39. Во Вавилонскиот двор
Во земјата на незнабошците
Помеѓу синовите Израелеви одведени во Вавилон на почетокот од седумдесетте години на робување, имало христијански родољуби – луѓе кои во поглед на начелата биле цврсти како челик, кои не дозволувале себичноста да ги изопачи, и на кои Божјата слава им била поважна од се. Во земјата во која робувале, тие луѓе требало да допринесат за остварување на Божјата цел, сведочејќи на незнабожечкиот народ за благословите кои доаѓаат преку познавањето на Јехова. Одредени да бидат Негови претставници, никогаш не попуштале на идолопоклониците; нивна должност била во висока чест да ја држат својата вера и своето име како обожувачи на живиот Бог. А тие така и правеле. Во добро и во зло тие го прославувале Бога, и Бог ги прославувал нив.
Тоа што Јеховините поклоници паднале под вавилонско ропство, а садовите од Божјиотдом биле преместени во храмот на вавилонските богови, победниците самофално го наведувале како доказ дека нивната вера и обичај е подобар од еврејскиот. Меѓутоа, Бог токму преку понижувањето на кое Израелците биле изложени во контекст на одвојувањето од Hero, му пружил на Вавилон доказ за Својата надмоќ, за светоста на Својот закон и сигурните последици на послушноста. А тоа сведоштво го дал, и така единствено можело да биде, преку оние кои Му останале верни.
Меѓу оние кои што останале верни на Бога се наоѓале Даниел и неговите тројца придружници – светли примери на тоа какви можат да бидат луѓето кои ќе се соединат со Бога, кој е полн со мудрост и сила. Од своите прилично скромни еврејски домови, овие млади од царско потекло биле доведени во еден од највеличествените градови и во дворот на најголемиот
Ова поглавје се базира на Даниел 1. глава светски владетел. “Царот му нареди на Асфеназа, старешината на своите придворници да доведе од синовите Израелеви неколку момчиња од царски или од благороднички род: нека бидат без недостатоци, убави, вешти во секоја мудрост, добро поучени и бистри, достојни да стојат во царскиот дворец…
“Меѓу нив беа Јудејците: Даниел, Ананиј, Мисаил и Азариј.” Уочувајќи дека тие младичи покажуваат посебни способности, Навуходоносор одлучил дека треба да бидат подготвени за значајни положби во Неговото царство. За да би ги оспособил потполно за нивното животно дело, одредил да го научат халдејскиот јазик и во текот на стекнувањето на образованието да ги уживаат привилегиите кои ги имале кнезовите на царството.
Имињата на Данило и неговите другари биле променети и тие добиле имиња на халдејските божества. Родителите, евреи, придавале големо значење на имињата кои им ги давале на своите деца. Често пати тие имиња означувале црти на карактерот кои родителите посакувале да се развијат кај своето дете. Старешината кој се грижел за заробените младичи, “на Даниел му најде име Валтазар, на Ананиј Седрах, на Мисаил Мисах, а на Азариј Авденаго.”
Царот не ги присилувал младите Евреи да се одречат од својата вера и да му пријдат на идолопоклонството, но се надевал дека тоа ќе го оствари постепено. Давајќи им имиња кои потсетувале на идолопоклонство, доведувајќи ги секој ден во близок допир со идолопоклоничките обичаи и ставајќи ги под влијание на заводливи обреди на незнабожечка служба, се надевал дека ќе ги наведе да се одречат од верата на својот народ и да му се приклучат на идолопоклонството на Вавилонците.
Нивниот карактер бил ставен на проба уште на самиот почеток на нивниот животен пат. Било одлучено да јадат храна и да пијат вино од царевата трпеза. Царот на тој начин имал намера да им даде доказ за својата наклонетост и грижа за нивното добро. Меѓутоа, храната од царевата трпеза била посветена на идоли, и еден нејзин дел им бил жртвуван. Оној кој би земал таква храна, би бил сметан за почитувач на вавилонските богови. Верноста кон Господа им забранувала на Даниел и неговите другари така да постапуваат. Дури и само да се правеле дека јадат од храната и пијат од виното, ќе значело дека се одрекле од својата вера. Тоа да се направи би значело да се пријде кон незнабоштво и да се осрамотат начелата на Божјиот закон.
Исто така, тие не смееле да се изложуваат на опасното влијание на раскошот и расипништвото на телесниот, душевениот и духовниот развој. Тие биле запознаени со случајот на Надав и Авијад, за чија неумереност и нејзини последици говорат Мојсеевите книги; и тие знаеле дека употребата на вино штетно би влијаела врз нивните телесни и душевни сили.
