46. Божјите пророци помагаа
Недалеку од Израелците кои што работеле на обновување на храмот, живееле Самарјаните. Тие биле мешавина настаната од взаемно женење и мажење на незнабожци населени тука од Асирија и остатокот од десетте племиња кои што останале во Самарија и Галилеја. Самарјаните со текот на времето почнале да тврдат дека се почитувачи на вистинскиот Бог, но во срцето и во животот биле идолопоклоници. Всушност, тие говореле дека идолите им служат само за да ги потсетуваат на живиот Бог, Управителот со вселената, но народот сепак бил склон кон обожување на ликови.
Во времето на обновувањето на храмот овие Самарјани биле прочуени како “непријатели Јудини и Венијаминови.” Слушајќи “дека оние што се вратија од ропство ѕидаат дом на Господ Бог Израелев, дојдоа кај Зоровавел и поглаварите на домовите татковски” и изјавиле дека и тие сакаат да учествуваат во градењето. “И ние да градиме со вас,” рекле тие, “зашто и ние го бараме вашиот Господ Бог, и нему му принесуваме жртви од времето на Есардон Асирскиот цар, кој не доведе тука.” Но оваа нивна молба била одбиена. “He можете вие со нас да ѕидате дом на нашиот Бог,” им одговориле израелските поглавари, “туку ние сами ќе му ѕидаме на Господ Бог Израелев, како што ни заповеда персискиот цар Кир.” (Езра 4:1-3).
Само еден мал остаток одлучил да се врати од Вавилон, и сега, кога се фатиле за задача која, како што се чинело, ги преминувала нивните сили, дошле најблиските соседи и им понудиле помош. Самарјаните рекле дека и тие го обожуваат вистинскиот Бог и изразиле желба да учествуваат во благословите на службата во храмот. “Ние исто како и вие го бараме вашиот Бог,“ рекле тие, “дозволете и ние да ѕидаме со вас.” Но ако еврејските поглавари ја прифателе оваа нивна понуда, би ја отвориле вратата за идолопоклонство. Тие ја распознале незрелоста на Самарјаните. Знаеле дека помошта која што би им ја дале тие луѓе не е ништо во споредба со благословите кои што можеле да ги очекуваат ако ја слушаат јасната Јеховина заповед.
Господ преку Мојсеј му кажал на Израел како треба да постапува кон соседните народи. “He се фаќај со нив во верата, ниту да се смилуваш над нив; ниту да се спријателуваш со нив… зашто тие ќе го отргнат синот твој од Мене и ќе им служи на други богови, па Господ ќе се разгневи на вас и ќе ве сотре набрзо.” “Ти си народ посветен на Господа, својот Бог; Господ те избра тебе меѓу сите народи на земјата за да бидеш Негов народ, Негова сопственост.” (5. Мојсеева 7:2-4; 14:2).
На Израел јасно му било предочено какви последици би настапиле кога би почнал да склопува сојузи со соседните народи. “Господ ќе ве расфрли по сите народи, од едниот до другиот крај на земјата,” рекол Мојсеј, “таму ќе им служиш на други богови; дрвени и камени – кои ви беа непознати и тебе и на татковците твои. Но нема да имаш мир меѓу тие народи; ниту твоите стапала ќе имаат почивалиште, туку таму Господ ќе ти даде возбудено срце, пропаднати очи, изнемоштена душа. Твојот живот ќе виси на нишка; ќе се боиш и дење и ноќе, и не ќе бидеш безбеден за својот живот. Од стравот што ќе ти го стега срцето, и од глетката што ќе ја гледааточите твои, наутро ќе зборуваш: Ох да е веќе вечер! а навечер ќе зборуваш: Ох да е веќе утро! (5. Мојсеева 28:64, 67). “Таму ќе го бараш Господа, својот Бог. И ќе го најдеш ако го бараш со сето свое срце и со сета своја душа,” гласело ветувањето. (5. Мојсеева 4:29).
