47. Исус и ангелот

Сподели го ова:

Постојаното напредување во изградбата на храмот предизвикало големо незадоволство и вознемиреност кај војската на злото. Сатаната одлучил со сите сили да работи за да го ослабне и обесхрабри Божјиот народ, укажувајќи му на недостатоците на неговиот карактер. Кога тие, кои толку долго страдале заради престапувањата на Божјите заповеди, би можеле да бидат наведени повторно да ги отфрлат, повторно би паднале во ропството на гревот.
Одбран да го сочува сознанието за Бога на земјата, Израел секогаш бил предмет на најголема омраза од страна на сатаната; тој цврсто одлучил да го уништи. Додека тие биле послушни, тој не можел да им наштети, па затоа со целото свое лукавство и сили настојувал луѓето да ги наведе на грев. Измамени од неговите искушенија, тие го прекршиле Божјиот закон и така станале плен на своите непријатели.
Но, Бог не ги оставил ниту во вавилонското росптво. Тој им праќал пророци со вести на укори и предупредувања, поттикнувајќи ги да ја согледаат својата вина. А кога ќе се понизиле пред Бога и би се вратиле кај Hero во искрено покајание, Тој им праќал вести на охрабрување, објавувајќи дека ќе ги ослободи од ропството, дека повторно ќе им ја укаже Својата благонаклоност и ќе ги врати во нивната земја. И сега, бидејќи делото на обновување започнало и остатокот на Израел се вратил во Јудеја, сатаната одлучил да ја осуети Божјата волја, поттикнувајќи ги незнабожечките народи потполно да ги уништи.
Но Господ во таа криза го храбрел својот народ “со добри зборови, со утешни зборови.” (Захарија 1:13). Со помош на еден длабок симбол Тој покажал дека нивниот Посредник има сила да го победи тужителот на Својот народ.
* Станува збор за Исус (правилно Јошуа) син Јоседеков.
Пророкот во видение го здогледал “Исус првосвештеникот,” кој “беше облечен во извалкана облека,” стоејќи пред Господовиот ангел, молејќи го Бога да биде милостив кон неговиот народ. (Захарија 3:1, 3). Додека тој срдечно се молел на Бога да го исполни своето ветување, сатаната самоуверено се подигнал да му се спротивстави. Укажувајќи на гревовите на Израел, тврдел дека тој нема право повторно да добие Божја благонаклоност. Израел бил негов плен и тој барал да му се предаде во негови раце.
Првосвештеникот не можел да се заштити себеси и својот народ од сатанските обвинувања. Тој не тврдел дека Израел е без грев. Стоел пред Ангелот во извалкана облека, која била симбол на грев, како претставник на својот народ и ја признал неговата грешност, но истовремено укажувал на неговата понизност и покајание, надевајќи се на милоста на Спасителот кој простува гревови. Тој со вера се повикувал на Божјите ветувања.
Тогаш Ангелот, кој всушност бил самиот Христос, Спасителот на грешниците, му ја затворил устата на тужителот на Неговиот народ велејќи му: Тоспод да те укори, сатано, кој го избра Ерусалим. He е ли тоа гламја истргната од оган?” (Стих 2). Израел долго бил во печката на искушенијата. Заради своите гревови речиси сосема бил уништен со пламенот кој што го запалил сатаната со своите помагачи, но сега Бог ја испружил својата рака да го спаси.
Бидејќи Исусовото посредување било примено, дошла заповедта: ’’Тргнете ја од него таа облека;” и Ангелот му рече на Исуса: “Погледни, го одземав од тебе беззаконието твое, и те облеков со нова облека.” “И му ставија чиста капа на главата, и му ја облекоа облеката.” (Стихови 4, 5). Биле простени и неговите и гравовите на народот. Израел бил облечен “во нова облека” – тој ја добил Христовата праведност. Врз Исусовата глава била ставена капа која што ја носеле свештениците, а на неа пишувало: “Господова Светост” (2. Мојсеева 28:36), што значело дека и покрај неговите минати гревови бил оспособен да служи пред Бога во Неговото светилиште.
Ангелот потоа му рече на Исуса: “Вака вели Господ над војските: Ако одиш по Моите патишта и ако ги пазиш Моите наредби, ти ќе бидеш управител во Мојот Дом, ќе ги чуваш Моите дворови и ќе ти дадам пристап меѓу оние кои стојаттаму.” (Захарија 3:7). Ако биде послушен, ќе му биде дадена чест да биде судија или поглавар на храмот и да управува со неговата служба; ќе чекори со ангелите чувари во овој живот и најпосле ќе биде примен во оној прославен собир пред Божјиот престол.
