат да ги заборават поуките од минатото и дека мора верно да се чува заветот кој што Господ го направил со домот Изралев. Единствено оние кои што би се покајале искрено, би можеле да примат Божји благослов. “Затоа,” повикувал пророкот, “молете му се на Бога да се смилува на нас.” (Малахија 1:9).
Меѓутоа, планотза спасението на човештвото не смеел да биде осуден заради моменталниот неуспех на Израел. Оние на кои што им говорел пророкот можеле и да не ја послушаат дадената вест, но Божјата волја сепак ќе се оствари. “Од сончевиот исток до запад големо ќе биде името мое пред народите,” рекол Господ преку својотгласник, “и на секое место ќе се принесува темјан на името мое и чист дар; зашто името Мое ќе биде големо помеѓу народите.” (Малахија 1:11).
Заветот “за живот и мир” склучен со Изралевите синови, и кој би донел неискажан благослов да одржале, сега Господ сакал да го обнови со оние кои што некогаш биле духовни водачи, но заради своите престапи постанале “презрени и поништени во целиот народ.” (Малахија 2:5, 9).
Малахија сериозно ги предупредил престапниците на денот на судот кој ќе дојде и на Божјата намера да го казни со брзо уништување секој престпаник. Но никој не бил оставен без надеж; неговите пророштва за осуда биле пропратени со повик на непокајаните да се измират со Бога. “Вратете се кај Мене, и Јас ќе се вратам кај вас,” говорел Господ. (Мал. 3:7).
Изгледа дека секое срце мора да се отповика на ваква покана. Небесниот Бог ги повикува своите заблудени деца да Му се вратат и повторно да соработуваат со Hero на остварување на Неговото дело на земјата. Господ му пружа рака за помош на Израел за да може да најде пат на самоодрекување и жртва, и да учествува со Hero во наследството на Божјите синови. Дали тие ќе се отповикаат на овој повик? Дали ќе ја разберат својата единствена надеж?
Колку е тажен извештајот за обвинувањето на Изралеците во времето на Малахија, да го отворат своето гордо срце и во покорност и љубов да земат учество во делото! Тие се обидуваат да се правдаат одговарајќи: “Како да се обратиме?”
Одговорот Господов е навистина одреден: “Во десетокот и приносите. Проклети сте, зашто ме закинувате, вие, целиот народ. Донесете ги сите десетоци пред вратите, па да има храна во Мојотдом, и барем во тоа испитајте Me, вели Господ Саваот: зар нема да ги отворам отворите небески за да излијам благослов на вас, па да имате и на претек? Заради вас ќе им забранам на оние, што ги изедуваатплодовите земни, и лозата ваша во полето нема да остане без плод, вели Господ Саваот.” (Стихови 7-12).
Бог ја благословува човековата работа за да Му го вратат луѓето она што е Негово. Тој им дава сонце и дожд; Тој им дава род на билките; Тој исто така им дава здравје и способност за да дојдат до средства. Секој благослов доаѓа од Неговата дарежлива рака, и Тој сака луѓето да му искажат благодарност враќајќи Му го Неговиот дел во вид на десетоци и дарови – во даровите на благодарност, доброволни прилози и дарови заради престапи. Тие мораат да Му посветат дел од своите средства за Неговата служба, за да не остане Неговото лозје необработено. Мораат да се потрудатда дознаат што би правел Господда е на нивно место. Тие треба сите тешки нешта да ги изнесат пред Hero во молитва. Тие треба да покажат несебичен интерес за напредокот на Неговото дело во сите краеви на светот.
