24. „Изгина Мојот народ, зашто е во незнаење“

Сподели го ова:

Божјата благонаклонетост кон Израел била секогаш условена со послушност. Т ие во подножјето на Синај направиле со Hero завет и станале Негова “посебна сопственост…над сите народи.” Свечено се заколнале дека ќе одат по патеката на послушноста. “Се што рече Господ ќе правиме,” рекле тие. A кога неколку дена подоцна Бог го изговорил својот закон од Синај и преку Мојсеј ги објавил останатите свои уредби и судови, Израел ветил: “ќе правиме се што кажа Господ.” (2. Мојсеева 19:5, 8). Потврдувајќи го заветот, народот уште еднаш сложно изјавил: “Ќе ги вршиме сите зборови што ги рече Господ.” (2. Мојсеева 24:3, 7). Бог го избрал Израел за свој народ, а тие Hero за цар.
При крајот на талкањето низ пустината биле повторени условите на заветот. Во Вет-Фегор, на самата граница на ветената земја, каде што мнозина подлегнале на искушението, оние кои што останале верни го обновиле својот завет. Мојсеј им укажал на искушенијата на кои ќе бидат изложени во иднина и сериозно ги предупредил да не се мешаат со околните народи, и да служат само на Бога.
“А сега, Израеле,” ги упатил Мојсеј: “послушај ги законите и уредбите на кои ве учам, за да ги вршите и така да поживеете па да ја заземете земјата, што ви ја дава Господ. Ниту додавајте нешто на тоа што ви заповедам ниту одземајте нешто од тоа; вршете ги заповедите на Господа, на својот Бог, што ви ги давам… Пазете ги и вршете ги: тоа ќе биде, во очите на народите, ваша мудрост и ваша разумност. Кога тие ќе чујат за сите овие закони, ќе речат: Сигурно овој голем народ е мудар и разумен народ.” (5. Мосеева 4:1-6).
На Израелците особено им било наложено никогаш да не ги загубат од вид Божјите заповеди, затоа што ќе бидат силни и среќни само ако им се покоруваат. “Затоа внимавај и чувај се добро,” им рекол Господ преку Мојсеја, “да не ги заборавиш делата што ги виде со своите очи; нека не ти исчезнат од срцето ниту во еден ден на твојот живот; спротивно, поучи ги за нив твоите синови и синовите на твоите синови.” (Стих 9). Никогаш не смееле да го заборават оној страшен и возвишен призор при давањето на законот на Синај. Израел јасно и одлучно бил предупреден да не се поведува по соседните народи кои биле идолопоклоници. “Внимавајте добро!” гласеше дадениот совет; “за да не се расипете па да си направите за себе некаков делкан лик, кип со машко или женско обличје”, “да не се заведеш кога ќе ги подигнеш своите очи кон небото па ги видиш сонцето, месечината и ѕвездите, сета небесна војска па да им се клањаш и да им покажуваш почитување; Господ, твојот Бог, им ги даде нив на сите народи, секаде под небото.” “Затоа внимавајте да не го заборавите Заветот што Господ, вашиот Бог, го склучи со вас, па не правете си себеси делкани ликови, на што и да е што го забрани Господ, твојот Бог.” (5. Мојсеева 4:15, 16, 19, 23).
Мојсеј укажал на злото кое ќе го нападне Израел доколку отстапи од Божјиот закон. Повикувајќи го небото и земјата за сведоци, тој рекол дека, ако после долг живот во ветената земја народот почне да им служи на лажни богови, ако почне да се поклонува на режани ликови одбивајќи да го слави вистинскиот Бог – гневот Г осподов ќе се распали, дека тие ќе станат пленици и ќе бидат расеани помеѓу незнабошците. “Бргу ќе ве снема од земјата во која што одите преку Јордан за да ја наследите,” Тој ги предупредил нив “не ќе живеете долго во неа, туку ќе бидете целосно уништени.” “Господ ќе ве распрсне меѓу народите, и ќе остане само мал број од вас меѓу народите среде кои ќе ве одведе Господ. Таму ќе им се поклонувате на богови што човечки раце ги направиле од дрво и камен, на богови кои не можат ни да видат, ни да чујат, ни да јадат ни да мирисаат.” (Стихови 26-28).
