11. На гората Кармил

Сподели го ова:

Ова поглавје се базира на 1. Царства 18:19-40.

Стоејќи пред Ахав, Илија побарал да се собере целиот Израел и излезе со него и со Вааловите пророци и Астарта на гората Кармил. ’’Појди и собери го кај мене целиот Израел,” му наредил тој на царот, ”на светата гора Кармилска, и четиристотини и педесет пророци Ваалови и четиристотини пророци од шумичките, кои јадат на масата на Језавела.”
Ахав сфатил дека ова го заповеда човек кој говори во име на Бога и со тоа веднаш се покорил, како пророкот да е цар a царот слуга. Тој веднаш упатил гласници низ целото царство со повик Израел да излезе пред Илија и пророците Ваалови и Астарта. Во сите градови и села луѓето се подготвувале да дојдат на собиралиштето во означеното време. Мнозина патувајќи до местото за состанок имале чудни претчувства. Очекувале дека ќе се случи нешто необично: зошто инаку би ги викале да дојдат на Кармил? Каква ли неволја сега се подготвува кон народот и земјата?
Пред да завладее суша, Кармил бил прекрасен предел, со реки кои од непресушните извори течеле низ плодните падини прекриени со цвеќе и бујни градини. Но целата таа убавина исчезнала под проклетството на сушата. Олтарите подигнати во слава на Ваал и Астарта стоеле сега во исушени предели. На врвот на еден од најголемите гребени се наоѓал срушен Господов олтар.
Од Кармил се простирал поглед на голем дел од државата и неговите врвови се запазувале од многуте краеви од царството Израилево. Од подножјето на гората можело да се види речиси се што се случува на нејзините висини. Идолопоклоничките обреди кои се вршеле на нејзините пошумени падини претставувале голема навреда за Бога, и токму затоа Илија одлучил на тоа место да ја покаже Божјата сила и да ја освети честа на Неговото име.
Одредениот ден уште од рано утро врвот на гората го прекривале мноштво отпаднати Израелци во напнато исчекување. Дошле и пророците на Језавела, во величествена поворка. Пред нив одел царотсо својата блескава придружба. идолопоклониците одушевено му воскликнувале. Меѓутоа, свештениците стравувале во срцето, затоа што знаеле дека пророковата реч го лишила Израел три и пол години од роса и дожд. Чувствувале дека се приближува страшна криза. Боговите во кои се надевале, не биле во можност да докажат дека Илија е лажен пророк. Идолите на кои се поклонувале останале рамнодушни на нивните силни привици, молитви, солзи, поклони, гнасни обреди и скапоцени непрестани жртви.
Пред царот и лажните пророци опкружени со мноштво на Израелци стоел и Илија кој единствено дошол да ја брани честа на името Господово. Пред нив се наоѓал човек кого целото царство го обвинувало за страшните неволји, наизглед беспомошен во присуство на израелскиот владетел, Вааловите пророци, војниците и илјадниците луѓе кои тука се собрале. Но Илија не бил сам. Над него и секаде наоколу се наоѓале заштитнички војски на небото – ангели, исклучителни со сила.
Без страв и срам пророкот стоел пред мноштвото, потполно свесен за должноста да ја изврши божествената заповед. Неговото лице изразувало страотна сериозност. Народот со напнатост очекувал тој да проговори. Фрлајќи прво поглед на Јеховиниот олтар а потоа на собраното мноштво, Илија повикал со јасен глас како глас од труба: “До кога ќе бидете на двете страни? Ако Господ е Бог, одете со него: ако е Ваал, одете по него.”
Народот не му одговорил ниту збор. Ниеден човек од големиот аудиториум не се осудил да ја открие својата верност кон Јехова. Измама и слепило се надвисиле над Израел како мрачен облак. Тоа кобно отпадништво не ги совладало одеднаш, туку постепено, затоа што не ги слушале зборовите на укори и опомени, кога Господ од време на време им ги упатувал. Секое скршнување од правиот пат, секое одбивање на покајание ја зголемувало нивната вина и ги оддалечувало од Бога. и сега, во оваа криза, тие упорно одбивале да прејдат на Божја страна.
Господ се гнаси од рамнодушност и недостаток на предаденост во време на криза во Неговото дело. Целата вселена со посебно внимание ги гледа завршните призори на големата борба помеѓу доброто и злото. Народот Божји се приближува до границите на вечноста: што тогаш би било за него позначајно од верноста на небесниот Бог? Во сите векови Бог имал верни јунаци, а и денес има, налик на Јосиф, Илија и Даниел, кои не се срамат од својата припадност на избраниот народ Божји. Посебни благослови ги прататоние кои се трудат за Неговото дело, кои не скршнуваат од вистинскиот пат на должноста, туку со божествена сила прашуваат: “Кој е Господов?” (2. Мојсеева 32:26) Но тие не се задоволуваат со тоа прашање: од сите кои се вбројуваат во народот Божји тие бараат да истапат и недвосмислено да ја откријат верноста кон Царот над царевите. Таквите луѓе ја потчинуваат својата волја и планови на законот Божји. Од љубов кон Бога, тие не го сметаат својот живот премногу драг. Нивна задача е да примаат светлина од Речта и со нејзините јасни зраци да засветлат на светот. Верноста на Бога – тоа е нивна лозинка.