Вестите кои што ги донел Малахија, последниот пророк од Стариот завет, и насилствата кои што морале да ги трпатод своите непријатели – незнабожците, најпосле ги увериле Израелците дека ќе бидат вистински среќни единствено ако се покоруваат на Божјиот закон. Но кај мнозина покорноста не прозлегувала од вера и љубов. Нивните мотиви биле себични. Исклучиво надворешната служба била претворена во цел за постигнување на национална големина. Одбраниот народ не станал светлина на светот, туку се одвоил од него, сметајќи дека така ќе се заштити од идолополонство. Ограничувањата кои што Бог ги дал забранувајќи ги брачните врски помеѓу својот народ и незнабожечките народи и прифаќање незнабожечки обичаи од соседните народи, биле погрешно толкувани и како да станале ѕид кој што ги одвојувал Евреите од сите други народи; и заради тоа други народи не добиле благослови кои што Израел по Божји налог би требал да му ги пренесе на светот.
Истовремено Евреите заради своите гревови и самите се повеќе се оддалечувале од Бога. Тие не можеле да ја разберат длабоката духовна смисла на својата симбилична служба. Во својата самоправедност, се потпирале на своите сопствени дела, жртви и обреди, наместо да се надеваат во посредништвото на Оној на кого сето тоа укажувало. Така “Гледајќи да утврдат своја праведност,” (Римјаните 10:3) тие се вовлекле во формализам и сметале дека си се доволни на самите себеси. Бидејќи им недостасувале Духот и Божјата благодат, настојувале овој недостаток да го надоместат со строго вршење на верски обреди и церемонии. He се задоволувале со службата која што ја одредил Бог, туку додавале безбројни наметнувања и правила кои што самите ги измислиле. И колку повеќе се оддалечувале од Бога, толку повеќе полагале на почитувањето на овие форми.
Народот практично не бил во можност да го исполнува законот оптеретен со толку строги и заморни правила. Големите начела на праведноста, изложени во десетте заповеди и прекрасните вистини кои што се наѕирале во симболичната служба биле помрачени, покриени со маса на човечки традиции и правила. Оние кои што искрено сакале да му служат на Господа и се труделе да го извршуваат целиот закон онака како што го толкувале свештениците и поглаварите, стенкале под огромен товар.
И покрај тоа што го сакал доаѓањето на Месија, Израел до таа мерка во срцето и во животот се одвоил од Бога, што немал правилна претстава за карактерот или мисијата на ветениот Спасител. Наместо да тежнее за ослободување од гревот и стекнување на слава, мир и светост, тој во своето срце сакал да се ослободи од националните непријатели и да ја обнови земската власт. Израелците очекувале Месијата да дојде како освојувач кој што ќе ги ослободи од јаремот и ќе ги воздигне Израелците над сите народи. И така сатаната успеал во своите напори да ги подготви срцата на луѓето да го отфрлат Спасителот кога ќе се појави. Гордоста на нивното срце и погрешното толкување на Неговиот карактер и мисија ги спречувало реално да ги оценат сите оние случки кои што говореле за Неговото Месијанство.
Еврејскиот народ го чекал доаѓањето на Спасителот повеќе од илјада години. Нивните најсветли надежи биле поврзани за тој настан. Илјада години Неговото име се споменувало во песните и пророштвата, при вршењето на обредите во храмот и во домашните молитви, но кога дошол, не Го препознале како Месија кој што така долго го чекале. “Кај своите дојде, и своите не го примија.” (Јован 1:11). Миленикот на небото за нивното земско срце бил “корен од сува земја”. Во нивните очи “немаше обличје на убавина во него,” тие во Hero не виделе ништо заради што би го посакале. (Исаија 53:2).
Целиот живот Исус од Назарет помеѓу Евреите претставувал голем укор за нивната себичност, која што ја откривале со тоа што не сакале да ги признаат праведните барања на Господарот во чие лозје беа поставени како работници. Го мразеле затоа што давал пример на вистинска побожност; и кога последното искушување значело покорност за вечен живот или непокорност за вечна смрт, го отфрлиле Светецот Израелев и ја примиле врз себеси одговорноста за Неговото распнување на крстот на Голгота.
