28. Езекија

Сподели го ова:

Во директна спротивност со лошото владеење на Ахаз била реформацијата остварена во текот на успешната влада на неговиот син. Езекија стапил на престол решен со сите сили да се бори за да ја спаси Јуда од судбината која го снашла северното царство. Вестите на пророкот биле против сите преполовени мерки. Единствено со најодлучна реформа можела да се оттргне страшната казна.
Езекија се покажал како подготвен човек да се соочи со тешката криза. Штом дошол на престол, започнал да ги остварува своите планови. Прво се дал на работа да ја обнови службата во храмот која толку долго била занемарена. Упатил сериозен повик до една група свештеници и Левити кои останале верни на својот свет повик, за да му помогнат во ова дело. Убедени во нивната верност и поддршка, тој отворено им изјавил дека има намера да спроведе долгорочни реформи. “Нашите татковци згрешија,” призна тој, “и правеа зло во очите на Господа, нашиот Бог, и го оставија и одвратија лицето од Господовиот шатор.” “И така, сега смислив во своето срце да склучам Завет со Господа, со Израеловиот Бог за да се одврати од нас Неговиот јаростен гнев.” (2. Летописи 29:6, 10).
Царот во неколку избрани зборови ја прикажал ситуацијата: храмот бил затворен и во него престанала секоја служба; на улиците во градот и во сите краеви од државата биле практикувани срамни незнабожечки обреди; отпадништво на народот кој би останал верен на својот Бог, ако владетелите му дале добар пример; пропаѓање на царството кое загубило секаков углед и почитување кај соседните народи. Северното царство брзо се распаѓало; мнозина гинеле од меч, а мнозина веќе биле одведени во ропство; Израел набрзо сосема паднал во рацете на Асирците и потполно пропаднал. Таа судбина сигурно ќе ја стигне и Јуда, ако Господ не работи силно за него преку своите избрани претставници.
Езекија отворено ги повикал свештениците да му помогнат да спроведе неопходни реформи. “He бидете сега небрежни,” ги предупредил тој, “зашто Господ ве избра за да стоите пред Hero, за да му служите и за да му бидете слуги и за да принесувате темјан.” “Посветете се сега, и посветете го Домот на Господа, Бога на своите татковци.” (2. Летописи 29:11, 5).
Времето барало брза акција. Свештениците веднаш се дале на работа. Сметајќи и на оние кои не присуствувале на овој договор, сесрдно го отпочнале делото на очистување и осветување на храмот. Бидејќи храмот долго време бил напуштен и занемарен, имало многу потешкотии, но свештениците и Левитите неуморно работеле и ја извршиле својата задача за необично кратко време. Ја поправиле и ја отвориле вратата од храмот, ги собрале светите садови и ги ставиле на место; се било подготвено за да се обнови службата во светилиштето.
Во првото одржано богослужение царот Езекија, свештениците, Левитите и градските старешини побарале простување на гревовите на народот. На олтарот била принесена жртва “за помирување за сиот Израел.” “Кога сврши принесувањето на паленицата, царот и сите кои беа со него паднаа набожно на колена и се поклонија.” Во тремовите на храмот повторно одекнале зборови на слава и пофалба. Разбирајќи дека се ослободени од оковите на гревот и отпадништвото, верниците радосно ја запеале песната на Давид и Асаф. “И Езекија се веселеше, и сиот народ со него, зашто Бог го подготви народот, бидејќи се тоа се случи ненадејно.” (Стихови 24, 29, 36).
Бог ги подготвил срцата на јудејските поглавари да започнат движење на реформација за да се сопре поплавата на идолопоклонствата. Он преку своите пророци непрестано му праќал вести на избраниот народ кои десетте Израилеви племиња ги презреле и отфрлиле, и заради тоа биле одведени во ропство. Но во Јуда останал еден верен остаток, и сега пророцоте нему му се обратиле. Исаија ургирал: “Вратете се при Оној од кого отпаднавте толку длабоко, синови Израелеви!” (Исаија 31:6). А Михеј зборува со доверба: “Јас, јассум загледан кон Господа, чекам на Богот на моето спасение, мојот Бог ќе ме послуша мене. He радувај се на моето зло, непријателко моја, ако паднав, ќе станам; ако престојувам во темнини, Господ е моја светлина. Треба да ја поднесувам Господовата лутина, зашто згрешив пред Hero, се додека не го пресуди мојот спор и не ја изрече правдата; ќе ме изведе на светлина, ќе ја гледам Неговата праведност.” (Михеј 7:7-9).