Додека Израел на Кармил се сомневал и се двоумел, Илиевиот глас повторно ја прекинал тишината: “Јас останав сам Господов пророк: а пророците Ваалови ги има четиристотини и педесет. Дајте ни два јунци, и нека тие си изберат еден за себе, и нека го исечат на парчиња и стават на дрва, но оган да не ставаат: а јас ќе го приготвам другиот јунец, и ќе го ставам врз дрва, но оган нема да палам. Тогаш викнете ги имињата на своите богови, а јас ќе го повикам името Господово, па кој Бог се отповика со оган тој нека биде Бог.”
Илиевиот предлог бил толку разумен, што не можеле да го одбијат, и собирајќи храброст рекле: “Добро рече.” Вааловите пророци не се осмелиле да дигнат глас против тоа. Илија им се обратил со зборовите: ’’Изберете си еден јунец и подгответе го прво, затоа што сте повеќе: и викнете ги имињата на вашите богови, но оган не палете.”
Однадвор дрски и арогантни, но со страв во своите расипани срца, лажните пророци го подготвиле својот олтар полагајќи ги на него дрвата и жртвата, а потоа пристапиле кон своите вражби. Нивните пискави гласови одѕвонувале низ околните шуми и висини, додека го повикувале името на својот бог: ”0, Ваале, вослиши не!” Свештениците собрани околу олтарот почнале да скокаат, превртувајќи се, викајќи, корнејќи коса и месо, преколнувајќи го својот бог да им помогне.
Минало утрото, дошло пладне а сеуште немало никакви знаци дека Ваал ги слуша повиците на своите заведени следбеници. He се чул никаков глас, никаков одговор на нивната молитва. Жртвата не била спалена.
Продолжувајќи го своето безумно поклонување, лукавите свештеници непрестано се обидувале да пронајдат некакаков начин да запалат оган и да го наведат народот да поверува дека оганот дошол непосредно од Ваал. Меѓутоа, Илија го пазел секое нивно движење, додека свештениците сеуште се надевале дека ќе им се даде можност за измама и ги продолжиле своите бесмислени обреди.
”А кога дојде пладне, почна да ги исмејува Илија говорејќи: Викајте посилно: зашто он е бог! Можеби е зафатен или има работа, или е на пат, или можеби заспал, па ќе се разбуди. A тие стоеја и викаа на цел глас, и се сечеа со ножеви и шилци по својот обичај, додека крв не им потече. И кога помина пладне, застанаа да пророкуваат додека дојде време да се принесе дар: но никаков глас ниту некој да одговори, ниту некој да чуе.” (1. Царства 18: 27-29).
Сатаната со задоволство би им дошол во помош на оние кои ги измамил и кои верно му служеле. Со задоволство би им пратил молња да ја спали нивната жртва. Но Јехова го спречил сатаната, ја ограничил неговата моќ и никакво лукаво непријателство не можело да предизвика ниедна измама на Вааловиот олтар.
Најпосле, кога гласовите им засипнале од викање, кога целата облека им била крвава од рани кои сами себе си ги направиле, свештениците ги обзело очајување. Со голема жестина тие тогаш заедно застанале и со молитви упатуваа клетви кон својот бог на сонцето, а Илија и понатаму внимателно ги пазел, затоа што знаел дека веднаш би бил растргнат на парчиња ако свештениците би успеале на било кој начин да запалат оган на олтарот.
Се приближила вечерта. Вааловите пророци биле уморни, исцрпени и збунети. Еден предлагал едно, друг предлагал друго, и најпосле престанале да се трудат. Нивната вика и проколнување не одекнувале на Кармил. Очајнички се повлекле од борбата.
Народот целиот ден ги гледал напорите на заведените свештеници. Тие бесно скокале околу олтарот, како да сакале да се дофатат до вжарените сончеви зраци за да ја остварат својата цел. Со ужас гледале како свештениците си го касапат сопственото тело. Луѓето сега имале можност да размислат за сите лудости на идолопоклонството. Мнозина веќе биле сити од разметнувања на демонските сили и со најдлабок интерес очекувале што ќе направи Илија.
Се приближувал моментот на вечерната жртва и Илија го повикал народот. ’’Пристапете кон мене”, рекол тој. И кога луѓето треперејќи се приближиле, тој почна да го поправа срушениот олтар врз кого некогаш луѓето принесувале жртви на небесниот Бог. За него овој срушен куп на камења бил подрагоцен од сите незнабожечки олтари заедно.
