45. Враќањето на изгнаниците

Сподели го ова:

По заробеништвото

Појавата на Кировата војска пред ѕидовите на Вавилон била за Евреите знак дека се приближува нивното ослободување од заробеништво. Повеќе од едно столетие пред раѓањето на Кир, пророштвото го споменало по име и го запишало делото кое ќе го изврши при ненадејното заземање на градот Вавилон и во подготовката за патотза ослободување на заробените. Преку Исаија биле изговорени зборовите:
“Господ зборува вака за Кир, за својот помазаник: Го примив за десница, за да ги покорам пред него народите… за да ги отворам вратите пред него, па ниедна врата да не му биде затворена. Јас ќе одам пред Тебе за да ги израмнам високите места, за да ги разбијам бронзените врати, за да ги скршам железните лостови. Ти давам тајни сокровишта и скриени богатства, за да си знаеш дека Јас сум Господ кој те повикувам по име, Израелевиот Бог.” (Исаија 45:1-3).
Неочекуваниот влез на војската од персискиот освојувач во срцето на вавилонската престолнина преку коритото на реката, чија вода била пренасочена, и низ внатрешната капија која заради безгрижното чувство на безбедност била оставена отворена и незаштитена, им дало на Евреите обилни докази дека Исаиевото пророштво за ненадејната пропаст на нивните поробувачи детално се исполнува. Тоа требало да им биде сигурен знак дека Бог управува со развојот на настаните кај другите народи во нивна корист. Со пророштвото за начинот на освојувањето и падот на Вавилон тесно се поврзани следниве зборови:
“Јас му велам на Кира: Пастиру мој! И тој ќе ги исполни сите Мои желби, велејќи му на Ерусалим: Изгради се! И на храмот: Положи си ги основите!” “Јас го издигнав за да победи и му ги израмнив сите патишта. Тој ќе го обнови Мојот град и ќе ги врати Моите заробеници без откуп и надомест. Така вели Господ над Војските.” (Исаија 44:28; 45:13).
Ова не биле единствени пророштва врз кои прогонетите можеле да ја базираат својата надеж за нивно брзо ослободување. На дофат им биле и списите на Еремија во кои јасно е укажано за времето кое ќе протече пред Израел да се ослободи од Вавилон. Господ рекол преку својот гласник: “Но кога ќе се наполнат седумдесетте години, ќе ги казнам вавилонскиот цар и оној народ – зборува Господ – за нивното беззаконие, и Халдејската Земја ќе ја претворам во вечни урнатини.” (Еремија 25:12). А на остатокот на Јуда ќе му биде укажана наклонетост како одговор на срдечната молитва. “И ќе оставам да Me најдете – зборува Господ, ќеја изменам вашата судбина и ќе ве соберам од сите места каде што ве истерав, зборува Господ. И ќе ве вратам во местото откаде ве одведов во прогонство.” (Еремија 29:14).
Даниел и неговите придружници често пати размислувале за ова и сличните пророштва, во кои се изложени Божјите намери за Неговиот народ. И сега, бидејќи брзиот развој на настаните наговестувал дека моќната Божја рака делува помеѓу народите, Даниел посебно размислувал за ветувањата дадени на Израел. Неговата вера во пророчката реч го навела да ги проучува настаните кои што ги претскажале пророците. Господ изјавил: “Токму кога на Вавилон ќе му се исполнат оние седумдесет години, Јас ќе ве посетам и ќе го извршам доброто ветување за да ве вратам на ова место… Зашто Јас ги знам Своите замисли за тоа што имам намера со вас – зборува Господ – замисли за мир, а не за несреќа: да ви дадам иднина и надеж. Тогаш ќе Me повикувате, ќе доаѓате кај Мене, ќе ми се молите, и јас ќе ве слушам. Ќе Me барате и ќе Me најдете, кога ќе Me барате со сето свое срце.” (Стихови 10-13).
Кратко време пред падот на Вавилон, кога Даниел размислувал за тие пророштва и барал од Бога да му го протолкува времето, му било дадено цело видение за подигање и падот на царствата. Во првите видениа, како што е запишано во седмата глава од книгата на Даниел, дадено е едно толкување; сепак на пророкот не му било се јасно. “Моите мисли ми се вознемирија,” пишувал тој за тоа свое искуство, “и целото лице ми се измени; но речта ја сочував во своето срце.” (Даниел 7:28).
