30. Ослободување од Асирија

Сподели го ова:

Во време на голема опасност за народот, кога асирската војска ја нападнала Јудината земја и кога изгледало дека ништо не може да го спаси Ерусалим од потполна пропаст, Езекија собрал сили во своето царство со непоколеблива храброст да му пружи отпор на незнабожечкиот завојувач, надевајќи се дека Господ ќе ги ослободи со својата сила. Езекија му говорел на народот: “Бидете силни и храбри; не бојте се и не плашете се од асирскиот цар, ни од сето мноштво што е со него зашто со нас е Посилниот отколку со него,” го храбрел Езекија народот на Јуда; “затоа што повеќе се со нас отколку со него: со него е телесната мишка, а со нас е Господ, Бог наш, за да ни помага и за да ги војува нашите боеви.” (2. Летописи 32:7, 8).
Езекија не говорел без причина со таква сигурност за исходот на борбата. И покрај тоа што Бог во еден момент ги употребил Асирците како камшик на својот гнев (види Исаија 10:5) за да го казни народот, на самобендисаните Асирци не им било одредено секогаш да победуваат. “He бој се од Асирците” – така гласела веста која Господ неколку години порано им ја упатил на оние кои живееле во Сион; затоа што уште малку… Господ над војските ќе замавне со бич над нив како кога го удри Мадијам при карпата Орив и ќе крене стап над морето како на египетскиот пат. Во оној ден: ќе ти падне бремето од плеќи, и ќе го снема неговиот јарем од твојот врат.” (Стихови 24-27).
Во друга пророчка вест, објавена “во онаа година кога умре царот Ахаз,” пророкот рекол: “Господ над Воинствата се заколна: Што намислив, ќе се збидне, што наумив, ќе се изврши. Ќе ја скршам Асирија во Својата земја, ќе ја згазам на Своите гори; неговиот јарем ќе падне од нив, неговото бреме ќе падне од нивните плеќи. Таква одлука е донесена против целата земја; таква рака е испружена против сите народи! А кога Господ над Војските одпучи, кој ќе се воспротиви? Кога ќе ја испружи раката, кој ќе ја одврати?” (Исаија 14:28, 24-27).
Силата на угнетувачот требало да биде скршена. Езекија во првите години од своето владеење плаќал данок на Асирците, според договорот кој го склучил Ахаз. Во меѓувреме царот “се посоветува со кнезовите и со јунаците свои,” преземајќи се што е во негова моќ да го одбрани царството. Тој се погрижил помеѓу ѕидовите на Ерусалим да има доволно вода, додека надвор од градот да биде оскудност. “Се ободри го обнови сиот соборен ѕид и подигна стражарници врз него; однадвор изгради друг ѕид и го зацврсти Милон во Давидовиот Град; направи многу копја и штитови. Потоа постави началници над народот.” (2. Летописи 32:3,5, 6). Ништо не било пропуштено што требало да се направи во подготовките за опсадата.
Во времето кога Езекија дошол на престолот од Јуда, Асирците веќе имале одведено голем број Израилеви синови од северното царство. Неколку години бидејќи постанал владетел и додека сеуште ја зајакнувал одбраната на Ерусалим, Асирците ја освоиле и ја заземале Самарија и ги растуриле десетте племиња по многу провинции на асирското царство. Границите на Јудеја биле оддалечени само неколку милји a Ерусалим помалку од педесет милји. Богатиот плен кој би го нашле во храмот би можело да ги доведе непријателите во искушение повторно да се вратат.
Меѓутоа, јудејскиот цар направил се што можело да се подготви за давање отпор на непријателот. И бидејќи остварил се што може човечкиот ум и енергија да направат, тој ја собрал својата војска и ја повикал да биде храбра. “Голем е меѓу тебе Израеловиот Светец.” (Исаија 12:6). Тоа била веста која пророкот Исаија ја објавил на Јуда. А царот со непоколеблива вера изјавил: “Со нас е Господ, Бог наш, за да ни помага и за да ги војува нашите боеви.” (2. Летописи 32:8).
