15. Јосафат

Сподели го ова:

Пред стапувањето на престолот во својата триесет и петта година, Јосафат пред себе го имал примерот на добриот цар Аса, кој скоро во сите тешкотии “правеше… што е право во очите на Господа.” (1. Царства 15:11). Во текот на дваесет и петте години од своето успешно владеење Јосафат одел “по патот на својоттатко Аса, не свртувајќи се од него.” (1. Царства 22:43)
Во своите напори мудро да владее, Јосафатсе обидувал да ги убеди своите поданици да заземат одлучен став против идолопоклоничките обичаи. Народот во неговото царство “сеуште принесувашежртви и кадеше на висините.” (2. Царства 22:44). Царот не ги уништил веднаш тие олтари, но од самиот почеток настојувал да го запази Јуда од гревовите кои го карактеризирале северното царство за време на Ахавовото владеење, чиј современик бил многу години. Самиот Јосафат се одликувал со преданост кон Бога. Тој “не го бараше Ваал; туку Господ Бог на својот татко го бараше и по заповедите Негови одеше, и не чинеше како Израилевите синови”. Заради неговиот интегритет, Господ беше со него, и “го утврди царството во рацете негови.” (2. Летописи 17:3-5).
“Целиот народ Јудин му даваше дарови на царот, та имаше големо благо и слава. И срцето негово се охрабруваше на патиштата Господови.” Времето проаѓало, се остварила преобразба, и царот “ги отстрани високите места и ашерите (шумичките) во Јудеја” (Стихови 5, 6) “Го истреби од земјата остатокот од изопачените мажи (содомци – хомосексуалци), кои се одржаа одвреметона неговиоттатко Аса”(1. Царства 22:46). Така жителите на Јуда постепено се ослободиле од многу опасности кои можеле во голема мерка да им пречат во нивниот духовен развој.
Било потребно народот во целото царство да се поучи за Божјиот закон. Во разбирањето на тој закон лежела нивната безбедност. Ако својот живот би го прилагодиле на прописите на законот, би биле верни и на Бога и на човекот. Знаејќи го тоа, Јосафат превземал чекори кои на својот народ ќе му овозможи потполно да се запознае со светите списи. На кнезовите кои управувале со различни делови на неговото царство, им биле дадени упатства да се грижат за верната служба на свештениците. Под непосредно надгледување на кнезовите, тие учители по царска наредба “ги пројдоа сите Јудини градови, учејќи го народот.” (2. Летописи 17:7-9). И бидејќи мнозина се потруделе да го разберат Божјиот закон и да го отфрлат гревот, дошло до духовно оживување.
На своето мудро задоволување на духовните потреби на своите поданици, Јосафат му должел многу за својот успех како владетел. Големата добивка лежи во послушноста на законот Божји. Во прилагодување кон божествените барања лежи моќта на преобразувањето, која донесува мир и добра волја меѓу луѓето. Кога науката за Божјата реч би управувала со животот на секој човек и жена, кога умот и срцето би се потчиниле на нејзината сила, не би имало место за зло кое денеска постои во светот. Од секој дом би се ширело влијание кое би го засилило светот во духовен и морален поглед, и така народите и поединците би се наоѓале во поволна положба.
Јосафат многу години живеел во мир, непопречен од околните народи. “Дојде стравот Господов врз сите царства околни та не војуваа со Јосафат.” (Стих 10). Филистејците му давале данок во пари и дарови, а Арапите големи стада на овни и јарци. “Така напредуваше Јосафат и се подигна многу; и соѕида во Јудеја кули и градови за житници…војници, храбри јунаци,…му служеа на царот покрај оние кои беа наместени во тврдините на градовите во својата земја Јудина.” (Стихови 12- 19). Обилно благословен со “богатство и слава,” Јосафат бил во можност да врши силно влијание во корист на вистината и праведноста. (2. Летописи 18:1)
Неколку години откако стапил на престолот, на врвот од својот успех, Јосафат се согласил неговиот син да се ожени со Готолија, ќерката на Ахав и Језавела. Со тој брак помеѓу Јудиното царство и Израел бил направен сојуз, кој не бил по Божјата волја, и кој во времето на криза донел пропаст и на царот и на многу негови поданици.
Во една прилика Јосафат го посетил израелскиот цар во Самарија. На царскиот гостин од Ерусалим му биле укажани големи почести, и пред да се заврши таа посета, Јосафат бил наговорен да му се придружи на израелскиот цар во војна против Сиријците. Ахав се надевал дека ако ги здружи своите сили со силата на Јуда, повторно ќе го освои Рамот, еден од старите градови за прибежиште, кој, според негово тврдење им припаѓал на Израелците.