Ова пророштво, делумно исполнето во времето на судиите, потполно и доследно се обистинило за време на робувањето на Израел во Асирија и Јуда во Вавилон.
Израел постепено тонел во отпадништво. Сатаната од поколение во поколение се трудел да го наведе избраниот народ да ги заборави “заповедите, уредбите и законите,” (5. Мојсеева 6:1) кои според ветувањето требале вечно да ги држат. Тој знаел дека доколку го води Израел да го заборави Бога, и “тргне по други богови, и им служи и ги обожува,” тие “сигурно ќе изгинат.” (5. Мојсеева 8:19).
Меѓутоа, непријателот на Божјата заедница на земјата не ја земал во обѕир сочувствителната природа на Оној кој “не го оправдува виновниот,” меѓутоа чија слава е да биде “милостив и жалостив, долготрпелив на гнев, кој изобилува со добрина и вистина, кој искажува милост на илјадници, проштава беззаконија, неправди и грев.” (2. Мојсеева 34:6, 7). За несреќа на сатанските напори да ги осуети Божјите намери односно Израел, во најтемните часови на нивната историја кога изгледало дека силите на злото ќе задобијат победа, Господ милостиво се откривал. Му укажувал на Израел за она што ќе му донесе благослов на народот. “Му напишав важни закони,” рекол Тој преку Осија, “но тој ги сметаше за туѓи.” “Јас Самиот го учев Ефрема да оди, го носев на рацете Свои, а тие не сфаќаа дека со тоа ги лекував.” (Осија 8:12; 11:3). Господ нежно постапувал со нив и ги учел преку своите пророци, заповед по заповед, правило по правило.
Израел да пазел на веста на пророкот, не би ги доживеал подоцна сите оние понижувања. Токму затоа што биле упорни во својата непокорност, Бог бил принуден да допушти да бидат одведени во ропство. “Мојот народ гине заради недостиг на знаење,” била Неговата порака до нив преку Осија. “Зашто ти го отфрли знаењето, и Јас ќе те отфрлам тебе… зашто го заборави Законот на Својот Бог.” (Осија 4:6).
Престапот на Божјиот закон повлекувал со себе исти последици во сите времиња. Во Ноево време, кога луѓето ги погазиле сите начела на правдата и кога злото толку многу се раширило што не можело повеќе да се трпи, Бог изјавил: “Ќе ги истребам луѓето кои ги создадов од лицето на земјата.” (1. Мојсеева 6:7) Во Авраамово време жителите на Содом отворено се противеле на Бога и Неговиот закон и со тоа следеле иста грешност, расипаност и незауздано самопопуштање како и луѓето кои живееле пред потопот. Жителите на Содом ја преполниле мерката на Божјето трпение и со тоа огнот на Божјиот гнев се распалил против нив.
Во периодот кој претходел на нивното одење во ропство, десетте Израилеви племиња биле исто така непокорни и безбожни. Луѓето го сметале Божјиот закон за неважен и тоа отворило брани на поплави од зло кое наишло врз Израел. “Господ спори со жителите на земјата, затоа што веќе нема верност, нема милост, нема познавање за Бога на земјата. Преку криви заклетви и лажење, убивање и кражба, прељуба и насилство, една крв ја стигнува другата,” рекол Осија. (Осија 4:1, 2).
