27. Ахаз

Сподели го ова:

Co доаѓањето на Ахаз на престолот, за Исаија и неговите следбеници настапиле речиси полоши услови отколку некогаш порано во Јудиното царство. Мнозина кои некогаш се противеле на измамничките влијанија на идолопоклонството сега биле убедени да учествуваат во службата на незнабожечките богови. Израеловите кнезови се покажале неверни; лажни пророци се појавувале со вести кои оттргнувале од вистинскиот пат; некои свештеници дури проповедале за пари. Меѓутоа, сепак водачите на отпадништвото сеуште ги одржувале богослуженијата и тврделе дека се вбројуваат во Божјиот народ.
Пророкот Михеј, сведочејќи во тие тешки денови, изјавил дека грешниците во Сион иако тврдат дека се “потпираат на Господа,” и богохулно се фалат: “He е ли Господ посреде нас? нема да дојде зло врз нас,” продолжиле да го градат “Сион со крв, и Ерусалим со неправда.” (Михеј 3:11, 10). Против тоа зло пророкот Исаија го подигнал својот глас на строг укор: “Чујте го Господовото слово, содомски главатари, послушај го Законот на нашиот Бог, гоморски народе! Зошто ми се мноштвото ваши жртви? – говори Господ… Кога доаѓате пред Мене, кој од вас бара да гази по Моите предворја?” (Исаија 1:10-12).
Вдахновената Реч кажува: “Омразена е жртвата на нечесните, колку пак повеќе кога се принесува во грев?” (Изреки 21:27). На небесниот Бог “очите се пречисти” и не можат “да гледаат зло.” (Авакум 1:13). He го тргнува Бог своето лице од престапникот затоа што не сака да прости, туку затоа што грешникот одбива да ја искористи обилната благодат; во тој случај Бог не може да ослободи од гревот. “He, не е прекратка Господовата рака за да спаси, ниту увото Му заглувна за да не чуе, туку вашите беззаконија создадоа разделба, меѓу вас и вашиот Бог. Вашите гревови го сокрија Неговото лице, и Тој веќе не ве слуша.” (Исаија 59:1, 2).
Соломон запишал: “Тешко тебе земјо, кога царот ти е дете!” (Проповедник 10:6). Така било и со Јудината земја. Нејзините цареви во текот на непрестаните престапи станале слични на деца. Исаија на народот му обрнал внимание на несигурноста на неговата положба помеѓу останатите народи на земјата, и му покажал дека тоа е последица од беззаконијата на високите положби: “Ете,” рекол тој, “Господ, Господ над воинствата, им ги одзема на Ерусалим и Јудеја секоја поткрепа, помош во леб и помош во вода, јунакот и војникот, судијата и пророкот, вражалецот и старешината, педесетникот и чесниот, советникот и мудриотуметник и оној што се занимава со баење. А за главатари им поставувам деца, им давам младенци да владеат над нив.” “Ерусалим се разурна и Јудеја падна зашто нивниот јазик и нивните дела Му се противат на Господа.” (Исаија 3:1-4, 8).
Пророкот понатаму вели: “Владетелите те заведуваат и го раскопуваат патот по кој одиш.” (Стих 12). За време на Ахавовото владеење тоа доследно се овистинило; затоа што за него е запишано: “Живееше како израелските цареви; па им излеа и ликови на Вааловците. Самиот кадеше во долината на Еномовиотсин.” (2. Летописи 28:2, 3). “И самиотго поминуваше својот син низ оган по гнасниот обичај на народите што Господ ги протера пред Израеловите синови.” (2. Царства 16:3).
Тоа навистина било време на големи опасности за избраниот народ. Дури по неколку кратки години, десетте племиња на Израеловото царство биле растурени меѓу незнабожечките народи. Јудиното царство не можело да очекува ништо подобро. Силите на доброто рапидно слабееле а силите на злото се умножувале. Посматрајќи ја таквата состојба пророкот Михеј бил принуден да извикне: “Побожниот исчезна од земјата, ниеден праведник меѓу луѓето! Најдобриот меѓу нив е како трн, најправедниот како трнлив плет.” (Михеј 7:2, 4). “Ако не ни беше оставил Господ над Воинствата Остаток, ќе бевме како Содом, и . . . Гомор.” (Исаија 1:9).
Заради оние кои што останале верни, како и заради својата бескрајна љубов кон грешниците, Бог во сите времиња бил трпелив кон бунтовниците, ги повикувал да се одречат од својот зол пат, и да Му се вратат. Преку луѓето кои ги избрал, Бог ги поучувал престапниците на патиштата на правдата “Заповед на заповед, правило на правило… малку тука, малку таму.” (Исаија 28:10).