И покрај тоа што во еден момент на слабост непромислено ветил дека ќе му се придружи на израелскиот цар во војна против Сиријците, Јосафат размислувајќи дошол до заклучок дека треба да ја сознае Божјата волја за тој зафат. Па така го советувал Ахав: “Прашај словото Господово што ќе рече, денес.” Одговарајќи на неговата молба, Ахав повикал четиристотини самариски лажни пророци и ги запрашал: “Да одиме ли во војна против Рамот Галадски, или да се воздржам? Тие одговорија: Оди, и Господ ќе го предаде во раката на царот.” (Стих 4, 5).
Незадоволен од тоа пророштво, Јосафат сакал со сигурност да ја сознае Божјата волја. Тој запрашал: “Има ли уште некој пророк Господов да го прашаме?” (Стих 6). “Има уште еден човек, Михеј синот Емлин преку кого би можеле да го прашаме Господа,” рекол Ахав; “но јас го мразам, зашто не ми пророкува добро туку зло.” (1. Царства 22:8). Јосафат бил непопустлив во своето барање да се повика Божјиот човек. Кога се појавил пред нив и кога Ахав го заколнал да говори “само вистина во името Господово,” Михеј рече: “Го видов целиот Израилев народ растурен по планините како овци кои немаат пастир, зашто Господ рече: овие немаатгосподар, нека се врати секој во својата куќа со мир.” (Стихови 16, 17).
Требало овие пророкови зборови да бидат доволни и да им покаже на царевите дека небото не им е наклонето на нивните планови. Но ниту еден од нив не бил наклонет да ги послуша опомените. Ахав самиот за себе си го одредил патот и бил решен да оди по него. Јосафат го дал својот чесен збор: “Ќе одиме со тебе во војна.” (2. Летописи 18: 3). И бидејќи дал ветување, не сакал да ги повлече своите сили. “И отиде царот Израилев и Јосафат царот Јудејски на Рамот Галадски.” (1. Царства 22:29).
Во текот на битката, Ахав го погодила стрела и истиот ден вечерта умрел. “Околу зајдисонце,” “низ војската прошол гласникот говорејќи: Секој во својот град, и секој во својата земја.” (Стих 36). Така се исполнила пророковата реч.
Јосафат по таа несреќна битка се вратил во Ерусалим. Кога се приближил до градот, го дочекал пророкот Јуј со прекор: “Требаше ли да му помагаш на безбожникот и да ги сакаш оние, што го мразат Господа? Затоа гневот Господов падна врз тебе. Сепак се најде и добро во тебе затоа што ги истреби идолите од земјата и што го управи срцето твое да го бараш Бога.” (2. Летописи 19:2, 3).
Преостанатите години од своето владеење, Јосафат ги искористил да ги зајакне националната и духовната одбрана на Јуда. Јосафат “помина низ народот од Вирсавеја до Ефремовата гора и ги поврати кон Господа Бога на татковците нивни.” (Стих 4).
Еден од позначајните чекори кои царот ги превземал било во основањето и одржувањето на судовите. Тој “постави судии во земјата по сите утврдени градови на Јуда, град по град.” Предавајќи им должност, тој рекол: “Гледајте што ќе правите, затоа што вие нема да судите за човек, туку за Господа, кој е со вас кога судите. Затоа нека биде стравот Господов во вас; пазете и работете, зашто во Господа, нашиот Бог нема неправда, ниту гледа кој е кој, ниту прима дарови.”(Стихови 5-7) Системот на правосудството бил усовршен со основање на апелационен суд во Ерусалим, каде што Јосафат “постави од Левитите и свештениците и поглаварите на татковските домови во Израел за Господови судови и за расправи.” (Стих 8) Царот барал од судиите да бидат верни. Тој им наложил: “Така работете со страв Господов, со верност и чисто срце: при секоја расправија, каква што ќе дојде кај вас од браќата ваши, што живеат по градовите свои, било за крвнина, или за закон, заповед, уредба и обреди, објаснувајте им да не грешат пред Господа, та да не дојде гневот Негов врз вас и врз браќата ваши: така работете, и нема да згрешите.”
“И ете, првосвештеникот Амарија е над вас за секоја Господова работа, а Завдија, синот Исмаилов, кнез на Јудиниот дом – за секоја царска работа, а и левитите ќе бидат покрај вас.“
“Бидете цврсти и работете, и Господ ќе биде со добриот.” (Стихови 9-11).