“И така, послушај, Исусе, поглавару свештенички, ти и твоите другари кои се околу тебе, зашто вие сте луѓе познати! Еве, Јас ќе го доведам Мојот слуга, Фиданката и ќе ја отстранам нечесноста на оваа земја во еден ден.” (Стих 8). Надежта Израелева лежела во Фиданката, во Спасителот кој што требало да дојде. Исус и неговиот народ примиле простување со вера во тој Спасител кој требало да дојде. Со вера во Христа повторно се здобиле со Божјата благонаклоност. Преку Неговите заслуги, ако одат по Неговите патишта и ги држат Неговите заповеди, ќе станат “луѓе познати” затоа што ќе им се укаже чест како на одбран од небото помеѓу сите народи на земјата.
Како што го обвинувал Исуса и неговиот народ, сатаната во сите векови ги обвинувал сите оние кои бараат милост и благонаклоност Божја. Тој е “клеветник на браќата наши… кој ги обвинуваше пред нашиот Бог, дење и ноќе.” (Откровение 12:10). Оваа борба се повторува за секоја душа избавена од злото, чие име е забележено во книгата на животот на Јагнецот. Без огорчен отпор кон непријателот ниеден не е примен во Божјото семејство. Но Оној кој што во тоа време бил надеж, одбрана, оправдување и избавување на Израелот претставува надеж и на црквата денес.
Сатанските обвинувања против оние кои го бараат Господа не се во никој случај плод на неговото гнасење од нивните гревови. Тој ужива во маните на нивниот карактер, зашто знае дека над нив ќе добие власт единствено ако тие го прекршуваат Божјиот закон. Тој ги обвинува само заради тоа што е Христов непријател. Исус со планот на спасението ги раскинува ланците на човечкото семејство со кои сатаната го врзал и ги ослободува душите од негова власт. Во овој прв бунтовник се буди омраза и злоба кога ќе ги види знаците на Христовата надмоќ, и тој со сите сили и лукавост се напрега да ги оттргне од Неговите раце човечките деца кои што го прифатиле спасението. Тој луѓето ги наведува на сомнеж за да ја поколеба нивната вера во Бога и да ги одвои од Неговата љубов. Ги наведува да го прекршат законот, а потоа ги бара како заробеници, оспорувајќи му го правото на Христос да ги ослободи од неговата власт.
Сатаната знае дека Бог ќе им пружи простување и благодат на сите оние кои што ќе побараат, и затоа им ги изнесува на луѓето нивните гревови за да ги обесхрабри. Тој непрестано чека прилика да ги обвини оние кои што се трудат да бидат послушни на Бога. Се обидува да ги прикаже безвредни дури и во нивната најдобра и најприфатлива служба. Тој настојува да ја постигне нивната осуда користејќи се со најлукави и најсвирепи средства.
Човекот не е во состојба со сопствена сила да се одбрани од нападите на непријателот. Тој стои пред Бога во облека извалкана од грев, признавајќи ја својата вина. Но Христос, нашиот Бранител, ги застапува сите оние кои што во покајание со вера Му ја предале својата душа. Тој ги брани и го победува нивниот обвинител со силни докази од Голгота. Неговата совршена послушносткон Божјиотзакон Мудала секаква власт и на небото и на земјата и Тој бара од Својот небесен Отец милост и простување за грешниот човек. Тој му возвраќа на напаѓачот на Својот народ: “Господ да те укори, сатано, Господ да те укори, кој што го избра Ерусалим. He е ли тоа гламња истргната од оган?” А на оние кои што се надеваат на Hero со вера, им упатува зборови на охрабрување: “Еве, ја симнувам од тебе твојата вина и те облекувам во нова облека.” (Захарија 3:2-4).
Сите оние кои што ќе се облечат во облеката на Христовата праведност, ќе стојат пред Hero како Негов вистински, одбран и верен народ. Сатаната нема да може да ги истргне од раката на Спасителот. Христос нема да дозволи ниедна душа која во покајание со вера ќе ја побара Неговата заштита да потпадне под власт на непријателот. Неговата реч гласи: “Нека се фати за Мојата сила за да направи мир со Мене; и ќе направи мир со Мене.” (Исаија 27:5). Ветувањето Исусово важи за сите: “Ако ги пазиш Моите наредби… ќе ти дадам пристап меѓу оние кои стојат таму.” (Захарија 3:7). Божјите ангели ќе им стојат од двете страни уште во овој свет, а на крајот ќе се најдат помеѓу ангелите кои што го опкружуваат престолот.