Оваа и останати слични вести, која ја откривале Божјата подготвеност да им прости и да ги прифати оние кои ќе Му се обратат со цело срце, им дале надеж на мнозина малаксани души во мрачните години кога вратите од храмот биле затворени. И сега, кога водачите започнале да спроведуваат реформа, многу луѓе, уморни од робувањето на гревот, биле подготвени да се отповикаат.
Оние кои доаѓале во тремот на храмот да побараат простување и да го обноват заветот на послушност кон Г оспода, наишле на чудесно охрабрување во деловите од светите списи. Сериозните опомени против идолопоклонството, кои Мојсеј ги изговорил против целиот Израел, биле пропратени со пророштва за Божјата подготвеност да им прости на оние кои ќе Го побараат со целото срце во време на отпадништво. Мојсеј говорел: “Доколку се свртиш кон Господа, својот Бог,” рекол Господ, “и го послушаш Неговиот глас (зашто твојот Бог е милостив Бог;) Тој нема да те остави ни да те погуби, ниту ќе го заборави Заветот што со заклетва го склучил со твоите татковци.” (5. Мојсеева 4:30, 31).
Во пророчката молитва упатена при посветувањето на храмот, чија служба сега ја обновувале Езекија и неговите приврзаници, Соломон се молел: “Ако Твојот народ биде разбиен од непријателот зашто Ти згрешил Тебе, ако сепак се обрати кон Тебе и ако го прослави Твоето Име и ако се помоли во овој Дом, тогаш чуј го Ти тоа од небото, прости му ги гревовите на својот израелски народ.” (1. Царства 8:33, 34). Печат на Божјото одобрување бил ставен на таа молитва, затоа што по нејзиното завршување оган се спуштил од небото и ја изгорил жртвата паленица, а славата Господова го исполнила храмот.
(Види 2. Летописи 7:1) Во текот на ноќта Господ му се јавил на Соломон и му кажал дека неговата молитва е вослишена и дека ќе им биде дадена милост на оние кои ќе се молаттука. Дадено е милостиво ветување: “Доколку Мојот народ, кој се нарекува со Моето Име, се понизи себеси и ако се помоли, и го побара Моето лице и ако се откаже од лошите патишта, Јас ќе го послушам тогаш од небото и ќе му го простам гревот и ќе му ја исцелам земјата.” (2. Летописи 7:14).
Тие ветувања во голема мерка се исполниле за време на реформацијата во времето на Езекија.
Добрите почетни мерки со цел на чистењето на храмот прераснале во големо движење во кое учествувале не само Јуда туку и Израел. Во својата ревност службата во храмот да стане вистински благослов за народот, Езекија бил одлучен да го заживее обичајот на собирањето на Израелците за прославата на Пасхата.
Веќе многу години Пасхата не била празнувана како народен празник. Изгледало дека поделбата на царството по Соломоновото владеење тоа го оневозможувало. Меѓутоа, страшните казни кои се излевале на десетте племиња буделе во нечии срца желба за нешто подобро и возбудливите вести на пророците не останале без акција. Царските гласници надалеку го објавувале повикот за празнување на Пасхата во Ерусалим, “од град во град по Ефремовата и Манасиевата Земја па до Завулон.” Носителите на овој милослив повикобично биле одбивани. Оние кои што не сакале да се покајат им го завртувале грбот; меѓутоа, оние кои Го барале Бога и копнееле подобро да ја запознаат Неговата волја, “се понизија и дојдоа во Ерусалим.” (2. Летописи 30:10, 11).
