10. Глас на остар укор

Сподели го ова:

Илија извесно време се криел во планините кај потокот Хорат. Таму неколку месеци на чудесен начин добивал храна. А потоа, кога потокот од континуираната жега пресушил, Бог му наредил на својот слуга да се засолни во незнабожечка земја. “Стани”, му заповедал Тој, “оди во Сарепта Сидонска, и седи таму: еве и заповедав на една жена вдовица да те храни.” (1. Царства 17:8, 9).
Оваа жена не била Израелка. Никогаш не ги имала оние предности и благослови кои ги уживал избраниот народ Божји, но верувала во вистинскиот Бог и одела во светлината која ја осветлувала нејзината патека. И сега, бидејќи за Илија не било повеќе сигурно во Израел, Бог го пратил кај таа жена и во нејзиниот дом да најде засолниште.
“И стана тој, па отиде во Сарепта. Кога дојде при градските порти, ете, таму една вдовица жена собира дрва. Тој и се обрати и и рече: Донеси ми малку вода во сад да пијам! Таа отиде, за да земе, а тој повика по неа и рече: Донеси ми в раце и парче леб! (1. Царства 17:10-13).
Оваа сиромашна куќа тешко ја притискал глад затоа што недостасувале и оние најскромни залихи. Илиевото доаѓање токму оној ден кога вдовицата мислела дека нема да може да опстојува понатаму, претставувало најголема проба за нејзината вера во моќта на живиот Бог дека ќе и подари насушен леб. Но, и покрај тоа што се наоѓала во крајна неволја, таа посведочила со својата вера со тоа што ја исполнила потребата на еден странец, кој барал со него да го подели последниот залак.
Одговарајќи на барањето Илиево да му донесе леб и вода, вдовицата рече: “Таа му одговори: Живиот ми Господ, твојот Бог, немам ништо печено, туку имам само грст брашно во
Ова поглавје се базира на 1. Царства 17:8-24; 18:1-19.
ноќвите и малку масло во масларникот: и, ете, јас ќе соберам две-три дрвца, ќе отидам и ќе го приготвам тоа за себеси и за синот свој: ќе го изедеме тоа и ќе умреме.” А Илија и рече: “He плаши се: оди и направи го она што го рече: но најнапред направи од тоа мала пресна питка за мене и донеси ми: а за себеси и за синот свој ќе направиш после: зашто вака вели Господ, Бог Израилев: брашното во ноќвите нема да сврши, и маслото во масларникот, нема да се намали до оној ден, во кој Господ ќе даде дожд на земјата.” (Стихови 12-14)
He може да се замисли поголемо испитување на верата од ова. Вдовицата и до тогаш била љубезна и дарежлива кон сите странци. А сега без разлика на страдањата кои би можеле да произлезат за неа и за нејзиниот син, надевајќи се на Бога, ја прифатила оваа најголема проба. “Таа отиде и направи како што и рече Илија.”
Чудесно гостопримство му укажала на Божјиот пророк оваа Фениќанка и чудесно биле наградени нејзината вера и големодушност. “Таа отиде и направи така, како што и рече Илија и таа се хранеше, и тој и синот нејзин извесно време. Брашното во ноќвите не се свршуваше, и маслото во масларникот не се намалуваше, според словото на Господа, што Тој го изрече преку Илија.”
