19. Пророк на мирот

Сподели го ова:

Работата на пророкот Елисеј во извесна смисла во многу се разликувала од Илиевата. На Илија му биле доверени вести за осуда и казни; тој бил глас на бестрашен укор кој ги опоменувал царот и народот да не одат по пат кој води во зло. Елисеевата мисија била помирна; добил задача да продолжи и да го зацврсти делото кое го започнал Илија, да го учи народот за Господовите патишта. Библијата го опишува во личен допир со луѓето, во кругот на пророковите синови како со своите чуда и служба им донесува на луѓето исцелување и радост.
Елисеј бил човек благ и со пријатен карактер, но знаел да биде и строг за што најдобро сведочи неговиот став кога на патот за Ветил го исмејувале безбожните деца од тој град. Тие слушнале дека Илија се вознел и од тоа направиле предмет на шега. Сега му се исмејувале на Елисеј: “Вознеси се ќелавко! Вознеси се!” Слушајќи го нивното исмејување, пророкотсе сврте и вдахновен од Божјиот Дух ги проколна. Страшната казна која настапила дошла од Бога. “Тогаш излегоа од гората две мечки и раскинаа од нив четириесет и две деца.” (2. Царства 2:23, 24)
Доколку Елисеј дозволел исмејувањето да помине неказнето, толпата и понатаму би се исмејувала, што веројатно потполно би ја попречило неговата мисија на поучување и спасување во периодот на големата опасностза народот. Една ваква строга казна била доволна да му овозможи почитување за цел живот. Тој педесет години излегувал и влегувал низ вратата во Ветил, одел од село до село и од град до град, често проаѓајќи низ групи на невработени, невоспитани и распуштени млади луѓе, но никој повеќе не му се потсмевал ниту направил шега на негова сметка како пророк на Највозвишениот.
И благоста треба да има свои граници. Авторитетот мора да се чува одлучно и строго, затоа што поинаку мнозина ќе го потценат и исмеат. Таканаречената нежност, галење и попуштање на младите, кои често се прават важни кај родителите и кај восипитувачите, претставуваат една од најголемите опасности за нив. Во секое семејство мора да владеат цврстината и одлучноста кога се во прашање исполнување на должностите.
Стравопочитувањето кое што толку им недостасувало на младите кои му се исмејувале на Елисеј, претставува благодат која мора грижливо да се негува. Секое дете мора да се учи да му укажува на Бога вистинско почитување. Неговото име не смее никогаш лесно и непромислено да се споменува. Ангелите ги покриваат своите лица кога го изговараат. Со колку ли почитување треба ова ние да го правиме кои сме паднати и грешни.
Стравопочитување мора да им се укажува на сите Божји претставници – проповедници, учители и родители кои се повикани да говорат и работат наместо Бога. Почитувајќи ги нив значи да се почитува Бог.
Учтивоста е исто така една од благодетите на Духот која сите мораат да ја негуваат. Таа има моќ да ја облагороди природата која без неа би станала сурова и груба. Оние кои што тврдат дека се Христови следбеници а се груби, неучтиви и сурови кон другите, всушност ништо не научиле од Исуса. He мораме да се сомневаме во нивната искреност и исправност, но овие особини не го надоместуваат недостатокот на внимателност и кротост.
Кротоста која му овозможила на Елисеј толку силно да влијае врз животот на многу луѓе во Израел се гледа и во неговите односи кон едно семејство кое живеело во Сунам. На своите патувања низ царството, “еден ден Елисеј отиде во Сунам. Таму една богата жена го покани во домот свој да јаде леб, и тој, секогаш кога ќе минеше, навратуваше таму да јаде леб.” Оваа жена сфатила дека Елисеј е “свет Божји човек” и му предложила на својот маж: “да му направиме мала горна соба на ѕидот и да му ставиме таму легло и маса, и стол и светилник, та кога доаѓа кај нас, да се повлекува таму.” Елисеј често пати отседнувал во оваа соба, благодарен за мирот кој таа му го овозможувала. И самиот Господ ја запазил добрината на ената. Таа немала деца па Бог и подарил син и така ја наградил за нејзиното гостопримство.
