57. Реформација

Сподели го ова:

Ова поглавје се базира на Неемија 13 глава.
Јудејците свечено и јавно се заветувале дека ќе го почитуваат Божјиот закон. Но кога за извесно време исчезнало влијанието на Езра и Неемија, мнозина се оддалечиле од Господа. Неемија се вратил во Персија. Во текот на неговото отсуство во Ерусалим се вовлекло зло кое што се заканувало да го изопачи народот. Идолопокпониците не само што стекнале упориште во градот, туку со своето присуство ги сквернавеле самите приоди на храмот. Преку мешовит брак дошло до пријателство помеѓу првосвештеникот Елијасав и Амонецот Товиј, огорчен Израелев непријател. Врз основа на таа безбожничка врска, Елијасав му дозволил на Товиј да се всели во просторијата која што била поврзана со храмот, каде што порано се чувале десетоците и даровите на народот.
Заради суровоста и издајничкиот став на Амонците и Моавците кон Израел, Бог преку Мојсеј засекогаш им забранил влез во соборот на Неговиот народ. (Види 5. Мојсеева 23:3-6). Спротивно на таа заповед, првосвештеникот ги извадил даровите кои што се наоѓале во просторијата на Божјиотдом, за да направи место за претставникот на еден отфрлен народ. He можело да се покаже поголем презир кон Бога отколку што му се укажало такво внимание кон непријателот на Бога и Неговата вистина.
Откако се вратил од Персија, Неемија дознал за тоа дрско осквернување и веднаш превземал мерки да се истера оној што се наметнал. “Me ражалости тоа многу,” вели тој, па го исфрлив сиот имот на Товиј надвор од просторијата. И заповедав, та ја очистија просторијата, и ги внесов во неа повторно садовите на Божјиот дом, даровите и темјанот.”
He само што бил осквернет храмот туку ни даровите не се употребувале како што треба. Во контекст на ова луѓето постанувале се помалку дарежливи. Ја изгубиле верноста и усрдноста, а десетокот го давале со негодување. Ризницата на Божјиот дом била недоволно снабдена. Мнозина пејачи и други лица кои што учествувале во службата на храмот не добивале доволно награда, па го напуштиле Божјото дело и се вработиле на друго место.
Неемија се фатил повторно на работа да ја исправи таа злоупотреба. Ги собрал оние што ја напуштиле службата во Господовиот дом “и ги поставувал на нивното место.” Тоа на народот му влеало доверба, и сите Јудејци донесоа “десеток од житото, и виното и маслото.” Оние луѓе кои што “се сметале за верни” биле поставени за “настојници над складовите” и “работа им беше да им делат на своите браќа”.
Друга последица од дружењето со идолопоклониците била омаловажувањето на саботата, знаксо кој што Израелците се разликувале од сите останати народи, како обожувачи на вистинскиот Бог. Неемија забележал дека незнабожечките трговци кои што доаѓале од околните краеви во Ерусалим навеле многу Евреи да се занимаваат со трговија во сабота. Имало луѓе кои што не попуштиле ниту ги жртвувале начелата, но многу други тоа го правеле и им се придружиле на незнабошците во нивните напори да ги скршат колебањето и на посовесните. Мнозина се осмелиле јавно да ја престапуваат саботата. “Во тоа време” – пишува Неемија “видов во Јудеја како газат во каци во сабота, носат снопови натоварени на магариња, и вино, грозје и смокви, секаков тежок товар, кој тие го донесоа во Ерусалим во сабота… И Тирците кои што живееја во Ерусалим донесуваа риба и секаква роба и продаваа во сабота на синовите Јудини во Ерусалим.”
Ова можело да спречи ако поглаварите ја користеле својата власт; но тие им угодувале на безбожниците со желба и самите да извлечат корист од сето тоа. Неемија бестрашно ги укорил заради ова занемарување на должноста. “Какво е тоа зло што го правите па ја сквернавите саботата?” строго ги запрашал. “He ли правеа така и татковците ваши, па Бог го пушти врз нас и на овој град сето ова зло? И вие уште го умножувате гневот врз Израел сквернавејќи ја саботата.” Потоа наредил да се затвораат вратите “кога ќе дојде сенката на вратата Ерусалимска во очи сабота,” и да не ги отвораат до изминување на саботата. Имајќи повеќе доверба во своите слуги отколку во оние што би ги одредиле ерусалимските поглавари, ги поставил кај портите да пазат оваа наредба да не се престапува.
“И преноќија еднаш или два пати трговците и оние кои што продаваа секаква роба надвор од Ерусалим се и сешто”, затоа што не сакаа да попуштат. Се надевале дека сепак ќе им се пружи прилика да тргуваатсо граѓаните и селаните. Неемија ги предупредил дека ќе бидат казнети ако и понатаму постапуваат така. “Зошто ноќевате околу ѕидовите?” запрашал тој; “ако уште еднаш така направите, ќе ставам рака на вас.” “Од тогаш не доаѓаа повеќе во сабота.” Освен тоа, им заповедал на Левитите да ја чуваат вратата, знаејќи дека тие ќе влеваат повеќе почитување од обичниот народ, и дека од нив, кои се така тесно поврзани со Божјата служба, може со право да се очекува поревносно да бараат покорување на Божјиот закон.
