50. Ездра, свештеник и книжевник

Сподели го ова:

Околу седумдесет години по враќањето на првата група на заробеници под Зоровавел и Исус, на Медо-Персискиот престол дошол Артарксеркс Лонгиманус. Името на овој цар е врзано со света историја преку цела низа значајни случувања. За време на неговото владеење живееле и работеле Езра и Неемија. Тој е оној кој во 457 година пред Христа издал трета и последна заповед за обнова на Ерусалим. За време на неговото владеење се вратила група Евреи под раководство на Езра; Неемија и неговите соработници ги довршиле ѕидовите на Ерусалим, била обновена службата во храмот, и Езра и Неемија спровеле голема верска реформација. Во текот на своето долго владеење често пати изразувал наклонетост кон Божјиот народ; а во своите своите и омилени еврејски пријатели, Езра и Неемија, препознал луѓе кои што Бог ги избрал и ги подигнал да извршат едно посебно дело.
Живеејќи помеѓу Евреите кои што останале во Вавилон, Езра имал толку необични доживувања што тоа привлекло благонаклонето внимание на царот Артарксеркс, со кого слободно разговарал за силата на живиот Бог и за Божјата цел Евреите да се вратат во Ерусалим.
Потомок на синовите Аронови, Езра добил свештеничко образование; освен тоа бил запознат со списите на ѕвездарите, мудреците и врачарите на Медо-Персиското царство. Но Езра не бил задоволен со својата духовна состојба. Тој сакал да биде во потполна хармонија со Бога, копнеел за мудростза да може да ја исполни Бојжата волја. Затоа “беше го управил срцето свое за да го истражува законот Господов и да го извршува.” (Езра 7:10). Тоа го навело вредно да го проучува извештајот на Божјиот народ, како што е запишан во списите на пророците и царевите. Ги истражувал историските и библиските списи за да утврди зошто Господ дозволил Ерусалим да биде уништен a Неговиот народ одведен во робство во незнабожечка земја.
Езра особено посветил внимание на искуствата на Израелците од времето кога на Авраам му било дадено ветувањето. Ги проучувал упатствата дадени на Синајската гора и текот на долгото талкање низ пустината. И колку повеќе сознавал за начинот на кој Бог постапувал со своите деца и ја сфаќал светоста на законот даден на Синај, неговото срце се повеќе се возбудувало. Доживеал ново и потполно преобразување и одлучил да ја проучи светата историја, за да донесе со тоа знаење благослов и светлина за неговиот народ.
Езра настојувал да се подготви за делото кое што му предстоело. Сесрдно го барал Бога за да може да стане мудар учител на Израел. Трудејќи се својот разум и волја да ги потчини на Божјата волја, тој во својот живот ги внел начелата на вистинска светлина, а тоа во подоцнежните години имало одлучувачко влијание не само на младината која што од него барала совети, туку и на сите останати кои што со него доаѓале во допир.
Бог го избрал Езра да биде Негов инструмент во Израел, за да го воздигне свештеничкиот повик, чија слава била многу помрачена за време на робувањето. Езра се развивал во необично учен човек и станал “книжевник вешт во Мојсеевиот закон.” (Стих 6). Тој со тие свои особини многу одскокнувал во Медо-Персиското царство.
Езра станал толкувач на Божјата волја, поучувајќи ги оние кои што со него доаѓале во допир со начелата кои што управуваат со небото. Преостанатите години од својот живот, било да се наоѓал на дворот на Медо-Персиското царство, или во Ерусалим, главно се посветувал на учителска служба. И додека на другите им ја пренесувал вистината која што ја научил, неговите способности за работа постојано се зголемувале. Станал ревен и побожен. Бил Господов сведок во светот, сведочејќи за моќта на библиските вистини дека можат да го облагородат секојдневниот живот.
