13. „Што правиш ти тука?“

Сподели го ова:

 Ова поглавје се базира на 1. Царства 19:9-18.
Иако сокриено од луѓе, Илиевото скривалиште на гората Хорив било познато за Бога. Уморниот и обесхрабрен пророк не бил оставен сам да се бори против силите на темнината кои навалиле врз него. На влезот во пештерата во која се скрил, Илија го дочекал самиот Бог преку моќен ангел пратен да се распраша за неговите потреби и да му го разјасни Божјиот план во поглед на Израел.
Се додека потполно не се потпрел на Бога, Илија не можел да го изврши делото за оние кои биле заведени во обожувањето на Ваал. Победата на врвовите на Кармил го отворила патот за уште поголеми победи. Меѓутоа, заради заканите на Језавела Илија не ги искористил прекрасните можности кои му се нуделе. Требало да се случи да разбере Божјиот човек колку е сега неговата состојба мизерна во однос на положбата која по желба на Господа требал да ја заземе.
Бог својот искушан слуга го дочекал со прашањето: “Што правиш тука Илија?” Те пратив на потокот Хорат а подоцна кај вдовицата во Сарепта. Ти наредив да се вратиш во Израел и да излезеш пред идолопоклоничките свештеници на Кармил. Ти подарив сила царевата кола да ја однесеш до капијата на Езраел. Но кој ти рече така брзо да побегнеш во пустина. Што правиш овде?
Со огорчување во душата, Илија рекол: “Ревнував за Господ Бог на војските: зашто синовите Израилеви го оставија твојотзавет, твоите олтари ги урнаа и пророците твои ги отепаа со меч: а јас останав сам, па ја бараат душата да ми ја земат.”
Ангелот го повикал пророкот да излезе од пештерата, да застане пред Господа на гората и да ја сослуша Неговата реч. “И ете, Господ проаѓаше, а пред Господа голем и силен ветар, кој ридови уриваше и карпи уништуваше: но Господ не беше во ветрот: a no ветрот земјотрес, но Господ не беше во земјотресот: по земјотресот оган, но Господ не беше во огнот: по огнот тивок и тенок mac. А кога го слушна тоа Илија, го затскри лицето свое со наметката и излегувајќи застана на вратата од пештерата.
Бог одлучил да се покаже на својот слуга како “глас тивок и тенок,” а не со некое моќно откровение на Божјата сила. Сакал да го поучи Илија дека делото кое што најуспешно ги остварува Неговите цели не мора секогаш да биде со особена големина. Додека Илија чекал Господ да му се открие, поминала луња, светкале молњи и се појавил оган. Но во сето тоа не бил Бог. Најпосле се зачул тивок, тенок глас и пророкот го покрил своето лице заради Господовото присуство. Неговата раздразливост се смирила, духот омекнал и се потчинил. Сега знаел дека мирното и цврсто потпирање на Бога секогаш ќе мудава помош кога ќе му биде тоа потребно.
Вистината Божја не мора секогаш научно да се образложува за да се убедат и обратат души. На човековото срце не може толку да се влијае со зборливост или логика, колку со благото посредство на Светиот Дух, кој мирно но сигурно делува во смисла на преобразбата и развојот на карактерот. Тивкиот и тенок глас на Божјиот Дух има моќ да го промени срцето.
“Што правиш ти тука Илија?” запрашал гласот. А пророкот одговори: “Ревнував за Господ Бог над војските: зашто синовите Израилеви го оставија твојотзавет, твоите олтари ги разрушија, и пророците твои со меч ги убија: а јас останав сам, па ја бараат и душата моја да ми ја земат.”
Господ му одговорил на Илија дека престапниците во Израел нема да поминат неказнето. Требало да се изберат посебни луѓе кои ќе ја остварат Божјата цел – казнување на идолопоклоничкото царство. Одлучно мора да се постапи за да им се даде на сите можност да прејдат на страната на вистинскиот Бог. Илија мора да се врати во Израел за да спроведе со останатите реформа.
