52. Човекот кој не пропушти можност

Сподели го ова:

Неемија, еден од еврејските прогоненици, завземал на персискиот двор положба од влијание и чест. Тој како царев пехарник имал слободен пристап кај царот. Врз основа на својата положба, способност и верност, Неемија станал царев пријател и советник. Но иако бил опкружен со сјај и раскош, царевиот штитеник ниту го заборавил Бога ниту својот народ. Неговот срце со најдлабок интерес го влечело во Ерусалим; за тој град била врзана неговата надеж и неговата радост. Преку тој човек, кој со своето живеење на персискиот двор бил подготвен за едно големо дело, Бог имал намера да излие благослов врз Својот народ во земјата на нивните татковци.
Преку гласници од Јудеја еврејскиот родољубец дознал дека за избраниот град Ерусалим настапиле денови на искушенија. Заробениците кои што се вратиле поднесувале тешкотии и неволји. Храмот и извесни делови од градот биле повторно изградени; но работата во прилог на обновата била спречувана, службата во храмот попречувана а народотживеел во постојан страв, бидејќи ѕидините на градот во поголем дел биле разрушени.
Совладан од тага, Неемија не можел ниту да јаде ниту да пие; тој “плачел, и тагувал неколку дена, и постел.” Во својата жалост се обратил на божествениот Помагач. Тој вели: “Се молев пред небесниот Бог.” Верно ги исповедал своите гревови и гревовите на народот. Го молел Бога да го сочува Израел, да им ја врати храброста и силата и да им помогне да ги обноват рушевините на Јудеја.
Додека Неемија се молел, јакнеле неговата вера и храброст. Неговите зборови биле пропратени со свети докази. Тој укажал на срамот кој што би паднал на Бога, кога Неговиот народ, кој се вратил кај Hero, би бил оставен во слабости и неволји, и сериозно се молел на Господа да го исполни Своето ветување: “Ако се обрнете кон Мене и почнете да ги држите Моите заповеди и да ги творите, ако бидете растурени и до крајот на светот, ќе ве соберам од таму и ќе ве одведам на место кое што сум го избрал и да таму го настанам името свое.” (Види 5. Мојсеева 4:29-31). Тоа ветување дадено на Израел преку Мојсеј пред да влезат во Ханан, останало неизменето во текот на столетијата. Народот Божји сега се вратил кон Бога во покајание и вера, и Тој нема да пропушти да го исполни Своето ветување.
Неемија често пати го излевал своето срце пред Бога застапувајќи го својот народ. Но сега, додека се молел, се родила во неговата душа една света одлука. Решил во случај да ја добие царевата согласност, и потребните орудија и материјал, самиот да ја превземе задачата за реизградување на ѕидовите на Ерусалим и обновување на силата на Израел. Затоа се молел на Господа да го омилостиви царот за да би можел да го оствари овој план. “Помогни му сега на Својот слуга, и направи да најдам милост пред овој човек,” се молел тој.
Неемија чекал четири месеци на згодна прилика на царот да му ја изнесе својата молба. И покрај тоа што срцето му било тажно, тој за целото време се трудел да изгледа весел во царевото присуство. Во оние сјајни и раскошни одаи се морало да изгледа безгрижно и среќно. Никаква тага не смеела да фрла сенка врз лицата на царевите дворјани. Но кога ќе се најдел сам, далеку од погледите на луѓето, Неемија се молел и се исповедал во солзи, а тоа го виделе и Бог и ангелите.
На крајот овој патриот не можел повеќе да ја сокрива својата болка која што го тиштела неговото срце. Ноќи без сон и денови исполнети со грижи оставиле траги врз неговото лице. Царот кој што љубоморно бдеел над својата безбедност, и имал навика да ги чита лицата на своите дворјани и да проникнува во секое затскривање, лесно го запазил неговиот пехарник обземен со некаква грижа. “Зошто ти е лицето невесело,” запрашал тој, “кога не си болен? не е друго туку е тага во срцето.”
Ова прашање кај Неемија предизвикало бојазност. Нема ли царот да се налути кога ќе слушне дека мислите на неговиот слуга се далеку, кај неговиот несреќен народ, додека му служел на царот? Нема ли тоа да го чини живот? Ќе пропаднат ли сите негови планови да ја обнови силата на Ерусалим? “А јас се исплашив многу,” бележи тој. Со растреперени усни, со солзи во очите, му признал на царот што е тоа што го мачи. “Жив да е царот довека! како нема да бидам невесел кога градот во кој што се гробовите на моите татковци е опустошен и вратите му се со оган спалени?”