Христос при крајот на својата земска служба во параболата за лозјето им укажал на еврејските учители за големите благослови кои што Израел ги примил и за нивната должност да бидат покорни на Бога. Тој им ја изложил величествената Божја цел која што можеле да ја остварат преку послушноста. Подигајќи го велот кој што ја покрил иднината, им покажал како целиот народ ќе го изгуби Неговиот благослов и ќе навлече врз себеси несреќа затоа што не ја извршил Неговата волја.
“Имаше еден човек кој што насади лозје,” рекол Христос, “и го загради со ограда, и ископа во него бунар и направи кула, и им го даде на лозарите и си отиде.” (Матеј 21:33).
Спасителот при тоа мислел на “лозјето на Господа над војските,” а за кое пророкот Исаија многу порано рекол дека е “домот Израелев.”
“А кога наближи времето за род, ги прати своите слуги кај лозарите да ги земат родовите негови. И лозарите ги фатија слугите негови, едниот го претепаа, а едниот го убија, а еден со камења го посипаа. Пак прати други слуги, повеќе отколку пред тоа, и истото им го направија. А потоа го прати Синот Свој говорејќи: ќе се засрамат од Мојот Син. А лозарите кога го видоа Синот, си рекоа помеѓу себе: овој е наследникот, ајде да го убиеме, и нас ќе ни остане лозјето. И кога го фатија, го изведоа надвор од лозјето, и го убија.”
Бидејќи го изложил пред свештениците нивниот најстрашен безбожен чин, Христос им поставил прашање: “Кога ќе дојде после господарот на лозјето, што ќе им направи на лозарите?” Свештениците со длабоко интересирање го слушале Неговото излагање, не увидувајќи дека се однесува на нив, па заедно со народот говореа: “Злосторниците со смрт ќе ги казни; а лозјето ќе го даде на други лозари, кои ќе му ги даваат родовите во свое време.”
Така самите себеси се осудиле. Исус ги погледнал и тие разбрале дека Неговиот поглед ги читал сите тајни на нивното срце. Неговата божествена природа отсјајувала пред нив со неодолива сила. Тие во лозарите се виделе себеси, и тогаш извикале: “Да не даде Бог!”
Христос свечено и тажно ги запрашал: “Зарем никогаш не сте читале во писмото: каменот кој што го отфрлија ѕидарите, стана аголен камен; тоа е од Господа и прекрасно е во нашите очи. Затоа ви велам дека од вас ќе се земе Божјото царство и ќе му се даде на народ кој што донесува род. И кој падне на овој камен ќе се разбие, а врз кого он падне, ќе го здроби.” (Матеј 21:34-44).
Евреите да го примеле Христа, Тој би ја оттргнал нивната страшна судбина. Но зависта и омразата ги направиле непомирливи. Одлучиле Исуса од Назарет да не го примат како Месија. Тие ја отфрлиле Светлината на светот и тогаш нивниот живот бил обвиткан во полноќна темнина. Еврејскиот народ го снашла проречената судбина. Го одвлекле во пропаст неприродните страсти кои што не умеел да ги совлада. Луѓето во својата заслепеност свирепо се уништувале едни со други. Со упорна непокорност и гордост го навлекле врз себе бесот на римските освојувачи. Ерусалим бил разорен, храмот разрушен, а местото на кое што тој се издигнувал било преорано. Јудините деца умирале во најголеми маки. Милиони биле продадени како робови да служат во незнабожечки земји.
Она што сакал Бог да направи за светот преку Евреите, својот избран народ, ќе го изврши денска преку својата избрана заедница на земјата. Тој “го дал Своето лозје на други лозари,” на Својот народ кој го пазел заветот и кои верно “на време ќе му донесуваат родови.” Господ никогаш не бил на земјата без Свои вистински претставници чии интереси биле еднакви со Неговите. Овие Божји сведоци се вбројуваат во духовниот Израел и над нив ќе се исполнат сите ветувања на заветот кој што Господ го направил со Својот некогашен народ.