Захариевото видение за Исуса и ангелот се однесува на искуството на Божјиот народ во завршните настани на големиот ден на помирувањето. На заедницата на остатокот ќе наидат големи искушенија и неволји. Оние кои што ги држат Божјите заповеди и верата Исусова ќе го почувствуваат гневот на ѕверот и неговата војска. Сатаната го вбројува светот во своите поданици; тој се здобил со власт над мнозина кои тврдат дека се христијани. Но постои една мала заедница која што не ја признава неговата власт. Кога би можел неа да ја избрише од лицето на земјата, неговата победа би била потполна. И како што некогаш ги поттикнувал незнабожците да го уништат Израел, така во блиска иднина ќе ги поттикне безбожните сили на земјата да го уништат Божјиот народ. Луѓето ќе бидат приморувани да се покорат на човечките заповеди газејќи го Божјиот закон.
Оние кои што ќе му останат верни на Бога ќе бидат изложени на прогонства, обвинувања и презир. Тие ќе бидат “предадени од родителите и браќата и роднините и пријателите,” на смрт. Нивна единствена надеж ќе биде Божјата милост, а единствена одбрана молитвата. Како што Исус се молел пред Ангелот, така и верните во заедницата на остатокот со понизни срца и непоколеблива вера ќе се молат за простување и избавување преку Исуса, својот Бранител. Тие потполно се свесни за грешноста на својот живот, увидуваат колку се слаби и недостојни, и склони се да паднат во очајание.
Искушувачоте веднаш тука да ги обвини, како што некогаш го обвинувал Исуса, првосвештеникот. Тој укажува на нивните валкани облеки и недостоен карактер. Тој покажува на нивната слабост и лудост, на гревот на неблагодарност, на тоа колку се разликуваат од Христа и го обесчестуваат својот Откупител. Тој се труди да ги убеди дека за нив нема повеќе надеж и дека извалканоста од нивнот грев нема да може никогаш да се исчисти. Негова цел е на тој начин да ја уништи нивната вера, за да попуштат во искушенијата и да отстапат од својата верност кон Бога.
Сатаната многу добро знае на кои гревови го наведувал Божјиот народ и затоа во своите обвинувања истакнува дека овој заради тие гревови ја изгубил Божјата заштита и дека тој има право да го уништи. Тој тврди дека тие, токму како и тој, заслужиле да им се ускрати Божјата благонаклоност. “Зарем е тоа народот што ќе го завземе моето место на небото и местото на ангелите кои што се соединија со мене? Тие тврдат дека го почитуваат Божјиот закон; но дали ги почитувале Неговите одредби? Зарем не се сакале повеќе себеси отколку Бога? Зарем не ги ставале сопствените интереси над Божјата служба? Зарем не ги сакале работите од овој свет? Погледни на гревовите кои што ги одбележуваат нивниот живот. Погледни ја нивната себичност, пакост и омраза еден кон друг. Зарем Бог ќе ме казни мене и моите ангели, а ќе ги награди овие кои што ги направиле истите гревови? Ако си праведен, о Господе, ти тоа нема да го направиш. Правдата бара да се осудат и тие,” говори сатаната.
Меѓутоа, иако згрешиле, Христовите следбеници не дозволиле со нив да завладее сатаната. Т ие се покајале заради своите гревови и го барале Господа во понизност и скрушеност и затоа небесниот Бранител се моли за нив. Тој кој што најповеќе страдал заради нивната неблагодарност, ги знае нивните гревови, но и нивното каење, па вели: “Господ да те укори сатано. Јас го дадов својот живот за овие души. Тие се врежани на моите дланки. Можеби нивниот карактер е несовршен. Можеби доживувале неуспеси во своите настојувања, но се покајале и јас им простувам и ги примам.”
Силни се сатанските напади и лукаво е неговото обвинување, но Бог бдее над своите верни. Тие се наоѓаат во голема неволја и се чини дека ќе изгорат во пламена печка, но Исус ќе ги изведе од оганот, како злато жарено во оган. Ќе исчезнат нивните земски одлики, и во нив потполно ќе се огледа Христовата слика.