Ништо не може толку брзо да ја вдахнови верата како вежбањето на верата. Јудејскиот цар се подготвил за бурата која следувала, и сега, верувајќи дека пророштвото против Асирците ќе се исполни, се потпрел на Бога. “И народот се надеваше во зборовите на јудејскиот цар Езекија.” (2. Летописи 32:8). Зошто да се грижи ако асирската војска после победата над најголемите земји во светот, и по освојувањето на Самарија и Израел, се крене против Јуда? Зошто да се грижат и ако тие се фалат: “Како што мојата рака го достигна царството на лажните богови, побогати со кипови од Ерусалим и Самарија, како што направив во Самарија и со нејзините лажни богови, нема ли да направам и со Ерусалим и со неговите ликови?” (Исаија 10:10, 11). Јуда немал од што да се плаши затоа што Бог бил негова потпора.
Долго очекуваната бура најпосле наишла. Напредувајќи од победа во победа, асирските сили се појавиле во Јудеја. Уверени во својата победа, заповедниците ги поделиле своите сили во две групи: едната требала да се бори против египетската војска на југ а другата да го освои Ерусалим.
Бог бил единствена надеж на Јудиното царство. Од Египет не можело да се очекува помош, а во близина немало ниеден друг народ кој би им пружил пријателска рака.
Потпирајќи се на силата на својата дисциплинирана војска, асирските заповедници договориле средба со јудејските заповедници и во таа прилика дрско побарале да им се предаде градот. Барањето било пропратено со хулење на Израеловиот Бог. Заради слабостите и отпадништвото на Израел и Јуда, народите повеќе не се плашеле од Божјото име, туку хулеле на Hero. (Види Исаија 52:5).
Равсак, еден од главните заповедници на Сенахирим, вака говорел: “Кажете му на Езекија: Вака вели големиот цар, асирскиот цар: Каква е таа надеж во која се надеваш? Ти велиш, меѓутоа тоа се празни зборови, дека имаш совет и сила за војна. Во кого се надеваш па си се побунил против мене?” (2. Царства 18:19. 20).
Заповедниците се зголемувале пред капиите на градот, но така што, да може да ги слушне стражата по ѕидовите. Бидејќи претставниците на асирскиот цар гласно барале Јудините заповедници да ги примат нивните предлози, побарано е да зборуваат на асирски а не на еврејски јазик, за да не разбере народот кој се наоѓал по ѕидовите што се зборува. Отфрлајќи го тој предлог, Равсак уште повеќе го подигал гласот и продолжил да зборува на еврејски јазик:
“Чујте го словото на големиот цар, асирскиот цар! Вака вели царот: Езекија нека не ве залажува, зашто не може да ве избави од мојата рака. Езекија нека не ве охрабрува со надеж во Господа, велејќи: Господ ќе не избави, бездруго, овој град нема да падне во рацете на асирскиот цар.
He го слушајте Езекија; зашто вака вели царот асирски: Склучете мир со мене, предајте ми се, па секој нека ги јаде плодовите од своето лозје и од својата смоква, и нека пие вода од својот кладенец, додека не дојдам и не ве одведам во земја со жито и вино, во земја со леб и лозја.
He оставајте да ве измами Езекија велејќи ви: Господ ќе ве избави. Дали боговите на другите народи ги избавија своите земји од рацете на асирскиот цар? Каде се ематските и арфатските богови за да ја избават Самарија од моите раце? Кој меѓу сите богови на тие земји ја избавија својата земја од мојата рака, па Господ да го избави Ерусалим од мојата рака?”
На овие погрдни зборови синовите Јудини “молчеа, и ни збор не му одговорија.” Преговорите билезавршени. Еврејските претставници се вратиле кај Езекија “откако ги раскинаа облеките, и му ги соопштија зборовите Равсак.” Кога слушнал за богохулниот предизвик, “Езекија ги скина своите облеки се облече во вреќиште и отиде во Господовиотдом.” (Исаија 36:13- 20; 36:21, 22; 2. Царства 19:1).