Амос и Осија во своите пророштва за судот и казната говореле за идната слава. Десетте племиња, кои толку долго биле непокорни и не сакале да се покајат, не добиле ветувања дека ќе си ја повратат својата некогашна власт во Палестина. Т ребале до крајот на светот да бидат “туѓинци помеѓу народите.” Но преку Осија им е укажано на предноста да земат учество во последната обнова која Божјиот народ ќе ја доживее на крајот од земската историја, кога Христос ќе се појави како Цар над царевите и Господар над господарите. Пророкот рекол дека десетте племиња ќе бидат “долго време без цар и без кнез, без жртва и без столб, без ефод и без терафим.” “Потоа,” продолжил пророкот: “Израилевите синови ќе се вратат; ќе Го бараат Господа, својот Бог, и Давида, својот цар, со страв ќе им пристапуваат на Господа и на Неговите добрини на крајот на деновите.” (Осија 3:4, 5).
Осија со јазикот на симболите го изложил пред десетте племиња на Израел Божјиот план за спасение на секоја душа која ќе се покае и ќе и пријде на Неговата црква на земјата – благодети кои му биле ветени на Израел во времето на неговата верност кон Бога во ветената земја. Мислејќи на Израел на кого сакал да му изрази милост, Господ рекол: “Еве, затоа ќе ја привлечам, ќе ја одведам во пустината и ќе и проговорам на нејзиното срце. И таму ќе и ги вратам нејзините лозја, и од Ахорската долина ќе направам врата на надеж. И таа ќе пее таму како во деновите на својата младост, како во времето кога излезе од Египет. Во оној ден – говори Господ – ти ќе ме викаш: Мажу мој, а веќе нема да Me викаш: Ваале мој. Затоа што јас ќе и ги отстранам од устата нејзина ваалските имиња, и веќе нема да им ги споменува имињата.” (Осија 2:14-17)
Во последните денови од историјата на светот Бог ќе го обнови заветот со народот кој ги држи Неговите заповеди. “Во оној ден, ќе склучам за нив сојуз со животните од полето, со небесните птици и со земните ползачи; ќе ги истребам од земјата лакот, мечот и војната за да почиваат мирно во неа. Ќе те свршам довека за Себе; Ќе те свршам во праведност и справедливост, во љубов и љубезност и во милост; ќе те свршам за Себе во верност и ти ќе Го сознаеш Господа.”
“И во тој ден Јас ќе чујам, вели Господ, Јас, ќе го чујам небото, и тоа ќе ја чуе земјата, и земјата ќе го чуе житото и виното и маслото, а тие ќе го чујат Израел. И ќе ја посеам за себе на земјата, и ќе ја помилувам непомилуваната и ќе им речам на оние кои не беа Мојот народ: Вие сте Мој народ; а тој ќе рече: Ти си мој Бог!” (Стихови 18-23).
“Во оној ден: Израеловиот остаток и преживеаните од Јакововата куќа, не ќе се потпираат веќе на оној кој ги порази, туку ќе се потпираат искрено на Господа, на Израеловиот Светец.” (Исаија 10:20). Во секој “народ, во секое племе и јазик и народ и колено” има луѓе кои радосно ќе одговорат на веста: “Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд.” Тие ќе ги отфрлат сите идоли кои ги врзуваат за земјата и ке му се поклонуваат на “Оној, кој го создал небото и земјата, морето и водните извори.” Ќе се ослободат од сите врски и ќе стојат пред светот како споменици на Божјата милост. Послушни на божествените барања, тие ќе бидат признаени од ангелите и луѓето како оние “кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса”. (Откровение 14:6, 7, 12).
“Еве доаѓаат денови – говори Господ – кога орачот ќе го стигнува жетварот, и гмечителот на грозјето – сејачот, кога планините ќе потечат со младо вино, и сите ридови ќе се прелеваат со него. Ќе ја свртам судбината на Мојот народ Израел: тие ќе ги обноват разурнатите градови и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го пијат виното од нив, ќе ги засадат градините и ќе го јадат нивниот плод. Ќе ги посадам во нивната земја, и никогаш веќе не ќе се откорнат од земјата која им ја дадов, вели Господ, твојот Бог.” (Амос 9:13-15)

Сподели го ова:

Слични објави