53. Градење на Ерусалимските ѕидови

Сподели го ова:

Ова поглавје се базира на книгата Неемија 2, 3 и 4 глава.
Неемија безбедно допатувал во Ерусалим. Царевите писма упатени за кнежевствата на покраините низ кои што поминувал, му осигурале добар прием и брза помош. Ниеден непријател не се осудил да го вознемири великодостојникот кој што патувал под заштита на персискиот цар, а на кого и покраинските кнезови му укажувале големо почитување. Меѓутоа, неговото доаѓање во Ерусалим со поддршка од војската, врз основа на што можело да се заклучи дека доаѓа заради некоја важна мисија, предизвикало љубомора кај незнабожечките племиња кои што живееле во околината на градот и кои со честите напади и навреди го изразувале своето непријателство кон Евреите. Во тоа зло дело посебно се истакнувале некои поглаватари на племиња – Санавалат Оронецот, Товија Амонецот и Гисем Арабјанинот. Овие поглавари од самиот почеток злонамерно ја посматрале Нееминовата работа и настојувале на секој начин да ги осуетат неговите планови и спречат неговата работа.
Неемија постапувал исто онака претпазливо и разумно како и до тогаш. Знаејќи дека за противници има огорчени и одлучни непријатели, ја криел од нив природата на својата мисија се додека не ја испитал ситуацијата и не создал план на работа. Се надевал дека на тој начин ќеја обезбеди поддршката на народот и ќе ги наговори луѓето да отпочнат со работа пред непријателите да се подигнат.
Бидејќи избрал неколку луѓе, за кои сметал дека се достојни за доверба, Неемија им објаснил какви околности го натерале да дојде во Ерусалим и им ја открил својата намера и начин на кој сака да ги оствари. Нивниот интерес бил придобиен и тие му ја ветиле својата помош.

