14. „Во духот и силата на Илија“
Во текот на многу столетија по Илиевото време, записот за неговото животно дело ги инспирирало и храбрело оние кои биле повикани да ја бранат правдата во текот на отпадништвото. И за нас “до кои стигна крајот на вековите” (1. Коринтјаните 10:11) тоа е од посебна важност. Историјата се повторува. И денешниот свет има свои Ахав и Језавела. Денешниот век е век на идолопоклонство токму како што било во времето на пророкот Илија. Однадвор не се гледаатолтари и можеби нема никакви ликови на кои окото може да сопре: но сепак, илјадници луѓе одат по боговите на овој свет – кон богатство, задоволства, почести и пријатни бајки кои му дозволуваат на човекот да попушта на навиките од своето непрепородено срце. Мнозина имаат погрешна представа за Бога и Неговиот карактер и така искрено му служат на лажен бог, како да се вистински обожувачи на Ваал. Дури мнозина кои се нарекуваат христијани паднале под влијанието кое е насочено против Бога и Неговата вистина. Тие на тој начин се оддалечуваат од божественото и го воздигнуваат човечкото.
Во денешно време преовладува духот на неверство и отпадништво – дух на божемна просветеност заради сознанието за вистината, кој всушност е дух на слепа самоувереност. Човечките теории се воздигнуваат и се поставуваат на местото кое му припаѓа на Бога и на Неговиот закон. Сатаната ги наведува луѓето на непослушност ветувајќи дека во неа ќе најдат слобода која може да ги направи слични на богови. Се запазува духот кој се спротивставува на јасната Божја реч, кој идолопоклонички ја воздигнува човечката мудрост над божественото откровение. Луѓето дозволиле така да се помати и помрачи нивниот разум со прилагодување на обичаите и влијанијата од овој свет, што ја загубиле секоја моќ да разликуваат помеѓу светлина и темнина, помеѓу вистина и заблуда. Тие толку се оддалечиле од вистинскиот пат, што сметаат дека мислењето на неколкуте т.н. филозофи е поверодостојно од вистината на Библијата. Поканите и ветувањата на Речта Божја, им се закануваат заради непослушноста и идолопоклонството – сето тоа нема моќ да го омекне нивното срце. Тие сметаатдека верата која делувала преку Павле, Петар и Јован застарела, дека е мистична и недостојна за разумот на модерните мислители.
Во почетокот Бог му го дал на човештвото Својот закон како средство за остварување среќа и вечен живот. Единствена надеж на сатаната да ги осуети Божјите намери се состои во тоа да ги наведе луѓето и жените тој закон да не го почитуваат. Сатаната непрекинато се труди погрешно да го претстави учењето на законот и со тоа да го намали неговото значење. Сатанското главно дело претставувало обид да се измени самиот закон, така што луѓето да го престапуваат, a истовремено тврдат дека му се покоруваат.
Еден писател ја споредил измената на Божјиот закон со стариот лош обичај на свртување во погрешна насока на патоказ подигнат на значајна раскрсница помеѓу два пата. Така често биле создавани големи незгоди и потешкотии.
Бог подигнал патоказ за оние кои патуваат низ овој свет. Еден дел од патоказот укажувал на доброволна послушност кон Творецот како на пат кон среќа и живот, додека другиот укажувал на непослушносткако на паткон неволји и смрт. Патот кон среќата исто така бил јасно назначен како на пат кон градот на заштита во старозаветниот период. Меѓутоа, во еден за човечкиот род кобен момент, големиот непријател на сето добро го свртел патоказот и мнозина отишле по погрешен пат.