Еден гласник бил упатен кај Исаија да го извести за епилогот од преговорот. Царевата порака гласела: “Ова е ден на неволја, ругање и хулење. Можеби Господ, твојот Бог ги слушна сите зборови на Равсак кого асирскиот цар, неговиот господар, го испрати да го хули живиот Бог, и можеби Господ, твојот Бог, ќе ги казни зборовите што ги чул; затоа помоли се за остатокот што уште остана.” (Стихови 3, 4).
“Тогаш се помоли заради царот Езекија и пророкот Исаија синот Амосов, и викаше кон небото.” (2. Летописи 32:20).
Бог ја вослишил молитвата на својотслуга. На Исаија му била дадена вест за Езекија: “Господ вели вака: He бој се од зборовите што ги чу кога слугите на асирскиот цар Me хулеа Мене. Ќе вдахнам во него дух, и кога ќе чуе една вест, ќе се врати во својата земја. И ќе направам да загине од меч во својата земја.” (2. Царства 19:6, 7).
Бидејќи се разделиле со Јудините заповедници, асирските претставници право се упатиле кон царот кој командувал со војската која ги чувала премините кон Египет. Откако го сослушал извештајот, Сенахирим напиша “писма хулејќи го Господа, Израеловиот Бог, велејќи: како што боговите на земните народи не ги избавија своите народи од мојата рака, така ни Езекиевиот Бог нема да го избави Својот народ, од мојата рака.” (2. Летописи 32:17).
Оваа самобендисана закана била пропратена со пораката: “Нека не те мами твојот Бог, во кого се надеваш, велејќи ти: Ерусалим нема да падне во рацете на асирскиот цар. Ти знаеш што им направија асирските цареви на ситеземји предавајќи на проклетство! Ати, ли ќе се спасиш? Дали боговите ги спасија народите што моите татковци ги уништија: Госанците, Харанците, Ресефците, и Еденците во Тел Асар? Каде е ематскиот цар, арфадскиот цар, царот на Сефарваим, Ена и Ава?” (2. Царства 19:10-13).
Кога Јудиниот цар го примил ова навредливо писмо, отишол во храмот и “го одвитка пред Господа,” молејќи се со цврста вера за помош од небото, за да познаатземските народи дека Израеловиот Бог е сеуште жив и владее. (Стих 14) Во прашање била Господовата чест; само Тој можел да донесе избавување.
Езекија се молел: “Господе Боже Израелов, којседиш над херувимите, Ти си единствен Бог над сите земски царства, Ти ги создаде небото и земјата. Приклони го увото Господи, и чуј, отвори ги очите, Господи, и види! Чуј ги Сенахиримовите зборови што ги испрати за да Го хули живиот Бог. Вистина е, Господи, асирските цареви ги сотреа народите и нивнитеземји; им ги фрлија во оган боговите; зашто тоа не беа богови; туку дела на човечките раце; од дрво и од камен; затоа и ги уништија. Но сега, Господи, Боже наш, избави не од нивните раце за да познаатсите царства на земјата дека Ти, Господи, си единствен Бог.” (2. Царства 19:15-19).
“О Израелев Пастиру, послушај,
Ти што го водиш Јосифа, како стадо овци;
Ти што седиш над херувимите, заблескај,
Пред Ефрема, Венијамина и Манасија разбуди ја Својата сила, дојди и спаси не.
Боже, обнови не,
нека засветли Твоето лице; и ние ќе бидеме спасени.
Господи, Боже, над воинствата,
до кога ќе пламнуваш, кога Твојот народ се моли?
He храниш со лебот на солзите, не напојуваш изобилно со солзи.
Си сторил да нашите соседи се препираат за нас, и ни се смеат нашите непријатели меѓу себе.
Боже над Воинствата, обнови не,
нека засветли Твоето лице; и ние ќе бидеме спасени.
Ти ја пренесе лозата од Египет, ги истера незнабошците, а неа ја засади.
Ти и подготви почва,
и стори таа да пушти корења и ја наполни земјата. бреговите беа покриени со нејзината сенка, гранките и станаа како добри кедрови.
Своите млади прачки таа ги испружи до морето, и своите ластари до реката.
Зошто и ја сруши оградата,
за да ја берат сите што минуваат патем?
Да ја запустува дивината од гората, и да ја пасат полските ѕверови?
