33. Книгата на законот

Сподели го ова:

Тивкото, но сепак моќно влијание настанато со пророчките пораки за вавилонското ропство сторило многу за подготовка на патот за реформацијата која се случила во осумнаесеттата година од владеењето на Јосија. Ова реформаторско движење, со кое биле одложени проречените казни било последица на една сосема неочекувана случка – пронаоѓањето и проучувањето на еден дел од Светото Писмо кој многу години бил необјасниво затурен и загубен.
Речиси едно столетие пред тоа, за време на првата Пасха што ја празнувал Езекија, било одлучено свештениците секојдневно да му читаат на народот по еден дел од книгата на законот. Токму почитувањето на правилата запишани од Мојсеј, особено оние во книгата на заветот која е дел од Петтата Книга Мојсеева, го направиле владеењето на Езекија толку успешно. Но Манасија се осмелил да ги отфрли овие правила; и за време на неговото владеење поради небрежност се загубил преписот на книгата на законот кој му припаѓал на храмот. На тој начин, народот многу години бил лишен од нејзините упатства.
Долгозагубениот ракопис го нашол првосвештеникот Халкија вохрамот, додека биле извршувани големи реновирања на зградата во согласност со планот на царот Јосија за зачувување на светата градба. Првосвештеникот му го предал светиот запис на Сафан, образуван писар, кој го прочитал, a потоа му го предал на царот заедно со приказната за неговото пронаоѓање.
Јосија бил длабоко трогнат кога за прв пат ги слушнал советите и предупредувањата запишани во древниот ракопис. Тој никогаш порано не ја имал толку добро согледано јаснотијата со која Бог поставил пред Израелот “живот и смрт… благослов и проклетство” (5. Мојсеева 30:19); и начинот на кој повторно и повторно биле охрабрувани да го одберат патот на животот, за да можат да станат слава на Земјата, благослов за сите народи. “Бидете цврсти и храбри, не бојте се, не ужасувајте се, ниту се плашете од нив,” бил поттикнат Израел преку Мојсеја, “зашто Господ, твојот Бог, Самиот ќе тргне пред вас, и нема да отстапи од тебе и нема да те остави” (б.Мојсеева 31:6).
Книгата изобилувала со уверувања дека Бог е подготвен да ги спаси оние кои целата своја доверба ќе ја положат во Hero. Како што ги ослободил од Египетското ропство, така моќно ќе работи за да ги зацврсти во Ветената Земја и да ги постави на чело на земските народи.
Охрабрувањата понудени како награда за послушноста, биле придружени со пророштва за казни за непослушните, па кога царот ги слушнал вдахновените зборови, тој во сликата што му била претставена, ги препознал условите кои биле слични на оние кои всушност постоеле во неговото царство. И се исплашил кога во тие пророчки зборови за одвојувањето од Бога забележал јасно претскажување дека денот на несреќата ќе настапи бргу и дека веќе нема да може да се поправи. Јазикот бил јасен; зборовите не можеле погрешно да се разберат. И на крајот од списот, каде што се зборувало за начинот на кој Бог постапува со Израелот и каде повторно биле изложени идните настани, овие нешта биле двојно појасни. Мојсеј пред ушите на целиот Израел изјавил:
“Слушајте небеса, јас ќе говорам; чуј ги земјо зборовите на мојата уста.
Мојата наука нека дожди како дожд,
Мојот говор нека паѓа како роса, како дождец по младо зеленило, како пороен дожд по трева.
Зашто, ќе го возвисувам името Господово: величајте го нашиот Бог!
Тој е Карпата, Неговото дело е совршено:
Делата Божји се вистина,
А сите патишта Негови се праведни;
Тој е верен Бог и неправда нема (во Hero);
Тој е праведен и вистинит;”
(б.Мојсеева 32:1-4)
“Спомни си за древните денови,
Помисли на годините на поранешните поколенија; Прашај го татка си – и тој ќе ти покаже,
Старците свои – и тие ќе ти кажат.
Кога Севишниот Го разделуваше наследството на народите,
Кога ги расејуваше синовите Адамови,
им ги одреди меѓите,
според бројот на Израилевите синови,
Зашто делот на Господ е Неговиот народ;
Јаков е наследството Негово.
Тој го пронајде во пустиња,
Во морничава пустинска пустина,
Го опкружи, Го воспитуваше,
Го чуваше како зеница на окото Свое”
(Стихови 7-10)
Но Израел “го остави Бога, Кој го создаде, и ја презре Карпата на своето спасение.
