31. Надеж за незнабошците
Во текот на целата своја служба Исаија објавувал јасно сведоштво за Божјите намери во поглед на незнабошците. И останатите пророци го споменувале Божјиот план, но нивните зборови не биле секогаш разбрани. На Исаија му било дадено јасно да му ја објави на Јуда вистината дека во Божјиот Израел мора да се вбројат и мнозина кои не се Аврамови потомци по крв. Тоа учење не било во склад со верските теории во негово време. Но тој сепак без страв ја објавувал веста која му ја дал Бог и им дал надеж на мнозина кои копнееле во своите души за духовните благослови ветени на Авраамовото семе.
Обраќајќи се на Римјаните во своето послание, апостолот на незнабошците му укажува за ова учење на Исаија: “А Исаија пак смело рече,” изјавил Павле, “Me најдоа оние, кои не Me бараа, им се открив на оние, кои не прашаа за Мене.” (Римјаните 10:20).
Изгледа дека Евреите честопати не разбирале или не сакале да разберат каква намера има Бог со незнабошците. A Тој всушност заради незнабошците ги направил избран народ и ги направил независни помеѓу народите на земјата. Тој го повикал нивниот татко Авраам, на кого најпрво му бил даден завет на ветување, да се одвои од своите роднини и да оди во далечни краеви, за да стане светлина на незнабошците. Бог му дал ветување дека неговото потомство ќе биде бројно како песокта морска, но тој не требал од некои себични мотиви да стане основач на големиот народ во хананската земја. Господ рекол: “Ќе те благословам, и ќе го прославам твоето име и самиот ќе бидеш благослов. Јас ќе ги благословам оние, кои ќе те благословуваат, а ќе ги проколнам оние, кои ќе те проколнуваат; И во тебе ќе бидат благословени сите племиња на земјата.” (1. Мојсеева 12:2. 3).
Во обновувањето на заветот, непосредно пред Исаковото раѓање, Божјата цел во поглед на човештвото повторно била јасно изложена. “Во него ќе бидат благословени сите народи,”,ветувањето кое Господ го дал за детето на ветувањето. И подоцна небесниот посетител уште еднаш рекол: “Сите народи на земјата ќе бидат благословени преку твоето потомство.” (1. Мојсеева 18:18; 22:18).
Сеопфатните одредби на заветот биле добро познати на Аврамовите синови и синовите на нивните синови. Израел бил ослободен од египетското ропство за да биде благослов на други народи и името Божјо да стане познато “по целата земја.” (2. Мојсеева 9:16). Ако ги слушаат Неговите заповеди, ќе бидат пред сите народи во поглед на мудроста и знаењето; но таа надмоќ требала да биде постигната и сочувана само за да се остварат преку нив Божјите цели за сите народи на земјата.
Чудесните докази за Божјото провидение по повод избавувањето на Израел од египетското ропство и нивното доаѓање во ветената земја навело мнозина незнабошци да Го признаат Израеловиот Бог како врховен Владетел. Ветувањето гласело: “Кога ќе ја протегнам Својата рака на Египет и ги изведам Израелците од нивната средина, тогаш Египејците ќе сознаат дека Јас Сум Господ.” Дури и гордиот фараон бил принуден да ја признае Господовата сила. “Одете, служете Му на Господа, па благословете ме и мене”, им рекол тој на Мојсеја и Арона. (2. Мојсеева 7:5; 12:31, 32).
Израеловите војски кои постојано напредувале увиделе дека гласот на силата на Израеловиот Бог одел пред нив и дека некој од незнабошците поверувале дека Тој е вистинскиот Бог. Во незнабожечкиот Ерихон една жена посведочила: “Зашто Господ вашиот Бог – Тој е Бог rope на небесата и долу на земјата.” Познавањето на Господа кое на тој начин го стекнала, го издејствувало нејзиното спасение. Преку вера “Раав не загина со неверниците.” (Исуса Навин 2:11; Евреите 11:31). Нејзиното обратување не претставувало осамен пример на Божја милост кон идолопоклониците кои ја признале Неговата божествена власт. На сред земја еден броен народ – Гаваонци – се одрекол од незнабоштво, се соединил со Израел, и добил дел од благословите на заветот.
