41. Огнена печка

Сподели го ова:

Ова поглавје се базира на Даниел 3. глава
Сонотза големиот лик, кој на Навуходоносор му ги открил случките до крајот на земската историја, бил даден за тој да разбере каква улога треба да одигра во историјата на светот и во каков однос би требало да биде неговото царство кон небесното царство. Во толкувањето на сонот јасно му било покажано на воспоставување на вечното Божјо царство. “Во времето на овие цареви Небесниот Бог ќе подигне Царство кое никогаш нема да пропадне и не ќе помине врз некој друг народ. Тоа ќе ги разбие и ќе ги уништи сите оние царства, а самото ќе стои довека…Сонот е вистинит, а толкувањето му е веродостојно.” рекол Данило.” (Даниел 2:44, 45).
Царот ја признал Божјата сила велејќи му на Даниел: “Навистина вашиот Бог е Бог над боговите… Откривател на тајни.” (Даниел 2:47). Навуходоносор после оваа случка бил извесно време под влијание на стравот Господов, но неговото срце сеуште не било исчистено од световното славољубие и желба за самоиздигнување. Станал горд заради напредокот на своето царство. Со текот на времето престанал да го почитува Бога и се вратил на своето идолопоклонство со поголема ревност и заслепеност.
Зборовите “Ти си главата од злато,” оставиле длабок впечаток врз умот на царот. (Стих 38) Мудреците на неговото царство, користејќи го тоа и неговото враќање кон идолопоклонството, му предложиле да направи кип сличен на оној кој што го видел во сонот, и да го постави така да можат сите да ја гледаат главата од злато, за која било речено дека го прикажува неговото царство.
На царот му се допаднал овој ласкав совет и тој одлучил да го оствари, па дури да направи и повеќе од тоа. Наместо да направи онаков лик каков што видел, настојувал да го прејде оригиналот. Неговиот лик нема да биде од главата па кон стопалата од се поефтин материјал, туку целиот од злато, и така симболично ќе биде претставен Вавилон како вечно, несрушливо и семоќно царство кое ќе ги разбие сите други царства а самото тоа ќе трае засекогаш.
Замислата да основа царство и династија која вечно ќе владее направила силен впечаток врз овој владетел на чие оружје неможеле да му одолеат народите по земјата. Поттикнат од неизмерна амбиција и гордост, тој се посоветувал со своите мудреци како тоа да го ствари. Заборавајќи на пророштвата откриени во врска со сонот за големиот кип, заборавајќи дека Израелевиот Бог преку својот слуга Даниел му го открил значението на сонот и дека тоа толкување ги спасило од срамна смрт сите мудреци во царството, царот и неговите советници, со желба да ја утврдат својата сила и надмоќ, одлучиле на секој начин да го прикажат Вавилон како најголема сила на светот, на која сите мораат да и се покорат.
Симболичниот лик кој му ја открил на царот и на народот Божјата намера во однос на земните царства, сега требало да послужи за прослава на човечката сила. Требало да се отфрли и заборави Даниеловото толкување, а вистината да се изопачи и искриви. Целта била да се спречи ширењето и прифаќањето на сознанието кое Бог го дал по пат на симболи, откриваќи им ги на луѓето значајните случки на иднината. Така сатаната тежнеел преку славољубивите луѓе да ја попречи Божјата цел за човечкиот род. Непријателот на луѓето знаел дека вистината претставува голема спасоносна сила кога не е помешана со заблуда, но дека постанува сила на злото ако луѓето ја искористат за да се прослават себеси и да ги оставарат своите себични цели.
Навуходоносор дал од благото од неговата богата ризница да се направи златен кип во се сличен на оној кој што го видел во сонот, освен во поглед на материјалот. Халдејците биле навикнати на величествени идоли на своите божества, но никогаш порано не создале така величествен и сјајен кип како овој кој бил шеесет лакти висок и шест лакти широк. И не е ни чудо што во земја каде што владеело идолопоклонство, тој прекрасен и непроценлив лик во рамнината Дура, кој ја претставувал славата, големината и моќта на Вавилон, да биде посветен како предмет на обожување. Тоа и било направено; издадена била заповед на денот на посветувањето сите да покажат безусловна верност кон вавилонската сила, поклонувајќи се пред кипот.
Одредениот ден дошол и во полето Дура се собрало големо мноштво од сите “народи, племиња и јазици.” Според царската заповед, кога се слушнале звуци на музика, сите присутни “клекнаа и се поклонија на златниот кип.” Тој необичен ден, се чинело дека силите на темнината извојувале значајна победа. Изгледало дека поклонувањето на златниоткип ќе биде поврзано со вообичаените облици на идолопоклонство кое било признато како државна религија во земјата. Сатаната се надевал дека на тој начин ќе ја осуети Божјата цел со присуството на поробениот Израел во Вавилон како средство за благослов на сите незнабожечки народи.