Божјата заедница на земјата денес е во можност да работи на исполнување на Божјиот план за спасение на изгубениот човечки род. Слободата на Божјиот народ била со векови ограничувана. Било забранувано да се проповеда чистото евангелие и оние кои што не се покорувале на човечките наредби биле изложени на најсвирепи казни. Заради тоа големото духовно Господово лозје било речиси целосно опустошено. Народите биле лишени од светлоста на Божјата Реч. Вистинската религија се нашла во опасност да биде покриена со темнина, заблуда и суеверие. Во текот на овој долг период на прогонства, Божјата црква на земјата била исто онака заробена како што биле и децата Израелеви за време на прогонството во Вавилон.
Но, благодарение на Бога, Неговата црква не е повеќе во окови! На духовниот Израел му биле вратени правата кои што му биле дарувани на Божјиот народ во времето на ослободувањето од Вавилон. Во сите краишта на светот луѓето се отповикуваат на небесната вест, за која Јован Богослов во Откровението рекол дека ќе биде објавена пред второто Христово доаѓање: “Бојте се од Бога, и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд.” (Откровение 14:7).
Војските на злото немаат повеќе моќ да ја држат заедницата во ропство, зашто “падна, падна Вавилон големиот град,” кој “со отровното вино на своето блудство ги напои сите народи.” А на духовниот Израел му е дадена веста: “Излезете од неа, народе мој, за да не се извалкате во нејзините гревови, и да не ви наштети нејзиното зло.” (Стих 8; 18:4). Како што робовите во туѓината ја послушале веста “бегајте до Вавилон,” (Еремија 51:6) па затоа им била вратена ветената земја, така и оние денес кои што се бојат од Бога и ја послушаат веста да излезат од духовниот Вавилон, наскоро како трофеи на божествената благодат ќе стојат во новата земја, небесниот Ханан.
Кога во времето на Малахија неверниците цинично прашале: “Каде е Бог кој што суди?”добил сериозен одговор: “Одненадеж ќе дојде Господ во храмот својот, и ангелот на заветот… Но кој ќе го издржи денот на Неговото доаѓање? и кој ќе се одржи кога Тој ќе се покаже? Зашто е Тој како оган, што растопува, и пепелница што чисти. Па ќе седне Тој да претопува и да чисти сребро, и ќе исчисти синовите на Левиј и ќе ги претопи како злато и како сребро, за да Му принесат жртва со праведност. Тогаш ќе биде пријатна жртвата на Господа, ртвата Јудина и на Ерусалим, како во старите времиња и како во поранешните години.” (Малахија 2:17; 3:1-4).
Кога дошло време да се појави ветениот Месија, веста на Христовиот претходник гласела: Покајте се, цариници и грешници, покајте се, фарисеи и садукеи, “зашто се приближи царството небесно.” (Матеј 3:2).
Божјите весници, во духот и силата на Илија и Јован Крстителот, и денес му укажуваат на светот на кого му претстои суд за сериозните настани кои ќе следат во последните часови на милоста пред второто доаѓање на Исус Христос како Цар над царевите и Господар над господарите. Наскоро на секој човек ќе му се суди според делата кои што ги направил во тело. Дошол часот на Божјиот суд, и на членовите на Неговата црква на земјата лежи сериозна одговорностда ги опоменатоние кои што стојат на самиот раб од вечна пропаст. На секое човечко битие во светот мора јасно да му се изложат начелата заради кои што се води голема борба, а од кои зависи судбината на целото човештво.
Во тие последни часови на милостза синовите човечки, кога се одлучува конечната судбина на секоја душа, Господарот на небото и на земјата очекува Неговата црква да стане и да работи како никогаш порано. Оние кои што преку познавањето на драгоцените вистини постанале слободни во Христа, Господ Исус ги смета за Свои избраници; тие имаат предност над сите останати луѓе, и Христос очекува од нив да Го прослават Оној кој што ги повикал од темнина кон Својата чудесна светлина. Благословите кои што се така дарежливо излиени треба да се пренесуваат на други. Добрата вест на спасението треба да биде објавена на сите народи, колена, племиња и јазици.
