4. Пoследици од престапот

Сподели го ова:

    Една од најголемите причини што Соломон станал расипник и тиранин била што тој во себеси не го зачувал духот на самоодрекување.
    Кога Мојсеј, во подножјето на Синај, ја објавил Божјата заповед: “Да Ми направите светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив од каде ќе ви се јавувам вам,” Израелците се отповикале со своите дарови. “И доаѓаа, секој кого срцето го влечеше и кого душата го поттикнуваше,” (2. Мојсеева 25:8; 35:21) донесувајќи дарови. Градењето на светилиштето барало големи и долги подготовки: било потребно голема количина најскапоцен материјал, но Господ примал само доброволни дарови. “Земете прилог само од оној кој од драго срце дава” (2. Мојсеева 25: 2), била наредбата која Мојсеј ја пренел на собраните верници. Првите услови за градење на домот на Севишниот биле верност на Бога и драговолни жртви.
    Истата покана на самоодрекување била упатена и кога Давид ја пренел должноста на Соломон за градење на храмот. Давид му поставил прашање на насобраното мноштво: “Нема ли уште некој доброволно да жртвува денес за Господа?” (1. Летописи 29:5). Оваа покана на посветување и драговолна служба треба секогаш да ја имаат на ум оние кои се должни да се грижат за градење на храмот.
    Бог избраните луѓе ги надарил со особени вештини и мудрости за да можат да подигнат шатор во пустиња. “Тогаш им рече Мојсеј на синовите Израилеви: Ете, Бог го повика по име Веселеил,… од племето Јудино, и го исполни со Дух Божји, со мудрост и со разум, со знаење и со секоја умешност да гради … нему и на Елијав…од Дановото племе им додели и способност да ги поучуваат другите…Ги надари со умеење во секоја работажопаничарска, шивачка, везачка и ткајачка. Тогаш почнаа да работат Веселеил и Елијав и сите мудри луѓе, на кои Бог им беше дал мудрост и разум во срцето” (2. Мојсеева 35: 30-35; 36:1). Небесните сили им помагале на работниците кои самиот Бог ги избрал.
    Потомците на тие работници наследиле во голема мерка дарови кои им биле доделени на нивните претци. Извесно време Јудините и Дановите луѓе останале понизни и несебични. Меѓутоа, тие малку по малку и речиси неприметно го изгубиле своето потпирање на Бога и желбата несебично да Му служат. Бидејќи биле супериорни во занаетот, барале и поголема плата за нивниот труд. Понекогаш им се излегувало во пресрет на нивните барања, но се почесто си наоѓале работа кај соседните народи. Наместо да негуваат дух на пожртвуваност кој ги исполнувал срцата на нивните претци, тие се повеќе му попуштале на духот на грабливост и лакомост. За да ги задоволат себичните желби, тие својата способност што им била дадена од Бога, ја ставале во служба на незнабожечките цареви, а своите дарови, за создавање дела кои носеле срам на својот Творец.
    Всушност меѓу тие луѓе Соломон го побарал главниот мајстор кој ќе го надгледува градењето на храмот на ридот Морија. Исцрпните планови за секое дело на светата градба биле веќе изработени и доверени на царот. Тој можел со вера да побара помагачи посветени од Бога, на кои би им биле дадени посебни способности точно да го извршат она што било потребно. Но Соломон ја изгубил од вид можноста која му била дадена да покаже верба во Бога. Тој од Тирскиот цар побарал: “…испрати ми сега човек, што знае да прави изработки од злато, од сребро, од бакар и од железо и од пурпурна, црвена и сина преѓа, и кој знае да реже за да работи заедно со уметниците… во Јудеја и во Ерусалим” (2. Летописи 2:7).
    Феникијскиот цар одговорил праќајќи го Хирама “син на една жена, на кого татко му бил Тирец” (Стих14). Хирам од страната на мајка му бил потомок од Елијава на кого пред многу векови Бог мудал посебна мудростда го изработи шаторот.
