22. Ниневија, големиот град

Сподели го ова:

Во времето на поделениот Израел, Ниневија, престолнината на Асирија, бил еден од најголемите градови во стариотсвет. Основана на плодните крајбрежја на Тигар, набрзо по пропаѓањето на Вавилонската кула, таа се развивала во текот на вековите и станала “многу голем град – три дни одење.” (Јона 3:3).
За време на тој материјален напредок Ниневија била средиште на зло и безбожништво. Духот на пророштвото го опишал како “крвнички град, . . . полн е со лаги и грабеж.” Пророкот Наум со својот сликовит јазик ја опишал Ниневија како свиреп, ненаситен лав. “Кон кого,” запрашал тој, “ли не премина твојата злоба постојано?” (Наум 3:1, 19).
Сепак Ниневија, и покрај својата грешност, не била сосема потоната во зло. Оној кој “ги гледа сите човечки синови” (Псалм 33:13) и “го гледа секое прекрасно нешто” (Јов 28:10), видел во тој град многу луѓе кои тежнееле за нешто подобро и повозвишено; луѓе кои, кога би им се дала прилика да го запознаат живиот Бог, би го оставиле лошиот пат и би почнале да Му служат Нему. Затоа Бог, во својата мудрост, им се открил на многујасен начин, сакајќи да ги наведе, доколку е тоа можно, на покајание.
Јона, синот Аматиев, бил орудие избрано за ова дело. Нему му дошла Господова реч: “Стани, оди во Ниневија, тој голем град, и викај против него, зашто нивното зло се воздига пред Моето лице.” (Јона 1:1, 2).
Размислувајќи за тешкотиите и слабите изгледи за својата мисија Јона паднал во искушение да се запраша дали е мудар овој повик. Од човечка гледна точка, се чинело дека нема ништо да се постигне со проповедање на ваква вест во тој горд град. Тој во тој момент заборавил дека Бог на кого му служи е сезнаен и семоќен. И додека се сомневал и колебал, сатаната ја искористил неговата малодушност и го совладал. Пророкот го обзеде голем страв и “стана за да побегне во Тарсис”. Отишол во Јопа и наоѓајќи еден брод кој се подготвувал да тргне “го платил возењето и слегна во него за да отплови со нив.” (Јона 1:3).
Должноста која му била поверена на Јона претставувала голема одговорност, но оној кој му наредил да оди бил во состојба да го поддржи својот слуга и да му подари успех. Да се покорел пророкот без приговор, би си заштедил себеси многу горчливи искуства и би примил голем благослов. Но, Господ не го оставил Јона во часот на неговото очајание. Цела низа на искушенија и необични случки ја повратиле пророковата вера во Бога и Неговата бескрајна моќ да спаси.
Доколку, кога добил повик, размислувал трезвено, Јона би сфатил колкава неразумносте да се избегнува одговорност. Меѓутоа, тој не бил оставен во своето безумно бегство непопречен за долго време. “Господ фрли голем ветар на морето, и стана голема бура во морето, та мислеа дека бродот ќе се разбие. Морнарите се исплашија; секој го повика својот бог, и за да го олеснат, го фрлаа во морето товарот што беше во бродот. Јона пак беше слегол во дното на бродот, легнал и беше заспал со цврст сон.” (Стихови 4, 5).
Додека морнарите се молеле на своите богови за помош, управителот на бродот, кој бил надвор од себе заради грижите, го побара Јона и му рече: “Што е со тебе, спанко? Стани и повикувај го својот Бог! Можеби тој Бог ќе си спомне за нас за да не загинеме.” (Стих 6).
Но молитвите на човекот кој се оттргнал од патот на должноста не помогнале ништо. Морнарите, уверени дека овие страшни молњи се пратени од нивните разгневени богови, одлучиле да фрлаат коцка: “да видиме заради кого ни дојде ова зло”, говореле. “Фрлија жреп, и жрепката падна на Јона. Тогаш тие му рекоа: Кажи ни: заради која причина ни дојде ова зло, со каква работа се занимаваш? Од каде доаѓаш, од која земја си и од кој народ?”
