48. „Ниту со сила, ниту со крепост“
Веднаш no видението за Исус и Ангелот, пророкот Захарија примил вестза делото на Зоровавел. “Потоа се врати ангелот кој што ми говореше,” рекол Захарија, “и ме разбуди како човек кога се буди од сон и ми рече: што гледаш? А јас одговорив: гледам, ете светилник сиот од злато, со чаша за масло, врз него; и на светилникот седум светилки, со седум цевчиња за седумте светилки што се на него. Две маслинови стебла покрај него, едно десно од чашката, а друго лево од неа.
“Му се обратив на Ангелот кој зборуваше со мене и го прашав: Што е тоа Господару?… Тогаш тој ми проговори, велејќи: Еве го Господовото слово до Зоровавела: He со моќ ниту со сила, туку со Мојот Дух, вели Господ над војските.”
“Тогаш проговорив и го прашав: Што се оние две маслинови дрва оддесно и одлево на светилникот? Пак проговорив и го прашав: Што се оние две маслинови гранчиња што низ две златни цевки дотуруваат масло?… Тој рече: Тоа се два помазаника кои стојат пред Господарот на целата земја.” (Захарија 4:1-6; 11-14).
Во тоа видение двете маслинови гранчиња кои што стојат пред Бога претставени се како излеваат златно масло преку златните цевки во светилникот. Оттука се напојувале светилниците на светињата и давале непрекината блескава светлина. Така преку помазаните кои што стојат во Божјо присуство обилноста на Божјата светлина, љубов и сила се пренесува на Неговиот народ, а преку нив и на останатите се излева светлина, радост и освежување. Оние кои што на овој начин се збогатиле од ризницата на Божјата љубов должни се тоа да го дадат и на останатите.
Изградувајќи го повторно Господовиотдом, Зоровавел во својата работа наидувал на многукратни потешкотии. Од самиот почеток противниците “ги ослабуваа рацете на Јудиниот народ и им пречеа во ѕидањето,” “па им забранија со вооружена сила”. (Езра 4:4, 23). Но Господ посредувал во корист на градителите, и преку Својот пророк проговорил до Зоровавел: “Што си ти голема горо? Пред Зоровавела ќе станеш рамница и тој ќе го изнесе каменот темелник со восклик: Благодат! Благодат нему.” (Захарија 4:7).
Во текот на историјата на Божјиот народ цели планини на потешкотии наизглед непремостливи се поставувале пред оние кои што настојувале во целост да ги спроведуваат небесните цели. Господ дозволува такви пречки да се јават како проба на верата. Токму тогаш кога тешкотиите навалуваат врз нас на сите страни, треба да се надеваме во Бога и во силата на Неговиот Дух. Да се живее во жива вера значи да се развива во духовна сила и непоколеблива доверба. Така душата постанува сила која победува. Пречките што ги поставува сатаната на патот на христијаните исчезнуваат со силата на верата, затоа што на верникот му доаѓа на помош небесна сила. “Ништо нема да ви биде невозможно.” (Матеј 17:20).
Светот настапува со сјај (раскош) и разметливост. Божјиот начин е денот на малите работи да го претвори во почеток на величествени победи на вистината и праведноста. Понекогаш Тој ги оспособува своите работници на тој начин што ги доведува до разочарување и привиден неуспех. Негова цел е тие да научат да ги совладуваат тешкотиите.
Луѓето често пати доаѓаат во искушение да се поколебаат пред неволјите и пречките на кои што наидуваат. Но ако се држат за почетокот на својата првобитна вера до крајот, Бог ќе го расчисти нивниот пат. Борејќи се против тешкотиите, тие ќе доживеат успех. Пред смелата и непоколеблива вера каква што била на Зоровавел, големи планини на потешкотии ќе станат рамнини. И рацете на оној кој што ги поставил темелите – “рацете негови ќе ги довршат.” “Тој ќе го изведе најголемиот камен со воскликнувања: благодат, благодат нему.” (Захарија 4:9, 7).
Човечката сила и моќ не ја основале Божјата црква ниту можат да ја уништат. Црквата не е заснована на човечка сила, туку на Исуса Христа, Карпата на вековите, “и вратата од пеколот нема да ја надвладее”. (Матеј 16:18). Божјото присуство му дава стабилност на Неговото дело. “He надевајте се во кнезовите, и синовите човечки” – тоа се зборови кои што ни се упатени нам. “Во смиреноста и довербата е вашата сила.” (Псалм 146:3; Исаија 30:15). Засновано на вечните начела на правичноста, величественото Божјодело никогаш нема да биде уништено. Тоа ќе станува се помоќно, “не со сила и крепост туку со мојот Дух, вели Господ над војските.” (Захарија 4:6).
Доследно се исполнило ветувањето: “Рацете на Зоровавел го основаа овој дом, рацете негови и ќе го довршат.” (Стих 9). “Јудејските старешини ѕидаа и напредуваа според пророштвото на пророкот Агеј и Захарија Идовиотсин, ѕидаа и довршија според заповедта на Кир, Дариј и Артарксеркс Персискиот цар. И се сврши тој дом до третиотден од месецот Адар, (дванаесеттиот месец) во шестата година на царувањето на царот Дариј.” (Езра 6:14, 15).
Набргу по тоа обновениот храм бил посветен. “Израелевите синови, свештениците и Левитите и останатите помеѓу оние кои се вратија од ропство го посветија тој Божји дом радувајќи се;” и “во четиринаесеттиот ден од првиот месец,” тие “славеа Пасха.” (Стихови 16, 17, 19).
Вториот храм не бил еднаков на првиот по величественоста, ниту бил благословен со видливи знаци на Божјо присуство како првиот. При неговото посветување не дошло до никакво пројавување на натприродна сила. Облакот на славата не го исполнило новоподигнатото светилиште. He се спуштил никаков оган од небото за да ја спали жртвата на олтарот. Светиот облак на Божјото присуство не стоел помеѓу херувимите во светињата над светињите; ковчегот, престолот на милоста, и плочите на заветот не беа таму. Никаков знак од небото не им ја соопштил на свештениците Божјата волја која тие ја барале.
А сепак Господ за тој храм му рекол на пророкот Агеј: “Славата на подоцнежниот дом ќе биде поголема од онаа претходната.” “Ќе ги потресам сите народи и Копнежот на сите нации ќе дојде; и ќе го исполнам овој дом со слава, вели Господ над војските.” (Агеј 2:9, 7). Со столетија учени луѓе настојувале да покажат во што се исполнило ветувањето кое што Бог му го дал на Агеј. Меѓутоа, мнозина упорно одбивале да кажат дека гледаат посебно значење во Исуса Назареецот – Копнежот на вековите, кој со лично присуство го посветил храмот. Гордоста и неверството го заслепиле нивниот разум, така што не ја разбрале вистинската смисла на пророчките зборови.
Вториот храм не бил посветен со облакот на Господовата слава, туку со присуство на Оној во кого “живее целата полнота на Божеството” – самиот Бог “се јави во тело.” (Колосјаните 2:9; 1. Тимотеја 3:16). Вториот храм го надминал во славата оној првиот, затоа што бил почестен со личното Христово присуство за време на Неговата земска служба. “Копнежот на сите народи” навистина дошол во Неговиот храм, кога Човекот од Назарет учел и исцелувал во светите тремови на храмот.