Описотза состојбата во кој се наоѓал Ерусалим разбудило сочувство кај царот не предизвикувајќи никакви сомнежи. Неговото следно прашање му пружило на Неемија можност за која толку долго чекал: “Која е твојата молба?” Но Божјиот човек не се осмелил да одговори пред да побара помош од Оној Кој е поголем од Артарксеркс. Тој имал да изврши една света задача и затоа му била потребна царевата помош. Знаел дека се зависи од тоа како ќе ја елаборира работата, и дека од тоа зависи дали ќе добие царева согласност и негова помош. “Тогаш се помолив на небесниот Бог,” вели тој. Неемија со помош на таа кратка молитва стапил во врска со Царот над царевите и ја ставил на своја страна онаа сила која што може да ги насочи срцата како што реките водени се насочуваат.
Молитвата која што ја изговорил Неемија во тој тежок час претставува столб кој што стои на располагање на секој христијанин во околности кога не е можно да се моли на друг начин. Луѓето кои што водат мачен животен пат и кои што подклекнале под теретот на неволјите, можат во молитва да Му се обратат на Бога за водство. Патниците по море и на суво, можат на тој начин да побараат од небото кога ќе им се закани некоја голема опасност. Во време на непредвидени потешкотии и опасности, човек може да упати повик кон Оној кој што ветил дека ќе им помогне на сите Свои верни кои што веруваат во Hero, кога и да Го повикаат. Душата која што подлегнува под товарот на болката и грижите и која што е изложена на жестоки искушенија, може во сите прилики и услови да најде сокровиште, помош и утеха во неизмерната љубов и сила на Бог кој што го држи заветот.
Во тој краток момент на молитва кон Царот над Царевите, Неемија собрал храброст и пред Артарксеркс изразил желба за некое време да биде ослободен од своите должности во дворот. Молел да му се дозволи да го обнови Ерусалим и повторно од него да направи силен и утврден град. Неговото барање било од посебно значење за судбината на еврејскиот народ. “И ми даде царот, зашто добрата рака на мојот Бог беше над мене,” вели Неемија.
Бидејќи ја добил помошта која што ја барал, Неемија мудро и подготвено пристапил кон подготовките за остварување на својот подфат. He пропуштил ниедна мерка на претпазливост во овој правец. Знаел дека мнозина ќе се радуваат на неговиот успех, но се плашел да не случајно некои би можеле со својата непретпазливост да предизвикаат завист кај непријателите и така можеби го осуетат овој подфат.
Цароттака благонаклонетоја примил неговата молба што Неемија се охрабрил да побара уште поголема помош. За неговата мисија да има достоинство и углед како и заштита на патот, побарал и добил воена придружба. Царот му дал писмо за кнезовите од другата страна на Еуфрат, каде што морал да помине на својот пат за Јудеја, а добил исто така и писмо за царевиот чувар на шумите на Ливан, со налог да му се издаде потребното дрво. Неемија се погрижил неговиот потфат да добие царева потврда и потпора, за да не би се појавиле тужби дека ги пречекорил своите овластувања.
Овој пример на мудра претпазливост треба да послужи за поука на сите христијани. Божјите деца треба не само да се молат со вера, туку да работат одлучно и смислено. Тие наидуваат на многу потешкотии и често му сметаат на делувањето на провидението во своја користзатоа што сметаат дека смислените и истрајни напори немаат никаква врска со верата. Неемија не сметал дека ја извршил должноста со тоа што плачел и се молел пред Господа. Тој со своите молби ги придружил и мерките за остварување на подфатот за кој се зафатил. Како и во времето на обновувањето на Ерусалим, така и денес е потребна грижливо смислен и добро изготвен план за успех на светите подфати.
Неемија не сакал ништо да препушти на случајност. Она што му недостасувало го побарал од оние кои што тоа можеле да му го дадат. А Господ сеуште сака да влијае на срцата на оние кои што ги поседуваат Неговите добра, да приложат за објавување на вистината. Оние кои што работат за Бога треба да ја прифатат помошта која што им ја нудат луѓето според Неговиот налог. Овие дарови можат да отворат патишта преку кои вистината ќе стигне во многу земји што се во темнина. Дародавците можеби и не веруваатвоХриста нитуја познаваат Неговата Реч, но нивните дарови не би требало заради тоа да се одбиваат.

Сподели го ова:

Similar Posts