Меѓутоа, Бог поинаку одлучил. Сите не се поклониле на идолопоклоничкиотсимбол на човечка сила. Покрај мноштвото кое се поклонувало се наоѓале тројца луѓе кои што биле цврсто решени да не му нанесуваат на таков начин срам на Небесниот Бог. Нивниот Бог бил Цар над царевите и Господар над господарите, и тие нема да му се поклонуваат на никој друг.
До Навуходоносор, кој што ликувал, дошла вест дека помеѓу неговите поклоници има и такви кои се осмелиле да не ја послушаат неговата заповед. Гневни на почестите кои им биле укажувани на верните Даниелови другари, некои мудреци сега го известиле царот за очигледното прекршување на неговата волја. “Царе, жив да си довека” – нагласиле тие. “Има луѓе евреи, кои си ги поставил над земните работи во Вавилон, Седрах, Мисах и Авденаго; тие луѓе, царе, не се покоруваат на твојата заповед, не им служат на твоите богови, и не се поклонуваат на златниот лик, кој што си го поставил.”
Царот заповедал тие луѓе да се изведат пред него. “Вистина ли е дека вие не им служите на моите богови и дека не се поклонувате на златниот кип кој што го поставив?”
запрашал тој. Царот прибегнал кон закани за да ги наведе да се придружат кон мноштвото. Покажувајќи на огнената печка, тој ги преупредил на казната која ги чека ако и понатаму се противат на неговата волја. Меѓутоа, Евреите цврсто посведочиле за својата поврзаност со небесниот Бог и својата вера во Неговата моќ на избавување. Сметале ако се поклонуваат на кипот, значи дека го обожуваат, а таква чест тие можеле да му укажат само на Бога.
Додека тројцата Евреи стоеле пред царот, тој се убедил дека кај нив има нешто што не постои кај останатите мудреци од неговото царство. Тие биле верни во исполнувањето на секоја должност. Царот сакал повторно да ги стави на проба. Кога само би сакале со останатите да се поклонат на кипот, тогаш се би било во ред; “но ако не се поклоните, во тој час ќе бидете фрлени во огнена и вжарена печка,” додал царот. Потоа со подигната рака во пркос запрашал: “Кој е тој Бог што ќе ве избави од мојата рака?”
Царевите закани биле залудни. Тој не можел да ја разниша приврзаноста на овие луѓе на Владетелот на целиот свемир. Тие од историјата на своите татковци научиле дека непослушноста кон Бога значи срам, несреќа и смрт, и дека стравот Божји е почеток на мудроста; темел на секој вистински просперитет. Гледајќи мирно во печката тие рекле: “Ние не треба да ти одговориме на тоа. Нашиот Бог, на кого му служиме, може да не избави од вжарената печка, и ќе не избави од твоите раце, царе.” Нивната вера се повеќе јакнела додека зборувале дека Бог ќе ги спаси за своја слава; потоа, со победоносна уверност која произлегува од верата во Бога, додале: “А и да не не избави, знај, царе, ние нема да им служиме твоите богови, ниту ќе се поклониме на златниот кип, што си го поставил.”
Гневот на царот не знаел за граници. “Исполнет со бес,” “ликот на неговото лице му се измени кон Седрах, Мисах и Авденаго” – претставници на еден презрен и поробен народ. Наредувајќи да се вжари печката седум пати повеќе отколку вообичаено, тој им заповедал на најсилните луѓе од својата војска да ги врзат обожувачите на Израелевиот Бог и да ги подготват за брзо погубување.
“Тогаш ги врзаа оние луѓе во наметките нивни, со обувките и со капите, и ги фрлија во огнена вжарена печка. Како што царевата заповед беше итна, и печката многу вжарена, огнениот пламен ги уби оние луѓе кои што ги фрлија Седрах, Мисах и Авденаго.”
Но Господ не ги заборавил своите. Кога неговите сведоци биле фрлени во печката, Спасителот лично им се открил одејќи со нив заедно среде огнот. Во присуство на Господарот над топлото и ладното, пламенотја изгубил својата моќ.
Царот посматрал од својот престол, очекувајќи луѓето кои што пркоселе да бидат потполно уништени. Но неговото победоносно расположение одненадеж се изменило. Дворјаните кои што стоеле блиску до него забележале како лицето му побледело кога станал од престолот, внимателно посматрајќи го оганот. Вознемирен, царот се завртел накај своите дворјани и ги запрашал: “Нели фрливме тројца луѓе врзани во оганот?… Ете, гледам четворица одврзани каде што одат среде оганот и не им е ништо, а четвртиот е сличен на Синот Божји.”
Од каде знаел незнабожечкиот цар како изгледа Божјиот Син? Еврејските робови, кои се наоѓале на значајни позиции во Вавилон, му посведочиле за вистината со својот живот и карактер. Кога биле запрашани за основите на својата вера, одговориле без колебање. Тие јасно и едноставно ги изложувале начелата на праведноста, упатувајќи ги така и луѓето околу себе на Бога кому Му служеле. Говореле за Христа – Спасителот кој ќе дојде; и во четвртото лице кое се наоѓало среде огнот, царот го препознал Божјиот Син.