Даниел и неговите другари биле воспитувани од своите родители на строга умереност. Тие биле поучени дека Бога ги смета нив одговорни за своите способности и дека никогаш не треба да ги слабат или рушатсвоите сили. Тоа воспитување на Даниел и неговите другари им пружило можност да се одржат покрај сите расипнички влијанија кои владееле во вавилонскиот дворец. Тие во тој изопачен и раскошен дворец биле изложени на силни искушенија, но останале неизвалкани. Никаква сила, никакво влијание не можело да ги одвои од начелата кои ги примиле во раната младост проучувајќи ја Речта и Божјите дела.
Да го сакал тоа, Даниел можел да најде навидум уверливи изговори да ги напушти своите навики на строга умереност. Можел да рече дека за него, со обѕир дека зависи од царевата милост и дека е под негова власт, нема друг пат туку да ја јаде храната од царевата трпеза и да го пие неговото вино, бидејќи, доколку би се придржувал на божественото учење, ќе го увреди царот и веројатно ќе ја изгуби својата положба и животот. Кога би ја отфрлил Господовата заповед, би ја сочувал наклонетоста на царот и би си обезбедил себеси предностза интелектуален развој и ласкав световен просперитет.
Но, Даниел не се колебал. Божјата наклонетост му била подрага од наклонетоста на најмоќниот земски владетел, па и од самиот живот. Тој одлучил да остане цврст во својот интегритет, без оглед на последиците. Тој “одлучи во срцето свое да не се осквернува со јадењето на царот и со виното кое тој го пиеше.” И во својата одлука беше поддржан од своите тројца придружници, кои донеле иста одлука.
При донесувањето на оваа одлука, еврејските младичи не постапиле самоуверено, туку цврсто се надевале во Бога. Тие не одлучиле да бидат необични, но попрво би биле и тоа, отколку да му нанесат срам на Бога. Во таа прилика да попуштеле на злото подлегнувајќи на притисокот на околностите, отстапувањето од начелата би го ослабело нивното чувство за правичност и одвратност кон злото. Првиот лош чекор би водел кон втор, така што нивната врска со небото би била раскината, и искушението би ги совладало.
“Му даде Бог на Даниел па најде благонаклоност и љубов кај старешината над дворјаните,” па неговата молба да не се оскверни, била примена со почитување. Но старешината сепак се двоумел да им излезе во пресрет. Тој му објаснил на Даниел: “Се бојам од господарот свој, својот цар, кој ви одреди јадење и пиење; зашто кога царот ќе ви ги види лицата полоши отколку кај останатите момчиња од ваша возраст, зошто да направите да бидам виновен пред царот?”
Даниел тогаш му се обратил на Амелсар, службеник со посебна должност да се грижи за младите евреи, молејќи го да им дозволи да не јадат месо и не пијат вино од царевата трпеза. Побарал да ги прегледа по десет дена, и за тоа време тие да јадат едноставна храна, а нивните врсници од царската трпеза.
И покрај тоа што стравувал да не навлече врз себеси царево негодување ако ја исполни таа молба, Амелсар сепак се согласил, и Даниел знаел дека неговото тврдење ќе се покаже точно. По десеттодневниот тест, резултатот го тргнал стравувањето на старешината. “Лицата им дојдоа поубави и помеснати отколку на сите момчиња кои јадеа од царското јадење.” По својот изглед овие момци очигледно отскокнувале од своите врсници. Заради тоа на Данило и неговите другари им било дозволено да продолжат со својата едноставна исхрана за време на нивното целосно школување.
Три години тие млади Евреи учеле за да се придобијат со “знаењето и јазикот Халдејски.” За тоа време тие цврсто се држеле за верноста кон Бога и непрекинато се потпирале на Неговата сила. Навиките на самоодрекување се придружиле кон ревноста, работливоста и истрајноста. Тие не дошле во царскиот двор заради некаква гордост или славољубие; не дошле заради тоа во друштвото на оние кои не го познавале ниту се боеле од Бога.; тие биле пленици во една странска земја, таму поставени од Бескрајната Мудрост. Одвоени од домашното влијание и посветеното друштво, тежнееле совесно да ја извршатсвојата должност, на чест на својот поробен народ и за слава на Оној чии слуги биле.