“Тој им одговори: Јас сум Евреин и се бојам од Господа, небесниот Бог, кој ги создаде морето и копното.”
“Мажите се исплашија многу и му рекоа: Зашто го направи тоа? Зашто беа узнале дека тој бега од Господовото присуство, затоа што самиот им го раскажа тоа.”
“Тие го прашаа: Што да направиме со тебе за да ни се смири морето? Зашто морето стануваше се побурно. Тој им одговори: Земете ме и фрлете ме во морето, па ќе ви се смири морето, зашто знам дека заради мене се крена на вас оваа голема бура.”
“Но мажите веслаа за да се вратат на копното но не беа способни, зашто морето се креваше се побесно против нив. Тогаш го повикаа Господа и рекоа: Господи, Ти се молиме, Ти се молиме, не оставај да загинеме заради животот на овој човек и не навалувај врз нас невина крв, зашто Ти о Господи, си направил како што ти е мило. И го зедоа Јона, и го фрлија во морето, и морето престана да беснее. Тогаш мажите се уплашија од Господа со голем страв, та Му принесоа жртва на Господа и направија заклетви.”
“Господ беше определил голема риба да го проголта Јона. Јона беше во рибината утроба три дни и три ноќи.”
“Тогаш Јона се помоли на Господа, својот Бог, од рибината утроба. Тој рече:
Во својата неволја извикав кон Господа, и Тој ме послуша; од утробата на гробот повикав, и Ти го чу мојот гласот.
Ти ме фрли во длабочината, во срцето на морето, и водата ме опкружи.
Сите Твои поплави и бранови минаа преку мене. Тогаш реков: Отфрлен сум од пред Твоите очи.
Но сепак ќе погледнам повторно кон Твојот светхрам. Водите ме опкружија дури до душата моја, бездната ме опколи.
Тревите ми ја завиткаа главата, слегов до подножјата на планините.
Околу мене беа засекогаш земните лостови.
Но ти извади го од јама мојотживот,
О Господи, Боже мој.
Кога изнемогна душата моја во мене, си спомнав за Господа,
и мојата молитва влезе при Тебе, во Твојот свет храм.
Оние кои се придржуваат кон суетните идоли, ја оставаат својата добродушност.
Меѓутоа, јас ќе ти принесам жртва со гласот на пофалба. Што се заветував, ќе исполнам.
Спасението е од Господа.” (Стихови 7 до 2:9)
Најпосле Јона увидел дека “спасението е од Господа”. (Псалм 3:8). По покајанието и признавањето на Божјата сила дошло избавување. Јона бил ослободен од страшните длабочини и бил исфрлен на суво.
Божјиот слуга повторно добил налог да ја предупреди Ниневија. “Стани, оди во Ниневија, тој голем град, и прогласи ја проповедта во него што ќе ти ја речам.” Овој пат тој не прашувал ниту се колебал, туку се покорил без двоумење. “Јона стана и отиде во Ниневија, според Господовото слово.” (Јона 3:1-3).
Влегувајќи во градот почна да ја проповеда веста: “Уште четириест денови и Ниневија ќе биде уништена.” (Стих 4). Одел од улица во улица и ја објавувал веста на предупредување.
Оваа вест не била залудна. Повикот одѕвонувал низ улиците на безбожниот град, одел од уста до уста, така што најпосле сите граѓани дознале за оваа уплашителна новина. Божјиот Дух делувал со оваа порака на секое срце, и илјадници луѓе трепереле заради своите гревови и се каеле во длабока понизност.
“И ниневијците поверуваа во Бога; огласија пост и се облекоа во вреќишта, сите од најголемиот до најмалиот. Словото стигна до царот на Ниневија, тој стана од престолот, ја соблече плаштеницата од себе, се облече во вреќиште и седна во пепел. Тогаш по одредбата на царот и на неговите големци се огласи и се објави во Ниневија: Луѓето и добитокот, говедата и овците да не вкусат ништо, ниту да пасат, ниту да пијатвода. Туку и луѓето и добитокот да се покријатсо вреќишта, да повикуваат силно кон Бога и секој да се одврати од својот лош пат и од насилствата што се во нивните раце. Кој знае, можеби Бог ќе се смилува и ќе се одврати од Својот лут гнев за да не загинеме.” (Стих 5-9).