Годините проаѓале. Детето веќе било големо и одело на нива со жетварите. Еден ден го удрило сончаница “и му кажа на татка си: Мојата глава, главата ме боли.” Таткото му нареди на едно момче да го однесе дома. “Го зеде и го одведе кај мајка му. И тоа седеше во скутот нејзин до пладне и умре. Таа отиде и го положи во леглото на Божјиот човек, го затвори и излезе.” (2. Царства 4:18-21).
Во својата несреќа, Сунамката решила да побара помош од Елисеј. Пророкот тогаш се наоѓал на гората Кармил, па жената веднаш се упати кон него во придружба на еден слуга. “А кога Божјиот човек ја виде оддалеку, му кажа на слугата свој Гиезија: Еве ја оваа Сунамка; отрчај да ја пресретнеш и да ја прашаш: здрава ли си, здрав ли е мажот нејзин, здраво ли е детето?” Слугата направи како што му беше речено, но уплашената мајка не ја открила својата неволја се додека не стигнала до Елисеј. Бидејќи слушнал за нејзината несреќа, Елисеј му нареди на Гиезија: “Опаши се преку половината и земи го стапот мој во раката и врви; ако сретнеш некого, не го поздравувај; а ако некој те поздрави, не му одговарај; и стави го стапот врз лицето на детето!”
Но мајката не била задоволна се додека самиот Елисеј не пошол со неа. “Жив Господ и жива ти душата! Нема да те оставам,” рекла таа. “Тогаш и тој стана и тргна по неа. Гиезиј отиде пред нив и го стави стапот врз лицето на детето. Но не чу ни глас, ни одговор. И му излезе во пресрет, му соопшти и рече: Детето не се разбудува.”
Кога стигнале до куќата, Елисеј влегол во собата каде што лежело детето, “ја затвори вратата зад себе и му се помоли на Господа; потоа се качи, легна врз детето, ја стави устата своја врз неговата уста, очите свои врз неговите очи, и дланките свои брз неговите дланки, и се простре врз него, и телото на детето се загреа. Елисеј стана и почна да оди по собата натаму-наваму; потоа пак се качи и се простре врз него. И детето кивна седум пати и ги отвори очите свои.” (2. Царства 4:35).
Повикувајќи го Гиезија, Елисеј му нареди да ја доведе мајката. “И тој ја повика. Таа дојде при него, и тој рече: Земи си го синот свој! Таа се доближи, падна пред нозете негови и се поклони до земја; потоа го зеде синот свој и излезе.” (2. Царства 4:36, 37).
Така била наградена верата на оваа жена. Христос, големиот Дародавец на животот и го вратил синот. На ист начин ќе бидат наградени и Неговите верни кога Тој ќе дојде по втор пат, кога смртта ќе го изгуби осилото и кога гробот ќе ја изгуби победата која ја сакал. Тогаш Тој на своите слуги ќе им ги врати децата на оние кои им ги одзела смртта. “Така вели Господ: глас се слуша во Рама, пискот и горко плачење: Рахил плаче за децата свои и не сака да се утеши за нив, оти ги нема. Така вели Господ: задржете го гласот свој од плачење и очите свои од – солзи, оти за трудот твој има награда… и тие ќе се вратат од непријателската земја. И надеж има за твојата иднина, вели Господ, и твоите синови ќе се вратат во пределите свои.” (Еремија 31:15-17).
Во нашата болка за умрените Исус не теши со веста која е неизмерна надеж: “Од власта на гробот ќе ги откупам, од смртта ќе ги избавам. Смрт – каде ти е силата? Каде ти е тебе, гробу, победата?” (Осија 13:14). “Бев мртов, и ете, жив сум за сите векови… И ги имам клучевите од адот и смртта” (Откровение 1:18). “Бидејќи сам Господсо заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото, и најнапред ќе воскреснат мртвите; а потоа, ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати на облаците, за да се сретнеме со Господа во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господа.” (1. Солунјаните 4:16, 17).