Езра целиот свој живот се трудел да ги сочува и умножи Светите Списи, и тоа дело завземало прво место во неговите напори да го оживее интересирањето за проучување на Светото Писмо. Тој ги собрал сите преписи од законот кои што можел да ги пронајде и ги дал да се умножат и разделат. Чистата реч, така умножена и ставена во рацете на многу луѓе, пружила знаење од непроценлива вредност.
Езра верувал дека Бог ќе направи големо дело за Својот народ и тоа го навело да му ја соопшти својата желба на Артарксеркс дека сака да се врати во Ерусалим, за да го оживее интересирањето за проучување на Божјата Реч и да им помогне на своите браќа при обновувањето на светиот град. На царот длабок впечаток му оставил совршената доверба на Езра дека Израелевиот Бог со Својата сила го штити и брани Својот народ. Царот разбрал дека Израел се враќа во Ерусалим да му служи на својот Господ. Неговата доверба во честа на Езра била неограничена; па така отворено му укажал наклонетост, ја одобрил неговата молба и му дал богати дарови за службата во храмот. Царот го поставил за посебен представник на Медо- Персиското царство и му дал секакво овластување за остварување на целите кои што ги носел во срцето.
Заповедта на Артарксеркс за обнова и изградба на Ерусалим – трета заповед издадена по седумдесетгодишното робување – е значајна заради изразот за небесниот Бог, по тоа што во неа се оддава признание за успесите на Езра, и заради дарежливоста која што била покажана кон остатокот на Божјиот народ. Артарксеркс зборува за Езра како за “свештеник – книжевник, вешт во наредбите и законите, кои Господ му ги даде на Израел;” “писар на законот на небесниот Бог.” Царот заедно со своите советници доброволно принел дарови на “Бога Израелев, на кого живеалиштето му е во Ерусалим.” Освен тоа, наредил многу трошоци да се покријат “од царската ризница.” (Стихови 11, 12, 15, 20).
“Испратен си од царот и од седум советници негови,” му рекол Артарксеркс на Езра, “да ги прегледаш Јудеја и Ерусалим според законот на својот Бог кој ти е во раката.” Потоа додал: “Што и да заповеда небесниот Бог, веднаш да се направи за домот на небесниот Бог, да не дојде гневот на царството, на царот и на синовите негови.” (Стихови 14, 23).
Давајќи им на Израелците дозвола за враќање, Артарксеркс се погрижил да им се вратат старите овластувања на свештеничките припадници. Тој изјавил: “Ви јавуваме дека од ниеден помеѓу свештениците и левитите и пеачите и ратарите и од Нетинејците и од останатите слуги на тој Божји дом не смее да се зема такса ниту данок ниту царина.” Исто така се погрижил да се наименуваат управители кои што ќе управуваат со народот праведно, во сообразност со еврејските закони. “Ти, Езра, според мудроста која ти е дадена од својот Бог – наложил царот – постави управители и судии да судат на целиот народ што е од онаа страна на реката помеѓу сите кои што го знаат законот на твојот Бог, и кој не го знае, учете го. А кој не го извршува законот на твојот Бог и законот на царот, веднаш да му се суди, било да се погуби или да се прогони или да се оглоби или да се лише од слобода.” (Стихови 24-26).
Така Езра, “затоа што добрата рака на Бог беше над него”, успеал да го убеди царот широкоградо да му дозволи враќање на секого од народот Израелев од Медо-Персиското царство, од свештениците и Левитите, кои што “сакаат по своја волја да одатсо тебе во Ерусалим.” (Стихови 9,13). Така на растурениот Израел повторно му се пружила можностда се врати во земјата за која биле врзани ветувања дадени на Израелевиот дом. Заповедта со голема радост ја дочекале сите оние кои што му се придружиле на Езра во проучување на Божјите намери во поглед на Неговиот народ. “Благословен да е Бог на татковците наши,” воскликнал Езра, “кој му го даде тоа на царот во срцето да се украси домот Господов во Ерусалим, и ми даде да најдам милост пред царот и советниците негови и пред сите царски, силни кнезови.” (Стихови 27, 28).