Во грижата за правата и слободата на своите поданици, Јосафат истакнувал дека Богот на правдата, кој владее над сите, подеднакво го цени секој член од човечкото семејство. “Бог застана во собранието на боговите; меѓу боговите изрече суд.” И оние кои беа поставени како судии под Hero, требаа да ги “заштитат сиромашните и сираците;” и да ги “ослободуваат од рацете на грешниците.” (Псалм 82:1, 3, 4).
Пред крајот на Јосафатовото владеење Јудиното царство го нападнало војска од која жителите со причина стравувале. “Синовите Моавови и синовите Амонови, а со нив и некои кои живеат крај земјата Моавска, појдоа во војна против Јосафата.” Дојдоа и му се јавија на Јосафата, велејќи: Против тебе доаѓа големо мноштво од онаа страна на морето, од Сирија, и веќе се во Асасон-Тамар, односно во Енгади.” (2. Летописи 20:1, 2).
Јосафат бил храбар и смел човек. Тој со години ја зајакнувал војската и ги утврдувал градовите. Добро се борел и се подготвувал да го дочека речиси секој непријател. Меѓутоа, во оваа криза не се потпрел на телесната мишка. He со помош на дисциплинираната војска и утврдените градови, туку благодарејќи на живата вера во Израилевиот Бог, Јосафат можел да извојува победа над незнабошците кои се фалеле со својата сила и имале намера да ја понизат Јудеја пред останатите народи.
“Јосафат се уплаши и го сврти лицето свое да Го побара Господа и објави пост во цела Јудеја. И се собраа Јудејците да молат за помош од Господа; дојдоа да Го молат Господа од сите Јудини градови.”
Стоејќи пред народот во храмовиот трем, Јосафат ја излевал својата душа во молитва, и викал кон Господа за помош признавајќи колку е Израел беспомошен. “Господи, Боже на татковците наши” се молел тој, “He си ли Ти Бог на небото? Ти владееш над сите царства на незнабошците; и во Твојата рака е силата и цврстината, и никој не може да устои спроти Тебе! He ли Ти, Боже наш, ги истера жителите на оваа земја пред лицето на Твојот народ Израелот и му ја даде засекогаш на семето од Авраама, Твојот пријател? Тие се населија и Ти изградија во неа светилиште во Твое име велејќи: ако дојде врз нас неволја: меч-погубен, или помор, или глад, ќе застанеме пред овој дом и пред Твоето лице, (зашто името Твое е во тој дом) и во маките свои ќе повикаме кон Тебе, и Ти ќе не чуеш и ќе не избавиш.
“И сега, еве, Амонитите и Моавците и жителите на гората Сеир, преку чии земји не дозволи да преминат Израелците, кога доаѓаа од египетската земја, па затоа тие ги одминаа и не ги сотреа. А, еве, тие ни враќаат сега со тоа, што дошле да не истераат од Твоето наследствено владение, што си ни го дал. О Боже наш, зарем нема да им судиш? Зашто ние немаме сила против тоа големо мноштво, што не непаднало и не знаеме, што да правиме; но очите ни се кон Тебе.” (Стихови 3-12).
Јосафат со доверба можел да Му каже на Господа: “Туку очите наши се свртени кон Тебе.” Со години тој го поучувал народот да се надева на Оној кој во минатите столетија толку многу пати се заложувал да ги спаси своите избраници од целосна пропаст. И сега, кога царството било во опасност, Јосафат не бил осамен: “Сите Јудини синови застанаа пред Господа и децата нивни, жените нивни и синовите нивни.” (Стих 13). Тие сложно постеле и се молеле, сложно викале кон Господа да создаде збрка помеѓу непријателите за да се прослави Јеховиното име.
“О Боже, не молчи!
He премолчувај, ниту мирувај, О Боже, зашто, ете, Твоите непријатели вреват:
И оние, што те мразат, ја кренаа главата.
Против Твојот народ зло наумија, и се советуваат против штитениците Твои; рекоа: Да отидеме и да го истребиме меѓу народите, па да не се спомнува повеќе името Израел.
Се договорија еднодушно, и склучија против Тебе сојуз:
Шаторите на Едом и Исмаилците,
Моавците и Агарјанците;
Гевал, Амон, и Амалик…
Направи им како на Мадијамците, како на Сисара, и на Јавина кај потокот Кисон:…
Нека се засрамат и плашат засекогаш, нека се срамат и нека изгинат:
Нека луѓето знаат дека : Ти си, Чие име е Јехова, Единствен Највозвишен над целата земја.” (Псалм 83)
Кога народот му се придружил на царот понизувајќи се пред Бога и барајќи од него помош, Духот Господов се симна на Јозоил, “левит помеѓу синовите Асафови,” кој рече:
“Чујте сите Јудејци и жители ерусалимски, и ти, цару Јосафате! Вака ви вели Господ ваш: He плашете се и не стравувајте од тоа големо мноштво, зашто војната не е ваша, туку Божја. Излезете утре против нив: ете, тие ќе се искачуваат по ридот Асис, вие ќе ги најдете на крајот од долината, спрема пустината Јеруил. Овој пат нема вие да се борите: застанете, стојте и гледајте го спасението од Господа, што ви се испраќа. Јудо и Ерусалиме, не плашете се и не стравувајте! Излезете утре против нив, и Господ ќе биде со вас.”