Господ му заповедал на Илија: “Врати се по патот свој преку пустината во Дамаск, и кога ќе стигнеш, помажи го Азаила за цар на Сирија, а Јуја, Намесиевиот син, помажи го за цар над Израелот: Елисеја, пак, Сафатовиот син, од Авел-Маул, помажи го за пророк место себе си: зашто кој ќе избега од Азаиловиот меч, него ќе го убие Јуј, а кој ќе се избави од мечот на Јуја, него ќе го убие Елисеј.” (1. Царства 19:15-17).
Илија мислел дека само тој во Израел го признава вистинскиот Бог. Но Бог кој го познава секое срце, му открил на пророкот дека и многу други во текот на долгите години на отпадништво му останале верни на Господа. Бог рекол: “Но си оставив во Израел седум илјади, кои ниеден не ги свитка колената пред Ваал ниту со устата своја го целиваше.” (1. Царства 19:18).
Од Илиевото искуство за време на тие денови обесхрабрувањето и привидниот пораз, можат да се извлечат многу поуки од непроценлива вредност за Божјите слуги во ова одбележано време на општо отстапување од вистинскиот пат. Отпадништвото кое денес преовладува е слично на отпадништвото кое го зафатило Израел во пророково време. Тоа што човечкото го воздигаат над Божјото, ги величаат популарните водачи, го обожаваат Мамонот и таканаречената наука над вистината на откровението, мнозина и денес одат по Ваала. Сомнежот и неверието вршат погубно влијание врз разумот и срцето, и мнозина Божјите пророштва ги подредуваат на човечките теории. Јавно се проповеда дека дошло време кога човечкиот разум треба да се воздигне над учењето над Речта Божја. Се тврди дека законот Божји, Божјото мерило на праведноста, нема повеќе никакво значење. Непријателот на вистината делува со измамничка сила за да овозможи човечките одредби да се стават наместо Божјите и да се заборави она што е предвидено за среќа и спас на човештвото.
Меѓутоа, широко распространетото отпадништво, сепак не е сеопшто. He се сите во овој свет беззаконици и грешници, ниту пак сите преминале на страната на непријателот. Бог има многу илјади луѓе кои не ги свиткале колената пред Ваал. Тие тежнеат потполно да раберат се што е во врска со Христа и законот, се надеваат дека Исус наскоро ќе дојде и ќе стави крај на гревот и смртта. Има и такви кои во незнаење му служат на Ваал, но за нив сеуште Духот Божји се бори.
На таквите им е потребна помош од оние кои веќе го познаваат Бога и моќта на Неговата Реч. Во време какво што е денешното, секое Божјо дете треба сесрдно да им помага на другите. Ангелите Божји им помагаат на оние кои ја разбираат библиската вистина и настојуваат да пронајдат души кои копнеат за светлина. Никој не треба да се плаши да појде по патот по кој одат ангелите. Благодарејќи на верноста и трудот посветен на работниците, мнозина ќе го напуштат идолопоклонството и ќе прејдат кон живиот Бог. Мнозина ќе престанат да им оддаваат почести на човечките творби и бестрашно ќе прејдат на страната на Бога и на Неговиот закон.
Многу зависи од неуморниоттруд на верните и предадени работници, и од тие причини сатаната на сите можни начини ќе се труди да го занемари остварување на божествените цели преку трудот на послушните. Тој ги наведува луѓето да ја изгубат од вид својата возвишена и света должност и да се задоволуваат со удобностите во овој живот. Тој ги наведува удобно да се сместат или заради земска корист да се селат од местото каде што можат да прават добро. Други пак ги наведува во обесхрабрување да ја напуштат својата должност, заради противења или прогонство. Меѓутоа, небото сите тие ги гледа со најнежно сожалување. На секое Божјо дете на кое непријателотмуја замолкнал душата, упатено муепрашањето: “Што правиш тука?” Јас ти поставив должност во целиот свет да го проповедаш евангелието и да го подготвуваш народот за денот Божји. Зошто си тука? Кој те пратил?