Господ преку Мојсеја го поучувал Израел: “Кажи, заповедај им на синовите Израилеви: пазете ги саботите Мои, зашто таа е знак меѓу Мене и вас од колено до колено, за да знаете дека Јас сум Господ, Кој ве осветува. Пазете ја, пак, саботата, оти таа е света за Господа и за вас. Кој ќе ја оскверни, да се погуби: бидејќи секој, кој ќе врши некаква работа . . . во саботен ден, нека се предаде на смрт. Затоа синовите Израилеви нека ги пазат саботите, празнувајќи ги во родовите свои. Тоа е знак меѓу Мене и синовите Израилеви довека: зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден си отпочина и се одмори.” (2. Мојсеева 31:13-17).
Со овие зборови Господ јасно покажал дека послушноста е патот кон Божјиот Град: меѓутоа, човекот на беззаконието го свртел и го насочил во погрешен правец. Тој востановил лажна сабота и ги навел луѓето да мислат дека се покоруваат на заповедта на Творецот ако се одмораат во тој ден.
Бог изјавил дека седмиот ден е сабота Господова. Кога “биле довршени небото и земјата,” Тој го воздигнал тој ден како спомен за создавањето. Починувајќи во седмиот ден “од сите дела свои кои ги направи,” го благослови Бог седмиот ден и го посвети.” (1. Мојсеева 2:1-3).
Во времето на излегувањето од Египет, саботата посебно била истакната на народот Божји. Додека сеуште се наоѓале во ропство, нивните работодавачи настојувале да ги натераат да работат во сабота, зголемувајќи ја нормата на работата која морала да се направи секоја седмица. Условите на работа непрестано станувале се потешки, и помачни. Меѓутоа, Израел бил ослободен од ропството и доведен до едно место каде што без никакви пречки можел да се покорува на прописите на Јехова. На Синај бил обновен законот, а на Мојсеј му биле дадени две камени плочи “напишани со Божјиот прст” (2. Мојсеева 31:18) врз кои законот бил испишан. И во текот на речиси четириесет години талкање Израелците постојано биле потсетувани за денот од одморот кој Бог го одредил, затоа што мана не паѓала во седмиот ден, а двоен оброк паѓал во денот на подготовка и чудесно бил сочуван.
Пред Израел да влезе во ветената земја, Мојсеј го упатил: “Држи го денот од одморот и празнувај го.” (5. Мојсеева 5:12). Господ сакал Израелците совесно со празнување на саботата да ги потсетува на она што му го должат Нему како на свој Творец и Откупител. Се додека ја празнуваат саботата според законот, помеѓу нив нема да има идолопоклонство: но, ако не се покоруваат на оваа заповед, ќе заборават на својот Творец и ќе почнат да им служат на други богови. “И саботите Мои им ги дадов”, рекол Господ, “да бидат знак помеѓу Мене и нив за да узнаат дека Јас сум Господ кој ги осветува.” Но, сепак “тие ги отфрлија Моите закони и по уредбите мои не одеа, и саботите Мои ги осквернија, зашто срцето нивно одеше по гнасни богови.” Повикувајќи ги да се вратат, Тој повторно укажал на тоа од колкаво значење е празнувањето на саботата. “Јас сум Господ Бог ваш,” Тој рекол, “одете по моите уредби, и држете ги моите закони и извршувајте ги: и саботите мои пазете ги да бидатзнак помеѓу Мене и вас, та да знаете дека сум Јас Господ Бог ваш.” (Езекиел 20:12, 16, 19,20).
Изложувајќи му ги на Јуда гревовите заради кои најпосле западнал во вавилонско ропство, Господ рекол: “Ти ги …оскверни саботите мои.”
“Затоа го излеав врз нив гневот Свој, со огнот на Својата јарост ги истребив, нивните патишта им ги оборив врз главите нивни.” (Езекиел 22:8, 31).
Во времето на Неемија, кога повторно се градел Ерусалим, на сите кои ја престапувале саботата им било упатено строго прашање: “He правеа ли така татковците наши, та Бог го пушти ова зло врз нас и врз овој град? А вие уште го умножувате гневот врз Израел осквернувајќи ја саботата.” (Неемија 13:18).