“Јосафат се поклони со лицето до земјата, и сите жители ерусалимски паднаа пред Господа, за да Му се поклонат. A левитите од синовите Каатови и од синовите Корееви почнаа да Го слават Господа, Бога Израилев, со многу висок глас.
Утредента станаа рано и тргнаа кон Текојската пустина, и кога тргнаа кон битката, застана Јосафат и рече: “Чујте ме Јудејци и жители ерусалимски! Верувајте Му на Господа, нашиот Бог, и ќе бидете цврсти; верувајте им на пророците Негови, и ќе имате успех. Потоа се посоветува со народот и постави пејачи пред Господа, одејќи пред војската, да ја слават убавината на светоста.” (2. Летописи 2:14-21) Овие пејачи одеа пред војската, подигнувајќи ги своите гласови во знак на благодарност кон Бога за ветената победа.
Тоа било необичен начин на стапување во борба со непријателската армија – фалејќи го Бога со песна, возвисувајќи го Богот на Израел. Тоа била нивната воинствена песна. Тие ја поседувале убавината на светоста. Кога денес повеќе би го фалеле Бога, надежта, храброста и верата постојано би се зголемувале. И зарем на таков начин не би се засилила раката на храбрите војници кои денес стојат во одбрана на вистината?
Тоспод предизвика несогласност меѓу Амонитите, Моавците и жителите на гората Сеир, што ја беа нападнале Јудеја, и тие беа разбиени: зашто Амонитите и Моавците се кренаа против жителите на гората Сеир, и ги биеја и ги истребуваа, а кога завршија со жителите на Сеир, почнаа да се истребуваат едни со други. И кога Јудејците дојдоа на ридот при пустињата и го видоа она множество, а таму – трупови, испружени по земјата, и никој не се беше спасил.” (Стихови 22- 24)
Бог бил Јудината сила во оваа криза, а Тој и денес е сила на својот народ. He смееме да се потпреме на кнезови ниту да ставаме луѓе наместо Бог. Мораме да имаме на ум дека луѓето паѓаат во заблуди и грешки, и единствено Оној кој има целосна сила е наша одбрана и тврдина. Во секоја потешкотија мораме да мислиме на тоа дека битката е Негова. Божјите средства се неограничени, а победата, колкусечини неможна, толкуповеќе ќе биде поголема.
“Спаси не, Боже на спасението наше, и собери не заедно,
и откупи не и избави не од незнабошците,
за да го славиме Твоето свето име,
за да се фалиме со твојата слава.” (1. Летописи 16:35)
Натоварена со плен јудејската војска се вратила “со веселба, зашто Господ ги возрадува над непријателите нивни. И дојдоа во Ерусалим со псалтири и гусли и труби во Господовиот дом.” (2. Летописи 20:27, 28) Тие целосно се потпреле на Бога и Тој станал нивна тврдина и Ослободител. Сега со разбирање можеле да ја пеат вдахновената Давидова песна:
“Бог ни е нам прибежиште и сила, секогаш присутен помошник во мака… ги прекрши лаковите, и ги скрши копјата; ги изгоре колите со оган.
Јас ќе бидам воздигнат над незнабошците Јас ќе бидам превознесуван над земјата.
Господ над војските со нас,
Јакововиот Бог е наш застапник.
(Псалм 46)
“Според името Твое, О Боже,
така е Твојата пофалба до краиштата на земјата:
Твојата десница е полна со праведност.
Нека се весели гората Сион,
Нека се радуваат јудејските ќерки, заради Твоите судови, Господи…
Зашто Бог е наш Бог во сите векови:
Тој ќе не води нас дури до смрт.” (Псалм 48:10-14)
Благодарение на верата на царот јудејски и неговата војска, “и страв Божји нападна врз сите царства земни, кога слушнаа, дека Сам Господ војувал против непријателите на Израилот. И царството Јосафатово се успокои; Господ му даде мир од сите страни.” (2. Летописи 20:29, 30)

Сподели го ова:

Слични објави