12. Од Езраел до Хорив

Сподели го ова:

Ова поглавје се базира на 1. Царства 18:41-46; 19:1-8. 
Погубувањето на Вааловите пророци отворило пат за спроведување на духовна преобразба помеѓу десетте племиња на северното царство. Илија му укажал на народотза неговото отпадништво и го повикал со скрушени срца да се обрати кон Господа. Казната од небото била извршена. Луѓето ги исповедале своите гревови и го признале Богот на своите татковци како жив Бог. А сега требало да се повлече проклетството од небото и да се обнови земскиот благослов за живот. Дождот требал да ја освежи земјата. “Оди, јади и пиј, зашто доаѓа голем дожд,” му рекол Илија на Ахав. Потоа пророкот се качил на врвот од гората да се помоли.
Илија не му рекол на Ахав да оди да се подготви за дожд заради некои надворешни знаци. Пророкот не видел ниеден облак на небото, ниту пак слушнал грмење. Тој едноставно ги изговорил зборовите кои, во неговата силна вера, Господовиот Дух му ги дал да ги изговори. Илија целиот ден непоколебливо ја вршел волјата Господова и покажал доверба во Божјите пророчки зборови. И сега, бидејќи направил се што било во негова моќ, знаел дека небото дарежливо ќе ги излие ветените благослови. Оној ист Бог кој пратил суша, ветил обилен дожд како награда за доброто. И сега Илија чекал на ветениот дожд. Во став на понизност, ставајќи го “лицето свое помеѓу колената свои,” тој се молел на Бога во името на Израел кој се покајал.
Илија неколку пати го праќал своето момче до местото каде што се пружало поглед на Средоземјето, да види има ли било каков знак дека Бог ја вослишил молитвата. Секој пат момчето се враќало со зборовите: “Нема ништо.” Пророкот не постанал нетрпелив ниту пакја губел верата, тукуја продолжил својата срдечна молитва. Шест пати момчето се враќало со вест дека на бакарното небо нема никакви знаци на дожд. Непоколебливиот Илија го прати уште еднаш, и тој пат момчето се вратило со зборовите: “Ене мал облак колку дланка човечка се дига над морето.”
Тоа било доволно. Илија не чекал црни облаци да го покријат небото. Со вера тој тоа облаче го видел како обилен дожд, и постапувајќи во согласност со својата вера, брзо го пратил своето момче кај Ахав со веста: “Подготви ја својата кочија и слегувај, за да не те фати дождот.”
Бог можел да го употреби Илија во оваа тешка криза во историјата на Израел заради тоа што тој бил човек со силна вера. Додека се молел, неговата вера се повеќе растела и цврсто се држела за небесните ветувања. Тој истрајал во своите молитви се додека не биле вослишени. He чекал потполни докази дека Бог го вослишил, туку бил спремен се да стави на коцка дури и на најмалиот доказ на Божјата наклонетост. Она што можел тој да го направи, секој може да го направи во својот делокруг во службата Божја, затоа што за пророкот од Галад било напишано: “Илија беше човек смртен како и ние, и му се помоли на Бога да не врне дожд на земјата три години и шест месеци.” (Јаков 5:17)
Таква вера му е потребна денес на светот – вера која ќе се држи на ветувањата на речта Божја и која нема да попушти се додека небото не ја вослиши молитвата. Таквата вера цврсто не поврзува со небото и ни дава сила да се бориме со силите на темнината. Верата на Божјите деца “победи царства, извршија праведност, доби ветувања, затвори уста на лавови, угаси огнена сила, ја победи острицата на мечот, од немоќна стана крепка, постанаа силни во бој, ги растера туѓите војски.” (Евреите 11:33, 34). И ние денес мораме токму со вера да ги оствариме најголемите Божји цели. “Ако можеш да поверуваш, се е можно за оној кој верува.” (Марко 9:23).