Бидејќи царот и кнезовите, заедно со народот, големите и малите, “се покајаа од проповедта на Јона” (Матеј 12:41), и заеднички се молеле на небесниот Бог, Неговата милост се излеала врз нив. Тој “ги виде нивните дела: дека се обратија од својот лош пат. И Господ се сожали заради несреќата со која им се беше заканил да ја направи, и не ја направи”. (Јона 3:10). Нивната пропаст била спречена. Целиот незнабожечки народ го возвишувал и го фалел Израилевиот Бог и го почитувал Неговиот закон. Дури многу години подоцна Ниневија станала плен на околните народи, затоа што го заборавила Бога, и станала наперчено горда. (За падот на Асирија, види глава 30).
Бидејќи осознал дека Бог го поштедил градот, кој за несреќа на својата безбожност се покајал во кострет и пепел, Јона требало прв да се израдува на неочекуваната Божја милост. Меѓутоа, тој наместо тоа размислувал како сега ќе го сметаат за лажен пророк. Со желба да се сочува на добар глас, ја изгубил од вид бескрајно големата вредност на душите во тој беден град. Божјото сожалување кон Ниневјаните кои се покајале го “налути Јона прекумерно и разгневи многу. Тој се обратил кон Господа со зборовите: “О, Господи, не го зборував ли тоа уште додека бев во својата земја? Затоа сакав да избегам во Тарсис; зашто знаев дека Ти си благосклон Бог, и милостив, спор на гнев и богат со милосрдие, и дека се покајуваш од злото кое мислиш да го чиниш.” (Јона 4:1-2).
Повторно се предал на својата наклонетост да прашува и да се сомнева, и повторно бил совладан од обесхрабрување. Губејќи го од вид доброто на другите и сметајќи дека е подобро да умре отколку да доживее градот да биде поштеден, тој во незадоволство извикал: “Сега ти се молам Господи, земи го мојот живот од мене, зашто ми е подобро да умрам отколку да живеам.”
Господ го запрашал: “Со право ли се лутиш? Така Јона излезе од градот и седна на исток од градот; и си направи таму колиба и седна под неа во ладовина, додека не види што ќе стане со градот. А Г оспод Бог определи една тиква да се издигне над Јона и да му направи сенка на неговата глава, та да го избави од неговата неволја, Јона и се зарадува многу на тиквата.” (Стихови 3-6).
Господ сакал да му даде на Јона една поука. “Но утреден, при осамнувањето Бог определи црв да ја подгризе тиквата, и таа се исуши. Кога огреа сонцето, Бог определи врел источен ветер и сонцето ја вжештуваше Јонината глава, те сосем се истошти. Посака со сета своја душа да умре и рече: Подобро ми е да умрам, отколку да живеам.”
Бог повторно му се обратил на својот пророк: “Со право ли се лутиш заради тиквата?” А пророкот одговори: “Со право сум лут, дури до смрт.”
Тоспод му рече: Тебе ти е жал за тиквата околу која не се трудеше, ниту направи да израсте, туку во една ноќ никна и во една ноќ се исуши. А Мене да не ми е жал за Ниневија, голем град, во кого има повеќе од сто и дваесет илјади луѓе, кои не знаат да ја разликуваат десната рака од левата, а покрај тоа и многу животни?” (Стихови 7-11).
Збунет, понижен и неспособен да разбере зошто Бог ја поштедил Ниневија, Јона сепак ја исполнил должноста која му била наменета. Иако она што било проречно не се случило, веста на предупредување сепак била од Бога; и таа ја постигнала својата цел за која Бог ја наменил. Помеѓу незнабошците се открила славата на Неговата благодат. Оние кои одамна седеле “во мрак и во сенката на смртта, оковани со беда и со железо,” “извикаа кон Господа во својата тешкотија” и “Тој ги спаси од сите неволји; ги изведе од мракот и смртната сенка и ги скина нивните окови.” “Тој го испрати своето слово, исцели и ги избави нив од нивното уништување.” (Псалм 107:10. 13,14, 20).