Заборавајќи на својата големина и достоинство, Навуходоносор се симнал од престолот и приоѓајќи до вратите на печката повикал: “Слуги на Севишниот Бог, излезете и дојдете ваму!”
И тогаш Седрах, Мисах и Авденаго излегле пред огромното мноштво неповредени. Присуството на нивниот Спасител ги сочувало од повреди. Изгореле само нивните окови. “И се собраа кнезовите и управителите и војводите и советниците на царот и ги видоа тие луѓе на кои што оганот не им наштети на нивните тела, ниту косата на главата им се апалила, ниту пак облеката им се променила, ниту здивот на оганот не се фати за нив.
Бил заборавен големиот златен кип, поставен со толкав сјај. Луѓето стравувале и трепереле во присуство на живиот Бог. “Да е благословен Бог Седрахов, Мисахов и Авденагов, кој го прати ангелот свој и ги избави слугите свои,” понизениот цар бил принуден да признае, “Кој го испрати Својот ангел и ги избави Своите слуги, оние кои се надеваа во Hero и не ја послушаа царевата заповед и кои ги дадоа своите тела за да не служат ниту се поклонуваат на друг Бог освен на својот Бог.”
Дожививувањата од тој ден го навеле Навуходоносор да издаде заповед “сите народи, племиња и јазици, кои би го похулиле Седраховиот, Мисаховиот и Авденаговиот Бог да бидат раскинати на делови, а нивните куќи да бидат претворени во огниште.” Наведувајќи причина за таа заповед, тој рекол: “Зашто не постои друг бог кој би можел да спаси како Овој.”
Со вакви и слични зборови вавилонскиот цар настојувал на сите народи на земјата да го покаже своето убедување дека силата и власта на еврејскиот Бог се достојни за највозвишено почитување. И на Бога Му било мило царевото настојување да Му укаже почитување и својата верност кон Бога да ја посведочи пред целото вавилонско царство.
Царот направил добро што јавно го признал небесниот Бог и се трудел да Го возвиси над сите останати богови. Меѓутоа, настојувајќи да ги присили своите поданици на слично признание и укажување на истото почитување на Бог, Навуходоносор ја пречекорил границата на правата на земски владетел. Тој немал ниту граѓанско ниту морално право да им се заканува на луѓето со смрт затоа што не се поклонуваат на Бога, токму како што немал право да издаде заповед да се фрлат во оган сите оние кои што не се поклонуваат на златниот кип. Бог никогаш не ги присилува луѓето на послушност. Тој остава сите слободно да одлучат на кого ќе му служат.
Ослободувајќи ги своите верни слуги, Господ покажал дека е на страната на угнетените, укорувајќи ги земските власти кои стануваатпротив власта на небото. Тројцата Евреи пред целата вавилонска нација ја покажале својата вера во Оној кому му служеле. Тие се надевале на Бога. Во моментите на искушение се сетиле на ветувањето: “Kora преминуваш преку вода, со тебе Сум; или преку река, нема да те потопи; Ако тргнеш низ оган, нема да изгориш, пламенот нема да те опали.” (Исаија 43:2). И нивната вера во живата Реч била наградена пред сите на чудесен начин. Претставниците од разните народи кои Навуходоносор ги повикал за посветувањето на кипот, по многу земји ја разнеле веста за нивното чудесно избавување. По целата земја Бог бил прославуван за верноста на Своите деца.
Значајни се поуките кои можат да се извлечат од искуствата на еврејските момчиња во полето Дура. И во наше време многу Божји слуги, иако невини, ќе бидат изложени на понижувања и злосторства од страна на оние кои што сатаната ги поттикнува и кои се исполнети со завист и верски фанатизам. Гневот на луѓето посебно ќе биде насочен против оние кои што ја светкуваат саботата според четвртата заповед; и на крај со општдекретќе бидатпрогласени за виновници кои заслужуваат смрт.
Во времето на неволјите кое му предстои на Божјиот народ ќе биде потребна непоколеблива вера. Неговите деца мораат да покажат дека Му служат единствено на Бога и дека ништо, дури ни животната опасност, не може да ги натера да направат и најмала отстапка кон идолопоклонство. За верното срце, заповедите на грешен, смртен човек стануваат безначајни во споредба со речта на вечниот Бог. Вистината ќе биде почитувана дури и последиците да бидат затвор, прогонство или смрт.
Како и во времето на Седрах, Мисах и Авденаго, Господ во последните денови на историјата на оваа земја силно ќе работи за спасение на оние кои што непоколебливо стојат на страната на правичноста. Оној кој со еврејските момчиња влегол во печката, ќе биде со Своите следбеници каде и да се наоѓаат тие. Неговото присуство ќе ги охрабри и поддржи. За време на неволјите – неволји какви што немало такви откако постојат народите, Неговите избраници ќе останат постојани. Сатаната со целата војска на злото не може да го уништи ни најслабиот од Божјите светии. Нив ги штитатангели непобедливи по сила, и заради нив Господ ќе се открие како “Бог над боговите,” кој може да ги спаси целосно оние кои се надеваат на Hero.

Сподели го ова:

Слични објави