42. Вистинска големина
Иако воздигнат до пиедесталот на земските почести и признат дури и од страна на Најголемиот како “цар над царевите” (Езекиел 26:7), Навуходоносор сепак од време на време ја препишувал својата слава и сјајот на своето владеење на Господовата благонаклоност. Така било после неговиот сон за големиот кип. Тоа видение длабоко влијаело врз неговата душа, како и помислата дека вавилонското царство и покрај својата големина ќе се сруши, дека и останатите царства ќе бидат потресени додека на крајот сите земски власти не бидат поттчинети на царството кое што ќе го воспостави небесниот Бог, и кое никогаш нема да биде уништено.
Во подоцнежниотживот Навуходоносор го изгубил од вид своето возвишено разбирање за Божјите цели во поглед на народот на земјата. Но кога неговиот горд дух се понизил пред масата во полето Дура, повторно признал дека царството Божјо е “царство вечно, и власта негова е од колено до колено”. Тој бил идолопоклоник по раѓање и воспитување, меѓутоа, и покрај тоа што бил владетел на идолопоклонички народ, имал вродено чувство на правда, така што Бог можел да го употреби како орудие со кое ќе ги казни бунтовниците и ќе ја оствари својата волја. Како владетел “најнасилен меѓу народите” (Езекиел 28:7), Навуходоносор успеал по повеќе годишни големи напори да го освои Тир; потоа и Египет постанал плен на неговата победничка војска. Доведувајќи една по една земја под вавилонска власт, тој се повеќе се воздигал како најголем владетел на својата доба.
Ова поглавје се базира на Даниел 4. глава He e ни чудо што овој победник, славољубив горд владетел, дошол во искушение да скршне од патот на понизноста, кој единствено води во вистинска големина. Во интервалите помеѓу своите големи походи, тој посветувал многу труд на утврдување и разубавување на својата престолнина, така што Вавилон најпосле станал најголема слава на неговото царство, “златен град,” “пофалба на целата земја.” Неговата страст за градење и големиот обид од Вавилон да создаде едно од светските чуда, толку ја поттикнале неговата гордост што најпосле дошол во опасност да го изгуби гласот како мудар владетел, кого Бог можел да го употреби како оружје за остварување на своите планови.
Бог во својата милост му дал на царот уште еден сон за да му укаже на опасноста и да го спаси од стапицата која би ја предизвикале неговата пропаст. Во едно ноќно видение Навуходоносор видел големо дрво кое расте на средина на земјата; врвот му допирал до небото а гранките се ширеле до крајот на земјата. Во неговата сенка се одмарале стада од планината и бреговите и во неговите гранки небесните птици ги граделе своите гнезда. “Лисјата му беа убави и родот обилен, и на него имаше секаква храна… и секое тело се хранеше од нив.”
Посматрајќи го ова прекрасно дрво царот забележал како “ете Стражар, Светец,” се приближил до дрвото и со силен глас извикал:
“Исечете го дрвото, и скршете му ги гранките, искинете му ги лисјата и растурете му го плодот; нека побегнат ѕверовите под него и птиците од гранките негови. Но коренот со жилите оставете го во земјата, во окови железни и бронзени, во тревата полска, нека го кваси небесната роса и делот нека му биде со ѕверовите и тревата земска. Срцето човечко нека му се промени, и нека му се даде животинско срце, и седум времиња нека пројдат преку него. Тоа го одредиле стражарите и светиите, го изрекле за да познаат живите дека Севишниот владее со човечките царства, и го дава на кому сака, и поставува над него најпонизениот помеѓу луѓето.”
Царот многу го вознемирил овој сон, зашто очигледно претскажувал несреќа. Го раскажал на волшебниците, ѕвездарите, халдејците и гатарите, и покрај тоа што сонот бил доста јасен, никој од нив не можел да го протолкува.
Уште еднаш на овие незнабошци им било дадено сведоштво дека тајните на небесното царство можат да ги разберат само оние кои Го љубат Бога и се бојат од Hero. Царот во неволјата се обратил кај својот слуга Даниел, човек кого го ценеле заради неговиот исправен и цврст карактер и неспоредливата мудрост.
Кога Даниел, отповикувајќи се на повикот, се појавил пред Навуходоносор, овој му рече: “Валтасаре, поглавару на волшебниците, знам дека духот на светите богови е во тебе, и никаква тајна не ти е тешка; кажи го сонот мој што го сонив и неговото значење.” Бидејќи му го раскажал сонот, Навуходоносор побарал: “Валтасаре, кажи што значи, зашто ниеден мудрец во моето царство не може да ми каже што значи: а ти можеш, зашто во тебе е духот на светите богови.”
На Даниел му било јасно што значи сонот и тоа оставило длабок впечаток врз него. Тој “остана занесен околу еден час, и мислите негови го вознемируваа.” Царот видел дека Даниел се колеба и дека е потиштен, па го охрабрил со зборовите: “Валтазаре, сонот и значењето негово нека не те вознемируваат.”
“Господару мој,” одговори Даниел, “сонот нека им биде на твоите мразители, и неговото значење на твоите непријатели!” Пророкот сфатил дека Бог му доверил сериозна должност да му ја открие казната на Навуходоносор која ќе го снајде заради неговата злоба и занесување. Данило морал да го протолкува сонотсо зборови со кои царотќе може да разбере; и покрај тоа што неговата страшна мисла го навела да застане во страшно чудење, тој сепак морал да ја каже вистината без разлика на последиците за себеси.
Даниел му ја открил пораката на царот од Семожниот. “Дрвото што си го видел,” рекол тој, “кое растеше и беше силно, на кое висината му достигна до небото, и кое се гледаше по земјата, на кое лисјето му беше убаво, и на кое имаше секаква храна, во кое живееја полските ѕверови и на гранките живееја птиците небесни, тоа си ти царе, кој си голем и силен, и големината твоја е висока која го достигнува небото и твојата власт е до краевите на земјата.