Бог не признава никаква разлика по однос на народност, раса или боја. Тој е Творец на целиот човечки род. Сите луѓе припаѓаат на едно семејство според создавањето и сите постануваат едно преку откупувањето. Христос дошол да ги сруши сите ѕидови кои ги делеле луѓето, да ги отвори сите одделенија на храмот како секоја душа би имала слободен пристап до Бога. Неговата љубов е толку широка, толку длабока и потполна што продира насекаде. Таа ги спасува луѓето од сатаната кој ги измамил со своите лукавства, и ги доведува во близина на Божјиот престол, над кој во еден лак се оцртува виножитото на ветувањето. Во Христа нема ниту Грк ниту Евреин, ниту слободен човек ниту роб.
Во годините кои следеле по заземањето на ветената земја, луѓето речиси го загубиле од вид Господовиот план за спасение на незнабошците, па било потребно повторно да им се изложи истиот план. “Ќе си спомнат и ќе се обратат кон Господа сите земни краишта”, пеел вдахновениот псалмист, “и пред Hero ќе се поклонуваат сите племиња на народите.” “Ќе дојдат големците од Египет; Етиопија наскоро ќе пружи рака кон Бога.” “Незнабошците ќе се бојат од Твоето име и сите цареви на земјата од Твојата слава.” “Нека се запише ова за идното поколение, и луѓето што ќе бидатсоздадени, ќе Го фалат Господа, зашто Бог гледа од Своето возвишено светилиште, гледа од небесата кон земјата, за да ги чуе воздишките на затворените, за да ги ослободи осудените на смрт. За да се навести Господовото име на Сион, и Неговата пофалба во Ерусалим, кога ќе се соберат народите и царствата, за да Му служат на Господа.” (Псалм 22:27; 68:31; 102:15, 18-22).
Да ја завршел Израел верно својата задача, сите народи на земјата би имале удел во неговиот благослов. Но срцата на оние кои им била доверена вистината за спасението не чувствувале ништо за потребите на оние кои живееле околу нив. Евреите ја загубиле од вид Божјата цел и почнале да гледаат на незнабошците како на луѓе кои се наоѓаат надвор од влијанието на Божјата милост. Ја затскриле светлината на вистината, и завладеала темнина. Народите биле покриени со покривало на незнаење; луѓето малку знаеле за Божјата љубов; заблудата и суеверието цветале.
Такви биле состојбите кога Исаија добил повик за пророчка мисија. Но тој не паднал во малодушност, затоа што во неговите уши одекнувале триумфални хорови на ангели кои го опкружувале Божјиот престол. “Сета земја е полна со Неговата слава.” (Исаија 6:3). Неговата вера ги засилила и виденијата за славната победа на Божјата црква, кога “земјата ќе се исполни со знаење за Господа, како што морињата се полнат со вода.” (Исаија 11:9). Најпосле ќе биде тргната “завесата која ги покриваше сите луѓе, покривката што ги покриваше сите народи.” (Исаија 25:7). Божјиот Дух ќе се излее над секое тело. Оние кои се гладни и жедни за праведност ќе се вбројат во Божјиот Израел. “Ќе растат како трева покрај извор, како врби покрај реки што течат,” рекол пророкот. “Еден ќе рече: Јас сум Господов, друг ќе се нарекува со Јакововото име; третиот ќе си напише на раката: Господов, и ќе се презива со Израеловото име.” (Исаија 44:4, 5).
На пророкот му било откриено со која цел Бог ја расеал непокорната Јуда помеѓу народите на земјата. “Мојот народ ќе го запознае Моето име,” објавил Господ; “тие ќе знаат во оној ден, дека сум Јас Кој говорам.” (Исаија 52:6). И не само што ќе се научат на покорност и верност, туку во своето туѓинство ќе запознаат и други со Бога. Мнозина помеѓу синовите туѓинци ќе се научат да го љубат Hero како свој Творец и свој Откупител, и ќе почнат да ја слават саботата како свет ден, како спомен на Неговата творечка моќ; и кога Тоспод ќе ја оголи Својата света мишка, пред очите на сите народи” да го ослободи Својот народ од заточеништвото “сите краишта на земјата” ќе го видат спасението на нашиот Господ.” (Стих 10). Мнозина од тие обратени незнабошци ќе посакаат потполно да се соединат со Израел и да тргнат со нив при нивното враќање во Јудеја. Никој од нив нема да рече: “Господ целосно ме одвои од Својот народ,” затоа што Божјата Реч, која преку својот пророк ја упатил до оние кои Му пришле Нему и го почитувале Неговиот закон, гласела дека тие ќе се вбројат во Израел – Неговата црква на земјата. (Исаија 56:3).