Врати се, Те молиме, Боже над Воинствата, погледај од небото, и види, и посети ја оваа лоза; и лозјето што го засади Твојата десница, и гранката која си ја поткрепил за Себеси. . .
Заживеј не, и ние ќе го повикуваме Твоето име.
Господи, Боже над Воинствата, обнови не,
нека засветли Твоето лице; и ние ќе бидеме спасени.”
(Псалм 80)
Езекиевата молитва за Јуда и за честа на нивниотврховен Владетел биле во склад со Божјите намери. При посветувањето на храмот, Соломон се молел на Господа за да ја поддржува “справедливоста на својот народ Израел во секое време, за да познаат така сите народи на земјата дека Господ е Единствен Бог, и дека нема друг.” (1. Царства 8:59, 60). Посебно се молел Господ да им биде благонаклонет кога во време на војување и угнетување од страна на непријателска војска, Израеловите поглавари дојдат во молитвениот дом и се помолат за избавување. (Стихови 33, 34).
Езекија не бил оставен без надеж. Исаија му ја пратил следната порака: “Вака вели Господ, Израеловиот Бог: Ја послушав молитвата што Ми ја упати заради Сенахирим, асирскиот цар. Еве ги зборовите што Господ ги објави против него: “Девицата, Сионската ќерка те презира и ти се потсмева; по тебе мавта со главата Ерусалимската ќерка.
“Кого го навредуваше и хулеше? На кого викаше гласно, дигаше горделив поглед? На ИзраеловиотСветец! Преку своите слуги Го навредуваше Господа. Велеше: со множество коли, јас се искачив на врвот на гората, на највисоките врвови на Ливан. Му ги исеков највисоките кедри и најубавите чемпреси. Му го достигнав највисокиот врв и неговата гореста градинка. Копав и пиев туѓи води; со стапалата тогаш ги исушив сите египетски реки.
“He си ли слушнал дека одамна тоа го подготвував, го смислував од искон? сега го остварувам тоа: на тебе е да ги претвориш тврдите градови во урнатини. Нивните жители беа немоќни, исплашени и збунети, беа како трева во полето, како младо зеленило, како трева врз покривите, како пченка препламнета пред да созрее.
“Знам кога се дигаш и кога седиш, кога излегуваш и кога се враќаш. Затоа што беснееше против Мене и затоа што твојот бес дојде до Моите уши, ќе ти провнам прстен низ носалките, ќе ти ставам узда во устата, ќе те вратам по патот по кој што и дојде.” (2. Царства 19:20-28).
Освојувачката војска ја опустошила Јудината земја, но Бог ветил дека на чудесен начин ќе се погрижи за потребите на Својот народ. На Езекија му била упатена вест: “А ова нека ти биде знак: Во оваа година ќе се јаде тоа што само ќе се изрони, до година само тоа што само ќе порасне, а во третата година сејте и жнејте, садете ги лозјата, јадете им го родот. Преживеаните од Јудиниот дом ќе пуштат жили во длабочина, ќе родат плод во висина. Зашто остатокот ќе излезе од Ерусалим, запазените од гората Сион: ревноста Господова ќе го направи сето тоа.
Затоа Господ зборува вака за асирскиот цар: Тој нема да влезе во овој град, ниту ќе ги фрла своите стрели ваму, кон него ни штитот не ќе го заврти, ниту ќе копа насипи околу него. Ќе се врати по патот по кој што и дојде, нема да влезе во овој град, вели Господ. Затоа што ќе го заштитам овој град, и ќе го спасам, заради Себе и заради Својот слуга Давид.”(Ст. 29-34).
Истата таа ноќ дошло ослободувањето. “Господов Ангел излезе и погуби сто осумдесет и пет илјади во асирскиот логор.” (Стих 35). “Сите храбри јунаци, заповедниците и началниците во војската на асирскиот цар,” беа погубени. (2. Летописи 32:21) Веста за ова страшно казнување на војската која тргнала да го заземе Ерусалим, набрзо стигнала до Сенахирим, кој го држел приодот на Јудеја кон Египет. Асирскиот цар, обземен од страв, побрзал да ја повлече својата војска, “така што се врати засрамен во својата земја.” (Стих 21) После тоа тој не владеел уште долго. Се исполнило пророштвото кое говорело дека неговиот живот брзо ќе се заврши, бил убиен од оние од неговиот дом, и “на негово место се зацари неговиот син Есарадон.” (Исаија 37:38).