Верата е важен составен дел на молитвата. “Оние кои сакаат да дојдат при Бога, треба да веруваат оти Тој постои и дека ги наградува оние, што го бараат.“ “Доколку нешто помолиме што е според Неговата волја да добиеме, Тој не слуша, и кога знаеме дека не слуша што и да помолиме, знаеме дека ќе ни даде што и да побараме во Него.“ (Евреите 11:6; 1 Јованова 5:14, 15) Своите молби треба да ги изнесуваме пред Отецот со упорна Јаковова и Илиева вера непопустливо и истрајно, и да бараме се што ни ветил. Честа на Неговиот престол е сигурност за исполнување на Неговата реч.
Кога Ахав се подготвил да појде назад, веќе сенките на ноќта се спуштале на гората Кармил. “Тогаш се помрачи небото од облаци и ветрови и падна голем дожд. А Ахав седејќи во кола дојде во Езраел.” Патувајќи низ царскиот град во мракот и страшниот татнеж, Ахав не можел да го препознае патот пред себе. Меѓутоа, Божјиот пророк кој тој ден го понизил Ахав пред неговите слуги и ги погубил неговите незнабожечки свештеници, сеуште го признавал за цар над Израел па сега во негова чест, поткрепен со сила Божја трчал пред царската кола и ги довел пред градската порта.
Овој милослив акт на Божјиот гласник кон безбожниот цар претставува поука за сите оние кои сакаатда бидат Божји слуги, но имаат високо мислење за себеси. Има луѓе кои без задоволство вршат извесни должности сметајќи дека им е тоа под достоинството. Тие се срамат на некого да му направат дури и најосновни услуги, затоа што се плашатда не се најдат дека работат како слуги. Таквите можат многу да се поучат од Илиевиот пример. Тој со својата реч за три години го спречил небесниот благослов: Бог на виден начин му ја покажал својата милост, затоа што на негова молитва пратил оган од небото да ја спали жртвата: тој со својата рака ги убил незнабожечките пророци и така извршил Божји суд, а неговата молитва за дожд била вослишена. Меѓутоа, по сите победи со кои Бог ја почестил неговата јавна служба, тој доброволно ја вршел задачата на слуга.
Илија и Ахав се разделија кај портите на Езраел. Илија одлучил да остане надвор од градските ѕидови, па се завитка во својата наметка и легна да спие на гола земја. Царот пројде низ капијата и наскоро дојде до својот дворец: и и кажал на својата жена за чудесните настани во тој ден и за откровението за Божјата сила која посведочила на Израел дека вистинскиот Бог е Господ а Илија, вистински негов гласник. Језавела ја обзеде бес кога дознала од Ахав како Илија ги убил незнабожечките пророци. He сакала да признае дека тоа што се случило на Кармил било доказ за силата Божја и Неговото провидение, туку сеуште полна со пакост, изјавила дека Илија мора да умре.
Таа ноќеден гласникго разбудил уморниотпророк и муја предал пораката на Језавела: “Нека ми направат боговите тоа и тоа и нешто повеќе да ми направат, ако утре во ова време не направам со твојата душа, она што беше направено со душата на секого од нив.”
Би можело да се претпостави дека Илија, покажувајќи толкава бестрашност и кој потполно триумфирал над царот, свештениците и народот, никогаш повеќе нема да падне во малодушност ниту да дозволи да го совлада страв. Но, ни тој човек, кој примил толку многу докази за Божјата милост и љубов, не бил без човечки слабости. Неговата вера и храброст го издале во тој темен час. Тој престрашено скокнал од сонот. Дожд лиело од небото и насекаде владеел мрак. Пророкот се дал во бегство да го спаси својот живот, заборавајќи дека Господ три години пред тоа го одвел на едно место каде што не можел да стигне гневот на Језавела ниту пак Ахав можел да го пронајде. Тој дојде во Вирсавеја и “таму го остави слугата свој, а самиот отиде во пустината ден одење.”
