29. Пратениците од Вавилон

Сподели го ова:

Среде своето среќно владеење царот Езекија ненадејно бил погоден од смртоносна болест. “Болен до смрт,” било надвор од човечка моќ да му се помогне. И последната надеж изгледало дека исчезнала кога пред него се појавил пророкот Исаија со пораката: “Вака вели Господ: среди ја својата куќа, зашто ќе умреш, нема да живееш.” (Исаија 38:1).
Иднината изгледала многу мрачна, но царот сеуште можел да се моли на Оној кој до сега бил негово “засолниште и тврдина, секогаш присутен помошникво неволја.” (Псалм46:1). И така “се сврти кон ѕидот и вака Му се помоли на Господа: Те молам, О Господи, Спомни си дека пред Тебе одев верно и со совршено срце, и дека правев што е добро во Твоите очи. И Езекија заплака горко.” (2. Царства 20:2, 3).
Од времето на Давид немало цар кој така искрено се заложувал за подигање на Еожјото царство во време на отпадништво и обесхрабрување, како што тоа го правел Езекија. Заболениот цар верно Му служел на Господа и ја зацврстил довербата на народот во Господа како врховен Владетел. И, како Давид, тој сега можел да се моли:
“Нека стигне мојата молитва до Тебе, приклони го Своето уво кон мојот повик;
Зашто мојата душа е наситена од страдања, мојот живот наближува кон гробот.”
(Псалм 88:2, 3)
“Ти, Си, Господи, моја надеж,
Ти си ми надеж од мојата младост.
На Тебе се потпирам од раѓањето.”
“He ме оставај кога ќе ми се намали силата.”
“О, Боже, не стој далеку од мене;
Боже мој! поитај ми на помош.”
“He ме оставај, Боже,
за да раскажувам за Твојата моќ на ова поколение,
и за Твојата сила, на сите идни поколенија.”
(Псалм 71:5, 6, 9, 12, 18)
Оној чија “сочувствителност не престанува” (Плач на Еремија 3:22) ја вослишил молитвата на Својот слуга. “Исаија уште не беше излегол од средишниот двор кога му стигна Господовото слово: Врати се и речи му на Езекија, на главатарот на Мојот народ, Господ, Бог на твојот татко Давид, вели вака: Ја послушав твојата молитва, ги видов твоите солзи, ќе те исцелам; на третиотден ќе влезеш во Господовиот Дом. Ќе му дадам на твојот век уште петнаесет години, и ќе те избавам тебе и овој град од рацете на асирскиот цар; ќе го закрилам овој град заради Себе и заради Својотслуга Давид.” (2. Царства 20:4-6).
Пророкот радосно се вратил носејќи ја веста на утешување и надеж. Исаија му ја пренел веста за Божјата милост и заштита, а потоа наложил на заболеното место да се стави облога од смокви.
Како Мојсеј во мадијамската земја, како Гедеон во присуство на небесниотгласник, како Елисеј предда се вознесе неговиот учител, така и сега Езекија барал некој знак дека оваа вест е пратена од небото. “По кој знак ќе знам дека Господ ќе ме излечи и дека на третиот ден ќе влезам во Господовиот Дом?” го запрашал тој пророкот.
“Исаија одговори: Еве ти знакод Господа дека ќе направи што рекол: сакаш ли сенката да се помрдне за десет стапки напред или да се врати за десет стапки?” “Лесно е,” одговорил Езекија, “да се помрдне сенката за десет стапки напред: не, туку нека сенката се врати за десет стапки назад.”
Единствено со Божјо посредство можело да се постигне сенката од сонцето да се врати за десет степени; и тоа требало да биде знак за Езекија дека Господ ја вослишил неговата молитва. И “пророкот Исаија извика кон Господа, и тој направи да се врати сенката за десет степени наназад, која се спушти според Ахазовиот сончев часовник.” (Стихови 8-11)
Бидејќи му се вратило здравјето за кое толку многу копнеел, јудејскиот цар запеал песна на пофалба за Господовата милост и дал завет дека целиот свој преостанат живот ќе го посвети во службата на Царот над царевите. Неговото благодарно признавање на Божјото милостиво постапување кон него претставува урнек за сите кои сакаат да го живеат својот живот на слава на својот Творец:
“Си реков,
кога се пресекоа деновите мои,
треба да влезам во портите на гробот;
јас сум лишен од остатокот на годините свои.”