Христа во жртвата и страдањето го поддржувала радоста дека со тоа ќе бидат спасени грешници. Тоа треба да биде и радост на секој Христов следбеник, поттик за неуморна работа. Оние барем кои донекаде разбираат што значи за нив и нивните ближни откупувањето, ќе ја разберат до извесен степен и големата потреба на човештвото. Во нивните срца ќе се разбуди сочувство при увидувањето на моралното и духовното сиромаштво на илјадници луѓе кои се наоѓаат во сенка на страшна пропаст, кон која телесните страдања се навистина ништо.
На семејствата како и на поединците се поставува прашањето: “Што правиш тука?” Во многу собранија има семејства кои добро ја познаваат вистината на Речта Божја и би можеле да го раширатсвоето влијание кога би се преселиле во место каде што му е потребна служба која што тие можат да ја дадат. Бог ги повикува христијанските семејства да отидат во непросветлени места на земјата и мудро и истрајно да се заложат за оние кои потонале во духовна темница. Неопходно е самоодрекнување за да може човек да се отповика на ваква покана. Додека мнозина чекаат да ги отстранат сите пречки, душите умираат без надеж во Бога. Заради земска корист, заради стекнување на научно знаење луѓето се подготвени да отидат во област каде што роварат заразни болести и да се изложат на тегоби и немаштија. Каде се таквите кои се волни истото тоа да го направат, за дугите да ги известат за Спасителот?
He е ништо необично ниту ново дека духовно силните луѓе во тешки околности, под притисок на искушение стануваат обесхрабрени и малодушни така што понекогаш им се чини дека во животот нема ништо што би посакале. Сите тие треба да имаат на ум дека и еден најголем пророк требал да бега од една разбеснета жена, за да си го спаси својот живот. Тој бегалец, уморен и исцрпен, паднал во малодушност и посакал да умре. Меѓутоа, кога изгубил секаква надеж и кога му се чинело дека е срушено целокупното негово животно дело, баш тогаш ја примил најголемата поука во својот живот. Во часот на својата најголема слабост научил дека човекот токму во неговите најголеми неволји треба и може да се надева на Бога.
Илиевото искуство треба да им влее надеж на сите оние кои сите свои животни сили ги посветуваат во работа за доброто на другите, но често пати губат храброст и паѓаат во малодушност. Божјата посебна грижа, љубов и сила се манифестира во корист на оние луѓе чија ревност и корист не се разбираат и ценат, чии совети и укори презираат, и на чии напори кон целта на реформите, се одговара со омраза и противење.
Сатаната ги напаѓа душите со најголеми искушенија токму тогаш кога се најслаби. Тој се надевал дека така ќе го совлада и Синот Божји, бидејќи така многу пати го победил и човекот. Дури и оние, кои долго и храбро се бореле за победа на доброто, подлегнале на искушението во моменти на слаба волја и вера. И Мојсеј во еден момент ја загубил довербата во Семоќниот, уморен од четириесетгодишното талкање низ пустината и од борбата со неверниот народ. Попуштил токму пред Ветената Земја. Така било и со Илија. Тој не ја изгубил верата во годините на суша и глад: бестрашно стоел пред Ахав: целиотоној напорен ден на Кармил стоел пред целиот Израел како единствен сведок на вистинскиот Бог. Па сепак, во еден момент малодушноста му дозволила на стравот од смрт да биде посилен од неговата вера во Бога.
Слично се случува и со нас. Сатаната настојува да ја поткопа нашата вера во Бога во моментите кога не обземаат сомнежи, кога ќе не стигнат неволји и тага, и ќе ни се закани со немаштија. Тогаш ни укажува на сите наши грешки кои сме ги сториле обидувајќи се да ја поткопа нашата преданост во Бога и верата во Неговата љубов. Тој се труди да ја обесхрабри душата и да ја уништи нашата врска со Бога.