И Христос за време на својата земска служба, укажувал на обврската за празнување на саботата: во целокупното Негово учење се гледа почитување кон одредбите кои Тој самиот ги дал. Во Негово време уредбата за саботата толку се изопачила што нејзиното празнување било повеќе одраз на себичниот карактер на злобните луѓе, отколку што укажувала на Бога. Христос го демантирал лажното учење кое погрешно го прикажувало Бога – учење кое луѓето тврделе дека го познаваат. И покрај тоа што рабините немилосрдно Го прогонувале, Тој не сакал ни привидно да се покори на нивните барања, туку одел по правиот пат и саботата ја празнувал во склад со Божјиот закон.
Со непогрешлив јазик, Тој посведочил за Неговата почит кон Господовиот закон: “Немојте да мислите дека сум дошол да ги поништам законот и пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто навистина ви велам: додека небото и земјата постои, нема да снема ниту една јота или црта од законот додека се не се изврши. Ако некој наруши една од овие најмали заповеди, и ги научи така луѓето, најмал ќе се нарече во Царството Божјо: а кој ги извршува и така ги научи луѓето, тој голем ќе се нарече во Царството Божјо.” (Матеј 5:17-19)
Големиот непријател на човековата среќа во христијанската ера на векови најжестоко ја нападнал саботата – четвртата заповед. Сатаната вели: “Ќе ја осуетам Божјата намера. Ќе ги овластам своите следбеници да го тргнат Господовиотспомен – саботата седмиот ден. Ќе му прикажам на светот дека денот кој Бог го осветил и благословил е променет. На негово место ќе го поставам денот кој не носи Божји печат, ден кој не може да биде знак помеѓу Бога и Неговиот народ. И ќе ги наведам оние кои го прифаќаат тој ден да му ја придаваатонаа иста светост која Бог ја дал за седмиот ден.
Со помош на својот намесник ќе се воздигнам себе си. Ќе го уважувам првиот ден и така протестантите ќе ја прифатат лажната сабота наместо вистинската преку непочитување на саботата која Бог ја воспоставил ќе ги наведам луѓето да го презрат Неговиот закон. Зборовите “знак меѓу мене и вас од колено до колено,” ќе направам да служат во чест на мојата сабота.
Така светот ќе ми припаѓа мене. Ќе владеам со земјата и ќе бидам господар на светот. Јас така ќе ги контролирам умовите кои што се под моја контрола така што Господовата сабота ќе стане предмет на посебен презир. Каков знак ќе биде тоа? – Ќе направам празнувањето на саботата да претставува знак на непокорност кон власта. Човечките закони ќе бидат така строги што луѓето нема ни да се осмелуваат да ја празнуваат саботата како седми ден. Од страв да не останат без храна и облека, тие ќе се приклучат на светот кој го престапува Божјиот закон. Земјата ќе биде целосно под моја власт.”
Непријтелот сакал со воспоставување на лажната сабота да ги измени законите и уредбите. Меѓутоа, дали му успеало да го измени Божјиот закон? Одговор даваат зборовите во триесет и првата глава од втората книга Мојсеева. Оној кој е ист вчера, денес, и во веки рекол за саботата: “А саботите Мои пазете ги, зашто се знак помеѓу Мене и вас од колено до колено…” “Тоа е знак… во веки.” (2. Мојсеева 31:13, 17).
Изменетиот пат укажува на погрешен пат, но Бог не се променил. Тој е сеуште силниот Израилев Бог. “Ете народите се како капка од ведро, и се сметаат како прашинка на терезија. Ете, островите Тој ги подигна како прав. Ни Ливан не стигнува за жртвен оган, ни животните по него – за сепаленица. Сите народи пред Hero се како ништо, – за Hero се помалку од ништо, и помалку се од суетата.” (Исаија 40:15-17). Тој и денес ревнува за својот закон токму како што правел во времето на Ахав и Илија.