Во видение на пророкот е прикажан Господ како излева посебна светлина на Својата црква во деновите на темнината и неверството кое ќе претходи на Неговото доаѓање. Тој како Сонце на Праведноста се издига над Својата црква, “со исцелување во зраците негови.” (Малахија 4:2). Секој вистински ученик треба исто така да даде поттик за живот, да влева храброст, да поттикнува добротворство и да делува врз исцелувањето.
Христос ќе дојде во најмрачниот период од земската историја. Времето во кое штоживееле Ное и Лотдава вистинска слика за состојбата во светот непосредно пред доаѓањето на Синотчовечки. Укажувајќи на тоа време, Светото писмо кажува дека сатаната ќе работи со сета сила и “сите измами на неправедноста.” (2. Солунјаните 2:9, 10). Неговото делување се огледува во се поголемата темнина, во многуте заблуди, ереси и измами во последните денови. He само што сатаната го поробува светот, туку неговите заблуди се протегаат и во црквите кои исповедаат дека се Христови. Големото отпадништво ќе се претвори во полноќна темнина. За Божјиот народ тоа ќе биде ноќ на искушенија, плач и прогонство заради вистината. Но од таа мрачна ноќ ќе заблеска Божјата светлина.
Господ прави “светлината да засветли од темнина.” (2. Коринтјаните 4:6). Кога “земјата беше без обличје и пуста, и беше темнина над бездната,” “Духот Божји лебдеше над водата. И рече Бог: нека биде светлина. И би светлина.” (1. Мојсеева 1:2, 3). Така и во ноќта на духовна темнина се слуша Божјата реч: “Нека биде светлина.” Бог му говори на Својот народ: “Стани, осветли се, зашто дојде твојата светлина, и Господовата слава те осветлува.” (Исаија 60:1).
Тледај,” вели Светото писмо “мрак ќе ја покрие земјата и темнина народите; а тебе ќе те осветли Господ и Неговата слава ќе се покаже на тебе.” (Стих 2). Христос, обличјето на славата на Отецот дошло на овој свет како негова светлина. Тој дошол како Божји претставник кај луѓето и за Hero е запишано дека беше помазан “со Свет Дух и со сила,” и дека “одеше вршејќи добро.” (Дела 10:38). Во синагогата во Назарет Тој рекол: “Духот Господов е над мене; затоа што ме помаза да им го јавам евангелието на сиромашните; ме прати да ги исцелам скрушените по срце; да им проповедам на заробените дека ќе се ослободат, и на слепите дека ќе прогледаат; да ги пуштам на слобода напатените; и да ја проповедам пријатната година Господова.” (Лука 4:18, 19). Тоа дело Тој им го оставил како должност и на Своите ученици. “Вие сте светлина на светот,” рекол Тој. “Така неки светли вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела, и да го прослават вашиот Отец небесен.” (Матеј 5:14, 16).
Тоа дело пророкот Исаија го опишува со зборовите: “Раздели го лебот свој со гладните, и скитниците сиромаси одведи ги во домот свој; ако видиш гол, облечи го, и од еднокрвниот не се криј. Тогаш твојата светлина ќе се јави како зора, и твоето здравје брзо ќе процути, и твојата праведност ќе тргне пред тебе и славата Господова ќе те придружува.” (Исаија 58:7, 8).
Така во ноќта на духовна темнина Божјата слава треба да светли преку Неговата црква, да ги подигне потиштените и да ги теши жалосните.
Насекаде околу нас се слуша лелекање на несреќни. На сите страни има луѓе кои што живеат во беда и неволји. Наша должност е да пружиме помош, ублажувајќи ги и отклонувајќи ги животните тегоби и страдања. СамоХристовата љубов може да ги задоволи потребите на душата. Ако Христос живее во нас, нашите срца ќе бидат исполнети со божествено сочувство. Ќе се отворат запечатените извори на милосрдната христијанска љубов.