Така било во времето на Ахаз. Повик по повик бил упатуван до грешниот Израел за да се покори повторно на Господа. Нежни биле посредувањата на пророците, и додека така стоеле пред народот сесрдно повикувајќи на покајание и обратување, нивните зборови донесувале плодови за Божја слава.
Преку Михеј бил упатен чудесен повик: “Чујте сега што зборува Господ: Стани! Суди се пред горите, и бреговите нека го чујат твојот глас! Гори, слушајте ја Господовата пресуда, основи на земјата, чујте зашто Господ се суди со Својот народ, и Тој се суди со Израел.
“Народе Мој, што ти сторив? Со што те изморив? Одговорете против Мене, Јас те изведов тебе од Египетската Земја, те избавив од куќата на ропството: го испратив пред тебе Мојсеј, Арон и Маријам.
“Народе Мој спомни си сега што беше наумил Валак, моавскиот цар и што му одговори нему Ваалам, синот Веоров, од Ситим до Галгал, за да ги препознаеш праведните Господови дела.” (Михеј 6:1-5).
Трпелив е Бог на кого Му служиме, “Неговите милости никогаш не престануваат.” (Плач на Еремија 3:22). Во текот на целото времетраење на пробата Неговиот Дух ги преколнува луѓето да го прифатат дарот на животот. “Животот ми Мој – говори Господ Бог – Мене не ми е мила смртта на безбожникот, туку да се одврати од својот лош пат и да живее! И така, обратете се од својот лош пат! Зошто да умрете, Израелов дому?” (Езекиел 33:11). Сатаната посебно се труди човекотда го наведе на грев, и потоа таму да го остави беспомошен и без надеж, без смелост да бара простување. Но, Бог повикува: “Нека се фати за силата Моја, нека склучи мир со Мене, и ќе направи мир со Мене!” (Исаија 27:5). Во Христа е дадена секаква поддршка, пружено е секое охрабрување.
Во периодот на отпадништвото на Јудеја и Израел, мнозина се запрашале: “Со што ќе дојдам пред Господа, и ќе паднам ничкум пред Севишниот Бог? Ќе дојдам ли пред Hero со жртва паленица, со телиња годиначиња? Дали ќе Му бидат мили илјада овни, илјада илјади потоци масло? Треба ли да се принесе првородениот син заради својот престап, плодот на својата утроба заради гревот на мојата душа?” Одговорот бил јасен и потврден: “Човеку, објавено ти е, што е добро и што бара Господ од тебе: да се прави што е правда, да се љуби милосрдието и да се оди понизно со својот Бог?” (Михеј 6:6-8).
Укажувајќи на значењето на практичната побожност пророкот го повторил советот кој пред многу векови му бил даден на Израел. Кога Израел се подготвувал да влезе во ветената земја, Господ преку Мојсеја му упатил зборови: “И така Израеле, што бара Господ, твојот Бог, од тебе? Само да се боиш од Господа, својот Бог, да одиш по сите Негови патишта; да го љубиш и да Му служиш на Господа, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа; да ги пазиш Господовите заповеди и Неговите закони што ти ги давам денес за твое добро?” (5. Мојсеева 10:12,13). Слугите Господови од столетие во столетие им повторувале на оние кои се наоѓале во опасност да паднат во формализам и да ја запостават милоста. Кога на Христа, за време на Неговата земска служба, му се обратил еден законик со прашањето: “Учителе, која е најголемата заповед во законот?” Исус му одговорил: “Љуби Го Господа твојот Бог со сето свое срце, и со сета своја душа и со сиот свој ум! Тоа е најголемата и прва заповед, а втората е слична на неа: Љуби го твојот ближен како себеси! На тие две заповеди висат сиот закон и пророците.” (Матеј 22:36-40).
Овие јасни зборови на пророците и Самиот Господар треба да ги прифатиме како Божји глас кој се обраќа на секоја душа. He смееме да пропуштиме ниедна можност да направиме дело на милосрдие, нежно да се ангажираме и христијански да се однесуваме кон обременетите и потчинетите. Ако не сме во состојба да направиме повеќе, можеме барем да упатиме зборови на охрабрување и надеж кон оние кои не Го познаваат Бога а на кои најдобро може да им се доближиме преку сочувство и љубов.
