40. Сонот на Навуходоносор

Сподели го ова:

 Ова поглавје се базира на Даниел 2. глава
Набрзо откако Даниел и неговите придружници стапиле во служба на вавилонскиот цар, се одиграле настани кои на идолопоклоничкиот народ му ги откриле силата и верноста на Израелевиот Бог. Навуходоносор сонил необичен сон заради кој “му се вознемири духот и сонот му избега.” Меѓутоа, иако овој сон оставил врз него длабок впечаток, царот по будењето не можел да се сети на деталите.
Во својата збунетост Навуходоносор ги собрал своите мудреци – “волшебниците, ѕвездарите и гатачите” – и побарал нивна помош. “Сонив сон,” рекол тој, и “ми се вознемири духот од желбата да го разберам сонот.” Изразувајќи ја на тој начин својата вознемиреност царот барал да му го откријат сонот, донесувајќи му олеснување на неговата душа.
Мудреците на тоа одговориле: “Царе, жив да си довека! Кажи им го сонот на твоите слуги па ќе ти кажеме што значи.” Незадоволен од нивниот неодреден одговор и сомневајќи се во нивната подготвеност да му помогнат, фалејќи се претходно дека можат да откриваат тајни, царот заповедал не само да му го протолкуваат соноттуку и да му кажат што сонил, ветувајќи им богатство ако го направат ова, и заканувајќи им се со смрт ако не успеат во тоа. Тој рекол: To заборавив; ако не ми кажете што сум сонувал и што значи сонот, ќе бидете исечени на парчиња и вашите куќи ќе бидат буништа. Но ако ми го откриете мојот сон и неговото значење ќе добиете од мене дарови и награди и големи почести.”
Но мудреците повторно одговорија: “Нека ни го каже царот сонот на слугите свои, па ќе ти кажеме што значи.”