А колку ли само се презира тој закон! Погледнете како денешниот свет отворено бунтува против Бога. Нашето поколение навистина е заблудено, полно со неблагодарност, формализам, неискреност, гордост, западнато во отпадништво. Луѓето ја занемаруваат Библијата и ја мразат вистината. Исус гледа како Неговиот закон се отфрла и Неговата љубов се презира, како луѓето рамнодушно ги примаат Неговите гласници. Тој говорел со милостиви зборови, но луѓето не ги препознале. Праќал предупредувања, но луѓето не обрнувале внимание на нив. Тремовите на човечката душа станале несвет објект. Луѓето робуваат на себичноста, зависта, гордоста и пакоста.
Мнозина не се срамат дури и со потсмев да говорат за Речта Божја. Ги исмејуваат луѓето кои веруваат во таа Реч онака како што е напишана. Законот и редот се повеќе се изложуваат на презир a no тоа доаѓа и до нескриени престапи на јасните Господови заповеди. Луѓето се тргнале од патот на покорноста и како последица се јавиле насилства и зло. Погледнете во каква беда се наоѓаат милиони луѓе кои обожуваат идоли и залудно тежнеат кон среќа и спокојство.
Погледнете речиси сеопшто непочитување на заповедта која наложува празнување на саботата. Погледнете ја безбожната дрскост на оние кои од една страна со закон сакаат да ја запазат наводната светост на првиот ден од седмицата, a од друга страна со закон дозволуваат продажба на жестоки пијалоци. Тие сакаат да бидат помудри од Светото Писмо и се обидуваат да вршат притисок на совеста од луѓето, додека со ист замав овластуваат едно зло кое човекот го унижува до животно и ги уништува созданијата создадени според Божјото обличје. Самиот сатана го инспирира изрекувањето на ваквите закони. Тој многу добро знае дека проклетството Божјо ќе ги стигне оние кои човечките закони ги издигаат над Божјите и се труди со сите сили луѓето да ги наведе на широкиот пат кој води во пропаст.
Луѓето толку долго се поклонувале на човечки идеи и одредби што речиси целиот свет оди по идоли. Во своите обиди да го измени Божјиот закон, сатаната се служи со сите можни измами за да ги наведе луѓето да станат против Бога и знаците по кои се распознаваат праведниците. Меѓутоа, Бог нема секогаш да трпи неказнето да се гази и презира Неговиотзакон. Доаѓа време за кое говори Исаија: “Ничкум ќе паднат гордите погледи човечки, и она, што е високо кај луѓето, ќе се понизи: a само Господ ќе стои високо во тој ден.” (Исаија 2:11). Оние кои се сомневаат можат да се шегуваат и потсмеваат на прописите на Божјиот закон и може да се одрекнуваат: мнозина можат да се заразат со духот од овој свет, а некои сосема ќе паднат под негово влијание: можеби ќе бидат потребни големи напори и непрекинати жртви за да се одржи Божјето дело: но сепак на крајот вистината ќе триумфира славно.
При завршувањето на Божјето дело на земјата повторно ќе биде воздигнато знамето на Неговиот закон. Лажната вера може да преовладува, беззаконието може да се умножи, љубовта на мнозина да олади, крстот од Голгота да биде загубен од вид: мракот може како дух на смрт да го обвиткува светот, луѓето можат со сите сили да станат против вистината, можат да сковаат многубројни сплетки за да се совлада Божјиот народ – но во часот на најголема опасност Богот Илиев ќе ги употреби човечките орудија да ја објават веста која нема да може да се замолкне. Во пренаселените градови, во местата каде што луѓето најповеќе говореле против Бога, се слуша глас на строг укор. Луѓето кои Бог ги назначил смело ќе го осудуваат сојузот на црквата со светот. Тие сериозно ќе повикуваат луѓе да го отфрлат човечкиот закон и да ја празнуваат вистинската сабота. Тие ќе проповедаат на сите народи: “Бојте се од Бога, и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд: и поклонете му се на Оној кој го создал небото и земјата и морето и водните извори… Оној кој што ќе се поклони на ѕверот и неговата икона и прими жиг на челото свое или на раката своја, ќе пие од виното на Божјиот гнев, кое е неразводнето во чашата на Неговиот гнев.” (Откровение 14:7-10).