“Потоа се разболе синот на таа жена, на домаќинката, и болеста негова беше толку силна, што тој не можеше да дише. Тогаш таа му рече на Илија: Што имаш ти со мене, човеку Божји? Си дошол да ми ги наспомниш моите гревови и да го умреш синот мој. А тој и одговори: Дај ми го синот твој. И го зеде од рацете нејзини, го однесе во горната соба, каде што живееше, и го положи на леглото свое…и откако се спружи трипати над момчето, извика кон Господа… И Господ го чу гласот на Илија, та му ја врати душата на момчето во него, и тоа оживе. Илија го зеде момчето, го симна од горната соба во домот, и го предаде на мајка му и рече: Еве, синот твој е жив! Тогаш жената му рече на Илија: Сега навистина дознав, дека ти си Божји човек, и дека словото Господово во твојата уста е вистинито.”(Стихови 15-24)
Вдовицата од Сарепта ја поделила со Илија последната корка леб и со тоа Бог го сочувал нејзиниот и животот на нејзиниот син. Бог ветил големи благослови и на сите оние кои во време на искушенија и немаштија ќе им укажуваат љубов и помош на оние кои се во поголема неволја од нив. Тој не се променил. Неговата сила денес не е ништо помала отколку во времето на Илија. Исто така верно е ветувањето Спасителот што го изговорил во негово време: ”Кој прима пророк во пророчко име, ќе добие пророчка награда.” (Матеј 10:41)
“Гостољубивоста не заборавајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели.” (Евреите 13:2) Времетонеја намалилосилата наовиезборови. Нашиот небесен Отец сеуште прави на животната патека на Неговите деца да се јавуваат можности кои се прекриени со благодети, и голема радост ќе доживеат оние кои ќе ги искористат правилно. “И Господ секогаш ќе ти биде водач, а и во време на суша ќе ја наситува душата твоја и ќе ги крепи коските твои, ти ќе бидеш како градина напоена со вода и како извор, чии води никогаш не пресушуваат.” (Исаија 58:10,11) Христос и денес им вели на своите верни слуги: “Кој ве прима, Мене ме прима, а кој ме прима Мене, го прима Оној кој ме пратил.” Ниедно добро дело направено во Негово име нема да остане непризнаето и ненаградено. Христос ги вклучува овде и оние најслабите и најмали од Божјето семејство. “И ако некој напои само со чаша студена вода еден од овие најмали, вистина ви велам, платата нема да му пропадне.” (Матеј 10: 42, 40) Низ многуте години на суша и глад Илија искрено се молел срцето на Израел да се одвои од идолопоклонство и да се обрати кон Бога. Пророкот трпеливо чекал, додека раката Господова тешко ја притискала онесреќената земја. Гледајќи како страдањата и немаштијата навалуваат од сите страни, срцето му се кинело од тага: копнеел да има моќ со која брзо би извршил реформација. Меѓутоа, самиот Бог го спроведувал својот план а Неговиот слуга можел само да се моли со вера, чекајќи да дојде времето за одлучна акција.
Отпадништвото кое преовладувало во Ахавово време било последица на долгогодишно зло. Од година во година, Израел чекор по чекор се повеќе се оддалечувал од вистинскиот пат. Многу поколенија одбивале да го израмнат патот, и најпосле најголемиот дел од народот потклекнал пред силите на темнината.
Поминало едно столетие откако Израел, под власта на цар Давид, сложно и радосно пеел химни на благодарност кон Севишниот, признавајќи ја својата целосна зависност од Hero за секојдневните милости. Да ги слушнеме нивните зборови на благодарност кои тогаш ги пееле:
“О Боже, спасение наше…
ги полниш со радост утрата и вечерите.
Ти ја посетуваш земјата, и ја напојуваш, ја збогатуваш со реката Божја, која е полна со вода:
Ти обезбедуваш жито, бидејќи така си ја устроил.
Ги напојуваш браздите нејзини обилно,
Ти чиниш дождот да се симне во грутките нејзини:
Со дождовни капки ја размекнуваш, и и ги благословуваш посевите.
Ја овенчуваш годината со Твојата добрина плодност никнува зад Твоите стапалки.
Се појавуваат пасишта по пустињите: и ритчињата се исполнуваат со радост.
Ливадите се китат со стада,
а долините се покриваат со жито;
воскликнуваат и пеат.” (Псалм 65:5, 8-13)
Израел тогаш признавал дека Бог ја утврдил “земјата на темели”. Изразувајќи ја својата вера, тие пееле:
“Ја покрил со бездна како со облека, водите стоеја над планините.
Од твојата закана тие бегаат; од гласот на Твојот гром се стресоа.
Се издигаат горите, се спуштаат долините, на местата што си им ги определил.
Си поставил граница преку која нема да преминат, за да враќајќи се, не ја покријат земјата.” (Псалм 104:5-9)
Само силата на Семожниот може да ги скроти природните стихии на земјата, морињата и небесата. И Тој тие стихии ги употребува за добро на своите созданија. Тој ја отвора “добрата ризница своја” за да дава дарежливо “дожд… на време и да го благослови секое дело… на човечките раце.” (5. Мојс. 28:12)
“Си ги управил изворите во долините: кои течат меѓу горите,
Тие ги напојуваат сите полски ѕверови: дивите осли ја гаснат жедта своја.