Потоа Неемија обрнал внимание на опасноста која што повторно му се заканувала на Израел од брачните врски и дружења со идолопоклониците. “Во тоа време,” пишува тој, “видов Јудејци кои што се биле ожениле со Азоѓанки, Амонки и Моавки. И нивните деца говореа половина азотски, и не умееја да говоратјудејски, туку според јазикот на овој или оној народ.”
Овие незаконски врски довеле до голема забуна во Израел; затоа што тоа го правеле и луѓе на високи позиции, од кои народот со право очекувал совет и добар пример. Предвидувајќи дека тоа зло, доколку не му се застане на патот, ќе и донесе пропаст на нацијата, Неемија серизоно ги укорил престапниците. Изнесувајќи им го случајот на цар Соломон, ги потсетил дека во ниеден народ не се појавил таков цар, на кого Бог му дал толкава мудрост. Но жените идолопоклонички го одвоиле неговото срце од Бога и тој со својот пример го расипал Израел. “Ќе ви допуштиме ли да го правите сето тоа големо зло? строго ги запрашал Неемија. “И ги заколнав во Бога да не ги даваат ќерките свои на нивните синови ниту да ги земаат ќерките нивни за синовите свои или за себе.”
Укажувајќи им на заповедите и Божјите казни кои што во минатото го снашле Израел заради истите гревови, ја разбудил нивната совест; така започнало делото на реформацијата кое што го оттргнало Божјиот заканувачки гнев и донело Негов благослов.
Имало поединци во светата служба кои што ги бранеле своите жени од незнабожечкото потекло, изјавувајќи дека не можат да се одвојат од нив. Меѓутоа, не била правена никаква разлика, не се гледало ниту на чин ниту на положба. Било кој од свештениците или од поглаварите кој ќе одбиел да ја прекине врската со идолопоклониците, бил веднаш оттстранет од Господовата служба. Внукот на свештеничкиот поглавар кој што се оженил со ќерката на озлогласениот Санавалат, не бил само отпуштен од службата, туку и веднаш прогонет од Израел. “Спомни си за овие луѓе, Боже мој, затоа што го осквернија свештенството и заветот свештенички и левитски,” се молел Неемија.
Дури на последниотсуд ќе се покаже колку душевни маки оваа неопходна строгост го чинеле верниот Божји слуга. Тој непрестано морал да се бори со разни противници и постигнувал успех само благодарение на постот, понизноста и молитвата.
Мнозина кои што се ожениле со жени на идолопоклоници одлучиле со нив да појдат во прогонство, и им се придружиле на Самарјаните, заедно со оние кои што биле исклучени од соборот. Таму се нашле и некои луѓе кои што играле важна улога во Божјото дело, и тие после извесно време се поврзале со нив. Со желба уште повеќе да го зацврстат овој сојуз, Самарјаните ветиле дека во потполност ќе ја примат еврејската вера и обичаи; решени да ги прејдат своите некогашни браќа, отпадниците подигнале храм на ридот Гаризим, наспроти Божјиот дом во Ерусалим. Нивната вера и понатаму останала мешавина на еврејство и незнабоштво, а нивното тврдење дека тие се Божји народ претставувало толку многу векови раздор, конфликти и непријателства помеѓу тие два народа.
Во делото на реформата која што треба да се изведе денес, потребни се луѓе кои што слично на Езра и Неемија нема да го оправдуваат и да го кријат гревот ниту ќе се срамат да се борат за Божјата слава. На оние на кои лежи бремето на ова дело не смеат да гледаат мирно кога луѓето прават неправда, ниту да се прекрива злото со плаштот на лажно милосрдие. Тие мораат да имаат на ум дека Бог не гледа кој е кој и дека строгоста кон неколкумина може да се покаже како милост за мнозина. Исто така тие нама да заборават дека во оние кои што го укоруваат злото, духот Христов секогаш ќе се открива.
Вршејќи го своето дело, Езра и Неемија скрушено истапиле пред Бога, ги признале своите гревови и гревовите на својот народ и побарале простување, како и самите да биле грешници. Трпеливо работеле, се молеле и страдале. Најголема потешкотија во нивната работа не причинувало отвореното непријателство на незнабожците, туку скриеното противење на лажните пријатели кои што се ставиле во служба на злото и со тоа товарот на Божјите слуги се чинел десет пати потежок. Овие издајници во рацете на непријателите доставувале материјали со кои овие се бореле против Неговиот народ. Нивните зли страсти и самоволие биле во постојана војна со јасните Божји барања.