Господ со одобрување ја посматрал одлучноста и самоодрекувањето на младите евреи, чистотата на нивните мотиви и Неговиот благослов ги прател. Тој им дал “знаење и разбирање на секоја книга и мудрост; а на Даниел му даде да ги разбира сите виденија и соништа.” Било исполнето ветувањето: “Ќе ги прославам оние кои Me прославуваат Мене.” (1. Самоилова 2:30). Бидејќи Даниел се потпирал на Бога со непоколеблива доверба, врз него се спуштил духот на пророчката сила. Додека од луѓето примал упатства во поглед на должностите во дворецот, Бог го поучил како да ги чита тајните на иднината и да ги запишува за идните поколенија по пат на симболи и знаци случувањата кои ја опфаќаат историјата на овој свет до свршетокот на времето.
Кога дошло време младите да се стават на проба, евреите биле испитувани заедно со останатите за служба во царството. Но “меѓу сите не се најде ниеден како Даниел, Ананија, Мисаил и Азарија.” Нивната остроумност, обемното знаење, одбраниот и течен јазик сведочеле за неослабената сила и јачина на нивните ментални сили. “За се што требаше мудрост и разум, што ќе ги прашаше царот, најде дека се за десет пати подобри од сите врачари и ѕвездари што беа во неговото царство;” “и затоа тие стоеја пред царот.”
Во вавилонскиот двор биле собрани претставници од сите земји – луѓе со најголеми способности, богато надарени со таленти по природа, со најшироко образование кое светот може да го даде. Меѓутоа, помеѓу сите нив, на еврејските момчиња никој не им бил рамен. Според телесната сила и убавина, по свежината на умот и образованието им немало сопарник. Висок стас, сигурен чекор, ведро лице, непоматени сетила, свеж здив – сите тие биле знаци на благородност со кои природата ги почестува оние кои се покоруваат на нејзините закони.
Во стекнувањето на вавилонските мудрости Даниел и неговите другари имале многу повеќе успех од своите врсници, и тоа не било случајно. Тие стекнале знаење со верно искористување на сопствените сили, под водство на Светиот Дух. Одржувале врска со Изворот на мудроста, земајќи го за темел на своето образование познавањето на Бога. Со вера се молеле за мудрост и живееле во склад со своите молитви. Постапувале во секоја прилика так,а што Бог можел да ги благослови. Го одбегнувале она што можело да ги ослабе нивните сили и ја користеле секоја можност да стекнат знаење од сите области на науката. Се придржувале до сите животни прописи кои им ја обезбедиле силата на разумот и тежнееле да стекнат знаење заради една цел – да го прослават Бога. Тие сфатиле дека мораат да имаат бистар ум и да усовршуваат христијански карактер, и како претставници на вистинската вера, да можат да се одражат покрај незнабожечката вера. Самиот Бог бил нивен учител. Молејќи се непрекинато, учејќи совесно, одржувајќи врска со Невидливиот, тие чекореле со Бога како што тоа го чинеше Енох.
Вистинскиот успех во било која работа не е последица на случајност или среќна судбина, туку дело на Божјото провидение, награда за вера и промисленост, за доблест и истрајност. Префинетите особини на разумот и високите морални својства не се последица на случајност. Бог дава можности – успехот зависи од начинот на кој тие можности се искористуваат.
И покрај тоа што Бог влијаел врз Даниел и неговите придружници “да сакаат и да постапуваат како што Му е угодно,” (Филипјаните 2:13) тие и самите работеле на сопственото спасение. Тука се открива дејството на божественото начело на соработка без кое не е можно да се постигне било каков успех. Човечките напори нема да бидат од корист без божествената сила; а без човечкиот труд божествениот напор кај мнозина нема да имаат никакво дејство. Мораме да направиме се од своја страна за да примиме Божја благодат. Неговата благодат е дадена да делува во нас да сакаме и да чиниме, но никогаш кака замена за нашите лични напори.
Како што Господ соработувал со Даниел и неговите другари, Тој исто така ќе соработува со сите оние кои се трудат да ја извршуваат Неговата волја. Со Својот Дух Бог ќе го зајакне секој искрен мотив, секоја благородна одлука. Оние кои одат по патеката на послушноста наидуваат на многу пречки. Силните, префинети влијанија на сатаната може незабележливо да ги врзуваат за овој свет, но Господ е во состојба да го отклони се она што оди на штета на Своите одбраници. Тие можат со Негова сила да го совладаат секое искушение, да ја победат секоја потешкотија.
Бог ги довел Даниел и неговите другари во контакт со големите луѓе на Вавилон, да бидат претставници на Неговиот карактер во еден идолопоклонички народ. Како тие се оспособиле да бидат на положба за толку висока доверба и чест? Верноста во малите работи им дала обележје за целиот нивни живот. Тие го почитувале Бога при вршењето на малите должности како и при носењето на поголеми одговорности.