Поправајќи го стариот олтар, Илија покажал колку го почитува заветот кој Господ го направи со Израел кога овој го поминал Јордан и и влегол во ветената земја. Зел ’’дванаесет камења според бројот на на племињата од синовите Јаковови… и направи од тоа олтар во името Господово.” (1. Царства 18: 31, 32)
Вааловите свештеници, разочарани и исцрпени од залудните напори, чекале да видат што ќе направи Илија. Тие го мразеле пророкотзатоа што ги ставил на проба која покажала колку се слаби и немоќни нивните богови, но во исто време и се плашеле од неговата сила. Народот исто така чекал во страв и речиси без здив ја гледал Илиевата подготовка. Со своите смирени движења пророкот претставил суштинска спротивност во однос на ѓаволските оргии на фанатичните Ваалови следбеници.
Бидејќи го довршил олтарот, пророкот ископал околу него канал, наставал дрва, го подготвил јунецот и го положил врз олтарот, а потоа му наредил на народот да излее вода врз жртвата и олтарот. “Наполнете четири ведра вода, и истурете ја врз жртвата и врз дрвата”, заповедал Илија. “И пак рече: направете уште еднаш. И пак направете уште еднаш. Па пак рече: напревете и по трет пат. И направија и по трет пат, па водата потече околу олтарот, и се наполни каналот со вода”.
Укажувајќи му на народот за неговото долготрајно отпадништво кое навлекло врз нив Господен гнев, Илија го повикал да го понизи срцето и да се врати кон Богот на своите татковци, за да би се оттргнало проклетството на земјата Израилева. Потоа поклонувајќи се на невидливиот Бог, тој подигнал рака кон небото и кажал едноставна молитва. Вааловите свештеници викале, скокале и се тркалале од рано утро до вечер: меѓутоа, додека Илија се молел, никакви неартикулирани извици не се слушале на гората Кармил. Тој се молел со верба дека е Бог присутен, дека ја гледа оваа сцена и дека ја слуша неговата молитва. Вааловите пророци се молеле силеџиски и неприкладно. Илија се молел едноставно и усрдно: тој го барал Бог да покаже дека е поголем од Ваал и Израел повторно да му се врати.
Тосподе Боже Авраамов, Исаков и Израилев”, се молел пророкот, “нека денес познаат дека си ти Бог во Израел и дека јас сум твој слуга, и дека по твојата реч го направив сево ова. Вослиши ме, Господе, вослиши ме, за да познае овој народ дека си ти Господ Бог, кога повторно ќе ги обрнеш срцата нивни.”
Свечена тишина ги обземала сите. Вааловите свештеници трепереле од ужас. Свесни за својата вина, очекувале брза казна.
Само што Илија ја завршил својата молитва, пламени јазици од оган блеснале како молња и се спуштиле од небото на подигнатиот олтар: ја спалиле жртвата, ја испиле водата во каналот и ги спалиле дури и камењата од олтарот. Блесокот од оганот ја осветлил планината и ги заслепил очите на мнозина. Во долината, каде што мнозина со страв и како без дух ги посматрале движењата на оние rope, јасно се гледало симнувањето на огнот и сите биле запрепастени. Огнот бил сличен на пламенен столб кој на Црвеното море ги одвоил Израилевите деца од Египетската војска.
Народот на брегот паднал ничкум пред невидливиот Бог.
Тој не се осудувал и понатаму да го гледа огнот пратен од небото. Сите стравувале и самите да не бидат спалени. Убедувајќи се дека должност им е да го признаат Израилевиот Бог како свој отец на кого му должат послушност, повикале во еден глас: “Господ е Бог, Господ е Бог.” (1 Царства 18). Овој вик јасно одекнувал преку планината и одзвонувал долу во рамнината. Израел конечно се разбудил, ја отфрлил заблудата и се покајал. Народот увидел колкав срам му нанел на Бога. Потполно е откриен карактерот на лажната служба на Ваал, наспроти разумната служба која ја бара вистинскиот Бог. Народот ја согледал правдата и милоста на Бога кои ја ускратиле росата и дождот само да ги наведе да го признаат Неговото име. Се увериле дека Илиевиот Бог е над сите идоли.
Вааловите свештеници со запрепастување го посматрале откровението на Јеховината сила. Меѓутоа, дури и по својот пораз, во присуство на божествената сила, одбивале да се покајат за своите зли дела. Сакале всушност и покрај се да останат Ваалови пророци. Со тоа покажале дека биле созреани за уништување. Господ му дал наредба на Илија за тие лажни учители да се уништат, за да Израел покајнички се заштити од влијанието од оние кои го учеле да се поклонува на Ваал. Гневот на народот тогаш се упатил против водачите кои биле престапници. И кога Илија ја изговорил наредбата: “Фатете ги тие Ваалови пророци и ниеден да не остане,” сите биле подготвени да послушаат. Ги фатиле свештениците и ги одвеле на потокот Кисон: тука слугите Ваалови биле убиени пред да се заврши денот кој означувал почеток на значајна реформа. Ниеден не смеел да остане жив.

Сподели го ова:

Similar Posts