“Јас реков:
нема да го видам Господа, Господа, во земјата на живите нема да видам повеќе човек меѓу оние што живеат во светот.”
“Мојот век помина,
и се оддалечи од мене како овчарски шатор, како ткаач треба да го пресечам животот свој;
Тој ќе ме отсече со болест постојана;
“Дење и ноќе чекав, дека Ти ќе пратиш смрт.
Чекав до утрото;
како лав, така Тој ги кршеше сите мои коски;”
“Ден и ноќ чекав дека ќе ми испрати смрт.
Како жерав, како ластовичка испуштав гласови,
како гулаб тагував;
очите мои гледаа кон небото:
О Господи, притеснет сум, спаси ме.”
“Што да кажам?
Тој ми рече, и Тој направи.
Мирно ќе ги поминам сите години со горчина во душата.” “О Господи, така живеат, во сето тоа за Тебе ќе живее мојот дух, Ти ќе ме излекуваш, ќе ми даруваш живот.
“Ете, за добро ми беше силната тага,
Ти ја спаси душата моја од погибелниот ров, затоа што ги фрли зад грбот Свој сите мои гревови.”
“Затоа што гробот не може да Те слави, смртта Тебе не те восфалува,
слезените во гроб не се надеваат на Твојата вистина.”
“Живите, само живите ќе Те прослават, како јас сега,
таткото ќе им ја соопшти на децата Твојата вистина.” “Господ ќе ме спаси,
затоа ќе му пееме мои песни на жичени иструменти, во сите дни на нашиот живот во домот Господов.”
(Исаија 38:10-20)
Во плодните долини на Тигар и Еуфратживеел еден стар народ на кого му било наменето да владее со светот, и покрај тоа што во тоа време бил потчинет на Асирците. Во тој народ имало мудреци кои се занимавале со астрономија; тие многу се восхитиле кога виделе дека сенката на сончевиот часовникот се вратила за десет степени наназад. Нивниот цар, Меродах- Валадан, дознавајќи дека тоа чудо се случило како знак дека Бог му го продолжил животот на јудејскиот цар, пратил слуги да му честитаат на Езекија за чудесното оздравување и, ако е можно, да дознаат нешто повеќе за Бог, кој можел да направи толку големо чудо.
Тогаш на Езекија му се укажала можност да им објасни на слугите на овој владетел од оваа далечна земја за силата на живиот Бог. Колку лесно можел да им говори за Бога, одржителот на сите создадени нешта, преку чија благонаклонетост неговиот живот бил запазен кога исчезнала секоја друга надеж! Колку брзо би се обратиле тие трагачи по вистината од халдејската рамнина и како брзо би биле наведени да ја признаат врховната власт на живиот Бог! Но срцето на Езекија го обзело суета и гордост и тој самобендисано им го открил на лакомите очи целото богатство со кое Бог го надарил целиот народ. Царот “им ја покажа на пратениците својата ризница, среброто, златото, пријатните мириси и мирисливите масла – својата оружница и се што беше во складиштата. Немаше ништо во неговиот дворец и во целото негово господарство што Езекија не им го покажа.” (Исаија 39:2). Тоа го направил, не за да го прослави Бога, туку да се воздигне себеси во очите на странските големци. He помислел дека тие луѓе пратеници се еден силен народ кој ниту го љуби Бога ниту се бои од Hero, и дека било неразумно да им се покажува целото земско богатство на нацијата.
Посетата на овие пратеници за Езекија претставувала проба за неговата благодарност и посветеност. Извештајот бележи: “Кога дојдоа пратениците на вавилонските кнезови, испратени кај него за да се распрашаат за чудото што стана во земјата, Бог го остави, за да го испита и да се сознае се што му е во срцето.” (2. Летописи 32:31). Да ја искористел Езекија оваа прилика и да посведочил за силата, добрината и сочувствителноста на Израеловиот Бог, извештајот на пратениците би бил како светлина која продира низ темница. Но тој се величел себе си, а не Господ над восјките. Тој “не се оддолжи на добротворството што му беше искажано, туку се возгордеа.” (Стих 25)
Колку биле страшни последиците! На Исаија му било откриено дека пратениците при враќањето понеле извештај за богатството кое го виделе и дека вавилонскиот цар и неговите советници ќе сковаат план својата земја да ја збогатат со ерусалимското злато. Езекија тешко погрешил, “затоа гневот дојде врз него, врз Јуда и врз сиот Ерусалим.” (Стих 25).