Со туѓи богови Me раздразнија, и со одвратностите свои Me разјарија;
Им жртвуваа на злите духови, а не на Бога;
На боговите, што не ги познаваа,
на боговите нови и непознати,
од кои татковците нивни не се плашеа.
Го остави Бога, Кој го создаде, и ја презре Стената на своето спасение.”
“И Господ виде, Тој ги отфрли, заради гревот на синовите Свои и ќерките Свои.
И рече: Ќе го свртам лицето Свое од нив и ќе видам каков ќе биде крајот нивни:
Бидејќи тие се развратен род, синови, во кои нема вера;
Тие Me раздразнија со тоа што не е Бог;
Me раздразнија со своите ништожества: и Јас ќе ги раздразнам со она што не е народ;
Ќе ги раздразнам со некој неразумен народ.”
“Ќе нафрлам врз нив зла и ќе ги вперам против нив стрелите Мои;
Тие ќе се истоштуваат од глад, ќе ги трујат треската и лутиот помор.”
“Зашто тие се народ без расудување, нема остроумност во нив.
О, да беа мудри, да беа расудувале, би размислиле што ќе стане со нив!
Како би можел еден да гони илјади и двајца десет илјади, ако нивната карпа не ги продаде, ако Господ не ги предаде?
Зашто нивната карпа не е како нашата Карпа,
Нашите непријатели се самите судии на себеси.”
“He е ли сето тоа сокриено во Мене, не е ли запечатено во Моите сокровишта?
Моја е одмаздата, и наградата;
Кога ќе им се сопне ногата нивна,
Зашто денот на загинувањето нивно е блиску,
Брзо ќе настапи подготвеното за нив”
(Стихови 15-21, 23, 24, 28-31, 34, 35)
Овие и слични делови му ја откриле на Јосија Божјата љубов кон Неговиот народ и Неговото гнасење од гревот. Додека царот ги откривал пророштвата за брзата казна над оние што ќе истрајат во побуната, тој се тресел од стравот за иднината. Изопаченоста на Јуда била голема; каков ќе биде исходот од нивното постојано отпадништво?
Во изминатите години царот не бил рамнодушен кон се поголемото идолопоклонство. “На осмата година од царувањето свое, додека беше момче,” тој целосно се посветил на службата Божја. Четири години подоцна, во дваесеттата, тој направи сериозни напори да ги отстрани искушенијата од своите поданици чистејќи ја “Јудеја и Ерусалим од идолските светилишта, од посветените шумички и од извајаните и излеани идоли. Зашто пред лицето негово ги разрушија жртвениците на Вааловците и идолите, што се издигнаа над нив; ги исече посветените шумички, а извајаните и излеаните идоли ги скрши и ги разби во прав, растурајќи ги по гробовите на оние, што им беа принесувале жртви; коските на жреците ги изгори врз нивните жртвеници, ја исчисти Јудеја и Ерусалим.” (2. Летописи 34:3-5).
Незадоволен од работата што ја завршил во Јудеја, младиот владетел ги проширил своите напори на деловите од Палестина кои порано биле заземени од десетте Израелови племиња, од кои сега имало само беден остаток. Записот вели дека така направил и “во градовите на Манасија, Ефрема и Симеона, дури до коленото Нефталимово.” Се вратил во Ерусалим откако прошол од едниот до другиот крај на таа област на опустошени домови, и откако “ги собори жртвениците и посветените шумички, и разби во прав ликовите и ги скри сите идоли по целата Израелска земја.” (Стихови 6 и 7).
На тој начин Јосија, од својата младост, се трудел да ја искористи предноста на својата положба да ги воздигне принципите на Божјиот свет закон. И сега, додека писарот Сафан му читал од книгата на законот, царот во тој запис открил богатство на знаење, моќен сојузник во реформацијата која толку многу посакувал да ја види на дело во земјата. Тој одпучил да чекори во светлината на нејзините совети, но и да стори се што е во негова моќ да го запознае својот народ со учењата и, доколку е тоа можно, да ги наведе да негуваат почитување и љубов кон небесниот закон.
Но било ли можно да се спроведе потребната реформа? Израел речиси стасал до работ на божественото трпение; наскоро Бог ќе се крене да ги казни оние кои го обесчестиле Неговото име. Гневот Божји веќе бил разгорен против народот. Преплавен од жалост и страв, Јосија ја раскинал својата облека и се поклонил пред Бога во душевна агонија, барајќи прошка за гревовите на непослушниот народ.
Во тоа време во Ерусалим, блиску до храмот, живеела пророчицата Олда. Умот на царот, исполнет со неспокојство и претчувство, се свртел кон неа и тој одлучил да побара од Господ да му испрати порака преку овој избран гласник, доколку е тоа можно, дали со било какви средства кои се во негова моќ, би можел да ја спаси грешната Јудеја која се наоѓала на работ на пропаста.