Мнозина изгубиле надеж. Вратете ги блескавите зраци кај нив. Многумина ја изгубиле својата храброст. Говорете им зборови на охрабрување. Молете се за нив. Има луѓе на кои им е потребен лебот на животот. Читајте им од Божјата реч. Многу души така имаат заболено што не може да ги исцели ниеден земски мелем, ниту доктор. Молете се за тие души. Доведете ги кај Исуса. Речете им дека во Галад има балсам и дека се наоѓа Лекарот таму.
Светлината е општ дар кој го излева својот благослов на еден неблагодарен, несвет и изопачен свет. Така е и со светлината на Сонцето на Праведноста. Цела земјина топка, обвиткана со темнината на гревот, тагата и болката, треба да биде осветлена со сознанието за Божјата љубов. На ниту една секта, сталеж или раса не смее да им се скрати светлината која што блеска од небесниот престол.
Веста на надежта и милоста мора да се објави во сите краишта на земјата. Секој кој што сака може да пружи рака и да се фати за Божјата сила и да направи мир со Hero, и ќе направи мир со Hero. Незнабожците нема повеќе да бидат обвиткани со полноќна темнина, затоа што таа ќе се повлече пред блескавите зраци на Сонцето на Праведноста.
Христос ги превземал сите мерки Неговата црква да стане преобразено тело, осветлено со Светлината на светот и славата на Емануел. Негова намера е секој христијанин да го обвитка со света атмосфера на светлина и мир. Тој посакува ние со својот живот да ја откриеме Неговата радост во нашите животи.
“Стани, засветли, зашто дојде твојата светлина, и Господовата слава те осветли.” (Исаија 60:1). Христос доаѓа во сила и голема слава. Тој ќе дојде во Својата слава и славата на Отецот а и ангелите ќе го придружуваат на Неговиот пат. Иако целиот свет се наоѓа во темнина, ќе блеска светлина во секое живеалиште на светиите. Тие први ќе бидат осветлени од светлината при Неговото второ доаѓање. Неговата убавина ќе блеска со најчиста светлина и слава. И на Христа, Откупителот, ќе му се восхитуваат сите оние кои што Му служеле. Додека виновниците ќе бегаат, Христовите следбеници ќе се радуваат во Негово присуство.
Тогаш откупените помеѓу луѓето ќе го примат наследството кое што им е ветено. Така Божјиот план за Израел буквално ќе се исполни. Човекот е немоќен да го осуети она што Бог го ставил за Своја цел. И покрај делувањето на злите сили, Божјиот план непрекинато се исполнува. Така било со Изралевиот дом во текот на целата историја од поделеното царство. Така е и денес со духовниот Израел.
Гледајќи го низ вековите тоа обновување на Израел на обновената земја, пророкот од Патмос вели:
“Видов, и ете, големо мноштво народ, кој не може никој да го изброи, од секој јазик и колено и народ и племе; тие стоеја пред престолот и пред јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете. И воскликнуваа со висок глас велејќи: спасение од нашиот Бог, кој што седи на престолот, и на јагнето.”
“И сите ангели стоеја околу престолот и старешините, и четирите животни, и паднаа на лицето пред престолот, и му се поклонија на Бога велејќи: Амин; благослов и слава, премудрост и фала и чест и сила и моќ на нашиот Бог во век и веков.”
“И чув како глас на многу народи, и како глас на многу води, и како глас на многу силни громови, кои што говореа: Алилуја! зашто царува Господ Седржителот. Да се радуваме и веселиме, и да му дадеме Нему слава.” “Тој е Господар над господарите и Цар над царевите; и кои се со него, тие се повикани и избрани и верни.” (Откровение 7:9-12; 19:6, 7; 17:14).

Сподели го ова:

Слични објави