Еврејскиот Бог ги надвладеал гордите Асирци. Честа на Јехова била осветена пред сите соседни народи. Во Ерусалим срцето на народот се исполнило со света радост. Молејќи се сесрдно за своето ослободување, тие во солзи ги признавале своите гревови. Во оваа голема неволја тие потполно се потпреле на Бога, да ги спаси со својата сила, и Бог не ги оставил. Тремовите во храмот одекнувале од песни на свечена пофалба:
“Бог е познат во Јудеја,
Неговото име е големо во Израел.
Неговото живеалиште е во Салим, а престојувалиштето на Сион.
Тој ги искрши таму огнените стрели на лаковите, штитовите, мечевите, и оружјето бојно.
Ти си повеличествен и попрекрасен од древните планини.
Тврдите по срце се ограбени и го сонуваат својот сон: и јунаците не ги најдоа рацете свои.
Од твојата закана, О Боже Јаковов, се скаменија колите и коњите.
Од Тебе, од Тебе треба да се боиме:
кој може да опстане пред жестокоста на Твојот гнев?
Ја изрече пресудата од небото, земјата се стресе и занеме од страв; кога Бог стана да суди, и да ги спаси кротките на земјата.
Сигурно ќе Те прославува и бесот на човекот
и со остатокот на бесот се завиткуваш.
Заветувајте и исполнувајте пред Господа, вашиот Бог:
Нека сите околу Hero Му донесуваат дарови на Оној од кого треба да се боиме.
Кој ја зауздува гордоста на кнезовите,
Кој е страшен за царевите на земјата.” (Псалм 76).
Успехот и падот на асирското царство дава голема поука на денешните народи на земјата. Пророкот во вдахновение ја споредил славата на Асирија на пиедесталот на успехот, со едно прекрасно дрво во Божјата градина кое ги надвишнува сите соседни дрвја.
“Ете, ќе те споредам со либански кедар, со убави гранки, со густи лисја и од висок раст, и чиј што врв беше меѓу густите гранки… Во неговата сенка седеа сите големи народи. Тој беше убав со величината, и со широчината на своите гранки; жилите му стигаа до длабоките води! He му беа рамни ни кедровите во Божјата градина, ни чемпресите не можеа да се споредат со неговите гранки, а јаворите не беа ни како неговите гранчиња! Ниедно стебло во Божјата градина не му беше рамно по убавина… и му завидуваа сите едемски дрва во Божјата градина.” (Езекиел 32:3-9).
Но асирските владетели, наместо да ги користат своите необични благодети за добро на човештвото, станале камшик за многу народи. Немилосрдни и без никаква љубов кон Бога и своите ближни, оделе само за тоа да ги натераат сите народи да ја признаат власта на боговите на Ниневија кои ги воздигнувале над Највозвишениот. Бог им го пратил Јона со вест на опомена, и тие некое време биле понизени пред Господа над војските и барале простување. Но набрзо повторно се свртеле кон своите идоли и повторно се свртеле во освојување на светот.
Пророкот Наум ги обвинува злите луѓе во Ниневија: “Тешко му на крвничкиот град! полн е со лаги и грабеж, тој не прекратува со ограбувањето,
Плускање на бич и тропање на колца; Коњите се издигнуваат, колите потскокнуваат, коњаниците јаваат а мечевите блескаат, копјата светкаат, и има мноштво погубени…
Еве Me против тебе,
говори Господ над Војските.” (Наум 3:1-5)
Семожниот Бог со непогрешлива точност ги бележи делата на сите народи. Книгата останува отворена се додека се слушаат воздишки на покајание, но кога злите дела ќе ја навршат мерката која Бог ја одредил, почнува излевањето на Неговиот гнев. Пресметката е заклучена. Престанува божественото трпение. Нема повеќе милост за нив.