За време на земската служба Христос го споменал доброто влијание на Јонината проповед во Ниневија, и ги споредил жителите на тој незнабожечки град со оние кои во Негово име тврделе дека се Божји народ. Христос рекол: “Ниневијските мажи ќе станат на суд со ова поколение и ќе го осудат, зашто се покајаа од проповедта на Јона; а еве, тука е поголем од Јона.” (Матеј 12:41). Христос дошол во раздвижен, зафатен свет, во свет исполнет со дух на трговија и расправии, во свет во кој луѓето се бореле да приграбат се што можат за себе. И над целиот тој дух.се слушнал Неговиот глас како Божја труба: “Што му користи на човекот, ако го добие целиот свет, a својата душа ја загуби? Зашто, што може човекот да даде во замена за својата душа?” (Марко 8:36, 37).
Како што Јониното проповедање било знак за Ниневјаните, така и Христовото проповедање било знак за Неговото поколение. Меѓутоа, како веста е различно прифатена! Но, Спасителот и покрај рамнодушноста и исмејувањето непрестано се трудел, се додека не ја исполнил својата задача.
Оваа поука е наменета на денешните Божји гласници, кога на градовите од сите земји им е исто така неопходно да ги запознаат својствата и намерите на вистинскиот Бог, како што тоа некогаш им било потребно на старите Ниневијци. Христовите претставници треба да им укажат на луѓето на еден поблагороден свет кој во големо е загубен од вид. Врз основа на науката на Светото Писмо, единствениот град кој ќе одолее е токму оној град кој Бог го заградил. Со очите на верата можеме да го согледаме влезот на небесниотград, опкружен со Божјата слава. Господ Исус преку своите слуги ги повикува луѓето да се борат во свето тежнеење да си обезбеди себеси бесмртно наследство. Тој ги повикува да собираат благо покрај Божјиот престол.
Жителите на градовите брзо паѓаат се подлабоко во грев заради постојаното зголемување на решителното зло. Човечкото перо не е во состојба да ја опише расипаноста која преовладува. Секој ден открива нови судири, подмитувања и измами; секој ден слушаме за нови насилства и неисправности, за рамнодушност кон човечките страдања, за свирепо уништување на човечките животи, сите трогателни по срце. Секој ден сведочи дека се повеќе има лудило, убиства и самоубиства.
Сатаната во сите векови настојувал луѓето да ги задржи во незнаење за добротворните Господови намери. Се трудел што подобро да ја сочува од нивните погледи големината на Неговиот закон – начелата на правдата, милоста и љубовта кои се во него изразени. Луѓето се фалат со напредокот и просветлувањето на времето во кое живееме, но Бог гледа дека светот е преполн со грев и насилство. Луѓето зборуваат дека Божјиот закон е укинат, дека Библијата не е веродостојна, и затоа врз светот наишла поплава од зло каква не се видела од Ноевото време и отпадот на Израел. Луѓето се одрекуваат од благородноста на душата, благоста и побожноста за да ги задоволат своите желби за забранети работи. Црниот список на злосторства започнати од користољубие е доволен за да замрзне крвта на човекот во вените, а душата се исполни со ужас.
Нашиот Бог е Бог на милост. Тој е трпелив и благ кон оние кои го престапуваат Неговиот закон. Па сепак, во ова наше време, кога на луѓето им се даваат толку можности да се запознаатсо Божјиотзакон откриен во Светото Писмо, големиот Владетел на вселенета не може а да не негодува кога ги посматра безбожните градови во кои владеат насилство и злосторство. Брзо се приближува крајот на Божјото трпение за оние кои упорно остануваат во својата непокорност.
Дали луѓето треба да бидат изненадени со неочекувани промени на начините со кои Врховниот Владетел постапува кон жителите на паднатиот свет? Дали треба да бидат изненадени кога Бог ќе се согласи на уништување и смрт на оние кои својата лошо здобиена добивка ја постигнувале по пат на измама и лага? И покрај тоа што светлината за Божјите заповеди на големо го осветлувал нивниот пат, мнозина одбиле да го признаат владеењето на Јехова и одлучиле да останат под црното знаме на поттикнувачот на сејат бунт против небото.