Зоровавел и неговите соработници ги познавале овие и многу други светски ракописи, а неодамна, додека сеуште биле во ропство, имале можност да го видат и нивното исполнување. А сега, бидејќи го исповедале сето она зло заради кое тие и нивните татковци ја искусиле казната проречена преку Мојсеј, кога со целото срце се обратиле кон Господа и го обновиле заветот со Hero, им било дозволено да се вратат во Јудеја и да го обноват она што било уништено. Зарем сега, на самиот почеток од својот потфат, да влезат во сојуз со идолопоклоници?
“He влегувај со нив во завет,” рекол Господ. Оние кои што повторно Му се посветиле на Бога при олтарот подигнат пред урнатините на Неговиот храм, сфатиле дека секогаш треба да се одржува гранична линија помеѓу Неговиот народ и светот. Одбиле да се дружат со таквите кои, и покрај тоа што биле запознаени со прописите на Божјиот закон, не сакале да се покоруваат на Неговите барања.
Божјиот народ до крајот на векот мора да се придржува на начелата во петата книга Мојсеева како упатство на Израел. Вистинскиот напредок зависи од одржувањето на нашите заветни односи со Бога. Никогаш не смееме да дозволиме да попуштиме во поглед на начелата и да стапиме во сојуз со оние кои не се бојат од Бога.
Христијаните се во постојана опасност да помислат како во извесна мерка мораатда се прилагодатсосветотза да имаат влијание во него. Меѓутоа, иако таквиот став привидно овозможува голема корист, на крајот секогаш доаѓа до духовен губиток. Божјиот народ на овој свет е патник и странец кој оди по патека полна со опасности. Тој не смее да се поведе по примамливите наговори, и заради наизглед безазлените поттикнувања да тргне по патот на непослушноста.
Отворените непријатели на Божјето дело не се најопасни. Поголема моќ на измама имаат оние кои што, слични на непријателите на Јуда и Венијамин, доаѓаат со благопријатни зборови трудејќи се наоколу да склопат пријателски сојуз со Божјите синови. Секоја душа мора да биде во приправност, кога станува збор за таквите луѓе, за да не падне во било каква грижливо прикриена и вешто поставена стапица. Денеска особено, бидејќи се приближуваме кон крајот на историјата, Господ бара од Своите деца непрекината будност. И покрај тоа што борбата е непрекината, никој не е препуштен самиот на себе. Ангелите им помагаат и ги штитат оние кои што во понизностодатпред Бога. Господ никогаш нема да го изневери оној кој што се надева на Hero. Kora Неговите деца ќе Му се приближат барајќи заштита од злото, Тој жалостиво и со љубов подига за нив знаме против непријателот. “He допирајте ги, Тој вели, зашто се Мои. На дланкиве сум ги изрежал.”
Неуморни во своето противење, Самарјаните “им ги ослабнуваа рацете на јудејскиот народ и им пречеа во ѕидањето; и изнајмија советници наспроти нив да ја расипуваат нивната намера за време на царот Кир Персиски до владеењето на Дариј царот Персиски.” (Езра 4:4, 5). Ширејќи лажни гласови предизвикале сомнеж кај душите кои што лесно можеле да се поколебаат. Меѓутоа, силите на темината повеќе години биле успешно зауздувани и Јудиниот народ слободно можел да го продолжи своето дело.
Додека сатаната се трудел да влијае на најголемата власт во медо-персиското царство за да не покаже наклонетост кон Божјиот народ, ангелите работеле во корист на заробениците. За таа борба се заинтересирало целото небо. Преку пророкот Данило ни е дадено да погледаме накратко во моќната борба помеѓу силите на доброто и злото. Три седмици ангел Гаврил се борел со силите на темнината, трудејќи се да го попречи влијанието кое што делувало врз умот на царот Кир. И пред да се заврши борбата, самиотХристос мудошол во помош. “Кнезот на Персиското царство ми се противеше дваесет и еден ден,” рекол Гаврил, “но ете, Михаил еден од првите кнезови ми дојде на помош; така што јас останав кај Персискиот цар.” (Даниел 10:13). Било направено се што небото можело да направи за Божјиот народ. Победата конечно била извојувана; силите на непријателот биле сопрени за целото време на владеење на царот Кир и неговиот син Камбис, кој владеел околу седум и пол години.