“А туѓинските синови, кои се определија за Господа за да Му служат и за да Го љубат Господовото Име и за да Му бидат слуги, кои ја почитуваат саботата и не ја онечистуваат и кои се постојани во Мојот завет, нив ќе ги доведам на Мојата Света Гора и ќе ги развеселам во Мојот молитвен дом. Нивните паленици и жртви ќе бидат угодни на Мојот жртвеник, зашто Мојот дом ќе се нарече дом за молитва на сите народи. Господ Бог, кој ги собра распрснатите Израелци говори, уште ќе му соберам покрај оние што веќе се собрани.” (Стихови 6-8).
На пророкот му било дозволено низ вековите да го согледа времето на доаѓањето на Месијата. Тој од прво видел само “неволја и темнина и тешка мака.” (Исаија 8:22). Лажни учители завеле мнозина кои ја барале светлината на вистината во лавиринтот на философијата и спиритизмот; други примиле само формална побожност, но вистински не се посветиле во животот. Состојбата изгледала безнадежна, но призорот набрзо се променил и пред очите на пророкот се видело прекрасно видение. Видел како Сонцето на Праведноста се издига на своите крилја, па восхитено извикал: “Темнината нема да биде таква како во нејзиното измачување, кога во прво време Тој ја понизи земјата Завулонова и земјата Нефталимова, и во подоцнежното повеќе ја порази неа крај морскиот пат, од онаа страна на Јордан, незнабожечката Галилеја. Народот, којодеше во темнина, виде голема светлина; врз оние што живееа во земјата на смртната сенка, засветли светлина.” (Исаија 9:1, 2).
Величествената Светлина на светот ќе донесе спасение до секоја нација, племе, јазик и народ. Пророкот слушнал како вечниот Отец говори за делото кое е пред Hero: “Премалку е да Ми бидеш слуга за да ги подигнеш Јакововите племиња и за да го вратиш Израеловиот остаток, но ќе те поставам за светлина на народите, за да го донесеш Моето спасение до крајот на земјата.” “Во времето на милоста Јас те послушав, во денот на спасението Јас Ти помогнав; и Јас ќе Те запазам и ќе Те дадам за завет на народот, за да ја востановам земјата, за да го разделам запустеното наследство; за да им кажам на затворениците: Излезете; а на оние кои се во темнина: Јавете се.” “Ете, едни доаѓаат од далеку, други од север и од запад, a некои од Синимската Земја (земјата на Кинезите).” (Исаија 49:6, 8, 9, 12).
Гледајќи уште подалеку низ вековите, пророкот видел буквално исполнување на овие величествени ветувања. Видел како носителите на радосната вест за спасението одат по сите краеви на земјата, носејќи вест на секое колено и народ. Слушнал како говори Господ за црквата на Евангелието: “Еве, ќе го навратам мирот врз нив како река, и како збуен поток славата на народите,” и тој го слушнал налогот: “Рашири го просторот на својот шатор, распростри го, не штеди го платното на своето живеалиште, продолжи му ги јажињата, зацврсти ги колчињата, зашто ќе се прошириш на десно и на лево; и твоето потомство ќе завладее над народите, и ќе ги насели запустените градови.” (Исаија 66:12; 54:2, 3).
Господ му рекол на пророкот дека Тој ќе ги прати Своите сведоци “кон народите, во Тарсис, Фул, Луд… во Тувал и Јаван, до далечните острови.” (Исаија 66:19).
“Колку се прекрасни по планините
стапалата на оној кој носи радосни вести,
кој разгласува мир,
кој донесува добри вести,
кој проповеда спасение,
кој му вели на Сион: Твојот Бог царува.”
(Исаија 52:7)
Пророкот слушнал како Бог ја повикува својата црква да работи на делото кое и е доверено, за да го подготви патот за воспоставување на Неговото вечно царство. Таа вест е доста јасна:
“Стани засвети, зашто твојата светлина дојде, и Господовата слава те осветли.
Зашто, ете темнината ја покрива земјата и мракот народите;
А тебе те осветлува Господ, и Неговата слава ќе се покаже над тебе.
И народите ќе дојдат при твојата светлина и царевите кон сјајноста на твојот изгрев.
Подигни ги очите наоколу и види: сите се собираат, доаѓаат кон тебе, и твоите синови ќе дојдат од далеку, и твоите ќерки ќе ги носат во прегратки.
И туѓинци ќе ги обноват твоите ѕидови, и нивните цареви ќе ти служат: затоа што Јас те удрив во Својот гнев, но ти се смилував во Својата наклоност.
Заради тоа твоите порти ќе бидат отворени секогаш, нема да се затвораат ни дење ни ноќе, за да ги пропушти кон тебе богатствата на народите, со царевите кои ги водат.