При нив живеат птиците небесни, и пеат меѓу гранките…
Ти правиш да расте трева за добитокот, и растенија за потребите на човекот: за да вади леб од земјата; и вино што го весели срцето на човекот, и елејот од кој блеска лицето негово, и лебот што го закрепнува срцето на човекот…”
“Колку се многубројни делата Твои, Господи!
Се си направил со мудрост: земјата е полна со Твои созданија.
Така и ова големо и пространо море, таму се движат безброј лазачи, мали и големи животни…
Сите тие од Тебе чекаат; да им дадеш храна на време.
Ако им даваш тогаш собираат, ја отвораш раката Своја,
се наситуваат со блага”. (Псалм 104:10-15, 24-28)
Израел имал обилни причини да се радува. Во земјата во која Господ ги довел течеле мед и млеко. За време на патувањето низ пустината Бог им говорел дека ги води во земја во која никогаш нема да има суша. Тој им рекол: “Земјата во која одиш да ја наследиш не е како земјата Египетска од која излеговте, каде што го сееше своето семе, ја напојуваше со нозете свои, како зеленчукова градина. Земјата, пак, во која одите, за да ја наследите, е земја со ридови и долини, и се напојува со вода од небесниот дожд – земја, за која Господ, твојот Бог, се грижи: очите на Господа, твојот Бог, непрестано се врз неа, од почетокот до крајот на годината.
Ветувањето за изобилие на дожд било дадено под услов на послушност. “И ќе се случи,” објавил Господ: “ако ги слушате заповедите Мои, кои ви ги давам денес, ако Го сакаш Господа, твојот Бог, и Му служиш од сето срце твое и од сета душа твоја, Тој ќе и даде на земјата твоја дожд навреме, ран и доцен, и ти ќе го собираш житото свое, виното свое и маслото свое: и ќе му даде трева на полето твое за твојот добиток, и ти ќе јадеш и ќе бидеш сит. “Но внимавај,” ги предупредил Бог: “да не биде заведено срцето ваше, па да пристапите и да им служите на други богови и да им се клањате: зашто тогаш ќе се разгори гневот на Господа врз вас, и Тој ќе го затвори небото: и нема да има дожд, и земјата нема да го даде својот плод, и вие брзо ќе исчезнете од добрата земја, која Господ ви ја дава.”
“Ако, пак, не го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и не ги пазиш и не ги исполнуваш сите Негови заповеди и наредби,” биле предупредени Израелците, “небото над твојата глава ќе стане бакар, а земјата под тебе – железо: наместо дожд Господ ќе и даде на земјата пепел, и земја од небото ќе паѓа, ќе паѓа врз тебе, додека не те истошти, додека не те истреби.” (5. Мојсеева 11:10-17).
Ова биле едни од мудрите Јеховини совети кон стариот Израел. “Сложете ги овие зборови во срцата ваши и во душите ваши и врзете ги како знакза себеси на раката, и нека ви бидат како врзулка меѓу очите”, му заповедал Тој на својот избран народ. “и учете ги синовите ваши зборувајќи за нив кога седиш дома во куќата своја и кога одиш на пат, и кога лежиш и кога стануваш.” (5. Мојсеева 11:18,19) Овие заповеди биле потполно јасни. Меѓутоа, столетијата проаѓале а поколенијата едно по друго ги губеле од вид одредбите кои биле дадени заради нивно добро, така што уништувачкото влијаније од отпадништвото се заканувало да ги уништи сите бариери на божествената благодат.
Во контекст на ова Бог го изложил народот на најстроги казни. Пророштвото на Илија децидно се исполнувало. Три години гласникот на несреќата бил баран по сите градови и народи. На Ахавово барање многу владетели дале заклетва дека зборуваат вистина и дека чудниот пророк не се наоѓа во нивната земја. Потрагата продолжила и понатаму, затоа што Језавела и Вааловите пророци смртно го мразеле Илија и не го жалеле трудот да дојдат до него. А и дожд воопшто не паѓал.
Најпосле “по многу време”, речта Господова дошла до Илија: “Оди покажи му се на Ахав, и ќе пуштам дожд на земјата.” Покорувајќи се на оваа заповед, “отиде Илија да му се покаже на Ахав”. Речиси во исто време кога пророкоттргнал на пат кон Самарија, Ахав му наредил на управителот на дворот, Авдиј, да побара извори и потоци, надевајќи се дека ќе најде пасишта за изгладнетите овци и говеда. Дури и во царскиот двор се чувствувале последиците на долготрајната суша. Длабоко загрижен за судбината на својот имот, царотсе здружил со својот слуга како некако би пронашле пасиште за стоката. “И се поделија на разни страни каде ќе одат: Ахав отиде по еден пат сам а Авдија отиде по друг пат сам.”