Оние кои се борат во првите редови и по налог на Светиот Дух, вршат некое посебно дело, често пати ќе почувствуваат реакција кога ќе попушти оној најголем притисок. Очајанието може да ја поколеба и најтврдата вера, да ја ослабе и најсилната волја. Но Бог има разбирање за нашите слабости и секогаш е полн со љубов и милост кон нас. Тој ги чита побудите и целите на нашето срце. Водачите во Божјето дело треба да научат трпеливо да чекаат, не губејќи ја довербата ни тогаш кога се изгледа мрачно. Небото нема да ги остави во часот на нивната неволја. Ништо не е наизглед беспомошно, и ништо всушност не е непобедливо од душата која е свесна за своите слабости и се потпира само на Бога.
Искуството на Илија кога повторно се потпрел на Бога во часот на искушенијата, не претставува поука само за луѓето на одговорни должности. Оној кој бил Илиева сила, може со Својата сила да го поддржи секое Свое дете, колку и да е тоа слабо. Тој од секого бара верност и преданост, и на секого му дава сила каква што му е потребна. Човекот е немоќен ако се надева во сопствената сила, но во силата Божја толку е силен што не само што може да го победи злото, туку може и на другите да им помогне да го направат истото. Сатаната никогаш не може да завладее со оној кој ќе се стави под Божја заштита. “И ќе говори: Во Господа е праведноста и силата.” (Иса. 45: 24)
Браќа христијани, сатаната ги знае вашите слабости, па така држете се за Исуса. Ако останете во Божјата љубов, ќе можете да се воспротивите на секое искушение. Христовата праведност може да ви подари сила да ја сопрете секоја бура на зло која го преплавила светот. Верата мора да биде составен дел од вашето животно искуство. Таа го олеснува секое бреме и секогаш го подига уморниот. Континуираната надеж во Бога ќе ги реши тајните на провидението кои ви се сега недостапни. Одете со вера по патот кој Тој ви го покажал. Ќе наидат искушенија, но вие само продолжете. Тоа ќе ја крепи вашата вера и ќе ве оспособува за служба. Записите за светата историја не се дадени само да ги читаме и да им се восхитуваме, туку во нас да ја поттикнат онаа иста вера која некогаш живеела во Божјите слуги. Господ исто така силно ќе работи и денес каде и да постојат верни срца подготвени да станат орудие за Неговата сила.
И нам, како и на Петар, ни се упатени зборовите: “Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пченица: но Јас се молев за тебе, за да не намали твојата вера.” (Лука 22:31, 32). Христос никогаш нема да ги напушти оние за кои умрел. Ние можеме да Го напуштиме и да паднеме во искушение, но Христос нема никогаш да го напушти оној за чие спасение платил со својот живот. Кога нашите духовни очи би биле по изострени, би виделе души потладнати под притисок на болката, оптоварени како кола од снопови, како обесхрабрени ја бараат смртта. Би ги виделе ангелите како ревносно летаат во помош на оние кои се искушуваат, потиснувајќи ги војските на злото кои ги опседнуваат, поставувајќи ги нивните нозе на сигурен темел. Битките кои се водат помеѓу овие две војски вистински се како и борбите кои ги водат армиите од овој свет, и вечната судбина на мнозина зависи токму од резултатот на тој духовен конфликт.
Во видение на пророкот Езекиел се појавила една рака помеѓу крилата на херувимите. Тоа треба да ги поучи Божјите слуги дека успех може да им даде само Божјата сила. Оние кои вршатдолжност како Божји гласници не треба да сметаат дека делото Божјо зависи од нив. Таа одговорност не лежи на ограничените човечки суштества. Оној кој не спие туку непрестано работи на остварување на Своите цели, сам го води Своето дело. Тој ги спречува безбожниците да не ги остварат своите цели и ги доведува до збунување замислите на оние кои подготвуваат зло за Неговиот народ. Оној кој е Цар и Господ над војските седи меѓу херувими и ги чува Своите деца во текот на борбата и конфликтите помеѓу народите. Кога ќе бидат срушени тврдините на владетелите, кога стрелите на гневот ќе ги прободатсрцата на Неговите непријатели, Божјиот народ ќе биде сигурен во Неговата рака.

Сподели го ова:

Similar Posts