“А тоа што царот го виде Стражарот и Светецот како слезе од небото и говореше: исечете го дрвото и раздробете го, но коренот со жилите оставете ги во земјата, во железни и бронзени окови, во полската трева нека го мие небесната роса и делот нека му биде со полските ѕверови додека не поминат седум времиња над него, ова значи, царе, и ова е наредба на Севишниот која ќе се изврши врз мојот господар царот: ќе бидеш прогонет помеѓу луѓето, и со ѕверовите полски ќе живееш, и ќе те хранат со трева како говедо, и росата небесна ќе те наквасува, и седум времиња ќе пројдат преку тебе додека познаеш дека Севишниот владее со човечките царства и ги дава кому сака. А што е речено: ‘да се остави коренот со жилите од дрвото’ – царството ќе ти се врати, кога ќе познаеш дека небото владее.”
Бидејќи верно го протолкувал сонот, Даниел го повикал горделивиот владетел да се покае и да се обрати на Бога, за да прави тоа што е праведно за да ја спречи несреќата. Пророкот молел: “О, царе, нека ти е угоден мојотсовет, искупи ги своите гревовите со праведност и беззаконијата свои со милосрие кон бедните, не би ли ти се продолжил мирот.”
Навуходоносор извесно време бил под влијание на пророковите предупредувања и совети. Меѓутоа, срцето кое што не е преобразено преку Божјата благодат брзо го губи влијанието на Светиот Дух. Попуштањето на личните наклонетости и славољубието сеуште не биле избришани од царевото срце, и подоцна тие негови карактерни црти повторно се појавиле. И покрај предупредувањето кое му било дадено милостиво, и поуката од минатите искуства, Навуходоносор повторно дозволил со него да завладее завист во однос на царевите кои што ќе дојдат после него. Неговото владеење, кое до тогаш во голема мерка било праведно и милостиво, се претворило во тиранија. Затврднувајќи го срцето, тој своите таленти кои што ги добил од Бога ги користел за да се возвиси себеси, и тоа над Бога кој му дал живот и власт.
Божјата казна била некое време одложувана. Но наместо тоа да го наведе на покајание, царот се повеќе попуштал на својата гордост, додека најпосле ја изгубил довербата во толкувањето на сонот и започнал да се потсмева на своите изминати стравувања.
После една година откако добил предупредување, Навуходоносор одејќи по својот двор и размислувајќи со гордост за својата владеачка моќ и неизбежните успеси извикал: “He е ли ова Вавилон големиот, кој јас го соѕидав да ми биде царска престолнина со силата на својата моќ, за славата на моето величество?”
Додека царот возгордеано се фалел, глас од небото објавил дека е дојдено времето за казна, одредено до Бога. До неговите уши допрела заповед Господова: “Тебе ти се говори, царе Навуходоносоре; царство ти се зема од тебе. И ќе бидеш прогонет помеѓу луѓето, и ќе живееш со полските ѕверови, ќе те хранат со трева како говедо, и седум времиња ќе минат преку тебе додека не познаеш дека Севишниот владее со човечките царстава и им ги дава на кому сака.”
Во еден единствен момент му бил одземен разумот кој му го дал Бог. Исчезнало расудувањето кое царот го сметал за совршено, мудроста со која се гордеел, и некогашниот моќен владетел станал манијак. Неговата рака не можела повеќе да држи скиптар. He ја послушал веста на опомена; и сега, лишен од власта која Творецот му ја дарувал и прогонет од луѓето, Навуходоносор “јадеше треба како говедо, и росата небесна му го квасеше телото па му нараснаа влакна како перја на орел и нокти како на птица.”
Седум години Навуходоносор предизвикувал чудење кај сите свои поданици, седум години бил понижен пред целиот свет. Потоа му се вратил разумот, и кога во понизност му се обратил на небесниот Бог, ја препознал Божјата рака во казната која го снашла. Јавно ја признал својата вина и големата Божја милост во своето оздравување. “Откако се исполнија одредените денови,” царот рекол: “Јас Навуходонсор ги подигнав очите свои кон небото, и умот мој ми се врати, и го благословив Севишниот, и го фалев и славев Оној кој живее до века, чија власт е вечна и чие царство е од колено до колено, и сите жители земни не се ништо пред Hero, и што сака прави со небесната војска и со земските жители и нема никој кој што ќе му стави рака и би Му рекол: Што правиш?
Во тоа време мојот ум ми се врати, и на слава на моето царство ми се врати моето величество и светлоста моја; и советниците мои и големците мои ме побараа, и се утврдив во своето царство, и ми се додаде поголема величественост.”
Некогашниот лош владетел станал понизно Божјо дете; тиранинот и диктатор станал мудар и сочувствителен цар. Оној кој му пркосел на Бога и хулел на Hero, сега ја признал власта на Севишниот и срдечно се трудел да поттикне во срцата на своите поданици Господов страв и да допринесе за нивната среќа. По укоротод страна на Царот над царевите и Господарот над господарите, Навуходоносор најпосле ја разбрал поуката која секој владетел мора да ја научи – дека вистинската големина се состои во вистинската добрина. Тој го признал Јехова како жив Бог говорејќи: “Јас Навуходоносор го фалам и го возвишувам и го славам небесниот Цар, чии сите дела се вистина и чии патишта се правда, и кој може да ги обори оние кои одат возгордеано.”
Така била исполнета Божјата цел – да го слави најголемото царство на светот. Ова Навуходоносорово јавно признание за милоста, добрината и Божјата власт бил последниот чин од неговиот живот кој што бил запишан во светата историјата.