Возбуден и расрден заради лукавството на луѓето во кои имал доверба, Навуходоносор изјавил: “Навистина гледам дека сакате да добиете во време; зашто гледате дека сум го заборавил. Но ако не ми кажете што сум сонил и што значи тоа, ве чека суд, зашто сте се договориле да кажете пред мене лага и измама додека да помине времето: затоа кажете ми го сонот, па ќе знам дали ќе можете да ми го кажете и неговото значење.”
Плашејќи се од последиците од својот неуспех, волшебниците се обиделе да го убедат царот дека неговото барање е наразумно, дека било кога некогаш не е побарано такво нешто од некој човек. “Нема човек на земјата,” тврделе тие, “кој ќе може да му го каже на царот тоа што сака; затоа ниеден цар ниту кнез ниту владетел никогаш не посакал такво нешто од своите волшебници или ѕвездари или Халдејци. И тоа што го сака царот е многу тешко; ниту има некој друг што ќе може да му го каже тоа на царот освен боговите кои не живеат помеѓу луѓето.”
Тогаш “царот се разлути и многу се разгневи, и заповеда да се погубат сите вавилонски мудреци.”
Со цел да се изврши царската наредба, старешините помеѓу останатите го побарале Даниел и неговите другари. Кога му било кажано дека според царската наредба и тој мора да биде погубен, Даниел “со мудри и умни зборови” го запрашал Ариох, заповедникот на стражарите: “Зошто е дадена таква брза наредба од царот?” Ариох му ја раскажал царевата загриженост во врска со необичниот сон и дека не успеал да добие помош од оние врз кои до тогаш имал целосна доверба. Слушајќи го ова, Даниел ризикувајќи го животот се осмелил да излезе пред царот, молејќи да му остави време за да му се обрати на Бога со молба да му го открие сонот и неговото значење.
Владетелот го задоволил барањето. “Потоа отиде Даниел во домот свој, и им ја кажа работата на Ананиј, Мисаил и Азариј, своите другари.” Заедно побарале мудрост од Изворот на светлината и знаењето. Верата им била силна, зашто биле свесни дека Бог ги поставил на тоа место, да го работат Неговото дело извршувајќи ја својата должност. Во денови на збунетост и опасност, тие секогаш Му се обраќале за водство и заштита, и Тој секогаш им пружал помош. Сега со смерни срца повторно се покориле пред Судијата на цела земја, молејќи Го да им подари ослободување во моментот на оваа посебна неволја. И залудно не се молеле. Бог кого го почитувале, и сам одговорил со почитување. Духот Господов почивал врз нив, и на Даниел “во ноќно видение” му бил откриен царевиот сон и неговото значење.
Прво нешто што Даниел направил било да Му заблагодари на Бога за откровението кое му било дадено. “Благословено да е името Господово во веки веков,” извикал Даниел; “зашто Негови се мудроста и силата; и Тој ги менува времињата и деновите; соборува цареви и поставува цареви; дава мудрост на мудрите и разум на разумните. Тој открива што е длабоко и сокриено, знае што има во мракот, и светлината пребива кај Hero. Тебе, Боже на татковците мои, те фалам и славам, што ми даде мудрост и сила, што си ми објавил за тоа што те молевме и ни го објави царевиот сон.”
Одејќи веднаш кај Ариох, на кого царот му наредил да ги погуби сите мудреци, Даниел му рече: “He ги погубувај вавилонските мудреци; изведи ме пред царот да му кажам на царот што значи сонот.” Тогаш Ариох неодложно го приведе Даниела пред царот со зборовите: “Најдов човек од заробените синови на Јудеја, кој може да му го открие на царот значењето на сонот.”
Замислете го еврејскиот пленик, мирен и сталожен, во присуство на најмоќниот цар на светот. Во своите први зборови тој истакнал пред се, дека честа не му припаѓа на Данило, туку на Бога како Извор на секоја мудрост. На загриженото царево прашање: “Можеш ли да ми го кажеш сонот што го сонив и што значи?” Даниел одговорил: “Тајните кои што не можат мудреците да му ги кажат ниту ѕвездарите ниту волшебниците ниту гатачите. Туку има Бог на небото кој ги открива тајните и му соопшти на царот Навуходоносор она што ќе биде во последните денови.“
“Сонот твој,” рекол Даниел, “и тоа што ти видела главата на твојата постела е ова: тебе, царе, ти дојдоа мисли на постелата за тоа што ќе се случо подоцна, и Оној кој ги објавува тајните, ти покажа она што ќе биде. Иако немам мудрост повеќе отколку другите смртници, таа тајна ми е откриена само затоа за да му го соопштам на царот неговото значење и за да ги запознаеш мислите на твоето срце.
Ти, царе, виде а тоа голем кип: голем беше ликот и светлината му беше силна, и стоеше кон тебе, и страшен беше во очите. Главата на тој лик беше од чисто злато, градите и рацете од сребро, стомакот и бедрата од бронза, нозете од железо а стопалата делумно од железо делумно од глина.
Ти гледаше се додека не се одвали камен а да не го допре рака, и удри во стопалата од кипот од железо и глина и ги сотре. Тогаш се сотре и железото и глината и бронзата и среброто и златото, и постана како плева на гумно во лето, та го однесе ветерот, и не му се најде местото; а каменот кој го удри кипот, стана голема гора и ја исполни сета земја.
“Тоа е сонот,” верно изјавил Даниел. Слушајќи го со најголемо внимание секој детал, царот бил убеден дека е тоа навистина оној сон кој толку го вознемирил. Затоа и бил подготвен да го прифати толкувањето. Царот над царевите се подготвувал да ја изнесе големата вистина на вавилонскиот владетел. Бог сакал да покаже дека Тој всушност владее над царевите на овој свет, дека има моќ да поставува и да соборува цареви. Требало во граници на можностите да разбуди кај Навуходоносор чувство на одговорност кон Небото. Пред него ќе се откријат случувањата на иднината, се до крајот на векот.
Даниел продолжил: “Ти си, царе, цар над царевите, зашто небесниот Бог ти го даде царството, силата и крепоста и славата; во чии раце ги стави, каде и да се нашле човечките синови, полските ѕверови и птиците небесни, и те поставил за господар над сето тоа. Ти си главата од злато.
“А после тебе ќе настане друго царство помало од твоето; а потоа трето царство бронзено, кое ќе владее по оваа земја.” “А четвртото царство ќе биде тврдо како железо, зашто железото сотрува и здробува се, и како железото што се крши, така и ќе уништува и здробува.”