Третата ноќ no своето доаѓање, Неемија се дигнал на полноќ и со неколку верни придружници тргна сам да види во каква состојба се наоѓа Ерусалим. Го обиколил на својата мазга градот од едната до другата страна, разгледувајќи ги срушените ѕидови и порти на градот на своите татковци. Болни забелешки го исполниле умот на овој еврејски патриот додека ги разгледувал разрушените бедеми на својот сакан Ерусалим. Сеќавањата на некогашната големина на Израел биле во остра спротивност со овие знаци на немоќност.
Неемија тајно и нечујно ги обиколил сите ѕидови. “Поглаварите не знаеја каде отидов,” вели тој, “ниту што направив, зашто до тогаш не бев им рекол ништо на Евреите ниту на свештениците ниту на кнезовите ниту на поглаварите ниту на другите кои што управуваатсо работата.” Остатокот на ноќта го поминал во молитва, знаејќи дека следното утро мора да изврши тешка задача, да ги собере и соедини своите малодушни и поделени сограѓани.
Неемија имал кај себе царска наредба со која се барало од жителите да му помогнат во обновувањето на градските ѕидини, но тој не се потпрел само на царевиот авторитет. Се трудел да се здобие со љубов и доверба кај народот, убеден дека единството на срцата како и сложните раце се неопходни во големото дело кое што го очекувало. Кога утредента го собрал народот, успеал со своите причини да ги разбуди нивните успиени сили и да ги соедини нивните разбиени редови.
На луѓето на кои Неемија се обратил не знаеле за неговата полноќна обиколка на ѕидовите, ниту тој им говорел за тоа. Но во оваа обиколка можел за многу да заблагодари за својот успех; толку точно ја опишал состојбата на градот што ги импресионирал своите слушатели. Впечатоците кои го импресионирале за немоќта и унижувањето на Ерусалим, дале срдечност и сила на неговите зборови.
Неемија му укажал на народот дека е предмет на исмејување кај незнабожците, дека нивната вера е осрамотена и дека луѓето го хулат Бога. Им рекол дека во далечната земја слушнал за нивната неволја, и како што се молел на Бога во таа прилика решил да побара дозвола од царот за да им дојде на помош. Се молел на Бога не само царот да му издаде дозвола туку и да му подари власт и потребна помош за оваа задача.
Начинот на кој е услишена оваа молитва јасно покажува дека тоа бил Господов план.
Бидејќи го изложил сето ова, Неемија истакнал дека го поддржува Божјата рака и власта на царот, и тогаш му поставил на народот непосредно прашање: дали ќе ја искористи оваа можност и ќе се подигне и ќе ги гради ѕидовите.
Повикот наишол на одзив во нивните срца. Разбирајќи колкава милост покажало небото кон нив, Евреите биле посрамени заради своите стравувања, па сите со нова храброст рекоа во еден глас: “Да станеме и да ѕидаме. И им закрпенаа рацете за ова добро дело.”
Неемија со целото свое битие учествувал во потфатот кој го започнал. Неговата надеж, енергија, ентузијазам и одлучноста преоѓале и на другите, вдахновувајќи ги со иста храброст и возвишена цел. Секој човек постанал сличен на Неемија и ја крепел раката и срцето на својот ближен.
Кога непријателите на Израел слушнале што се надеваат Евреите да направат, почнале да им се потсмеваат говорејќи: “Што е тоа нешто што го правите? сакати ли да се побуните против царот?” Но Неемија им одговори: “Небесниот Бог ќе ни даде да успееме; затоа ние слугите Негови ќе станеме и ѕидаме; но вие немате ни дел, ни право, ни спомен во Ерусалим.”
Свештениците биле меѓу првите кои што се огледале на ревноста и усрдноста на Неемија. Овие луѓе завземале силна положба па можеле во голема мерка да помогнат или да наштетат на ова дело; па со тоа нивната соработка на самиот почеток многу допринела во неговиот успех. Повеќето кнезови и свештенички поглавари одговориле на својата должност и затоа тие верни луѓе заслужно биле споменати во Божјата книга. Само неколку благородници на Текојан “не ги приклонија вратовите свои на служба на својот Господ.” Спомените на овие мрзливи слуги биле обележени со срам и нивните постапки се запишани како предупредување на сите идни поколенија.
Во секое религиозно движење има луѓе кои се држат настрана и не сакаат да помогнат, и покрај тоа што неможат да одречат дека е тоа Божјо дело. Таквите луѓе би било добро да го имаат на ум она што е забележано во книгата по која што ќе им се суди; книга во која нема пропусти или грешки. Во неа е запишана секоја пропуштена прилика да се послужи на Бога, a во неа e исто така за во вечни времиња забележана секоја постапка на вера и љубов.
Но Неемија со своето присуство толку многу влијаел врз луѓето што никој не се повел по примерот на благородниците на Текојан. Народот воопшто бил вдахновен со патриотизам и ревност. Способни и угледни луѓе организирале поедини слоеви на граѓани и групи, и секоја од тие групи била задолжена да подигне еден дел од ѕидот. За некои од нив било речено дека поправале “секој спроти својата куќа.”
Одлучноста на Неемија не спласнала ни кога работата била веќе во тек. Тој неуморно и будно го надгледувал ѕидањето, ги упатувал работниците, воочувајќи ги пречките и интервенирајќи во итностите. Неговото присуство постојано се чувствувало по долж на сиот ѕид чија должина изнесувала повеќе од три милји. Со прикладни зборови ги храбрел исплашените, ги поттикнувал тие што заостанувале и ги пофалувал вредните. Непрестано ги пазел непријателите и нивното движење, затоа што истите се собирале одвреме на време подалеку од ѕидовите, ковајќи зло, а потоа се приближувале поблиску до работниците обидувајќи се да им го одврати вниманието од работата.
Покрај својата разновидна работа, Неемија не заборавил на Изворот на својата сила. Неговото срце постојано се подигало кон Бога, големиот Надгледувач на сите нешта. “Небесниот Бог ќе ни даде да успееме,” нагласаувал тој и тие зборови се пренесувале од еден до друг и ги крепеле срцата на сите работници на ѕидот.
Сепак, реставрацијата на ерусалимските ѕидови не напредувала без пречки. Сатаната се трудел да подигне противници и да внесе малодушност. Негови главни помагачи во тоа дело, Санавалат, Товија и Гесем, се соединиле за да го попречат обновувањето на градските ѕидови. Настојувале да внесат раздор помеѓу работниците. Се потсмевале на напорите на градителите говорејќи дека се зафатиле со неизводлива задача, претскажувајќи им неуспех.