Илија не смеел да го напушта местото на својата должност. Требало да се обрати на Оној кој го пратил да ја освети честа на името Господово, молејќи Го за заштита од гневот на Језавела. Требало да му каже на гласникот, дека Бог во кого се надева, ќе го спаси од нејзината омраза. Одвај поминале неколку часа откако бил сведок на откровението на чудесната Божја сила, и тоа требало да му биде сведоштво дека Бог нема да го напушти. Да останел таму каде што се наоѓал, да се потпрел на Божјата сила и заштита, да останел одлучен бранител на вистината, би бил заштитен од се. Господ би му подарил уште една победа казнувајќи ја Језавела, што би оставило голем впечаток врз царот и кај народот би довело до голема реформација.
Илија многу очекувал од чудото што се случило на Кармил. Се надевал дека по таа случка, после толку видно експонирање на Божјата сила, Језавела нема повеќе да има влијание врз Ахав и дека во цел Израел брзо ќе се оствари реформа. На врвот на Кармил го поминал целиот ден не вкусувајќи ништо. Но покрај сите телесни напори кои тој ден ги претрпел, сепак бил посебно возбуден кога колата на Ахав ја водел до портата на Езраел.
Меѓутоа, Илија сега западна во состојба која често ги снаоѓа луѓето после големи постигнувања во верата и славни успеси. Стравувал дека реформацијата започната на Кармил нема да биде долготрајна и западнал во малодушност. Се воздигнувал до најголеми висини, но сега ниско паднал. Додека на него бил Духот на Семожниот, можел да поднесе и најголеми искушенија на верата, но во тие моменти на малодушност, слушајќи ја пораката на Језавела низ која работел сатаната, ја загубил својата потпора во Бога. Бил издигнат до најголемите висини и реакцијата била страшна. Заборавајќи на Бога, Илија бегал се подалеку, и најпосле се нашол сам во мрачна пустош. Исцрпен до крајност, седнал под една смрека да се одмори, и седејќи така, посакал да умре. “Доста е повеќе Господи, прими ја душата моја, зашто не сум подобар од татковците свои”, рекол тој. Како бегалец, далеку од човечките домови, скршена душа во горчливо разочарување, посакал повеќе никогаш да не види човечко лице. Најпосле вака уморен го совладал сон.
Во искуството на сите нас има вакви моменти на големи разочарувања и крајни малодушности, кога мора да ја испиеме чашата на болката, кога ни е тешко да веруваме дека Бог е сеуште добротвор на земските деца и полн со љубов кон нас, кога немир ја обзема душата и смртта ни изгледа поубава од животот. Во тие моменти мнозина губатвера во Бога и стануваат робови на сомнеж и неверство. Кога во тие денови би можеле да го сознаеме смисолот на Божјото провидение со своите духовни очи, би виделе ангели кои се трудат да не спасат од самите нас, да не доведат на основа која е поцврста од вечните планини, и во нас би се појавила нова вера и нов живот.
Во деновите на својата тага и тешка несреќа Јов рекол:
“Нека е проклет денот во кој се родив.”
“О, да беа точно измерени маките мои, а мојата неволја да се стави!”
“Се надевам дека мојата молба ќе биде послушана, и Бог да го исполнеше она за кое што копнеам!
О, да сакаше Бог да ме сотре,
да млатнеше со раката Своја и да ме истребеше!
Тоа би ми била вистинска утеха.”
“Затоа нема да ја воздржувам устата своја; ќе говорам сега во стеснувањето на духот свој; ќе се поплакувам во горчината на душата своја.”
“Душата моја сака …подобро смрт отколку живот.
Ми омрзна животот;
Нема вечно да живеам:
Оддалечи се од мене,
дните мои се само суета.” (Јов 3:3; 6:2, 8-10; 7:11, 15, 16)
Но на JOB не му било дадено да умре, иако бил сит од животот. Укажано му било на подобра иднина и упатена вест на надеж:
“Ќе бидеш цврст, и нема да се плашиш:
Затоа што ќе ја заборавиш тагата: како за истечена вода ќе се сеќаваш за нив. и животот твој ќе блеска појасно од пладне: како утро ќе светнеш.
Ќе бидеш спокоен, затоа што постои надеж . ..