Богати и обилни ветувања им се дадени на оние кои се трудат да внесат радост и благослов во животот на другите. “Ако му дадеш леб на гладниот, ако го наситиш угнетуваниот, твојата светлина ќе засвети во темнината, и твојата темнина ќе стане како пладне. Господ ќе те води непрекратно, ќе те сити во сушни краишта. Тој ќе ги закрепнува твоите коски, и ќе бидеш како напоена градина, и како извор, чија вода никогаш не пресушува.” (Исаија 58:10).
Бидејќи Ахаз не се отповикувал на срдечните повици на пророкот, неговиот идолопоклонички живот можел да има само еден резултат. “Господ се разгневи на Јудејците и на Ерусалимците, и Тој . . . ги предаде на неволји, чудење и потсмев.” (2. Летописи 29:8). Царството брзо пропаднало a освојувачките војски го доведувале во прашање неговиот опстанок. “Тогаш арамејскиот цар Ресин и Фекај, синот Ремалиев, цар на Израел, тргнаа во војна против Ерусалим: и тие го опсадија Ахаз.” (2. Царства 16:5).
Да биле Ахаз и поглаварите негови од царството верни слуги на Севишниот, тие не би требале да се плашат од таков неприроден сојуз каков што бил создаден против нив. Меѓутоа, постојаните престапи им ја одземале силата. Обземен со ужасен страв од одмаздничкиот гнев на навредениот Бог, Ахаз “затреперил во срцето и срцето на целиот народ, како што во гората затреперуваатстеблата од ветерот.” (Исаија 7:2). Во таа криза, речта Господова дошла до Исаија со налог да го посети затреперениот цар и да му каже:
“Внимавај и биди мирен; не бој се, и нека не ти примира срцето… зашто Сирија, Ефрем и синот Ремалиин ја смислија твојата пропаст. Да тргнеме, рекоа, против Јудеја, да ја уплашиме и да ја освоиме, за да поставиме цар во неа … вака зборува Господ Бог: Тоа нема да се случи, тоа нема да биде.” Пророкот изјавил дека набрзо ќе дојде крајот на Израеловото и асирското царство. На крајот заклучил: “Ако не верувате, сигурно нема да се додржите.” (Стихови 4-7, 9).
За Јудиното царство би било добро Ахаз да ја примел оваа вест како небесна. Меѓутоа, одлучувајќи да се потпре на телесна рака, тој побарал помош од незнабошци. Во очајание му пратил порака на асирскиот цар Теглат-Феласар: “Дојди и избави ме од рацете на сирскиот цар и царот на Израел, кои се подигнаа против мене.” (2. Царства 16:7). Оваа молба била поткрепена со богат дар од царската ризница и од ризницата на храмот.
Бараната помош била дадена и царот Ахаз привремено воздивнал, но по која цена за Јуда! Даровите ја поттикнале алчноста на Асирија и тој лукав народ набрзо се заканил дека ќе ја преплави и уништи Јуда. Ахаз и неговите несреќни поданици ги мачело страв дека потполно ќе паднат во рацете на свирепите Асирци.
“Господ почна да ги понижува Јудејците,” заради постојаните престапи. Во тоа време на неволји, Ахаз, наместо да се покае, грешеше “повеќе пред Господа . . . почна да им жртвува на дамаските богови.” Тој велел: “Затоа што боговите на арамејските цареви им помагаат ним, ќе им жртвувам за да ми помагаат и мене.” (2. Летописи 28:19, 22, 23).
При крајот на своето владеење, отпадничкиот цар наредил да се затворат вратите на храмот. Светата служба била прекината. Пред олтарот не бил повеќе одржуван пламенот на кандилцата. За гревовите на народот не биле веќе принесувани жртви. Мирисот на пријатниот темјан повеќе не се дигале кон небото во времето на утрената и вечерната жртва. Напуштајќи ги тремовите на Божјиот дом и затворајќи ги неговите врати, жителите на безбожниот град дрско подигале олтари на пагански божества на аглите од улиците во целиот Ерусалим. Се чинело дека незнабоштвото триумфира, и дека силите на темнината преовладале.
Меѓутоа, во Јуда имало и такви кои останале послушни на Господа, одлучно одбивајќи да му попуштат на идолопоклонството. Исаија, Михеј и нивните следбеници со надеж ги запирале погледите во тие луѓе, соочени со тешки состојби во последните години од Ахазовото владеење. Светилиштето било затворено, но верниците имале ветување дека “Бог е со нас.” “Господ над Воинствата светете го; и Тој нека ви биде страв и бојазност. И тој ќе ви биде светилиште.” (Исаија 8:10, 13, 14).

Сподели го ова:

Слични објави