    Така на чело на Соломоновата група од работници бил поставен човек чиј труд не бил последица на несебична желба да му послужи на Бога. Тој служел на богот од овој свет – мамонот. Во самото ткиво на неговата внатрешност биле вткаени начела на себичност.
    Хирам заради своите необични способности барал голема плата. Малку по малку и неговите помагачи ги прифатиле овие лоши начела. Работејќи со него од ден во ден, тие им попуштале на склоностите да ги споредуваат своите плати со неговата и почнале да ја губат од вид светоста на градбата која ја подигале. Духот на самоодрекување исчезнувал, а наместо него се појавила лакомост. Резултат на тоа било барање за поголема плата, што им било задоволено.
    Така злокобното влијание се почувствувало во сите гранки на Господовата служба и се проширило низ целото царство. Биле барани и примани високи плати, што на мнозина им се дало шанса да уживаат во раскош и претерување. Богатите ги угнетувале сиромашните, чувството на самопожртвуваност речиси исчезнало. Во далекусежните последици на тие влијанија може да се најде една од главните причини на стравотното отпадништво на оној човек кој некогаш се вбројувал во најмудрите смртници.
    Остриот контраст помеѓу духот и побудата на народот кој го градел шаторот во пустината и оние кои го подигале Соломоновиот храм содржи поука со длабоко значење. Главните црти на работниците кои го граделе храмотодговараат на себичноста која денес владее во светот. Созреан е духот на лакомост, трка за високи позиции и големи плати. Ретко се среќава доброволна служба и самоодрекување- карактеристиките на работниците кои го подигале шаторот. Меѓутоа, всушност тоа се побудите кои треба да ги поттикнуваат Исусовите следбеници. Нашиот божествен учител покажал со пример на своите ученици како треба да работат. На оние на кои им упатил повик: “Појдете по мене и ќе ве направам ловци на луѓе” (Матеј 4:19), Исус не им понудил никаква одредена сума како награда за нивната служба. Тие морале заедно со Hero да учествуваат во самоодрекување и пожртвување.
    He треба да работиме само за платата која ја добиваме. Побудите кои не поттикнуваат да работиме за Бога не треба да имаат ништо заедничко со себичноста. Несебичната преданост и пожртвување секогаш биле и ќе бидат основни услови за прифатлива служба на Бога. Нашиот Господ одредил ниедна трошка на себичност да не смее да биде вткаена во Неговото дело. Должни сме со свои напори да се придружиме со знаењето и вештините, точноста и мудроста кои Бог – како олицетворение на совршенството – ги барал од градителите на земското светилиште. Но сепак во целата наша работа мораме да имаме на ум дека најголемата и најубавата служба се прифатливи само тогаш кога себеси ќе се положиме на олтарот како жива жртва, жртва која ќе изгори целосно.
    И најпосле, попуштањето на искушението да ја присвои славата која Му припаѓа само на Бога, претставувало уште едно скршнување од исправните начела и предизвикало конечен пад на израелскиот цар.
    Од денот кога на Соломон му било доверено делото за градење на храмот, па се до крајот, негова цел била да “соѕида дом за името на Господ Бог Израилев” (2. Летописи 6: 7). Таа цел била јасно изложена пред насобраната Израилева војска во моментот на посветување на храмот. Царот во својата молитва потврдил дека Јехова рекол: “Тука ќе пребива Моето име” (1. Царства 8: 29).
    Еден од најтрогателните делови на молитвата која Соломон ја упатил во моментите кога се посветувал храмот била молитвата за странците кои кога ќе дојдат од далечни земји да научат тука што повеќе за Оној чија слава се прочула помеѓу народите. “Зашто ќе чујат” се молел царот “за Твоето големо име, за Твојата силна рака и за Твојата крената мишка…” За секој странец, Соломон се молел: “Послушај од небото…и направи се за кое странецот повикува кон тебе, та сите земни народи да го знаат Твоето име, за да се бојат од Тебе, како Твојот народ Израелот, да знаат дека овој храм, што го изградив јас, е наречен по Твоето име” (Стихови 42, 43).
    На крајот на богослужението Соломон го повикал Израел да биде верен и предаден на Бога, за “да познаат сите народи на земјата” дека Господ е Бог и дека нема друг” (Стих 60).