Во Јудината земја одѕивот бил општ, затоа што врз нив слезе “Божјата рака”, и “ги проникна со еднодушност за да прават што беа заповедале царот и кнезовите” (Стих 12) – заповед која била во склад со Божјата волја откриена преку Неговите пророци.
Празнувањето на Пасхата посебно му користело на насобраното мноштво. Од осквернетите улици на градот биле тргнати идолските олтари подигнати за време на владеењето на Ахаз. Во определен ден била празнувана Пасхата и народот ја поминал целата седмица во принесување жртви и осознавање на Божјата волја. Секој ден Левитите “поучувале за доброто знаење за Господа,” и сите оние кои ги подготвиле своите срца и го побарале Бога, добиле простување. Голема радост го обземала собирот, а “Левитите и свештениците Го фалеа Бога од ден во ден со гласни инструменти” (Стихови 22, 21); сите имале иста желба, да Го прославатОној кој се покажал така благ и милостив.
Седум дена на празнување на Пасхата поминале многу брзо и народот одлучил да помине уште седум дена во длабоко проучување на Господовите патишта. Свештениците и понатаму го поучувале народот од книгите на законот. Народот секојдневно се собирал во храмот да принесуваа дарови на пофалба и благодарност со своите гласови. При крајот на големиот собор било очигледно дека Бог чудесно издејствувал обратување на отпадничката Јудеја и ја сопрел плимата на идолопоклонството која се заканувала се да повлече со себе. Сериозните предупредувања на пророците не биле залудни. “Беше голема веселба во Ерусалим зашто од времето на Давидовиот син Соломон, израелскиот цар, не беше така во Ерусалим.” (Стих 26).
Дошло време верниците да се вратат во своите куќи. “Тогаш свештениците и Левитите станаа та го благословија народот; нивниот глас беше послушан, а нивната молитва допре до Божјото свето живеалиште на небото.” (Стих 27). Бог ги примил оние кои со скрушени срца ги признале своите гревови и искрено му се обратиле барајќи простување и помош.
Преостанало да се изврши уште едно значајно дело во кое морале активно да учествуваат оние кои се враќале во своите домови, и извршувањето на тоа дело сведочело за вистинитоста на остварената реформација. Запишано е: “Сите Израилеви синови, кои се најдоа таму, навлегоа по јудејските градови та ги кршеа столбовите, ги сечеа ашерите и ги оборуваа високите места и жртвениците по сето Јудино, Венијаминово, Ефремово и Манасиево племе додека целосно не ги уништија сите. Тогаш сите Израилеви синови се вратија секој на својот имот, во своите градови.” (2. Летописи 31:1).
Езекија и неговите следбеници спровеле разни реформи заради заштита на духовната и земската благосостојба на царството. “Преку целата Јудеја” царот “го стори она што беше добро и правично и вистинито пред Господа, својот Бог. И во секоја работа која ја почнуваше… се трудеше со целото свое срце, и просперираше.” “На Господа Бога, Бог Израилев, тој се надеваше… не отстапуваше од Hero, туку ги пазеше заповедите Негови, кои Господ му ги беше дал на Мојсеја. И Господ беше со него; и тој напредуваше.” (Стихови 20, 21; 2. Царства 18:5-7) Езекиевото владеење било одбележано со цела низа на провиденија на одредени случки кои на околните народи им посведочиле дека Израеловиот Бог беше со Својот народ. Успехот на Асирците при освојувањето на Самарија и растурањето на расеаниот остаток од десетте племиња меѓу народите, на почетокот на неговото владеење, мнозинаги навело да се посомневаат во силата на Израеловиот Бог. Охрабрени со своите успеси Ниневјаните одамна ја отфрлиле веста на Јона и пркосно се спротивставувале на небесните цели. Неколку години по падот на Самарија, победничката војска повторно се појавила во Палестина, насочувајќи ги овој пат своите напади против Јудините градови, со некој извесен успех. Меѓутоа, војската се повлекла за извесно време заради потешкотиите кои настанале во другите краишта на асирското царство. Неколку години подоцна пред крајот на владеењето на Езекија, требало да се покаже на сите народи во светотдали незнабожечките богови конечно ќе преовладеат.

Сподели го ова:

Слични објави