Во оваа заповед на Артарксеркс, видно се покажало делувањето на Божјото провидение. Некои тоа го увидувале и радосно се користеле со правото на враќање под такви поволни околности. Било одредено општо зборно место, и утврдено времето за сите оние кои што сакале да одат во Ерусалим, и се собрале заради поаѓање на долго патување. “Ги собрав кај реката која тече кон Ахава,” вели Езра, “и таму пребивавме во шатори три дена.” (Езра 8:15).
Езра очекувал дека голем број Израелци ќе се вратат во Ерусалим, но бројот на оние кои се отповикале на повикот бил, за жал, многу мал. Мнозина кои што се здобиле со куќи и ниви не сакале да го жртвуваат својот имот. Тие ја сакале угодноста и биле подготвени да останат. Нивниот пример лошо влијаел на некои кои што поинаку би се одлучиле својата судбина да ја врзат со оние кои што напредувале со вера.
Посматрајќи ја насобраната група, Ездра се изненадил кога видел дека нема ниеден од синовите на Левиј. Каде се припадниците на племето кое што било одредено за светата служба во храмот? Би требало Левитите први да одговорат на повикот: “Кој е Господов?” За време на робството а и подоцна, тие уживале многу привилегии. Имале потполна слобода да им служат на духовните потреби на своите браќа во робство. Биле подигнати синагоги во кои свештениците вршеле Божја служба и го поучувале народот. Било потполно слободно да се празнува саботата и да се вршат одредбите на еврејската вера.
Годините минувале и приликите по робството се измениле; на водачите на Израел лежеле многу нови одговорности. Храмот во Ерусалим бил повторно изграден и посветен но немало свештеници да ја извршуваат службата. Се чувствувала голема потреба за оние кои што би ја вршеле должноста, учители на народот. Покрај тоа, на Евреите кои што останале во Вавилон им се заканувала опасност на ограничување на верската слобода. Преку пророкот Захарија, како и при неодамнешните минати искуства во времето на Естира и Мардохеј, на Евреите во Медо-Персија јавно им била упатена опомена да се вратат во својата земја. Дошло време кога за нив станало многу опасно и понатаму да останат под незнабожечко влијание. Со оглед на овие изменети околности, свештениците требале издавањето на заповедта во Вавилон да ја сфатат како посебен повик да се вратат во Ерусалим.
Царот и неговите кнезови направиле дури и повеќе отколку што се очекувало од нив да го отворат патот за враќање. Тие ставиле на располагање обилни средства; но каде се луѓето? Левиевите синови не се отповикале во моментот кога одлуката да ги пратат своите браќа би ги навела и многу други да појдат по нивниот пример. Таа чудна рамнодушност жално го откривала ставот кој што Израелците во Вавилон го заземале во однос на Божјите намери со Неговиот народ.
Езра повторно се обратил на Левитите, упатувајќи им уште еден итен повик да се придружат кон неговата група. За да ја истакне потребата за брзо делување, тој покрај писмениот повик упатил и неколку свои “поглавари” и “луѓе со добри разбирања – мудри луѓе.” (Езра 7:28; 8:16).
Додека патниците чекале со Езра, тие верни гласници поитале да доведат “слуги за домот на нашиот Бог.” (Езра 8:17). Овој повик е прифатен. Некои кои што дотогаш се колебале, конечно одлучиле да појдат. Во логорот вкупно стигнале околу четириесет свештеници и две стотини и дваесет Нетинејци – луѓе на кои Езра можел да се потпре како на мудри служители – проповедници и добри учители и помагачи.
Сега сите биле подготвени за поаѓање. Им претстојувало патување од неколку месеци. Луѓето ги воделе со себеси жените и децата и го носеле својот имот, освен големите ризници за храмот и службата во него. Езра бил свесен дека непријателите биле во заседа покрај патот, подготвени да го ограбат и него и неговите сопатници, но не барал од царот вооружени сили како заштита. “Зашто ми беше срам – објаснува тој – да барам од царот војска и коњаница да не брани од непријателот по патот, зашто му бевме рекле на царот говорејќи: раката на нашиот Бог е на добро над сите нас кои што го бараат и силата негова и гневот негов над сите кои го оставаат.” (Стих 22).