Планот за храмот го изградил Оној кој бил поголем од Соломон: храмотја откривал мудроста и славата Божја. На оние на кои тоа им било непознато, се восхитувале природно на Соломона и го фалеле како архитект и градител. Меѓутоа, царот ја одбивал секоја пофалба во поглед на планот и градењето на храмот.
    Така било кога Савската царица дошла да го посети Соломона. Кога слушнала за неговата мудрост и величествениот храм кој го подигнал, таа одлучила да го “испита со тешки прашања” и со свои очи да ја види прочуената градба. Во придружба на голем број слуги и “со камили кои носеа премногу мирис, злато и драгоцени камења”, поминала долг пат до Ерусалим. “Таа дојде кај Соломона и говореше со него за се што и беше на срцето. Соломон и ги објасни сите нејзини зборови, и немаше ништо непознато за царот, што не и го објасни.
Кога савската царица ја виде сета мудрост на Соломона, и домот, што тој го беше изградил…повеќе не можеше да се воздржи.” “Вистина е она,” таа призна “што го бев слушала во земјата своја за твоите дела и за твојата мудрост: но не верував на зборови, додека не дојдов, и не видоа очите мои: и, ете, мене ни половината не ми беше речено: мудрост и богатство ти имаш повеќе отколку што сум слушала. Блажени се твоите луѓе, блажени се и тие твои слуги, што стојат пред тебе секогаш и ја слушаат мудроста твоја!” (1. Царства 10:4-8, 2. Летописи 9:3-6).
    Соломон толку многу ја поучувал царицата за изворот на својата мудрост и напредок што таа при крајот на својата посета била принудена да каже: “Благословен да е Господ, твојот Бог, Кој благоволи да те постави на Израилевиот престол! Господ, поради вечната мудрост Своја кон Израелот, те постави за цар, за да вршиш суд и правда” (1. Царства 10:9). Бог сакал таков впечаток да стекнат сите народи. И кога “сите цареви земски бараа да го видат Соломона, да ја чујат мудроста негова, која му ја даде Господ во срцето” (2. Летописи 9:23), Соломон извесно време го славел Бога укажувајќи Му стравопочит на Творецот на небото и земјата, на Премудриот Цар на вселената.
    Соломон да продолжел со понизен дух да го одвраќа вниманието на луѓето од себеси и да укажува на Оној кој му дал мудрост, богатство и чест, какво ли само ќе било неговото поведение! Вдахновеното перо ги забележало неговите доблести, но исто така верно сведочи и за неговиот пад.
    Качувајќи се до врвот, опсипан со дарови на успех, Соломон добил вртоглавица, изгубил рамнотежа и паднал. Непрекинато воздигнуван од луѓе од овој свет, тој на крајот не бил во состојба да одолее на ласкањето кое го опкружувало. Мудроста која му била дадена да го слави Дародавецот, го исполнила со гордост. Конечно дозволил луѓето да зборуваат за него како за човек кој е најдостоен за пофалби за извонредно големиот сјај на градбата подигната во чест на “името на Господа Бога Израилев.”
    Така дошло до тоа храмот Јеховин во сите народи да стане познат како “Соломонов храм.” Човековото орудие ја присвоило славата која му припаѓала на Оној кој е “повисок од највозвишениот” (Проповедник 5:8). Дури и денес за храмот, за кој Соломон рекол дека: “името твое е повикано во овој дом, кој го подигнав за името твое” (2. Летописи 6: 33), честопати се зборува како за “Соломоновиот храм” а не за храмот Јеховин.
    Човекот покажува најголема слабост кога дозволува луѓе- то нему да му припишуваат чест за даровите кои небото ги дало. За вистинскиотхристијанин Бог е прв, последен и најдобар во се. Никакви славољубиви побуди неможат да ја намалат неговата љубов кон Бога. Вистинскиотхристијанин непрестано и истрајно се труди честа да му припадне на небесниот Отец. Кога верно го прославуваме Божјето име, нашите побуди се под божествен надзор и тогаш сме во можностда ги развиваме духовните и умствените сили.
