55. Заплетките на незнабошците

Сподели го ова:

 Ова поглавје се базира на Неемија 6 глава.
Санавалат и неговите соучесници не се осмелувале отворено да завојуваат со Евреите, но со се поголема озлобеност продолжиле со своите обиди да обесхрабрат, збунат и напакостат. Ѕидовите околу Ерусалим брзо се довршувале. Кога би се изградиле и поставиле во потполност портите, тогаш непријателите на Израел не би можеле да се надеваатсо сила да влезат во градот. Затоа тие биле понетрпеливи, да го сопрат градењето без ни малку одложување. Најпосле сковале план Неемија да го намаматод неговата положба, да го фатата потоа да го убијат или да го фрлат во темница.
Под изговор дека сакаат помирување, побарале состанок со Неемија, и го повикале да дојде во едно село во онанското поле. Но просветлен од Светиот Дух тој ја разбрал нивната вистинска цел, и одбил тоа да го направи. Тој пишува: “Пратив кај нив гласници и им порачав: имам голема работа, затоа не можам да дојдам кај вас: работата ќе застане ако ја оставам, за да дојдам кај вас.” Но искушувачите биле упорни. Четири пати пратиле вест со иста содржина, и секој пат добивале ист одговор.
Бидејќи увиделе дека тој план нема да успее, прибегнале кон еден смел чекор. Санавалат пратил гласник кај Неемија со отворено писмо, во кое стоело: “Се слуша по народите, а и Гасмуј вели дека ти и Јудејците мислите да се побуните, затоа ѕидаш ѕид и сакаш да им бидеш цар… И дека си поставил пророци да разгласуваат во Ерусалим, велејќи: во Јудеја има цар; и сега тие гласови ќе стигнат до царот, затоа дојди да се посоветуваме.”
Споменатите гласови навистина да кружеле, Неемија би имал причина да се загрижи, затоа што набрзо би стигнале до царот кого и најмал сомнеж би можел да го натера да превземе најстроги мерки. Меѓутоа, Неемија бил убеден дека тоа писмо било лажно, напишано само да го заплаши и да го вовлече во мамка. Овој заклучок го потврдува и фактот што писмото било испратено отворено, очигледно со цел народот да ја чита неговата содржина, да се вознемири и исплаши.
Неемија веднаш одговорил: “He е така како што велиш ти, туку самиот си го измислил.” На Неемија не му биле непознати сатанските планови. Тој знаел дека тие обиди имаат за цел да ги ослабнат рацете на градителите и така да се осуети нивната работа.
Сатаната веќе толку многу пати бил поразен. Затоа сега со поголема злобност и вештост, подметнал уште полукава и поопасна стапица за Божјиот слуга. Санавалат и неговите соучесници ги поткупиле луѓето кои што се исповедале како пријатели на Неемија, за да му дадат лажни совети, тврдејќи дека е тоа Божја реч. Главен соучесник во тоа злобно дело бил Семај – човек кого Неемија порано го сметал за човек со добра репутација. Тој човек се затворил во една одаја во близина на светилиштето, како животот наводно да му бил во опасност. Во тоа време храмот бил заштитен со ѕидови и порти, но градските порти се уште не биле подигнати. Преправајќи се дека е многу загрижен за Неемија, Семај го советувал да се затскрие во храмот. “Да отидеме заедно во Божјиот дом – предлагал тој – и да ја заклучиме вратата од храмот, зашто ќе дојдат да те убијат, ќе дојдат ноќе да те убијат.”
Да го послушал Неемија тој издајнички совет, тој би ја жртвувал својата вера во Бога, а народот би го сметал за кукавица и достоен за презир. Со оглед на значајното дело кое го превземал и на лојалноста на Бога, која што ја исповедал, би било во потполност недоследно да се крие како да се плаши. Стравувањето би се пренело и на народот, секој би гледал некаде да се сокрие, и градот би останал незаштитен и би станал плен на неговите непријатели. Еден таков непромислен чекор би значел предавање на сето она што било остварено.