Можеби понекогаш ќе изгледа дека Господ заборавил на опасностите во кои се наоѓа Неговата заедница и на навредите кои што и ги нанесува непријателот. Меѓутоа, тоа Бог не го заборава. На Божјото срце ништо друго не му е подраго на оваа земја од Неговата црква. Тој не сака записот на нејзиниотживот да го извалкаат навиките од овој свет. Бог нема да дозволи Неговиот народ да подлегне на сатанските искушенија. Тој ќе ги казни оние кои што неточно го претставуваат, но ќе биде милостив кон сите оние кои што искрено се покајале. На таквите кои што од Hero ќе побараат сила за развивање христијански карактер, Бог ќе им ја подари неопходната помош.
Во последното време, Божјиот народ ќе воздивнува и ќе рида заради гадотиите кои што се прават на земјата. Со солзи ќе ги опоменува грешниците да не го газат Божјиот закон, и ќе се понизат пред Господа во неискажана тага и покајание. Г решниците ќе се потсмеваат на нивната тага и ќе ги исмејуваат нивните сериозни опомени. Но всушност тој душевен страв и понизност е најголем доказ дека тие повторно стекнуваат сила и благородност на карактерот изгубени како резултат на гревот. Тие ја воочуваат целосната одвратност на гревот токму затоа што му се приближиле на Христа и го управуваат погледот кон Неговата совршена чистота. Благоста и понизноста се услови за успехот и победата. Круната на славата ги очекува сите оние кои што ќе се понизат во подножјето на крстот.
Верните Божји слуги, кои се молат, се наоѓаат под Негова заштита. Тие и самите не знаат колку се сигурно заштитени. Поттикнувани од сатаната, владетелите на овој свет настојуваат да ги уништат; но кога би биле отворени очите на Божјите деца, како очите на слугата на Елисеј во Датан, би виделе дека ги опкружуваат Божји ангели, бранејќи ги од силите на темнината.
Кога Божјиот народ со скрушен дух ќе се понизи пред Hero молејќи за очистување на срцата, ќе ја слушне заповедта: “Соблечете ги од него тие валкани облеки,” а потоа зборови на целосно охрабрување: “Еве, ја симнувам од тебе вината твоја и те облекувам во скапоцена облека.” (Захарија 3:4). Искушаните и верни деца добиваат чисти облеки на Христовата праведност. Презрениот Остаток ќе биде облечен во прекрасна облека која расипаноста на светот нема да може никогаш да ја извалка. Нивните имиња остануваат во книгата на животот на Јагнето, покрај имињата на верните во сите векови. Тие одолеале на лукавството на измамникот; рикот на змевот не успеал да ги совлада за да се одречат од својата верност.
Нивните гревови се пренесени врз зачетникот на гревот. На главата на секој од нив е ставена “чиста капа.”
Додека сатаната ги изнесува своите обвинувања, невидливи ангели проаѓаат од еден до друг верник и ставаат врз нив печат на живиот Бог. Тоа се оние кои што стојат на гората Сион со Јагнето, и на чие чело е напишано името на Отецот. Тие пејат нова песна пред престолот, песна која што никој не може да на ја научи освен оние 144. 000 илјади кои што се откупени од земјата. “Тие одат по Јагнето, каде и да оди. Тие се откупени меѓу луѓето, како првенци на Бога и на Јагнето, и измама не се најде во нивната уста; тие се непорочни пред Божјиот престол.” (Откровение 14:4, 5).
Тогаш потполно се исполнуваат зборовите на ангелот: “Послушај сега, о Исусе првосвештенику, ти и твоите другари кои се околу тебе, зашто вие сте луѓе познати; еве јас ќе го доведам Мојот слуга, Фиданката.” (Захарија 3:8). Христос се открил како Откупител и Ослободител на Својот народ. Остатокот на верните се навистина “чудо од луѓе,” бидејќи солзите и искушенијата кои што ги прателе за време на нивното патување му отстапуваат место на радоста и честа во присуството на Бога и Јагнето. “Во оној ден Фиданката Господова ќе се јави во убавина и чест, а плодот на земјата – во величие и слава, за спасените синови Израилеви. Тогаш другите на Сион – и кои ќе преостанат во Ерусалим, ќе се наречат свети, секој кој ќе биде запишан за живот во Ерусалим.” (Исаија 4:2, 3).

Сподели го ова:

Слични објави