Тоа било време на извонредни предности за Евреите. Највозвишените претставници на небото делувале врз срцата на царевите и Божјиот народ морал да работи до крајни граници за да ја спроведе Кировата заповед. Морале да ги вложат сите свои напори за да го обноват храмот и службата во него и повторно да се населат во своите домови. Но, иако Бог силно работел за нив, мнозина не се отповикале. Нивните непријатели биле силни и одлучни и градителите постепено губеле храброст. Некои не можеле да ја заборават глетката при поставувањето камен-темелник, кога мнозина покажале дека немаат доверба во тој потфат. И бидејќи Самарјаните станувале се подрски, мнозина Евреи почнале да се запрашуваат дали воопшто е дојдено време да се гради храмот. Ваквото чувство било многу распространето. Многу работници, обесхрабрени и малодушни, се вратиле во своите куќи за да ги продолжат вообичаените занимања во животот.а време на Камбисовото владеење работата на изградбата на храмот напредувала споро. А за време на лажниот Смерт (кој во Езра 4:7 се нарекува Артарксеркс), Самарјаните го навеле безобѕирниот измамник да издаде декрет со кој на Евреите им се забранува повторно да го градат нивниот храм и град.
Повеќе од една година храмот бил занемарен и скоро заборавен. Луѓето живееле во своите куќи и се труделе да постигнат земски успех, меѓутоа, тие се наоѓале во жална состојба. Колку и да работеле, немале никаков напредок. Се чинело дека и природните елементи се здружиле против нив. Бидејќи дозволиле храмот да запусти, Господ пуштил врз нив разорна суша. Бог претходно им дал плодови од нивите и градините, жито, вино и масло како залог на својата наклонетост; но тие обилни дарови ги употребиле толку себично што благословите им биле ускратени.
Такви биле можностите на почетокот на Дариевото владеење. Со духовното а и со земското живеење, Израел се наоѓал во многу жална состојба. Така долго роптале и се сомневале, толку време оделе по своите лични интереси, посматрајќи го рамнодушно Господовиотхрам во урнатини, што мнозина ја изгубиле од вид Божјата намера повторно да ја зацврсти Јудеја. Мнозина говореле: “Сеуште не е дојдено времето да се соѕида домот Господов.” (Агеј 1:2).
Но дури ни тој мрачен час не бил без надеж за оние кои што се надевале на Бога. Пророците Агеј и Захарија биле подигнати да се спротивстават на кризата. Тие повикани гласници со возбудливи сведоштва му ги откриле на народот причините за нивните неволји. Пророците говореле дека неуспехот во земските работи се должи на тоа што Божјите интереси не се ставени на прво место. Изралеците да го прославеле Бога, да му го укажале задолжителното почитување и чест, посветувајќи главен акцент на подигање на Неговиот дом, тие би ги заслужиле Неговото присуство и благослов.
На оние кои што паднале во малодушност Агеј им упатил сериозно прашање: “Дали ви е време да живеете во покриени куќи, додека овој дом е разурнат. Затоа, Господ над војските сега зборува вака: Обратете ги своите срца на вашите патишта!” Зошто имате направено толку малку? Зашто толку се грижите за своите домови а не се грижите за зданието Господово? Каде е ревноста која што порано ја исполувавте во подигањето на домот Господов? Што добивте служејќи си себеси? Копнежот да ја избегнете сиромаштијата ве доведе до тоа да го занемарите храмот, меѓутоа тоа занемарување го донесе врз вас токму тоа од што се плашевте. “Сеете многу, собирате малку; јадете, а не сте сити; пиете, а не можете да се напоите, се облекувате, а не ви е топло. Трудбеникот ја заработува својата плата, а ја става својата плата во скината кожена торбичка.” (Стихови 4-6).