Сериозноста на ситуацијата и почитта што ја имал кон пророчицата го навеле да ги испрати кај неа првите луѓе во царството. “Одете”, ги обврзал “прашајте Го Господа за мене, за народот и за цела Јудеја во врска со зборовите на таа најдена книга, зашто голем е гневот Господов, што се разгорел против нас, поради тоа што нашите татковци не ги послушаа зборовите на оваа книга, за да постапуваат според она што ни е заповедано во неа.” (2. Царства 22:13).
Бог преку Олда му испратил глас на Јосија дека уништувањето на Јудеја не може да биде отповикано. Дури иако народот сега се понизи пред Бога, нема да може да ја избегне својата казна. Нивните сетила биле толку долго умртвени од грешењето што, доколку не бидат казнети, тие набргу ќе се вратат на истиот грешен пат. “А таа им рече: Вака вели Господ, Бог Израилев: кажете му на човекот, што ве испрати при мене: вака вели Господ: ќе испратам зло во тоа место и врз жителите негови – сите зборови од книгата, што ги прочита јудејскиот цар. Поради тоа ште Me оставија и кадат на други богови, за да ме предизвикуваат со сите работи на рацете свои, се разгневи гневот Мој против тоа место, и нема да угасне.” (Стихови 15-17)
Но бидејќи царот го понижил своето срце пред Бога, Бог ја наградил неговата подготвеност да бара прошка и милост. Нему му била испратена пораката: “Поради тоа што смекна срцето твое, и ти се понизи пред Господа, откако го чу ова, што Јас го изреков против тоа место и против жителите негови, дека тие ќе бидат за ужас и проклетство, и ти ја раскина облеката своја и плачеше пред Мене – Јас те чув – вели Господ. Поради тоа, еве, Јас ќе те приберам при татковците твои, и ќе бидеш ставен во гробницата своја во мир, и твоите очи нема да ги видат сите тие зла, што ќе ги испратам во тоа место.” (Стихови 19 и 20).
Царот морал да Му ги препушти на Бога идните настани; не можел да ги измени вечните одлуки на Јехова. Но, најавувајќи ја казната од небото, Господ не ја исклучил можноста за покајување и реформација; и Јосија, согледувајќи ја во тоа подготвеноста од страна на Бога да ја ублажи казната со милост, одлучил да направи се што е во негова моќ да спроведе одлучни реформи. Тој веднаш организирал голем собор, на кој биле повикани старешините и поглаварите на Ерусалим и Јудеја, заедно со обичниот народ. Тие се сретнале со царот во предворјето на храмот заедно со свештениците и левитите.
Лично царот ги прочитал пред овој голем собир: “сите зборови од книгата, која се најде во домот Господов.” (2. Царства 23:2). Читајќи, царот бил длабоко трогнат и ја пренел својата порака со скршено срце. Неговите слушатели биле длабоко трогнати. Интензитетот на чувствата се гледал на лицето на царот, свеченоста на самата порака, предупредувањата за казните што им се заканувале – сето тоа имало ефект, и мнозина одлучиле да му се придружат на царот во барањето прошка.
Јосија сега предложил оние со највисок авторитет да се обединат со народот во свето заветување пред Бога дека ќе соработуваат едни со други во спроведувањето на промените. “Потоа царот застана на високо место и пред лицето Господово се заветува – дека ќе Го следи Господа и дека ќе ги чува заветите негови, откровенијата негови и наредбите Негови, од се срце и душа, за да ги исполнува зборовите на тој завет, напишани во таа книга.” Отповикот бил посрдечен отколку што на тоа царот се осмелувал да се надева.” И сиот народ се заветува.” (Стих 3)
Во реформацијата што следела, царот го посветил своето внимание на уривање на секој знак на идолопоклонство кој бил заостанат. Жителите на земјата толку долго ги следеле обичаите на околните народи поклонувајќи се на дрвени и камени ликови, што се чинело дека е речиси надвор од човечка моќ да се отстранат сите траги на ова зло. Но Јосија истрајал во своите напори да ја очисти земјата. Тој истапил строго против идолопоклонството погубувајќи ги “сите жреци при светилиштата”, “повикувачите на мртви, и маѓепсниците, и вражалците, и идолите, и сите гадови, што се сретнуваат во Јудејската земја и во Ерусалим, за да ги исполни зборовите на законот, напишани во книгата, што свештеникот Хелкиј ја најде во домот Господов.” (Стих 20 и 24).