Исус, божествениотУчител, секогаш го воздигнувал името на својот небесен Отец. Тој ги учел своите ученици да се молат: “Оче наш кој си на небесата, да се свети името твое…” (Матеј 6: 9). и тие не смееле да заборават да кажат: “зашто твоја е … славата” (Стих 13). Големиот Исцелител толку многу се трудел славата да ја одврати од себе и да ја насочи кон Изворот на Својата сила, така што восхитениот народ “гледајќи како неми зборуваат, фатени оздравуваат, хроми се движат и слепи прогледуваат,” “го прославуваше Бога Израилев.” (Матеј 15: 31) Христос во прекрасната молитва која што ја упатил на Бога непосредно пред распетието, рекол: “Јас Тебе те прославив на земјата”. “Прослави го синот свој” се молел Тој “ и синот твој да те прослави Тебе.” “Оче Праведни светот не Те позна, но Јас те познав: и овие познаа дека Ти си Me пратил: и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Me возљуби Ти, да биде во нив, и јас во нив” (Јован 17: 4, 1, 25 и 26). “Така вели Господ: мудриотда не се фали со мудроста своја, силниот да не се фали со силата своја, богатиот да не се фали со богатството свое. а кој се фали, нека се фали со тоа, дека ме разбира Мене и знае дека Јас Сум Господ, Кој покажува љубезност, суд и праведност на земјата: оти тоа е благоугодно пред Мене, вели Господ” (Еремија 9:23, 24).
“Ќе го славам името Божјо… ќе го возвеличувам со славословија.”
“Достоен си, Господи, да примиш слава, чест и сила.”
“Ќе те славам, Господи, Боже мој, од се срце и вечно ќе го прославувам името Твое”
“Возвеличете Го Господа со мене, и заедно да го превознесуваме името Негово”
(Псалм 69:30, Откровение 4:11, Псалм 86:12, 34:3).
    Прифаќањето на начелата кои биле далеку од пожртвување и поттикнувале славољубие, било пропратено со уште едно грубо изопачување на божествениот план за Израел. Бог одредил Неговиот народ да биде светлина на светот. Требало од нивниотживотда засјае славата на Неговиотзакон. А за да се оствари тоа, Бог направил избраниот народ да завземе поволна местоположба помеѓу народите на земјата.
    Во Соломоново време израелското царство се простирало од Емат на север до Египет на југ и од Средоземното море до реката Еуфрат. Преку таа територија воделе многу патишта на светската трговија, и во сите правци секогаш проаѓале каравани од далечни земји. Така на Соломона и на неговиот народ им се дала прилика на луѓето од сите народи да им го откријат карактерот на Царот над царевите и да ги поучат да Го почитуваат и слушаат. Тоа сознание требало да се даде на цел свет. Учењето за принесување на жртва требало да го воздигне Христа пред народите, така што сите кои би сакале, да добијат живот.
    Поставен на чело на народот кој имал улога на светилник за соседните народи, Соломон бил обврзан за мудроста која што му ја дал Бог и моќта на своето влијание да ги употреби за организирање и насочување на едно големо движење за просветлување на оние кои не го познавале Бога и вистината. Така многу народи би биле наведени да се потчинуваат на божествените прописи, Израел би бил заштитен од злото кое владеело помеѓу незнабошците, а Господ на славата би бил прославуван и величан. Меѓутоа, Соломон ја изгубил од вид таа голема цел. Тој не се користел со прекрасните можности кои му се нуделе да ги просвети луѓето кои непрестано проаѓале низ неговата земја и се задржувале во нејзините главни градови.