Благодарение на второто видение била фрлена нова светлина за идните настани, и пред крајот на тоа видение Даниел слушнал “како еден светец зборува, а друг светец го праша оној што зборуваше: До кога ќе трае овој привид?” (Даниел 8:13). Одговорот го збунил: “Уште две илјади и тристотини вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе биде очистено.” (Стих 14). Тој срдечно барал смисла на видението. He можел да ја разбере врската помеѓу седумдесетгодишното ропство, проречено преку Еремија, и две илјади и три стотини години кои, како што рекол во видението небесниот посетител, треба да поминат пред да се исчисти Божјата светиња. Ангелот Гаврил му дал само површно толкување. Меѓутоа, кога пророкот ги слушнал зборовите дека “видението… е за многу години,” тој се онесвестил. За тоа доживување е запишано: “Јас Даниел занемев и боледував некое време; потоа станав и ги вршев вообичаените царски работи; и се чудев на видението, и не го разбирав.” (Стихови 26, 27)
Имајќи бреме за Израел, Даниел повторно ги проучувал пророштвата на Еремија. Тие биле толку јасно напишани што од тие пророчки книги ги разбрал “бројот на годините, кои му ги беше рекол Господ на пророкот Еремија, дека ќе се навршат седумдесед години на урнатините на Ерусалим.”
Засновувајќи ја својата вера на верната пророчка реч, Даниел се молел на Господа брзо да ги исполни ветувањата. Тој се молел за да се сочува Божјата чест, и во своите молитви потполно се изедначил со оние кои што не ја исполнувале Божјата волја, признавајќи ги нивните гревови како свои.
To обратив своето лице кон Господа Бога,” рекол пророкот, “настојувајќи преку молитва, и постење во вреќиште и со пепел; му се молев на Господа, својот Бог, исповедувајќи се.” (Стихови 3, 4) Пред тоа, тој бил долго време во службата Божја и небото за него говорело како за “мил човек,” но сепак Даниел излегол пред Бога како грешник, укажувајќи на големата потреба на својот љубен народ. Неговата молитва била речита во својата едноставност и длабоко срдечна. Еве како се молел: “Ах, Боже мој, велики и страшен Боже, Кој го пазиш заветот и милоста на оние кои Те љубат Тебе и кои ги пазат Твоите заповеди! Ние согрешивме, ние направивме беззаконие, сторивме зло, се одметнавме и се оддалечивме од Твоите заповеди и наредби. He ги слушавме Твоите слуги, пророците, кои им зборуваа во Твое име на нашите цареви, на нашите кнезови, на нашите татковци, на сиот народ на земјата.
Господи во Тебее праведноста, а во нас срам на образот, како во овој ден во нас Јудејците, во Ерусалимците, во сиот Израел кои се близу и кои се далеку, во сите земји каде што си ги растерал заради нивните отстапувања…
“Во Господа, нашиот Бог е милоста и проштавањето зашто се одметнавме од Hero.” “Господи според сета Твоја праведност одврати ги Твојот гнев и Твојата јарост од Ерусалим, од Твојот град, од Твојата Света Гора, зашто заради нашите гревови и безаконијата на нашите татковци, Ерусалим и Твојот народ се за срам на сите кои не опкружуваат.
“Асега, о Боже наш, послушајја молитвата на Твојотслуга и на неговите срдечни молби. Твоето лице нека заблеска над Твоето запустено Светилиште – заради Тебе, Господи. Приклони го Твоето уво Боже мој, и слушај! Отвори ги очите та погледај ја нашата запустеност и градот што се вика со Твоето име! Зашто ние не Те молиме заради својата праведност, туку заради Твојата голема милост.
“Господи, чуј! Господи, прости! Господи внимавај и дејствувај! He се двоуми заради Тебе, Боже мој, зашто со Твоето име се викаат Твојот град и Твојот народ.” (Стихови 4-9, 16-19).