“А стапалата и прстите што ги виде делумно од глина a делумно од железо, ќе биде раздвоено царство, но во него ќе има тврдост на железо, зашто виде железо помешано со глина. И тоа што прстите на нозете беа помешани со железо и глина, царството ќе биде делумно силно делумно кревко. А тоа што виде железо помешано со глина, тие ќе се помешаат со семето човечко, но нема да се зближат еден со друг, како што железото не се меша со глината.”
“А во времето на тие цареви небесниот Бог ќе подигне царство кое нема да се растури до века и тоа царство нема да се остави на друг народ; тоа ќе ги разбие и уништи сите тие царства, а самото ќе остане до века – како што виде дека од планината се одвали камен без рака и го сотре железото, бронзата, глината, среброто и златото. Великот Бог му јави на царот што ќе биде потоа; сонот е вистинит и толкувањето му е веродостојно.”
Царот бил уверен во вистинитоста на толкувањето и во понизност и страв “падна на своето лице и се поклони,” говорејќи: “Навистина, вашиотБоге Бог над боговите и Господар над царевите, Откривател на тајни, кога можеше да ја открие
оваа тајна.”
Навуходоносор ја повлекол заповедта за погубување на мудреците. Нивниот живот бил поштеден благодарение на Даниеловата поврзаност со Оној кој открива тајни. И “царот го возвиси Даниел, и му даде многу големи дарови и го направи за господар врз својата земја Вавилон и поглавар над своите мудреци во Вавилон. И Даниел измоли од царот, па ги постави над работите земски во Вавилон Седрах, Мисах и Авденаго a Даниел остана во царевиот двор.”
Во анализите на човечката историја изгледа како среќата на народот и славата и падот на царевите да зависат од волјата и способностите на човекот, и се чини дека неговата сила, славољубие и моќта на големите дела влијаат врз настаните. Меѓутоа, во Божјата Реч е подигната завеса така што низ целата оваа игра на човечки интереси, моќ и страсти можеме да го согледаме делувањето на силата на Семожниот, и речиси нечујното остварување на Неговата волја.
Апостол Павле со зборови на недостижна убавина и нежност им ја опишал на мудреците во Атина Божјата намера при создавањето и поделбите на расите и народите. “Бог кој го создал светот и се што е во него,” рекол Павле, “направил од една човечка крв да живее целиот човечки род по целото лице на земјата, и поставил најнапред одредено време и граници на нивното живеење: да го бараат Господа, не би ли го барем напипале и нашле.” (Дела 17:24-27).
Бог јасно рекол дека секој што сака може да дојде “во врзалките на заветот.” (Езекиел 20:37). Неговата намера при создавање на светот била земјата да биде населена со битија кои ќе бидат благослов за себе и за другите, и кои ќе го величаат својот Творец. Сите кои тоа го сакаат можат да работат на остварување на оваа Божја намера. За нив е речено: “И народот што го создадов за Себе ќе ја возвестува Мојата слава! (Исаија 43:21).
Бог во Својот закон јасно укажал на начелата кои се основа за секој вистински напредок, како за народот така и за поединците. Мојсеј по повод на тој закон им рекол на Израелците: “Тоа е вашата мудрост и вашиот разум.” “Зашто тие не се за вас празни зборови, туку ваш живот.” (5. Мојсеева 4:6; 32:47). Благодетите кои биле ветени на Израел под тие услови, биле ветени под исти услови и во иста мерка на сите народи и на секој поединец под небото.
Неколку стотини години пред некои народи да стапат на сцената на историјата, Семожниотсо Својот погледја опфатил и ја претскажал славата и падот на светските царства. Бог му рекол на Навуходоносор дека вавилонското царство ќе пропадне, и дека потоа ќе се подигне друго царство кое исто така ќе има свое време на проба. Но тоа нема да го слави вистинскиот Бог, па неговата слава ќе потемне и на негово место ќе дојде трето царство. И тоа царство ќе исчезне и ќе дојде четврто, силно како железо, кое ќе ги покори сите народи на земјата.
Владетелите на Вавилон, на тоа најбогато царство на земјата, да негувале во своето срце страв Господов, би добиле мудрост и сила, што би ги поврзале тесно кон Hero и би ја одржувало нивната сила. Но Бог бил нивно пристаниште само во време на неволји и несреќи. Во такви моменти, бидејќи не можеле да добијат помош од своите големи луѓе, барале луѓе такви каков што бил Даниел, за кој знаеле дека го почитува живиот Бог и дека исто така бил почитуван од Бога. Им се обраќале на овие луѓе да им ги откријат тајните на провидението; затоа што, и покрајтоа што вавилонските цареви биле со големи умови, со своите престапи толку се одвоиле од Бога, што не можеле да ги разберат откровенијата и опомените кои им биле дадени во поглед на иднината.
Оние кои што ја проучуваат Божјата Реч можат во историјата на народите да најдат веродостојно исполнување на божествените пророштва. Вавилон најпосле бил совладан и уништен, затоа што неговите цареви во периодот на напредок сметале дека не зависат од Бога и славата на своето царство и ја препишувале на човечкото достигнување. Медо-персиското царство го достигнало гневот од небото, затоа што во него е погазен Божјиот закон. Во срцето на најголемите дела на народот немало место за Божји страв. Насекаде владеело безбожништво, богохулење и расипаност. Царствата кои што дошле подоцна биле уште порасипани и паѓале се пониско во морален поглед.
Власта на секој владетел на земјата доаѓа од небото, и неговиот успех зависи од начинот на кој ќе ја употреби таа власт. На секого се однесува божјата реч: “Јас те препашав, иако не Me познаваше.” (Исаија 45:5). И на секого треба да му служат како животна поука зборовите кои му биле упатени на Навуходоносор: “Искупи ги своите гревови со праведност и своите беззаконија со милосрдие кон бедните, за да ти продолжи мирот.” (Даниел 4:27).
Сфаќајќи го ова – разбирајќи дека “праведноста го возвишува народот,” дека “престолот се зацврстува преку праведноста,” и “поддржан преку милоста;” (Изреки 14:34; 16:12; 20:28), разбирајќи го делувањето на овие начела во откровението на силата на Оној кој поставува и соборува цареви – тоа значи да се разбере филозофијата на историјата.
Ова е јасно изложено единствено во Божјата Реч. Тука се гледа дека силата на народот и поединците не почива врз материјални средства кои ги прават непобедливи во очите на луѓето, ниту се гледа во самофалбената големина. Таа сила се мери со верноста со која што тие ја остваруваат Божјата намера.

Сподели го ова:

Similar Posts