“Што прават тие немоќни Јудејци?” извикувал Санавалат зајадливо, “дали ќе се оградат себеси? . . .ќе ги оживеат ли камењата во прав спалени?” Товија додал со уште поголем презир: “Нека ѕидаат: лисица да се искачи, ќе го растури камениот ѕид нивни.”
Градителите набрзо биле изложени на уште пожестоки напади. Биле принудени да бидатсекогаш претпазливи заради непријателските намери на противникот, кои што се труделе под плаштот на пријателството да внесат збрка, потешкотија и недоверба во нивните редови. Се обидувале да ги обесхрабрат, ковале заговори за да го вовлечат Неемија во својата мрежа, a нашле и Евреи со лажно срце кои што биле подготвени да ги потпомогнат нивните подмолни намери. Пренесувале гласови дека Неемија ќе се подигне против персискиот цар, и дека самиот ќе се прогласи за цар над Израел, а сите кои што го помагаат ги прикажувале како издајници.
Но Неемија и понатаму му се молел на Господа за водство и помош “и народот имаше волја да работи.” Работата напредувала се додека не ги поправиле пукнатините и додека не го подигнале целиот ѕид до половина од планираната висина.
Кога непријателите на Израел виделе колку се безуспешни нивните обиди, се исполниле со бес. До тој момент не се осмелувале да прибегнат кон насилни мерки знаејќи дека Неемија и неговите другари работат под царевата наредба, па се плашеле со своите напади да не го навлечат врз себеси царевиот гнев. Но сега во својот гнев станале виновни за она зло за кое што го обвинувале Неемија. Тие се собраа и “се сложија сите заедно да дојдат и да удрат на Ерусалим.”
Додека Самарјаните ковале завери против Неемија и неговиотпотфат, истовремено кај некои водачи помеѓу Евреите се појавило незадоволство па започнале да ги нагласуваат тешкотиите на потфатот, со намера да го обесхрабрат. “Малакса силата на носачите,” рекоа тие, “а прав од урнатините има многу, не можеме да го ѕидаме ѕидот.”
Обесхрабрувања доаѓале и од друга страна. “Јудејците кои што живееја крај нив,” а кои што не учествувале во работата, донесувале гласови за намерите на нивните непријатели и така предизвикувале малодушност и создавале незадоволство помеѓу Евреите.
Меѓутоа, подбивањето и исмевањето, нападите и заканите како да го исполнувале Неемија со уште поголема решеност и го правеле уште попретпазлив; тој ги увидел опасностите со кои што ќе мора да се спротивстави во борбата со непријателите, но неговата храброст не се поколебала. “А ние се молевме на својот Бог,” вели тој, “и поставивме стража кон нив ден и ноќ.” “Тогаш го наместив народот во низините позади ѕидовите и на стрмнините, поставив народ по семејствата со мачеви, копја и лакови. И разгледувајќи, станав и им реков на старешините и поглаварите и на останатиот народ: He бојте се од нив: Помнете го Господа, големиот и страшниот, и бијте се за браќата свои, за синовите свои и ќерките свои, за жените и куќите свои.”
“А кога слушнаа непријателите наши дека сме дознале, ја разби Господ нивната намера, и ние се вративме сите кај ѕидот, секој на својата работа. И тогаш половината од моите момци работеа а половината држеа копја и штитови и лакови и оклопи… И оние што ѕидаа и кои што носеа товар и кои што товараа, секој со една рака работеше а во другата имашекопје. А тие што ѕидаа, секој имаше меч препашан на својата половина, и така ѕидаа.”
Покрај Неемија стоеше трубач, а и вдолж ѕидот биле распоредени свештеници со свети труби. Народот во работата бил растурен на сите страни, но кога би се приближила опасност на било кое место, би бил даден знак сите таму да поитаат. “Така ја теравме работата,” вели Неемија, “и половината го држеа копјето од зори па се додека ѕвездите не изгрејат.”
Од оние кои што живееле по градчињата и селата надвор од Ерусалим било барано да пребиваатод внатрешната страна на ѕидовите за да го чуваат она што се градело, а и наутро да бидат веднаш подготвени за работа. Целта била да се спречи непотребното одолговлечување а и на непријателот да не му се пружи прилика да ги напаѓа работниците кога доаѓаат и кога се враќаат во своите домови. Неемија и неговите соработници не потклекнале пред никакви тегоби ниту пред тешката работа. Ни дење ни ноќе, па дури ни за краткото време кое што било одредено за спиење, не ја соблекувале својата облека ниту се разделувале од своето оружје.
Противењето и застрашувањето на кое во Нееминово време градителите наидувале кај отворените непријатели и тогашните лажни пријатели, карактеристични се и за искуствата низ кои ќе поминатсите оние кои што денес работатза Бога. За христијаните претставуваат искушенија не само гневот, презирот и свирепоста на непријателите, туку и мрзливоста, непостојаноста, млакоста и издавањето на лажните пријатели и помагачи. Христијаните се изложени на потсмевања и замерки. Оној ист непријател кој што поттикнува презир употребува во погоден моментуште посвирепи и насилни мерки.
Сатаната се користи со секој непосветен човек за остварување на своите цели. Меѓу оние кои тврдат дека го поддржуваат Божјото дело се наоѓаат и луѓе кои што се придружуваат на Неговите најогорчени непријатели, и на тој начин им овозможуваат да го напаѓаат Неговото дело. Дури и оние кои што посакуваат тоа да напредува им сметаат понекогаш на Божјите слуги со тоа што слушаат, пренесуваат и до половина веруваат во клеветите, самофалењето и заканите на Неговите противници. Сатаната со неверојатен успех работи преку своите застапници, и сите оние кои што паѓаат под негово влијание се поттчинуваат на обземувачката сила која го уништува мудриот и разумот на разумниот. Но Божјиот народ, слично на Неемија, не треба да се плаши од своите непријатели ниту да ги презира. Надевајќи се на Бога, тој треба непрестано да чекори напред, работејќи несебично за Неговото дело и доверувајќи ја во Негова заштита работата за која што се бори.
При најголемото обесхрабрување, Неемија во Бога наоѓал прибежиште и сигурна одбрана. И Бог кој што до тогаш бил поддршка на Својот слуга, претставувал потпиралиште на Својот народ во сите векови. Во секоја криза Божјиот народ може со доверба да рече: “Ако е Бог со нас, кој ќе е против нас?” (Римјаните 8:31). Било какви заговори да коваатсатаната и неговите застапници, Бог ќе ги открие и ќе ги осуети. Верните и денес треба да одговорат онака како што одговорил Неемија: “Нашиот Бог ќе војува за нас,” затоа што Бог е присутен во делото и никој не може да го спречи неговиот конечен успех.

Сподели го ова:

Similar Posts