“А кога Авдија беше сам на патот, го сретна Илија: и тој го позна, и падна ничкум, и рече: Ти ли си господару мој Илија?” Авдија останал верен за време на отпадништвото Израилево. Неговиот господар, царот, не можел да го натера да се одрече од својата верност кон Бога. Илија сега му укажал чест доверувајќи му посебна мисија. Тој му рекол: “Јас сум, оди, кажи му на господарот свој: еве го Илија.”
Авдија извика во голем страв: “Што сум згрешил та слугата свој да го предадеш во рацете на Ахав да ме погуби ?“ Тој знаел дека ако однесе таква вест, значи да се оди во сигурна смрт. “Така жив да е Господ Бог твој,” му објаснил тој на пророкот “нема народ ниту царство каде што не пратил господарот мој да те бараат: и рекоа го нема. А тој го заколна народот и царството да не можат да те најдат. А ти сега велиш: оди, кажи му на господарот свој: еве го Илија. А кога јас ќе заминам од тебе, духот Господов ќе те однесе, а јас нема да знам каде: па кога отидам и му јавам на Ахав, а тој не те најде, ќе ме убие.“ Авдија срдечно го молел пророкот да не го праќа. “Слугата твој,” ургирал тој: “се бои од Господа уште од младоста своја. He е ли кажано на господарот мој што направив кога Језавела ги убиваше пророците Господови? Како сокрив стотина пророци Господови, по педесет во една пештера и им давав леб и вода.
А ти сега велиш: оди, кажи му на господарот свој: еве го Илија и тој ќе ме убие.“
Илија срдечно се заколнал и му ветил на Авдија дека пораката нема да биде залудна. “Така жив да е Господ над војските, пред кого стојам,” објавил тој: “денес сигурно ќе му се покажам.“ Бидејќи го добил тоа ветување, “отиде Авдија пред Ахав и му кажа“.
Царот со чудење и со страв ја сослушал пораката на човекот од кого се плашел, кого го мразел и по кого така неуморно трагал. Знаел многу добро дека Илија нема да го ризикува својот живот само за да излезе пред него. Нема ли можеби пророкот да изрече уште некоја тешка казна над Израел? Срцето на царот затреперело од ужас. Се сетил на исушената рака на Јеровоама. Ахав не можел да се отповика на поканата, и не се осудувал да подигне рака врз Божјиот гласник. И така треперејќи цароттргнал во пресрет на пророкот, следен од својата телесна стража.
Најпосле царот и пророкот се сретнаа лице в лице. И покрај тоа што бил исполнет со жестока омраза, царот во присуство на Илија ја изгубил целата своја сила и самодоверба. Во неговите несигурни зборови: “Ти ли си оној што носиш несреќа над Израел?“ несвесно се откриле најдлабоките чувства на срцето. Ахав знаел дека небото се затворило по реч Божја, но сакал на пророкот да ја фрли вината за тешката казна која ја снашла земјата.
Во природата на грешникот е да ги обвинува Божјите гласници за сите неволји кои доаѓаат како сигурна последица од скршнувањето од патот на праведноста. Луѓето кои и робуваат на сатанската сила не се во состојба да ги видат работите онака како што ги гледа Бог. Кога ќе им се изнесе огледалото на вистината, се лутат затоа што мислат дека без причина ги обвинува некој. Заслепени од гревот, тие одбиваат да се покајат и сметаат дека Божјите слуги негуваат непријателски чувства кон нив, па со тоа заслужуваат најстрога казна.
Стоејќи пред Ахав, свесен за својата невиност, Илија не се обидел да се оправдува ниту да му ласка на царот. He се трудел да го умилостиви царот дека набрзо ќе дојде крај на сушата. Тој не се извинувал. Разлутен и полн со ревност за Божјата слава, тој го отфрлил Ахавовото обвинение изјавувајќи бестрашно дека неговите гревови и гревовите на неговите татковци ги навлекле тие неволји над Израел. “He му носам јас несреќа на Израел” храбро тврдел Илија “туку ти и домот на таткото твој оставајќи ги заповедите Господови и врвите по Вааловците.” (1. Царства 18).