Езра и неговите пратеници сметале дека тука им се дава прилика пред незнабошците да го прослават Божјото име. Верата во моќта на живиот Бог ќе се зацврсти ако самите Израелци покажат верност во својот божествен Водач. Т ие затоа одлучиле потполно да му се предадат Нему. Решиле да не бараат заштита од војници за да не им се даде прилика на незнабошците да му ја препишуваатславата на човек која што единствено Му припаѓа само на Бога. He можеле да дозволат во срцата на нивните пријатели, незнабошци да се разбуди сомнеж во вистинитоста на нивното тврдење дека како Негов народ потполно може да се потпре на Бога. Силата не се стекнува со богатство, или со сила и со влијание на идолопоклоници, туку преку Божјата благонаклоност. Тие ќе бидат заштитени само ако го имале пред очи Г осподовиот закон трудејќи се да му бидат послушни.
Тоа сознание за условите под кои Божјата рака ќе ги води, направило посебна свечена и посветена служба која што Езра и неговите верни браќа ја одржале непосредно пред поаѓање. Езра вели за тоа: “Јас прогласив посттаму, покрај реката Ахава: за да се понизиме во длабоко покајание и признавање на гревот пред својот Бог и за да измолиме од Hero среќен пат за себе, за своите деца и за сето свое материјално благо.” “И така постевме и Го молевме својот Бог за тоа, и Тој не послуша.” (Ст. 21, 23).
Но и покрај Божјиот благослов, било потребно внимание и трезвеност. Превземајќи посебни мерки на приправност за да се сочува ризницата, Езра издвоил “помеѓу свештеничките главатари дванаесет” луѓе чија чест била проверена, – “и им измерил сребро и злато и садови, во прилог на домот на нашиот Бог што го приложи царот и советниците негови и кнезовите негови и целиот народ Израелев кој што се најде.” На тие луѓе им е ставено како должност да бидат будни чувари на благото кое што им е доверено. Езра рекол: “Вие сте му посветени на Господа и овие садови се свети, и ова сребро и злато е драговолен прилог на Господа Бога одвашитетатковци. Пазете го и чувајте го се додека не го измерите пред свештеничките главатари и пред левитите и пред главатарите на Израелевите домови во Ерусалим, во ризниците на Господовиот дом.” (Стихови 24, 25, 28, 29).
Грижливоста со која Езра се грижел за транспортот и безбедноста на Господовата ризница содржи поука која е достојна за темелно проучување. Биле избрани само оние чија верност била докажана, и на нив им биле дадени јасни поуки за одговорноста која нив им претстои. Бирајќи верни луѓе за чувари на Господовата ризница, Езра покажал дека ја увидува неопходноста и вредноста на редот и организацијата во Божјото дело.
Во текот на неколкуте денови во кои што Израелците ги поминувале покрај река, биле довршени сите подготовки за долгото патување. Езра бележи: “Во дванаесеттиот ден на првиот месец тргнавме од реката Авава за да отидеме во Ерусалим: раката на нашиот Бог беше над нас; патем Тој не заштитуваше од нападите на непријателите и ограбувачите.” (Стих 31). На пат поминале околу четири месеци, затоа што напредувањето било отежнато заради големиот број луѓе кои што го прателе Езра – севкупно неколку илјади, вклучувајќи ги тука и жените и децата. Сепак сето ова поминало безбедно. Нивните непријатели не можеле да им наштетат. Патувањето се завршило среќно и во првиот ден од петтиот месец, во седмата година од владеењето на Артарксеркс, тие стигнаа во Ерусалим.

Сподели го ова:

Слични објави