Небото длабоко се спуштило за да ја слушне пророковата срдечна молитва. И пред пророкот да ја заврши молитвата за простување и помош, моќниот Гаврил повторно се појавил пред него и му обрнал внимание на видението кое што го имал пред падот на Вавилон и Валтасаровата смрт. Ангелот тогаш му го изнел во детали периодот од седумдесет седмици, кои што ќе почнат “откако излезе речта Ерусалим повторно да се гради.” (Стих 25).
Оваа молитва Даниел ја упатил “во првата година на Дариј,” (Стих 1) мидскиот владетел чиј војсководец, Кир, го одзел од Вавилон скиптарот на светското царство. Бог го почитувал Дариевото владеење. Нему му бил пратен ангелот Гаврило “да го поткрепи и засили.” (Даниел 11:1). По неговата смрт, приближно две години по падот на Вавилон, Кир дошол на престолот и почетокот на неговото владеење го одбележил крајот на периодот од седумдесетте години, колку што поминало откако Навуходоносор довел првата група Евреи од нивната татковина Јудеја во Вавилон.
Бог го искористил Даниеловото ослободување од лавовската јама за да остави поволен впечаток на Кир Велики. Прекрасните особини на Божјиот човек, како далекувиден државник, го навеле персискиот цар да му укаже посебно почитување и признание за неговото расудување. И сега, бидејќи дошло време според Господовата реч повторно да се изгради Неговиотхрам во Ерусалим, Тој влијаел на Кир како на Свое орудие, и пророштвото со кое Даниел го запознал, а кое се однесува токму за него, правилно да го разбере и на еврејскиот народ да му подари слобода.
Царот ги читал зборовите кои претскажале, пред повеќе од сто години пред неговото раѓање за начинот на кој ќе биде освоен Вавилон; ја прочитал пораката која што му ја упатил Владетелот на вселената: “Те опашав, уштепредда Мезнаеш, за да познаат од исток и од запад дека нема друг освен Мене”; ги видел со свои очи изјавите на вечниот Бог: “Заради слугата свој Јакова, и Израел избраникот Свој те повикав по твоето име и презиме, уште пред да Me знаеш;“ го прочитал вдахновениот извештај: “Јас го подигнав во праведност, и сите негови патишта ќе ги израмнам; Тој ќе го соѕида Мојот град и моите робови ќе ги отпушти, не за пари, ниту за дарови;” кога сето тоа го разбрал, срцето му било длабоко возбудено и тој одлучил да ја исполни својата должност која што небото му ја наменило. (Исаија 45:5, 6, 4,13). Одлучил да ги пушти јудејските заробеници на слобода и да им помогне повторно да го изградат Јеховиниот храм.
Во расписот кој што бил огласен “по целото царство,” Кир ја соопштил својата желба да се погрижи за враќањето на Евреите и повторното подигање на храмот. “Сите земни царства ми ги дал Господ небесниот Бог,” со благодарност признал царот во тој јавен распис, “и Тој ми заповеда да му изградам дом во Ерусалим, кој е во Јудеја. Кој е помеѓу вас од целиот Негов народ? небесниот Бог нека биде со него, па нека оди во Ерусалим… и нека соѕида дом на Господа Израелевиот Бог, (Тој е Бог) кој е во Ерусалим. А ако некој се задржал во некое место, каде и да живеел тој, жителите во местото каде што престојува нека го помогнатсо сребро и злато, со имот и добиток и со доброволни приноси.” (Езра 1:1-4).
Потоа Кир дал упатства во поглед на ѕидањето на храмот: “Домот нека биде изграден како место каде ќе бидат принесувани жртви и темели да му се изѕидаат; нека биде висок шеесет лакти и широк шеесет лакти. Три реда нека бидат од големи камења, а еден од дрво. Трошоците ќе бидат подмирени од царскиот дворец. Освен тоа, златните и сребрените садови од Божјиот дом што Навуходоносор ги беше земал од Светилиштето во Ерусалим и ги пренесол во Вавилон, да се вратат и нека бидат поставени во Божјиот Дом.” (Езра 6:3-5).
Веста за оваа наредба допрела и до најоддалечените краеви на царството и помеѓу растурените Израелеви деца завладеала голема радост. Мнозина како Даниел, ги проучувале пророштвата и Му се молеле на Бога да му ја прати на Сион ветената помош. Сега Бог ги вослишил нивните молитви и затоа радосните срца можеле слободно да запеат:
“Кога Господ ги враќаше Сионските заробеници, ни беше како да сонуваме.