    Трговскиот дух го завзел местото на мисионскиот дух кој што Бог го всадил во срцето Соломоново и во срцата на сите вистински Израелци. Можностите кои им биле дадени благодарејќи на многуте контакти со народите, ги користеле за лично воздигање. Соломон настојувал својата политичка состојба да ја зацврсти со подигање на утврдени градови на трговските раскрсници. Повторно го соѕидал Гезер кој лежел на патот помеѓу Египет и Сирија, Вет-Орон, западно од Ерусалим, на линијата која водела од срцето на Јудеја за Гезер и морското крајбрежје, Мегидон на караванскиот пат помеѓу Дамаск и Египет и од Ерусалим кон север, “и … Тадмор во пустината” (2. Летописи 8:4), на караванскиот пат кој води од исток. Сите тие градови биле добро утврдени. Трговските предности и излезот на Црвено море биле зголемени благодарејќи на “флотите бродови …во Есион-Гавер… на брегот од Црвеното море во земјата Едомска.” Извежбани морнари од земјата Тирска “со слугите Соломонови,” формирале посада на тие бродови и “од Офир донесоа злато” и “множество црвено дрво и скапоцени камења” (2. Летописи 8:18, 1. Царства 9:26, 10:11).
Приходите на царот и многуте негови поданици брзо се умножувале, но по која цена! Покрај алчноста и заслепеноста на оние на кои им биле доверени Божјите пророштва, безброј патници на патиштата останале во незнаење за постоењето на Јехова.
    Соломоновиот начин на живот драстично се разликува од Христовиот кога живеел на земјата. И покрај тоа што му била дадена “сета власт”, Спасителот никогаш не искористил ништо за да се воздига себеси. Неговата служба за човештвото била совршена, неосквернета со соништа за земски освојувања и светска слава. “Лисиците имаат легла и птиците гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да потслони” (Матеј 8: 20). Оние кои се отповикале на повикот и стапиле во служба на најголемиот Работник, треба добро да го проучат Неговиот начин на работа. Тој обилно се користел со приликите кои што му се пружале на големите друмови.
    Во текот на своите патувања Исус живеел во Капернаум кој со тоа останал познаткако “Негов град” (Матеј 9:1). Подигнат на патот кој водел од Дамаск за Ерусалим, Египет и Средоземното море, Капернаум бил погоден за средиште за Спасителовото дело. Низ градот проаѓале луѓе од многу земји и тука застанувале заради одмор. Исус овде доаѓал во допир со луѓе од сите јазици и сталежи, па неговите поуки се пренесувале до многу земји и семејства. На тој начин кај луѓето било поттикнато интересирање за пророштвата кои говореле за доаѓањето на Месија, вниманието било насочено на Спасителот, и светот осознал за Неговата мисија.
    Во наше време е многу полесно да се дојде во контакт со луѓето од разни народности и сталежи отколку што било тоа случај во времето на Израел. Патиштата и раскрсниците многупати се имаат умножено.
    Слично на Христа, и денешните следбеници на Највишиот треба да излезат по патиштата по кои проаѓаат патници од сите краеви на светот. Сокривајќи го своето “јас” во Бога како што Христос направил, тие треба да го сеат семето на евангелието и да ги запознаатостанатите со скапоцените вистини на Светото писмо кои ќе фатат длабоки корења во душите и срцата и ќе донесат плод за живот вечен.
    Сериозен пример ни дава Израилевиот пад кога царот и народот се одвратиле од светата должност на која биле повикани да ја извршат. Таму каде што тие биле слаби, каде што потполно паднале, денешниот Израел кој е претставник на небото и ја сочинува вистинската Христова заедница, мора да се покаже силен. На неа лежи одговорноста да го заврши делото доверено на човекот за на крајот да може да прими награда. Меѓутоа, и денес мора да се бориме против истите оние зла кои надвладеале за време на владеењето на Соломон. Непријателските сили на сета праведност имаатсилен корен и можат да се победат единствено со Божја сила. Конфликтот кој ни претстои бара од нас дух на самоодрекување: не смееме да се потпреме на себеси, туку единствено на Бога: должни сме мудро да ја искористиме секоја можностза спасување на души. Благословот Господов ќе ги следи членовите на Неговата заедница доколкутаа работи сложно, откривајќи муја на светот, кој што се наоѓа во темнината на заблудата, убавината и светоста на Христовиот дух и самопожртвување, доколку го слават Бога, а не луѓето, и доколку се посветат на неуморна служба за оние на кои толку им се потребни благословите на евангелието.

Сподели го ова:

Similar Posts