Погледнете кон Мене, за да се спасите, сите краишта на земјата; зашто Јас Сум Бог и нема друг.”
(Исаија 60:1-4, 10, 11; 45:22)
Овие пророштва за големото духовно будење во времето на густата темнина, денес се исполнуваат преку мисионерските станици кои продираат во областите на земјината топка обвиткани во темнина. Групите мисионери во незнабожечките земји, пророкот ги споредува со знаме поставено како патоказ на оние кои ја бараат светлината на вистината.
Исаија вели: “Во оној ден, Јесеевиот корен, ќе биде издигнат како знаме на народите, луѓето ќе го бараат Hero, и Неговото престојување ќе биде славно. Во оној ден, Господ ќе ја испружи раката повторно за да го откупи остатокотод Својот народ… и Тој ќе издигне знаме за народите, ќе ги собере отфрлените од Израел, и ќе ги собере распрснатите од Јуда од сите четири краишта на земјата.” (Исаија 11:10-12).
Денот на ослободувањето е блиску. “Господ гледа со своите очи по целата земја, за да ја покаже својата сила во полза на оние чие срце е соврешно кон Hero.” (2. Летописи 16:9). Помеѓу сите народи, племиња, и јазици Господ ги гледа оние кои се молат за светлина и знаење. Нивните души се незадоволни затоа што долго време се хранеле со пепел (Види Исаија 44:20). Непријателот на сета праведностги одвлекол на страна и тие паѓаат како слепи. Меѓутоа, тие се искрени во срцето и сакаат да појдат по подобар пат. Иако се наоѓаат во длабочините на незнабоштвото и не го познаваат пишаниот Божји закон ниту Неговиот Син Исус, кај нив сепак многукратно се покажува делувањето на Бојата сила врз умот и карактерот.
Понекогаш оние кои немале друго знаење за Бога освен она стекнатото под дејство на Божјата благодат, биле љубезни кон Неговите слуги, штитејќи ги по цена на својотживот. Светиот Дух ја всадува Христовата благодат во срцата на мнозина благородни трагачи по вистината, оживувајќи ги навиките спротивни на поранешното воспитување. “Светлина, која го осветлува секој човек кој доаѓа на светот” (Јован 1:9) блеска во нивните души; и таа светлина ќе ги одведе во Божјото царство, доколку и се покорат. Пророкот Михеј вели: “Ако престојувам во темнина, Господ е моја светлина… Тој ќе ме изведе на светлина и јас ќе ја гледам Неговата праведност.” (Михеј 7:8, 9)
Небесниот план за спасението е доволно опсежен за да го опфати целиот свет. Бог сака на оттргнатото човештво да му го вдахне духот на животот. И Тој нема да дозволи ниту една душа која искрено тежнее за нешто возвишено и благородно од она што светот може да пружи, да остане разочарана. Бог непрестано им ги испраќа Своите ангели на оние кои, иако во многу неповолни ситуации, упатуваат молитви со вера тежнеејќи да се поттчинат на вишата сила која ќе им донесе спасение и мир. Бог ќе им се открие на разни начини и со своето провидение ќе ја засили нивната доверба во Оној кој се жртвувал за да ги искупи сите, “за својата надеж да ја положат во Бога, и да не ги заборават Божјите дела, туку да ги исполнуваат Божјите заповеди.” (Псалм 78:7).
“Може ли да му се одземе пленот на јунак? Може ли да му избега заробениот на праведникот?” “Да, Господ зборува вака: На јунакот ќе му биде одземен пленот, заробениот ќе му избега на победникот.” (Исаија 49:24. 25). “Ќе бидат во голем срам оние што се надеваат на идоли, кои им зборуваат на леаните ликови: Вие сте наши богови.” (Исаија 42:17).
“Блазе на оној кому помошник му е Јакововиот Бог, чија надеж е во Господа, неговиот Бог.” (Псалм 146:5). “Вратете се во тврдината, вие заточеници, полни со надеж.” (Захарија 9:12). На сите оние во незнабожечките земји кои се искрени во срцето – “праведниците” во очите на небото – им изгрева светлина во темнината.” (Псалм 112:4). Бог рекол: “Ќе ги водам слепите по пат кој тие не го знаат, ќе ги упатам по патеките кои тие не ги знаат. Пред нив ќе ја обрнам темнината во светлина, a нерамната почва во рамна. Тоа ќе го направам и нема да ги оставам.” (Исаија 42:16).