Потоа Господ, со зборови со кои што морале да разберат, му ја открил на Израел причината за нивната сиромаштија: “Се надевате на изобилство, а ете, малку е; што ќе донесете дома Јас ќе го дувнам. А зошто? говори Господ над Војските. Затоа што Мојот дом е разурнат, додека секој од вас се грижи за својот дом. Затоа небото се заклучи и не дава роса, а земјата не ги подава своите производи. Јас ја повикав сушата на земјата и по горите, на житото и на виното, на маслото и на се што раѓа на земјата, на луѓето и на добитокот и на секој со мака добиен плод.” (Стихови 9-11).
“Размислете за вашите патишта,” советувал Господ. “Отидете во гората, донесете дрва, и подигнете го пак домот; тоа ќе Ми биде мило, и ќе се прославам.” (Стихови 7, 8).
Водачите и израелскиот народ ја примиле при срце веста на советот и укорот кои што Господ им ја упатил преку Агеј. Чувствувале дека на Бога Му дошло до нив. Повеќе не се осудувале да ги отфрлат поуките кои што повеќе пати им ги давал, имено, нивната среќа, како земската така и духовната, зависи од тоа дали верно ќе ги исполнуваат Неговите заповеди. Разбудени од опомените на пророкот, Зоровавел и Јошуа (Исус), “и целиот остаток народниот глас на Господа својот Бог, ги послушаа гласот на Господа, нивниот Бог, и зборовите на пророкот Агеј.” (Стихови 13, 14).
Штом Израел одлучил да се отповика на поканата, по укорот следело охрабрување. “Тогаш прозборе Агеј… до народот, велејќи: Јас Сум со вас – говори Господ. Господ го задвижи духот на Зоровавел” и на Исус и “духот на сиот останат народ; та тие дојдоа и се зафатија со работа во домот на Господа над воинствата, својот Бог.” (Стихови 13, 14).
За помалку од еден месец откако се вратиле повторно на градење на храмот, градителите добиле уште една охрабрувачка вест. “Биди силен, Зоровавеле,” Господ ургирал преку Својотпророк; “биди силен, О Исусе; и биди силен народе на сета земја, говори Господ, и работи; затоа што Јас сум со вас, говори Господ над восјките.” (Агеј 2:4).
На Израилот, кога се беше улогорил пред Синајската гора, Господ рекол: “И ќе пребивам меѓу синовите Израелеви, и ќе им бидам Бог. И ќе познаат дека Сум Јас Господ Бог нивни, кој што ги изведов од Египетската земја, за да пребивам помеѓу нив, Јас сум Господ нивниот Бог.” (2. Мојсеева 29:45, 46). A сега, и покрај тоа што повеќепати “се одометнаа и го жалостеа Неговиот Свет Дух” (Исаија 63:10), Бог уште еднаш преку својот пророк ја подал Својата рака за да спаси. Во знак дека ја прифатил нивната соработка за остварување на Неговите намери, Тој го обновил Својот завет дека Неговиот Дух ќе биде со нив; и им порачал “не бој се.”
Господ и денеска им вели на своите деца: “Бидете силни… и работете; зашто Јас сум со вас.” Христијанинот секогаш во Бога ќе има силен помагач. Можеби нема да можеме да ги разбереме патиштата на Божјата помош, но едно знаеме: Тој никогаш не ги остава оние кои што се надеваат во Hero. Kora христијаните би знаеле колку пати Господ го одредувал патот по кој тие ќе одат, за да не се остварат намерите на непријателот, не би се препнувале често и не би се жалеле. Нивната вера во Бога би била толку цврста што никакво искушение не би можело да ги поколеба. Тие би го признале за своја мудрост и сила и Тој би направил преку нив да се оствари она што го посакува.
Срдечните повици и храбрења упатени преку Агеј, во уште поголема мерка биле изнесени преку Захарија, кого Бог го подигнал да го поттикне Израел да ја изврши заповедта за градењето. Првата Захариева вест била потврда дека Божјата реч никогаш не изневерува, како и ветувањето за благословите за оние кои што ќе ја примат верната пророчка реч.