Во деновите на поделбата на царството, векови пред ова, кога Јеровоам синот на Нават, дрско отстапувајќи од Бога на кому Израел Му служел, настојувал да ги сврти срцата на народот од службата во храмот во Ерусалим кон нови видови богослуженија, тој поставил непосветен олтар во Ветил. За време на посветувањето на овој олтар, на кој во годините што следеле мнозина биле заведени на идолопоклонски обичаи, одеднаш се појавил Божји човек од Јудеја со осуда за безбожничките обреди. Тој повикал пред жртвеникот, објавувајќи:
“Жртвенику, жртвенику! Вака вели Господ: ете, во Давидовиотдом ќе се роди син по име Јосија; тој ќе ги принесе врз тебе на жртва идолските свештеници, што кадат врз тебе, и ќе изгори врз тебе човечки коски” (1. Царства 13:2). Ова пророштво било поткрепено со знак дека тоа навистина дошло од Господа.
Поминале три века. За време на реформацијата спроведена од Јосија, царот се нашол во Ветил, каде стоел овој стар жртвеник. Пророштвото изречено пред три века во присуството на Јеровоам сега требало буквално да се исполни.
“Исто така и жртвеникот, што беше во Ветил, и идолското светилиште, изградено од Наватовиот син Јеровоам, кој беше го навел Израилот во грев, – и жртвеникот и светилиштето ги разурна, и ги изгоре, ги претвори во прав, ја изгоре и посветената шумичка (дубравата).”
“Јосиј погледна и ги виде гробиштата, што беа таму на гората, па испрати и ги зеде коските од гробовите, ги изгоре врз жртвеникот и го оскверни, според словото Господово, што го навести човекот Божји, кој ги беше претскажал тие настани.”
“И Јосиј праша: Каков е тој споменик што го гледам? Му одговорија градските жители: Тоа е гробот на Божјиот човек, кој дојде од Јудеја и го навести ова, што ти го правиш сега над ветилскиотжртвеник. Тогаш тој рече: Оставете го на мира, никој да не ги обеспокојува коските негови. И ги зачува коските негови заедно со коските на пророкот, што беше дошол од Самарија. (2. Царства 23:15-18).
На јужните падини на Маслинската гора, наспроти прекрасниотхрам на Јехова на ридотМорија, се наоѓале олтари и ликови кои ги поставил Соломон за да ги задоволи своите идолопоклонички сопруги. (Види 1. Царства 11:6-8). Три века овие големи, унаказени кипови стоеле на “Гората на навредата” како неми сведоци на отпадништвото на најмудриот израелски цар. И нив Јосија ги отстранил и ги уништил.
Царот одел понатаму во воспоставувањето на верата на Јудеја во Бога на нивните татковци, организирајќи голема Пасхална гозба, во согласностсо упатствата дадени во Книгата на законот. Подготовките биле направени од оние кои биле задолжени за светите служби, а на големиот ден на празникот биле приложени доброволни дарови. “Зашто таква Пасха не беше празнувана од дните на судиите, кои му судеа на Израилот, и во сите дни на израелските цареви, и на јудејските цареви.” (2. Царства 23:22). Но ревноста на Јосија, иако прифатлива за Бога, не можела да ги покрие гревовите на минатите поколенија; ниту, пак, побожноста на следбениците на царот можела да предизвика промена во срцето на мнозина кои тврдоглаво одбиле да се одвратат од идолопоклонството кон служењето на вистинскиот Бог.
Јосија продолжил да владее повеќе од една деценија по празнувањето на Пасхата. Тој се сретнал со смртта на триесет и девет годишна возраст во битка со египетските сили и “беше погребан во гробниците на татковците свои.” “Сета Јудеја и Ерусалим плачеа за Јосија. И Еремија плачеше за Јосија; него го спомнуваа сите пејачи и пејачки во плачевните песни свои, познати и до денес, кои ги предадоа во обичај во Израелот; ете, тие се напишани во книгата на плачевните песни” (2. Летописи 35:24, 25). Сличен на Јосија “немало цар пред него, кој се свртел кон Господа со сето свое срце, и со сета душа своја, и со сите свои сили, според целиот закон Мојсеев; и по него не се издигна сличен на него. Но Господ не ја одложи големата јарост на гневот Свој, со која гневот Негов Му се разгори против Јуда за сите навреди, со кои Манасиј Го беше разгневил.” (2. Царства 23:25, 26). Бргу се приближувало времето кога Ерусалим требал да биде целосно уништен, a жителите на земјата одведени во ропство во Вавилон, за таму да ја научат лекцијата што одбиле да ја научат под поволни околности.

Сподели го ова:

Слични објави