Неемија брзо проникнал во намерата и целта на советодавецот. Тој вели: “Разбрав дека не го пратил Бог, туку тоа пророштво сам го кажа за мене, зашто Товиј и Санавалат го поткупија. Затоа беше поткупен да ме исплаши и да направам така и да згрешам па да се срамотам и да ме прекоруваат.”
Срамниот совет кој што го дал Семај го поддржале и угледни луѓе, кои што тајно се здружиле со непријателите на Неемија, иако тврделе дека му се пријатели. Меѓутоа, тие безуспешно ја поставиле својата замка. Неемија безстрашно одговорил: “Зарем човек каков што сум јас, ќе бега? или кој би влегол во храмот ваков каков што сум јас а да остане жив? нема да одам.”
И покрај сите заплетки кои што ги ковале непријателите, јавни и тајни, работата на градбата не престанала да напредува, и за помалку од два месеца по доаѓањето на Неемија во Ерусалим, градот бил обвиткан со ѕид, а градителите можеле да одат по ѕидовите и да гледаат одозгора на своите поразени и запрепастени непријатели. Неемија пишува: “Кога слушнаа сите непријатели наши за тоа, и ги видоа сите народи што беа околу нас ги видоа тие нешта, се исплашија многу, зашто познаа дека Бог го изврши тоа дело.”
Но дури и овој доказ дека самиот Господ управува со својата рака, не бил доволен да го заузда незадоволството, побуните и издајството помеѓу Израелците. “Благородниците јудејски му праќаа писма на Товиј и од Товиј доаѓаа писма кај нив. Зашто многу Јудејци му се беше заколнале, затоа што беше зет на Сеханиј.” Тука се гледаат лошите последици на склопување бракови со идолопоклоници. Едно јудејско семејство се поврзало со Божјите непријатели, и таа врска се покажала како стапица. Многу други исто така постапиле. Тие биле исто како и мешаното мноштво кое што тргнало со Израел од Египет, непрекинат извор на неволји. He се посветиле со целото срце на Бога, и кога Божјото дело барало некоја жртва, биле подготвени да ја погазат свечената заклетва која што ја дале за соработка и поддршка на истото.
Некои кои што највеќе подготвувале зло против Евреите, сега изразувале желба да бидат заедно со нив во пријателски односи. Јудејските благородници кои што склопувале мешани бракови со идолопоклониците, и кои издајнички се допишувале со Товиј, заколнувајќи се дека ќе му служат, сега го претставувале како способен и далекувиден човек, тврдејќи дека сојузот со него ќе биде од голема корист за Евреите. Истовремено тие му ги предале плановите и намерите на Неемија. Така делото на Божјиот народ било изложено на напади на непријателот; била дадена прилика Нееминовите зборови и дела лажно да се прикажуваат и да се попречува неговата работа.
Кога сиромашните и угнетените му се обратиле на Неемија, барајќи да се исправи неправдата која што им била нанесена, тој смело станал во нивна одбрана и ги навел престапниците да ги поправат своите грешки. Меѓутоа, власта со која се послужил за да го заштити својот угнетен народ, тој сега не ја користел за своја сопствена корист. Некои негови настојувања биле пречекани од некои со неблагодарност и издајништво, но тој не ја употребил власта да ги казни издајниците. Мирно и несебично продолжил да му служи на својот народ, не попуштајќи во своите напори и не дозволувајќи ревноста да му ослаби.
Сатаната секогаш работел против оние кои што се трудат да го унапредат Божјото дело. И покрај тоа што честопати трпел неуспех, сатаната ги обновувал своите напади со нова сила, испробувајќи дотогаш непробани средства. Но тој е најопасен кога работи тајно преку лажните пријатели на Божјото дело. Отвореното непријателство може да биде жестоко и свирепо, но против него можеме да се бориме и опасноста е помала за Божјото дело, отколку против непријателите на оние кои што тврдат дека му служат на Бога, а во срцето се слуги на сатаната. Тие се во можност да одат на рака на таквите кои што ќе го искористат нивното знаење за да му попречат на Божјото дело, и да им наштетат на Неговите слуги.