Устата ни беше полна со смеа, а јазикот со пеење.
Тогаш меѓу народите се зборуваше:
Господ направи големи дела за нив.
Господ ни направи големи дела,
затоа се развеселивме.” (Псалм 126:1-3).
“Тогаш станаа поглаварите на семејствата на татковците од Јуда и Венијамин, и свештениците и левитите и сите на кои Бог им го подигна духот” – тие го сочинувале оној добар остаток од околу педесет илјади Евреи во земјите на изгнанство, кои ја искористиле прекрасната можност која што им се пружила, “да одат и да го соѕидаат Господовиот дом во Ерусалим.” Нивните пријатели не им дозволиле да појдат со празни раце. “И им помагаа сите оние што беа покрај нив, со садови златни и сребрени, имот, стока и скапоцени работи.” Покрај тие и многуте други подароци беа вклучени и “садовите од домот Господов, кој што ги беше однел Навуходоносор од Ерусалим… кои ги издаде Кир царот Персиски преку Митридата ризничарот… пет илјади и четири стотини,” за да се употребат во храмот кога ќе биде повторно изграден. (Езра 1:5-11).
Кир го одредил Зоровавел (познат и под името Савасавар), како Давидов потомок, да биде на чело на оние кои што се враќаат во Јудеја, а со него пошол и првосвештеникот Јошуа. Преминувајќи го долгиот пат низ пустината, овие луѓе биле среќни и благодарни на Бога за Неговата милост, и веднаш се фрлиле на работа да го обноват она што било урнато и уништено. “Поглаварите на татковските домови” биле понапред во давањето на прилози за обнова на храмот, a no нивниот пример се повел и народот давајќи доброволно од својата сиромаштија. (Види Езра 2:64-70)
Веднаш го подигнале олтарот во тремот на храмот, на местото каде што се наоѓал стариот олтар. При свеченоста на посветувањето на олтарот, “сиот народ се собра како еден;” и така тие биле соединети во обновувањето на светата служба која била прекината кога Навуходоносор го разорил Ерусалим. Пред да се разотидат по домовите кои имале намера да ги обноват, “тие исто така го празнуваа празникотсеници.” (Ездра 3:1-6).
Верниот остаток многу се израдувал за подигањето на олтарот и за секојдневната жртва паленица. Луѓето сесрдно се подготвиле за подигање на храмот, а нивната храброст растела се повеќе колку што работата напредувала. Тие многу години биле без овој видлив знак на Божјото присуство. А сега опкружени со многу знаци кои ги потсетувале на отпадништвото на нивните татковци, копнееле за храмот кој ќе им биде доказ за простувањето и благонаклонетоста Божја. Надежта дека Бог ќе ги прими им била многу подрага од нивните имоти и права кои повторно им биле вратени. Бог чудесно делувал во нивна полза и тие биле убедени дека Тој е со нив; но сепак тежнееле за многу повеќе благослови. Радосно го очекувале моментот кога повторно од изградениотхрам ќе заблеска Неговата слава.
Работниците кои што ги подготвувале градежните материјали нашле помеѓу урнатините неколку огромни камења кои биле донесени на градилиштето во Соломоново време. Тие камења биле обработени за да можат да се употребат а бил донесен и многу нов материјал. Набрзо подготовките толку напреднале што дошло време да се положи камен темелник. Тоа било направено во присуство на многу илјади луѓе кои што дошле да ја набљудуваат работата и да дадат израз на својата радост заради учество во неа. Додека камен темелникот бил положуван, народот, придружен со трубите на кои свиреле свештениците и кимвалите во кои удирале синовите_Асафови, “му пееја заедно на Господа фала и слава: Зашто е благ, зашто е довека Неговата милост кон Израел.” (Стих 11).
Овој дом кој повторно се градел бил предмет на многу пророштва за благонаклонетоста која што Господ сакал да му ја укаже на Сион, и сите кои што присуствувале на полагање на камен темелникот со целото срце требало да учествуваат во таа свеченост. Меѓутоа, со музика и извици на слава кои што се слушнале во тој радосен ден се мешала и една нескладна нота. “Мнозина свештеници, левити, и главатари на татковските домови и старешини, кои го имаа видено поранешниот храм, плачеа гласно.” (Стих 12).