Елисеј, слично како Спасителот на човештвото чиј претставник бил, во својата служба помеѓу луѓето го соединувал делото на исцелување со делото на поука. За цело свое време на долго и делотворно работење Елисеј верно и неуморно се трудел да го развие и прошири она значајно воспитно дело кое го вршеле воспитните училишта. Зборовите на поука кои ги упатувал на групите сериозни млади луѓе биле потврдувани со силни делувања на Светиот Дух, а од време на време имало и други несомнителни докази за неговиот авторитет и за неговиот карактер како Господов слуга.
За време на една своја посета на училиштето во Галгал тој отровното јадење го направил здраво. “Во таа земја имаше глад, и синовите пророчки седеа пред него. И тој му кажа на слугата свој: Стави го големиот котел и свари леќа за пророчките синови. И излезе еден од нив во полето да собира зелје; најде еден корен од дива лоза, и набра од неа полн скут диви плодови; се врати и ги стави во котелот со леќа, зашто не ги познаваше. Им поставија да јадат. Но штом почнаа да ја јадат леќата, извикаа и велеа: Смрт има во котелот, човеку Божји! И не можеа да јадат. А тој рече: Дајте брашно! И го истури во котелот и му рече на Гиезија: Стави им на луѓето, нека јадат. И во котелот не остана ништо отровно.” (2. Царства 4:38-41).
Елисеј исто така во Галгал за време на една суша нахранил стотина луѓе со дарот кој му го донел “некој човек од Валсалис” – “лебнапрвина – дваесетјачмени лепчиња и млади зрна во класови.” (Стих 42). На луѓето кои биле со него сосема им снемало храна. Кога пристигнал овој дар, Елисеј му рече на својот слуга: “Дај им на луѓето да јадат. И рече слугата негов: Што ќе им дадам на сто души? А тој рече: Дај им на луѓето, нека јадат, зашто така вели Господ: ќе се наситат, и ќе остане. Тој им даде, и тие се наситија, и остана уште, според словото Господово.” (Стихови 43, 44).
Каква добродушност беше тоа Христова, што преку Својот гласник, го извршил ова чудо за да нахрани луѓе! Господ Исус по тоа уште многу пати им го давал на луѓето она што им е потребно за живот, и покрај тоа што не било на така јавен и воочлив начин. Кога нашиот духовен вид би бил изострен, ние многујасно би уочиле колку Боге милостив кон човечките деца.
Божјата благодат прави со мала количина сите да се нахранат. Божјата рака може стократно да умножи. Тој може да постави трпеза во пустина. Со допир на раката Тој може да ја умножи сиромашната храна така што да биде доволно за сите. Со Негова сила умножени се лебовите и житото во рацете на пророчките синови.
Кога Христос во текот на својата служба на земјата, направил чудо нахранувајќи цело мноштво, луѓето не верувале, како што не верувале ни оние кои се наоѓале околу овој стар пророк. “Што ќе им дадам на сто души?” – рекол Елисеевиот слуга. Кога Исус им наредил на своите ученици да му дадат на мноштвото народ да јаде, тие одговориле: “Ние немаме повеќе од пет лебови и две риби, освен ако отидеме и купиме храна за сите овие луѓе?” (Лука 9:13). Што е тоа за толкав број луѓе?
Оваа поука важи за Божјите деца во сите времиња. Кога Господ дава налог за извршување на некоја задача, луѓето не треба да стојат и да се прашуваат дали е разумна заповедта и какви ќе бидат последиците ако ја послушаат. Можеби она што го имаат во рацете ќе изгледа недоволно да се задоволат потребите, но од рацете Господови ќе дојде и ќе претекне. “Тој им даде, и тие се наситија, и остана уште, според словото Господово.”
Заедницата денес мора многу попотполно да чувствува поврзаност помеѓу Бога и оние кои Тој ги откупил жртвувајќи го својот Син, мора да има повеќе вера во развојот и напредокот на Божјото дело на земјата. Никој не смее да губи време јадосувајќи се што силата е мала. Можеби надворешноста наизглед не ветува многу, но енергијата и верата во Бога ќе го оствари она што е потребно. Тој ќе ги умножи даровите кои му се принесени во благодарност со молба за Негов благослов, токму како што ја умножил храната понудена на пророчките синови и на измореното мноштво.

Сподели го ова:

Слични објави