Божјото трпение било многу големо, толкаво што мораме да се восхитуваме кога посматраме како Неговите свети заповеди непрестано се прекршуваат. Семожниот со својата сила ги зауздува своите поданици. Меѓутоа, Тој сигурно ќе се подигне да ги казни безбожниците кои така смело им пркосат на прописите содржани во десетте заповеди.
Бог ги става луѓето извесно време на проба. Меѓутоа, постои граница каде што престанува божественото трпение и кога Божјата казна станува неизбежна. Господ има многу трпение со луѓето во градовите. Тој милостиво ги предупредува за да ги спаси од последиците на гневот. Но, ќе дојде време кога молитвите за милост нема да бидат повеќе примани, кога бунтовните елементи кои упорно ја отфрлаат светлината за вистината, ќе бидат уништени, од милост кон нив самите и кон оние на кои би влијаел нивниот лош пример.
Блиску е времето кога во овој свет ќе се појави страдање кој никаков човечки мелем нема да може да го исцели. Божјиот Дух се повлекува. Несреќите на море и копно брзо следат една по друга. Колку често слушаме за земјотреси и урагани, за пожари и поплави кои нанесуваат големи загуби во имотите и животите! Наизглед тие несреќи се наивни испади на несреќни сили во природата, потполно надвор од човечка власт; но во сето тоа се наѕира Божјата намера. Тие спаѓаат во средства со помош на кои Бог настојува во луѓето да разбуди свест за лична опасност.
Божјите гласници во големите градови не смеат да губат храброст заради беззаконијата, неправдите и расипаноста со кои мораат да се соочуваат при објавувањето на радосната вест за спасението. Господ ќе го разведри секој таков работник со онаа иста вест која му ја дал на апостол Павле во безбожниот Коринт: “He бој се, но зборувај и не замолкнувај, зашто Јас сум со тебе! И никој нема да те сопре, за да ти направи некакво зло, зашто имам многу народ во овој град.” (Дела 18:9,10). Оние кои вршат служба за спасување на души мораат да имаат на ум дека нема цел свет да и го сврти грбот на светлината, вистината и повиците на трпеливиот Спасител, иако има и такви кои не сакаат да го послушаат Божјиот совет содржан во Неговата Реч. Во секој град, колку и да е полн со насилство и зло, има многу такви кои, ако бидат поучени како што треба, ќе постанат Исусови следбеници. На тој начин спасоносната вистина може да стигне до илјадници луѓе кои ќе го примат Христос како свој личен Спасител.
Божјата вест за денешните жители гласи: “Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.” (Матеј 24:44). Состојбата на општествата особено во големите градови, громогласно најавува дека часот на казната дошол, дека крајот на сите земски работи е блиску. Се наоѓаме на прагот на најголемата криза. Божјите казни брзо ќе надоаѓаат една по друга – пожари и поплави, земјотреси, војни и крвопролевања. Во тоа време не треба да се чудиме на големите и одлучувачки настани, зашто ангелот на милоста нема уште долго да ги штити оние кои не се покајуваат.
“Зашто, ете, Господ ќе излезе, од Своето Живеалиште, за да ги казни земните жители дека згрешија кон Hero. Земјата ќе ја исфрли сета крв што е пролеана на неа и не ќе ги крие веќе оние кои беа убиени на неа.” (Исаија 26:21). Се подготвува бура од Божјиот гнев и ќе опстанат само оние кои ќе се отповикаат на повикот на милоста, како што тоа го направиле жителите на Ниневија благодарение на Јониното проповедање, оние кои ќе се посветат на послушноста кон законите на божествениот Владетел. Само праведникот ќе биде сокриен со Христа во Бога додека не помине пустошењето. Нека тогаш јазикот на душата биде:
“Друго сокровиште јас немам,
Ти си мојата целосна надеж!
He оставај, О, не оставај ме никогаш! Поддржувај и утешувај ме.
Сокриј ме, О мој Спасителу, сокриј!
Во сите бури на животот,
Безбедно кон пристаниште биди ми водач,
И прими ја мојата душа на крај!”

Сподели го ова:

Similar Posts