Како што го повикал Даниел да сведочи за Hero во Вавилон, така Бог не повикува и нас да бидеме Негови сведоци во денешниот свет. Тој сака ние во најмалите како и во најсериозните животни прашања да им ги откриваме на луѓето начелата на Неговото царство. Мнозина чекаат да им се довери некое големо дело, додека секојдневно пропуштаат можност да покажат верност кон Бога, во сесрдно обавување на малите должности. Додека чекаат на некое големо дело каде што би се истакнале нивните посебни способности и би си ги задоволиле своите славољубиви желби, нивните денови проаѓаат.
Во животот на вистинските христијани нема безначајни работи. Во очите на Семожниот секоја должност е значајна. Неискористените способности исто така се бележат како и искористените. На нас ќе ни се суди според она што требало да го направиме, а не сме го направиле пропуштајќи своите способности да ги искористиме за Божја слава.
Благороден карактер не е последица на случајност, ниту е резултат на посебна наклонетост или дар на провидение. Тој е резултат на самодисциплина, потчинување на пониската кон повозвишената природа, во предавањето на себеси во служба на Бога и човекот.
Истакнувајќи ја верноста која еврејските момчиња ја покажале во однос на начелата на умереност, Бог и зборува и на денешната младина. Потребни се луѓе кои како Даниел смело ќе работатза делото на правичноста. Потребни се чисти срца, силни раце, безстрашна храброст, затоа што во војната помеѓу порокот и доблеста е потребно непрекинато бдеење. На секоја душа сатаната и приоѓа со различни искушенија во примамливи форми во однос на задоволувања на желбите.
Телото е најзначаен посредник преку кое се развиваат разумот и душата и така се изградува карактерот. Токму заради тоа непријателот ја насочува душата кон своите искушенија на ослабување и уништување на телесните сили. Неговиот успех во тој поглед често пати значи покорување на целото битие на злото. Ако не се потчинети на вишите сили, склоностите на телесната природа неизбежно водат во пропаст и смрт. Телото мора да се потчини на возвишените сили на битието. Волјата мора да владее над страстите и да биде потчинета на Бога. Владеачката моќ на разумот, посветена преку божествената благодат, мора да биде од најголемо влијание во животот. Силата на разумот, телесната издржливост и должината на животот зависат од непроменливите закони. Доколку се води по тие закони, човек може да се победи самиот себе и своите наклонетости, може да биде победник над поглаварствата и властите, над “управителите на темнината на овој свет,” и “духовите на злобата под небото.” (Ефесјаните 6:12).
Во некогашните обреди, кои симболично укажувале на евангелието, на Божјиот олтар можела да биде донесена само жртва без мани. Жртвата која го претставувала Христа морала да биде беспрекорна. Божјата Реч укажува на тоа како на пример какви треба да бидат Неговите деца – “жртва жива,” “света и без мани.” (Римјаните 12:1; Ефесјаните 5:27).
Младите Евреи имале страсти слични на нашите; меѓутоа, покрај заводливите влијанија во вавилонскиот двор, останале цврсти затоа што се потпирале на бескрајната Божја сила. Во нив незнабожечкиот народ гледал пример на добрина, Божјо добродетелство и Христова љубов. Нивниот живот ни дава пример на победа на начелата над искушенијата, чистота над расипаноста, предаденост и верност над безбожништвото и идолопоклонството.
И денешните млади луѓе и жени можат да имаат дух кој го поседувал Даниел; тие би можеле да се напојуваат на истиот извор на сила, би можеле да ја имаат истата сила на самосовладување и да ја откриваат истата убавина во својот живот, под исто толку неповолни околности. И покрај тоа што се опкружени со искушенија, посебно во нашите големи градови, каде што сите облици на чулно задоволство се лесно достапни, тие сепак преку Божјата благодат можат цврсто да се држат до својата цел да го прослават Господа. Со цврстата решеност и непрекинато стражарење тие можат да се спротивстават на секое искушение кое ја оспеднува душата. А победа ќе извојува само оној кој ќе одлучи да врши право затоа што тоа го бара правдата.
Какво ли само било животното дело на тие благородни Јудејци! Кога се опростувале од домот на своето детство, не ни помислувале каков возвишен повик ги чека. Верни и непоколебливи, се покориле на Божјето водство, така што Бог преку нив можел да ја оствари Својата цел.
Бог сака преку денешната младина и деца да ги открие оние исти моќни вистини кои ги откривал преку овие луѓе. Животот на Даниел и неговите другари ни даваат пример на она што Бог може да направи за оние кои Му се покоруваат сесрдно настојувајќи да ја исполнат Неговата цел.