И покрај тоа што нивните полиња лежеле необработени а залихите брзо им се намалувале, и покрај тоа што биле опкружени со непријателски расположени народи, Израелците сепак се отповикале на повикот на Божјите гласници, тргнале со вера и вредно започнале да работат на обновата на урнатиот храм. Таа работа барала цврста доверба во Бога. Додека народот се трудел да ја изврши својата задача и тежнеел Божјата благодат да ја прифати со цело срце, преку Агеј и Захарија пристигнувале вести една по друга, потврдувајќи дека нивната верност ќе биде наградена и дека ќе се овистини Божјата реч за идната слава на храмот чии ѕидови биле обновувани. Зашто, кога ќе се наврши времето, токму во тој храм како Учител и Спасител на човештвото ќе се појави Оној за кого копнееле сите народи.
Градителите не биле оставени да се борат сами. “Со нив беа Божјите пророци помагајќи им,” а самиот Господ над војските изјавил: “Бидете храбри… и работете; затоа што Јас Сум со вас.” (Езра 5:2; Агеј 2:4).
Бидејќи луѓето искрено се покајале и ја покажале својата подготвеност да напредуваат во верата, дошло и ветувањето за земниот напредок. “Од овој ден,” објавил Господ, “Јас ќе ве благословам.” (Агеј 2:19)
До нивниот водач Зоровавел, оној кој во текот на годините по враќањето од Вавилон бил ставен на тешки искушенија му била упатена драгоцена вест. Доаѓа денот, рекол Господ кога ќе бидатпоразени сите непријатели на Неговиотодбран народ. “И во тоа време, зборува Господ над војските, ќе те земам тебе, Зоровавелу, слуго Мој,. . . и ќе те поставам како печат; зашто те избрав.” (Стих 23). Сега водачот на Израел можел да ја сфати смислата на провидението кое што го водело низ сите искушенија и кризи, и во сето тоа можел да ја согледа Божјата волја.
Оваа реч, упатена лично на Зоровавел, била забележана заради охрабрување на Божјите деца во сите времиња. Бог Своите деца ги става на проба со одредена цел. Тој ги води токму онака како што тие и самите би посакале кога би можеле уште во почетокот да го согледаат крајот, и да ја разберат големината на целта која што ја остваруваат. Сите искушенија и неволји кои што ги снаоѓаат според Неговото провидение, треба да ги направи силни за да работат и страдаат за Hero.
Вестите кои што ги донеле Агеј и Захарија направиле луѓето да се заложат со сите сили за обнова на храмот. Но Самарјаните и останатите настојувале на сите можни начини да ја оневозможат оваа работа. Така еднаш покраинските намесници на Медо-Персија дошле во Ерусалим и запрашале кој наредил да се обновува храмот. Евреите во тој момент да не се надевале во Господовото водство, ова прашање можело да биде кобно. “Но окото Господово беше над старешините Јудејски, па не им забрануваше додека работата не отиде до Дариј.” (Езра 5:5). Тие исто така мудро им одговориле на намесниците дека овие одлучиле да пратат писмо до Дариј Хистасп, кој тогаш владеел со Персија, обрнувајќи му внимание на првиот декрет на Кир во кој било наложено Божјиотхрам во Ерусалим да се обнови, и таа обнова да падне на товар на царската ризница.
Дариј го побарал овој декрет и го пронашол. Потоа им порачал на оние кои што ја испитале работата да ја дозволат понатамошната изградба на храмот. Тој заповедал: “Оставете нека се гради тој Божји дом, Јудејскиотуправител и старешините нивни нека го ѕидаат тој Божји дом, на местото негово.”
“Уште и заповедам,” продолжил Дариј, “што да направите кон јудејските старешини за да се изгради повторно Божјиот Дом: од царското благо – односно од данокот оттаде реката – нека им се плаќа внимателно на оние луѓе, без прекратување, и што ќе им треба за жртвите паленици на небесниот Бога: јунци, овни и јагниња, и пченица, сол, вино и масло, нека им се дава редовно секој ден, според упатствата на свештениците во Ерусалим. Нека принесуваат жртви со пријатен мирис на небесниот Бог, нека се молат за животот на царот и неговите синови.” (Езра 6:7-10).