“Тогаш пророкот Исаија дојде при царот Езекија и го праша: Што рекоа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе? Езекија одговори: Дојдоа од далечна земја, од Вавилон. Исаија праша понатаму: Што видоа во твојот дворец? Езекија одговори: Видоа се што е во мојот дворец; нема ништо во моите сокровишта што не им покажав.
“Тогаш Исаија му рече на Езекија: Чуј го словото на Господа над Воинствата: Еве доаѓаат денови кога се што е во твојот дворец, се што твоите татковци насобраа до денес, ќе биде однесено во Вавилон. А од синовите што ќе произлезат од тебе, кои ќе ти се родат, некои ќе земат за да му бидат скопени дворјани на вавилонскиот цар.
“Езекија му одговори на Исаија: Добро е словото што Господ ти го објави.” (Исаија 39:3-8).
Измачуван од грижата на совест, “Езекија се понизил затоа што му се беше возгордеало срцето, и тој и Ерусалимците, па така Господовата расрденост не дојде врз нив за време на Езекиевиот живот.” (2. Летописи 32:26). Но зло семе било посеано за да во свое време изрти и донесе жетва на очајување и страдање. Во последните години од своето владеење Јудиниот цар дожиевал голем процут, затоа што доследно се трудел да се покае за минатото и да го прослави Божјото име на кого му служел; сепак, неговата вера морала да биде ставена на тешка проба за да увиди дека само надежта во Бога може да ги победи силите на темнината кои се заканувале да го уништат и него и неговиот народ.
Извештајот за пропустот на Езекија да ја оправда Божјата доверба при посетата на пратениците, содржи значајна поука за сите нас. Многу повеќе отколку до сега мораме да зборуваме за скапоцените искуства кои сме ги стекнале за Божјата милост и љубовна љубезност, за неизмерната длабочина на Спасителовата љубов. Ако разумот и срцето се исполнети со Божјата љубов, нема да ни биде тешко и на другите да им го дадеме она што сочинува духовен живот. Големите мисли, благородните желби, јасните поими за вистината, несебичните намери, склоности кон побожност и светост – сето тоа ќе дојде до израз во зборовите кои го откриваат карактерот кој е ризница на срцето.
Нашата помош и водство им се потребни на оние со кои секојдневно доаѓаме во допир. Тие можеби се наоѓаат во таква духовна состојба што еден збор изговорен во вистински момент ќе наиде на поволен одговор. Можеби утре тие души ќе се наоѓаат таму каде што повеќе нема да можеме да им пријдеме. Какво влијание вршиме на тие сопатници?
Секој ден животот донесува одговорности кои мораме да ги прифатиме. Секој ден нашите зборови и дела оставаат впечаток врз оние со кои се дружиме. Колку ли е само потребно будно да стражариме над своите усти, грижливо да пазиме на своите чекори! Едно непромислено движење, еден непромислен чекор, и силните бранови на некое посилно искушение можат да ја повлечат душата со себе во длабочина. Ние не сме во можност од човечкиот ум да ги извлечеме мислите кои таму сме ги ставиле. Ако тие биле зли, можеби ние сме ставиле во движење цела низа на околности, вистинска плима на зло која повеќе не сме во состојба да ја сопреме.
Од друга страна, ако со својот пример им помагаме на другите да развиваат добри начела, ние им даваме сила да прават добро. Тие пак од своја страна вршат на други исто така делотворно влијание. Така со своето влијание и несвесно помагаме на стотици и илјадници. Вистинскиот Христов следбеник поттикнува добри намери кај сите оние со кои доаѓа во допир. Во еден неверен и грешен свет, таквиот следбеник ја открива силата на Божјата благодат и совршенството на Неговиот карактер.

Сподели го ова:

Слични објави