Ќе се применуваат сите лукавства кои што кнезот на темнината може да ги измисли за Божјите слуги да бидат наведени да стапат во сојуз со агентите на сатаната. На мнозина им се упатува повик да ја напуштат должноста; но тие, како Неемија, треба да одговорат непоколебливо: “Извршувам голема работа, не можам да дојдам.” Божјите работници треба без страв да продолжат со работата а нивните напори ќе ги откријат лагите кои што непријателот ги измислил на нивна штета. Слично на градителите на ѕидовите на Ерусалим, тие не смеат да дозволат заканите, потсмевите или лагите да ги одвојат до нивната работа. Ни за момент не смеат да попуштат во своето бдеење или будност, затоа што непријателот им е постојано зад петици. Во секој момент мораат да упатуваат молитви кон Бога и да поставуваат “стража кон нив ден и ноќ.” (Неемија 4:9).
Колку повеќе се приближуваме до крајот, сатанските искушенија се повеќе ќе на навалуваат врз Божјите работници. Тој ќе користи човечки агенти за да ги исмејува и клевети оние кои што “градат ѕидот.” Но делото би заостанувало кога градителите би се симнувале да одговараат на нападите на своите непријатели. Градителите мораат да се трудат да ги оневозможат плановите на своите противници, но не смеат да дозволат ништо да ги одвои од нивното дело. Вистината е посилна од заблудата, и правдата ќе ја победи неправдата.
Тие исто така не смеат да дозволат непријателите да стекнат нивно пријателство и наклонетост и на тој начин, со измама, да ги одвлечатод должноста. Кога човек со некоја своја непромислена постапка ќе го изложи Божјото дело на презир, или ги ослабнува напорите на останатите работници, нанесува на својот карактер дамка која не може лесно да се избрише, и поставува сериозни пречки на својата идна работа.
“Оние што го оставаат законот, ги пофалуваат безбожниците.” (Изреки 28:4). Кога оние кои што се соединуваат со светот а тврдат дека се чисти, бараат единство со оние кои што секогаш се противеле на вистината, од таквите мораме да се плашиме и да ги избегнуваме, како што тоа одлучно го правел Неемија. Таков еден совет потекнува од непријателот на сето она што е добро. Тоа е совет на опортунисти (оној кој се прилагодува на моменталните нешта и мислења заради лична полза) на кој исто и денес мора да му се воспротиви исто така решително како и во тоа време. Мора да се пружи одлучен отпор на секое влијание чија цел е да ја разниша верата на Божјиот народ во Неговото водство и моќ.
Во цврстата предаденост на Неемија во Божјото дело, и во неговото еднакво цврсто надевање во Бога, може да се најде причината за неуспехот на неговите непријатели да го поттчинат под своја власт. Рамнодушната личност станува лесен плен на искушенија, но злото не може да најде живеалиште во животот на оној кој има благородна намера и кој целиот се посветил на една цел. He може да ослабне верата на оној човек кој постојано напредува, затоа што тој насекаде ја запазува Бескрајната Љубов која што делува на се за да се оствари возвишената Божја цел. Вистинските Божји слуги се заложуваат со одлучност која не попушта, затоа што секогаш се потпираат на престолот на благодатта.
Бог предвидел божествена помош за сите случаи за кои нашите човечки средства се недораснати. Неговиот Свет Дух помага во сите тешкотии, ја окрепува нашата надеж и уверување, ни го просветлува разумот и го чисти срцето. Тој дава можност и прилика за работа. Неговиот народ ќе постигне возвишени резултати доколку внимава на укажувањата на Божјето провидение и ако биде подготвен да соработува со Hero.

Сподели го ова:

Слични објави