Царот потоа одредил строги казни за оние кои во било кој поглед би ја прекршиле оваа наредба, и ја завршил со значајна порака: “И Бог, кој таму го настани Своето Име, нека ги обори секој цар и народ, кој би се осмелил да ја прекрши мојата заповед и го разурне Божјиот Дом во Ерусалим! Јас, Дариј, ја дадов оваа наредба. Нека се извршува точно.” (Стих 12). Така Господ го подготвил патот за комплетирање на храмот.
Со месеци Израелците, уште пред оваа наредба, непрекинато и со вера работеле на изградување на храмот. Божјите пророци исто така им помагале донесувајќи им вести во вистинско време, од кои работниците можеле да видат каква е Божјата волја за Израел. Два месеца по последната забележена вест од пророкот Агеј, Захарија добил серија виденија во поглед на Божјите дела на земјата. Овие вести, дадени во вид на параболи и симболи, во моментите на големи неизвесности и стравувања, биле од посебно значење за луѓето кои што работеле во името на Израелевиот Бог. На водачите им се чинело дека дозволата за градба на храмот ќе биде повлечена; иднината изгледала многу мрачна. Бог видел дека треба да го поддржи и да го израдува Својот народ со откровението на Својата неизмерна сочувствителност и љубов.
Захарија во видение го слушна Господовиот ангел како прашува: “Господе над војските, колку долго нема да му се смилуваш на Ерусалим и Јудините градови, на кои се гневиш веќе седумдесет години? А Господ му одговори на ангелот кој говореше со мене,” објавил Захарија, “со добри зборови, утешни зборови.”
“И ми рече ангелот кој говореше со мене: викај и зборувај: вака вели Господ над војските: Ревнувам за Ерусалим и за Сион многу. И многу се гневам на народите безгрижни, зашто малку се разгневив а тие помогнаа со зло. Затоа вака вели Господ: Се обратив кон Ерусалим со милост, домот мој повторно ќе се изгради во него… и јаже ќе се оптегне во Ерусалим.” (Захарија 1:12-16).
Пророкот сега добил налог да објави: “Вака вели Господ; Моите градови пак ќе се прелеваат со изобилство, и Господ ќе го утеши Сион, ќе го избере Ерусалим.” (Стих 17).
Захарија потоа видел во видение четири рога кои што “ја растурија Јуда, Израел и Ерусалим.” Веднаш потоа здогледал четири ковачи кои претставувале орудија со помош на кој Господ ќе го обнови Својот народ и Својот дом. (Види стихови 18-21)
“Тогаш ги подигнав своите очи,” рекол Захарија, “и видов ете човек, а во неговата рака мерачко јаже. Го прашав каде одиш? Ми одговори: Да го измерам Ерусалим и да видам колку е широк а колку долг. И ете, ангелот кој зборуваше со мене отиде, а друг му излезе во пресрет и му рече: Трчи, речи му на оној млад човек вака: Ерусалим ќе биде како отворен град заради мноштвото луѓе и добиток што ќе биде во него. А јас – говори Господ – ќе му бидам огнен ѕид наоколу и негова Слава сред него.” (Захарија 2:1-5).
Бог наредил Ерусалим повторо да се изгради; и ова видение за мерењето на градот било потврда дека Тој ќе го утеши и ќе го поткрепи Својот напатен народ и ќе ги исполни ветувањата на својот вечен завет. Тој им рекол дека ќе им биде “ѕид огнен наоколу,” и дека преку нив Неговата слава ќе им се открие на сите синови човечки. Така целата земја ќе сознае што направил Тој за Својот народ. “Воскликнувајте и радувајте се, жители на Сион, зашто голем е меѓу тебе Израелевиот Светец.” (Исаија 12:6).