Било природно што тага ги исполнувала срцата на тие старци додека размислувале за последиците на непокорноста, кои толку долго се чувствувале. Да биле тие и нивното поколение послушни на Бога, да ја исполниле Неговата намера во поглед на Израел, не би бил уништен храмот кој што го соѕидал Соломон, а и робувањето би било непотребно. Меѓутоа, заради неблагодарност и неверство тие биле расеани меѓу незнабожците.
Сега околностите се измениле. Господ во нежна милост повторно го посетил Својот народ и му дозволил да се врати во својата земја. Требало тагата заради грешките од минатото да и отстапи место на чувството на голема радост. Бог влијаел на Кировото срце да им дозволи повторно да го изградат храмот, и тоа требало во нив да предизвика чувство на голема благодарност. Но некои не го забележиле Божјото провидение. Наместо да се радуваат, тие попуштале на незадоволството и малодушноста. Тие ја виделе славата на Соломоновиот храм и се јадосувале што храмот што ќе се подигне сега нема да биде таков.
Роптањето, жалењето, како и непромислените споредби, неповолно влијаеле врз расположението на многуте присутни и ги слабеле рацете на градителите. Работниците се прашувале дали треба да продолжат со градењето на кое што уште од почетокот му се замерува и кое предизвикало таква жалост.
Меѓу соборот сепак имало повеќе луѓе кои што имале посилна вера и пошироки видици и оваа скромна градба не ја гледале со незадоволство. “Многумина воскликнуваа гласно од радост, и така не можеше да се разликува радосното воскликнување од плачот на народот; зашто народот воскликнуваше гласно, и викањето се слушаше многу далеку.” (Стихови 12, 13).
Да знаеле оние кои што тој ден не се радувале на полагањето на камен-темелникот на идниотхрам какви ќе бидат последиците од нивниот недостаток на вера, би се престрашиле. Тие не ја разбрале тежината на зборовите со кои го изразувале своето незадоволство и разочарување, ниту знаеле колку тоа ќе го успори довршувањето на Божјиот дом.
Израелците пред своето ропство се гордееле на првиот величествен храм и достоинствените обреди при богослуженијата, но во нивната служба често пати недостасувала онаа важна содржина која што Бог ја смета за најнеопходна. Славата на првиотхрам и неговите величествени служби не можеле да ги препорачаат кај Бога, затоа што не пружале она што единствено претставува вредност во Негови очи. Тие не Му принесувале жртва со понизно и скрушено срце.
Верските обреди обично се умножуваат и добиваат вид на претераност кога луѓето ќе ги изгубат од вид животните начела на Божјото царство. Кога луѓето ќе го запостават изградувањето на својот карактер и украсувањето на душата, кога ќезапочнатда ја презираатедноставната побожност, тогаш гордоста и љубовта кон раскошот бараат сјајни храмови, величенствени наметки и церемонии. Меѓутоа со сето тоа не се слави Бог. Тој не ја вреднува својата црква според надворешниот сјај, туку по искрената побожност која се одвојува од светот. Тој ја цени според напредувањето на нејзините членови во познавањето на Христа, и нивното духовно искуство. Тој гледа на начелата на љубовта и добрината. Ниту сета убавина на уметноста не може да се спореди со убавината на темпераментот и карактерот, кој се открива во оние кои се Христови претставници.
Една верска заедница може да биде најсиромашна; може да биде без никаков надворешен раскош, но ако нејзините членови живеат според начелата на Христовиот карактер, ангелите ќе се соединат со нив во нивното обожување. Бог ќе ја прими пофалбата од благодарните срца како угодна жртва.
“Славете Го Господа, зашто е благ, затоа што Неговата милост е вечна.
Нека избавените од Господа речаттака,
кои Тој ги избави од непријателските раце.”
“Пејте Му, и славете Го,
раскажувајте ги сите Негови прекрасни дела.
Фалете се со Неговото свето име,
нека се радува срцето на оние кои Го бараат Господа.”
“Зашто Тој ја насити гладната душа,
и ја наполни со добрина изгладнетата душа.”
(Псалм 107:1, 2; 105:2, 3; 107:9).

Сподели го ова:

Слични објави