Успехот кој што ги прател напорите на Неемија покажува што може да се постигне со вера, молитва и мудра енергична работа. Неемија не бил ниту свештеник ниту пророк, а не тежнеел ниту за висока титула. Тој бил реформатор кој што се појавил во едно значајно време. Неговата цел била да го помири народот со Бога. Вдахновен со желба да ја постигне оваа цел, тој со сите сили на своето битие се заложил да го оствари тоа. Неговата работа ја обележува возвишен и непопустлив интегритет. Во конфликтот со злото и неправдата, заземал така одлучен став што народот се вратил на работа со нова ревност и храброст. Луѓето не можеле а да не му оддадат признание за неговата чесност, човекољубие и длабока љубов кон Бога; и бидејќи сето тоа го виделе, биле желни да го следат на патот по кој ги повел.
Залагањето во вршење на должноста која Бог ни ја одредил сочинува многу значаен дел на вистинската вера. Луѓето мораат да ја искористат секоја прилика и како Божјо орудие да работат на остварување на Неговата волја. Со брза и одлучна работа во вистински момент се постигнуваат најголеми победи, додека од друга страна колебливоста и немарноста доведуваат до неуспех и му нанесуваат срам на Божјото име. Ако водачите во делото на вистината немаат ревност, ако се рамнодушни и немаат пред себе одредена цел, црквата ќе биде немарна, мрзлива и самозадоволна; ако пак се вдахновени со света желба да Му служат само на Бога и само Нему, народот ќе биде сложен, полн со надеж и ревносен.
Божјата Реч обилува со остри и видливи спротивности. Гревот и светоста се наоѓаат еден покрај друг и како такви, набљудувајќи ги, да можеме да го отфрлиме едното и да го прифатиме другото. На страниците на кои е опишана омразата, лукавството и издајништвото на Санавалат и Товиј ги опишуваат исто така и благородноста, посветеноста и пожртвувањето на Езра и Неемија. Нам ни е оставено слободно да го копираме едното или другото. Страшните последици од престапувањето на Божјите заповеди изложени се заедно со благодетите кои што доаѓаат како награда за послушноста. Ние самите треба да одлучиме за тоа дали ќе ги сносиме последиците на непослушноста или ќе уживаме во благодетите на послушноста.
Делото на обновување и реформа кое што го извршиле повратниците од ропството предводени од Зоровавел, Езра и Неемија претставува слика на духовно обновување кое што мора да се изврши во последните денови од историјата на овој свет. Остатокот на Израел бил слаб народ, изложен на бесот на непријателот, но Бог сакал токму тој народ да го сочува на земјата сознанието за Hero и Неговиот закон. Тие биле чувари на вистинското богослужение, чувари на светите пророштва. Доживеале многу искуства додека работеле на обновувањето на храмот и ѕидовите на Ерусалим, и наидувале на силно противење. Тешко било бремето кое што го носеле водачите во тоа дело, но тие луѓе работеле со непоколеблива доверба, понизен дух, цврсто потпирајќи се на Бога и верувајќи дека Тој ќе направи Неговата вистина, да триумфира. Слично на царот Езекија, Неемија “се приклони кон Господа, не оттстапувајќи од него, туку ги држеше заповедите… И Господ беше со него”. (2. Царства 18:6, 7).
Духовното обновување, симболично претставено во делото остварен во времето на Неемија, опишана е кај пророкот Исаија: “Тие ќе ги изградат старите урнатини, ќе ги подигнат пак запустените места, и ќе ги обноват разурнатите градови.” “Твоите потомци ќе ги заѕидаат старите урнатини, ти ќе ги востановиш основите на многу поколенија, и ќе те викаат обновител на урнатини, градител на патишта за населби.” (Исаија 61:4; 58:12).
Пророкот со овие зборови го опишува народот кој во времето на општ отпад од вистината и праведноста се труди да ги обнови начелата на кои што е засновано Божјото царство. Тој народ обновува урнатини направени во Божјиот закон – ѕидови кои што ги подигнал Тој за да ги заштити своите одбрани, и покорноста на прописите на правдата, вистината и чистотата ќе биде нивна вечна заштита.
Пророкот со недвосмислени зборови укажува на посебната задача на остатокот кој што ги подига урнатините. “Ако ја одвратиш ногата своја од саботата да не правиш што ти е драго во мојот свет ден, и ако ја наречеш саботата милина, свет ден Господов славен, и ако го славиш не одејќи по своите патишта, и не правејќи што ти е тебе мило, ни говорејќи свои зборови, тогаш ќе се веселиш во Господа, и ќе те изведам на висини земски, и ќе ти дадам да јадеш од наследството на Јакова твојот татко, зашто устата Господова го изрече ова.” (Исаија 58:13, 14).
При завршетокот на историјата на светот сите божествени институции ќе бидат обновени. Ќе се санираат урнатините во законот кои што ги направил човекот престапувајќи ја саботата. Остатокот на Божјиот народ кој како реформатор стои пред светот, мора да покаже дека Божјиот закон е основа на секоја трајна реформа и саботата од четвртата заповед, мора да стои како постојан спомен на создавањето и Божјата сила. Тој мора со јасни и разбирливи зборови да укаже на обврската за држењето на сите десет заповеди. Поттикнат од Христовата љубов тој мора да соработува со Hero, ѕидајќи урнатини. Тој треба да биде обновител на урнатини, и да ги санира патиштата за населбите. (Види 12 стих).

Сподели го ова:

Слични објави