Бог нема да го прекрши својот завет ниту пак ќе ја измени речта која ја изговорил. Неговата реч вечно ќе остане на сила, неизменета како и Неговиот престол. На денот на судот ќе се покаже заветот кој Бог јасно го испишал со својот прст, и целиот свет ќе биде доведен пред суд на Вечната Правда да ја слушне пресудата.
Денес, како и во времето на Илија, јасно е повлечена граница помеѓу народот кој ги држи Божјите заповеди и оние кои што се поклонуваат на лажни богови. “До кога ќе се лулате на две страни?” извикал Илија. “Ако е Господ Бог, одете no Hero: акое Ваал, одетепо него.”(1. Царства 18: 21). Авестаза нашето време гласи: “Падна, падна Вавилон големиот…излезете од неа, луѓе Мои, за да не учествувате во гревовите нејзини, и да не се заразите од раните нејзини: бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини.” (Откровение 18: 2, 4-8).
He е далеку времето кога секоја душа ќе биде ставена на проба. Од нас ќе се бара да ја празнуваме лажната сабота. Ќе се води борба помеѓу Божјите заповеди и човечките. Оние кои чекор по чекор попуштале на барањата на светот, кои се прилагодувале на неговитеобичаи, побрзо ќе се потчинаттогаш на светските сили отколку да се изложат на потсмев, навредување, опасност од затвор и смрт. Во тоа време златото ќе се одвои од троскотот. Вистинската побожност јасно ќе се разликува од лажната и привидната. Ќе потонат во мракот многу ѕвезди на чиј сјај сме се восхитувале. Оние кои се кителе со украсите на светилиштето, но не се облекле со Христовата праведност, ќе се покажат во својата голотија.
Помеѓу жителите на земјата, растурени по сите краишта на светот, живеат луѓе кои не ги свиткале колената пред Ваал. Како небесни ѕвезди кои се појавуваат само ноќе, овие верници ќе блескаат кога мракот ќе ја покрие земјата и темнината народот. Во незнабожечка Африка, во католичките земји на Европа и Јужна Америка, во Кина и Индија, на морските острови, во сите мрачни делови на земјината топка, Бог има во резерва мноштво избрани ѕвезди кои ќе блескаат среде мракот и јасно ќе му покажат на отпадничкиот свет колкава моќ на преобразување има покорувањето на Неговиот закон. Дури и денес таквите се појавуваат во сите народи, раси и јазици. А во часот на најдлабок отпад, кога сатаната со сите сили ќе се труди да ги наведе “сите, мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови” (Откровение 13:16) под закана на смртна казна да го примат знакот на потчинетост на лажниот ден за одмор, оние верни, “вистински Божји деца без мана”, ќе блескаат “како видело на светот” (Филипјаните 2:15). Колку ноќта е помрачна, толку тие појасно ќе блескаат.
Што би било кога Илија би го пребројувал Израел во времето кога Божјата казна се излеала на отпадничкиот народ! Тој би можел да изброи само еден на Господовата страна. Но кога рекол: “Јас останав сам, па ја бараат да ја земат и мојата душа”, речта Господова го изненадила: “Но си оставив во Израел седум илјади кои не ги свиткаа колената пред Ваал.” (1. Царства 19:14, 18).
Според тоа, нека никој денес не го пребројува Израел, туку нека настојува срцето да му биде “месно” и полно со нежно сочувство, срце кое како Христовото ќе се заложува за спасение на загубениот свет.