“Господ е спор на гнев и голем во сила. Никако Господ нема да ги пушти виновниците неказнети; Неговиот пат е во виор и во бура, облаците се прав на Неговите нозе. Му се заканува на морето и го исушува, и ги пресушува сите реки. Васан и Кармил овенаа, венее цветот на Ливан. Пред Hero горите се потресуваат, бреговите се топат, земјата се воздига пред Hero, светот и се што живее во Hero. Кој може да издржи пред Неговото негодување? И кој ќе издржи пред пламенот на Неговиот гнев? Неговиот гнев се излева како оган и карпите се распаѓаат пред Hero.” (Наум 1:3-6).
Така запустела Ниневија, “тој радосен град кој седи без грижа, кој во срцето свое говори: јас сум, и освен мене нема друг.” “Ограбена, напуштена, и разурната,” станала “дувло на лавовите и пасиште на лавиците, каде лавот и лавицата и малите лавчиња одеа, и никој не ги плашеше.” (Софонија 2:15; Наум 2:10, 11).
Предвидувајќи го денот кога гордоста на Асирија ќе биде скршена, Софонија пророкувал во Ниневија: “Среде неа ќе лежат: стадото и секакви ѕверови: чапли и ежови ќе преспиваат ноќе на главчињата на столбовите, гласот нивни ќе ѕвечи на прозорците, и ќе оголи се што е од кедрова направа.” Соф. 2:14
Голема била славата на асирското царство, и голем бил неговиот пад. Развивајќи и понатаму симболичен приказ за благородниот кедар, пророкот Езекиел јасно прорекол дека Асирија ќе падне заради својата гордост и свирепост. Тој објавил: “Затоа Господ Бог зборува вака: Бидејќи се воздигна на високо и нарасна врвот меѓу густите гранки, и од височината му се занесе срцето, затоа го предадов во рацете на најмоќниот од сите народи за да направи со него според неговото беззаконие, и го оттфрлив. Туѓинците, најжестоки од народите, ги пресекоа и ги оборија гранките, му паѓаа по горите и по сите долини, гранките му се скршија по сите котлини, сите народи се оддалечија од неговата ладовина, го оставија! Сите небесни птици слетаа на неговото оборено стебло! Сите полски животни се настанија меѓу неговите гранки! За да не се возвиши со својот раст ниедно дрво покрај водите . . .
Господ Бог зборува вака: Во денот кога тој ќе слезе во гробот, во знак на жалост… и сите полски дрвја се исушија заради него! Со трескавицата од неговит пад ги стресов народите.” (Езекиел 31:10-16).
Гордоста на Асирија и нејзиниот пад треба да послужат како поука до крајот на векот. Бог и денес ги прашува народите на земјата, кои дрско и возгордеано стануваат против Hero: “На кого од едемските дрва, личиш со својата сила, со славата и со величината? сепак со нив ќе бидеш оборен во најдолниот крај на земјата.” (Стих 18).
“Господ е добар, Тој е тврдина во ден на неволја, ги познава оние, кои прибегнуваат кон Hero. Ho со силна поплава ќе ги уништи” сите оние кои се обидуваат да се издигнат над Севишниот. (Наум 1:7, 8).
“Ќе се понизи гордоста на Асирија, и скиптарот ќе биде одземен од Египет.” (Захарија 10:11). Ова важи не само за оние народи кои станале против Бога во старо време туку и за денешните народи кои не ја исполнуваат Божјата цел. Во оној ден кога ќе се делат конечни награди, кога праведниот Судија од целата земја ќе ги “расее народите,” на оние кои се држеле до вистината ќе им биде дозволено да влезат во Божјиот град, и небесните сводови ќе одекнуваат од победоносните песни на спасените. Пророкот вели: “Тогаш песната ќе ви биде како во празничните ноќи, кога срцата се веселат како во оној кој покрај звуците на кавалот се искачува во чест на Господовата Гора, кон Израеловата карпа. Господ ќе загрми со величествен глас… од Господовиот глас ќесе исплаши Асирецот, кој шибаше со прачка. И секогаш кога ќе удри казнената прачка, со која Господ ќе го нашиба, нека се разгласат тапаните и гуслињата.” (Стихови 29-32).

Сподели го ова:

Слични објави