Ќе легнеш,
и не ќе има кој да те заплашува;
Мнозина ќе ти се умилкуваат.
А на злосторниците ќе им згаснат очите, не ќе има веќе засолниште за нив, единствената надеж ќе им биде да издивнат.”
(JOB 11:15-20)
Од најдлабоко очајување и малодушност, Јов се воздигн- ал до височините на цврста вера во милоста и спасоносната Божја сила. Победоносно изјавил:
“И да ме погуби, сепак јас ќе имам доверба во Hero:…
Тој исто така ќе биде моето спасение.”
“Јас знам, Искупителот мој е жив, и Тој во последниот ден ќе застане над земјата:
И ако моето тело биде уништено од црвите, сепакјас во телото мое ќе го видам Бога:
Јас сам ќе го видам,
моите очи ќе Го видат, а не на друг.“
(JOB 13:15, 16; 19:25-27)
Тоспод му одговори на Јов од виорот,” (Јов 38:1) открива- јќи муја на својотслуга енормноста на својата сила. И кога Јов за момент се загледал во својот Творец, се згрозил од себе си и се покајал во прав и пепел. Господ тогаш го благословил, така што последните години биле најдобри од неговиот живот.
Надежта и храброста се од најголемо значење за совршена служба на Бога. Тие се плод на верата. Грешно е и неразумно да се очајува. Бог може и сака на своите слуги да им подари “пообилна” (Евреите 6:17) сила отколку што им е потребно за да истрпат искушение. Колку и да ни се чини дека плановите на непријателот на Божјото дело се мудро скроени и поставени, Бог може да ги осуети и оние највештите. Но, Тој тоа ќе го направи во свое време и на свој начин, кога ќе види дека верата на Неговите слуги ја издржала пробата.
Постои сигурен лек за малодушните а тоа се: вера, молитва и работа. Верата и работата му даваат на човекот сигурност и задоволство кое јакне од ден во ден. Дали лесно подлегнувате на мрачни чувства и малодушност ? Немојте да стравувате ни во најцрните денови кога се изгледа изгубено. Имајте вера во Бога. Нему му се познати сите ваши потреби. Тој е семоќен. Неговата безгранична љубов и милосрдност никогаш не се отсутни. Немојте да стравувате дека нема да го исполни своето ветување. Тој е вечна вистина. Тој никогаш нема да го измени заветот кој го направил со оние кои Го љубат. Бог им дава на своите верни слуги онолку сила колку што им е потребно. Апостол Павле сведочи: “И ми рече: доволна ти е мојата благодат: бидејќи мојата сила наполно се покажува во слабоста… затоа добро ми е во слабостите, во прекорување, во потреба, во прогонување, во тага за Христа, оти кога сум слаб тогаш сум силен.” (2. Коринтјаните 12:9,10).
Дали Бог го напуштил Илија во неговите тешки мигови? О, не! Бог не го љубел помалку својот слуга во моментот кога се чувствувал напуштен од Бога и луѓето, туку како одговор на неговата молитва пратил оган од небото и го осветлил врвот на планината. И сега сонливиот Илија го разбудил еден благ допир и пријатен глас. Тој се тргнал од страв, подготвен да бега, плашејќи се можеби да не го пронашол неговиот непријател. Но лицето наведнато над него со израз на сожалување не било лицето на непријателот, туку на пријател. Бог пратил ангел од небото со храна за својот слуга. “Стани и јади”, рече ангелот. “И тој погледна и ете, до главата имаше леб на јаглен печен и стомна со вода.”
Бидејќи се поткрепил со храната која била за него подготвена, Илија повторно заспал. Ангелот дошол и по втор пат. Допирајќи се до исцрпениот човек, ангелот рекол нежно и сожалувачки: “Стани и јади, зашто те чека долг пат.” “И тој стана јадеше и се напи,” и се поткрепи од тоа јадење и одеше “четириесет дена и четириесет ноќи додека не дојде до Божјата гора Хорив,” каде што нашол скривалиште во една пештера.

Сподели го ова:

Слични објави