И денес потребно е да се подигне глас на строг укор, затоа што народот заради своите тешки гревови се одвоил од Бога. Неверството станало мода. “He сакаме овој човек да царува над нас.“ (Лука 19:14) Така денес зборуваат илјадници луѓе. Умилувачките проповеди кои така често ги слушаме, не оставаат никаков в печаток на слушателите: на трубата не и се дава јасен звук. Острите Божји вистини не допираат до срцата на луѓето.
Има многу христијани кои, кога би го изразиле токму она што го чувствуваат, би рекле: “Зар е потребно да се зборува толку остро? Таквите исто така би можеле да се запрашаат: Зар било потребно Јован Крстител да им каже на фарисеите: “Породи аспидини, кој ви рече да бегате од гневот кој иде?“ (Лука 3:7) Зарем требал да го предизвикува гневот на Иродијада велејќи му на Ирод дека го престапува законот со тоа што ја има за жена сопругата на братот негов? Христовиот претходник го загубил живототзатоа што им ја кажувал на луѓето вистината. Зар не можел убаво да живее, не изложувајќи се на гнев од оние кои живееле во грев?
Така постапувале луѓето чија должност била да бидат верни чувари на законот Божји, се додека личниот интерес не стапил на местото на верноста и додека не се дозволило гревот да помине без укор. Кога во заедниците повторно ќе се слушнат зборови на верен укор ?
“Ти си тој човек.“ (2. Самуилова 12:7) Денес од проповедалните и во јавниот печат ретко се слушаат зборови толку недвосмислени, јасни како овие кои Натан ги упатил на Давид. Кога не би биле така ретки, би виделе помеѓу луѓето многу повеќе откривање на силата Божја. Гласниците Господови не смеат да се жалат дека нивните напори не донесуваат плодови се додека не се покајат од својата склоност за одобрување од страна на луѓето, сакајќи да им угодат, заради што ја премолчуваат вистината.
Оние проповеници на кои им дошло до тоа да се додворуваат на луѓе, кои викаат мир, мир, кога тоа Бог не го рекол, треба да излезат со скрушени срца молејќи се сесрдно да им ја прости нивната неискреност и недостаток на храброст. Тие не ја ублажуваат веста која им е доверена, од љубов кон своите ближни, туку затоа што сакаат лесно и угодно да живеат. Вистинската љубов ја бара пред се Божјата слава и спасението на душите. Оние кои ја имаат таа љубов нема да ја премолчуваат вистината за да ги одбегнат непријатните последици од својата искреност. Кога душите се во опасност, Божјите проповедници не смеат да мислат на себеси, туку мораат да ги зборуваат зборовите кои им се дадени, не обидувајќи се да го оправдуваат или намалуваат гревот.
О кога секој проповедник би ја сфатил светоста на својата служба и би ја исполнувал Илиевата храброст! Како гласници кои Бог ги праќа, проповедниците имаат многу голема одговорност. Тие мораат да се држат до налогот: “Искарај, изобличи, поучи, охрабрувај со сета трпеливост и со поука.“ (2. Тимотеј 4:2) Тие се должни наместо Христа да работат како претставници на небесните тајни, да ги храбрат послушните и да ги предупредуваат непокорните. Светските интереси не би требало да значат нешто за нив. Тие никогаш не смеатда се оттргнат од патот по кој треба да одат по Исусовите заповеди. Мораат да напредуваат со вера, имајќи на ум дека ги гледа цела војска сведоци. He смеат да зборуваат со свои зборови туку зборови кои им ги дал Оној кој е посилен од сите земски цареви. Нивната вест мора да биде: “Така вели Господ“. Бог повикува луѓе како што бил Илија, Натан и Јован Крстител: оние кои верно ќе ја објавуваат веста не гледајќи на последиците: кои храбро ќе зборуваат вистина, па дури ако за тоа би морале да жртвуваат се што имаат.
На Бога не му се потребни оние, кои во време на опасност, кога ќе биде потребно сите да помогнат со сите сили, храброст и влијание, нема да се осмелат одлучно да застанат на страната на доброто. Тој повикува луѓе кои верно ќе застанат против злото, војуваќи против началствата и властите, и со управителите на темнината од овој свет, против духовното зло на високите места. На таквите луѓе Тој ќе им упати зборови: “Добро, добар и верен слуго… влези во радоста на господарот свој.“ (Матеј 25:23)

Сподели го ова:

Слични објави