60. Виденија за идната слава

Сподели го ова:

Во најмрачните денови од својата долга борба против злото, Божјата црква добивала откровенија за вечната Божја цел. На Неговиот народ му било овозможено да фрли поглед преку искушенијата на сегашноста кон победата на иднината, кога борбата ќе биде завршена и искупените ќе ја наследат ветената земја. Тие визии за идната слава – сцени кои што ги исцртала Божјата рака – треба да биде драг на неговата црква денес, кога вековната борба брзо се ближи кон крајот и кога наскоро треба во потполност да се оствари ветениот благослов.
Пророците од дамнешни времиња и објавувале на црквата многу пораки на утешување. Бог му оставил должност на Исаија: “Тешете го, тешете го Мојот народ.” (Исаија 40:1). A низ таа должност се дадени и прекрасни виденија кои што за верниците претставувале надеж и радост низ сите векови. Презрени од луѓе, прогонети и напуштени, Божјите деца сепак се одржале благодарение на Неговите верни ветувања. Со вера го очекувале времето кога ќе се исполнат ветувањата дадени на Неговата црква. “Јас ќе те направам вечна слава, и радост од род во род.” (Исаија 60:15).
На црквата која што се бори често наидуваат страдања и тегоби, зашто без тешки конфликти таа нема да извојува победа. “Леб тажен и вода неволна” (Исаија 30:20) – тоа е заедничката судбина на сите; но нема да биде целосно совладан ниеден од оние кои што се надеваат во Оној кој е силен да ослободи. “Вака вели Господ, кој те создаде, Јакове, и Оној кој те оформи Израеле; не бој се, зашто те откупив, те повикав по име твое; Мој си. Кога ќе појдеш преку вода, Јас ќе бидам со тебе, или преку реки, нема да те потопат; кога ќе појдеш преку оган, нема да изгориш и нема пламенот да те изгори. Зашто Јас Сум Господ Бог твој, Светецот Израелев, Спасителот твој; откуп за тебе го дадов Египет, Етиопија и Сава ги дадов за тебе. Откако ми постана драг, се прослави и јас те возљубив; и дадов луѓе за тебе и народи за твојата душа.” (Исаија 43:1-4).
Во Бога има простување. Тој не прима во потполност и слободно благодарение на заслугите на Исус, нашиот распнат и воскреснат Господ. Исаија слушнал како Господ им говори на Своите избраници: “Јас, Јас Самиот ги бришам твоите престапи заради Себеси, и за гревовите твои не си спомнам. Спомни ме; ќе се судиме, кажувај, за да се оправдаш.” “Ќе познаеш дека сум Јас Господ, твојот Спасител и Избавител твој, Силниот Јаковов.” (Стихови 25, 26; 60:16).
“Срамот на Својот народ ќе го симнам од целата земја,” соопштува пророкот. “И ќе ги наречат свет народ, Господови откупеници.” Бог ветил дека ќе им даде “украсување наместо пепел, масло на радост наместо тага, облека за пофалба наместо дух тажен, за да се наречат дрвја на праведноста, градина Господова за Негова слава.”
“Разбуди се, разбуди се, облечи се во силата своја, Сионе;
Ерусалиме, граде свети, облечи се во убавата своја облека:
Зашто нема повеќе да влезе во тебе необрезан и нечист.
“Истреси го правот од тебе:
Стани, и седни, Ерусалиме;
Тргни ги оковите од вратот свој, заробена ќерко Сионска.”
“Неволнице, потфрлена од виорот, неутешена;
Ете, Јас ќе ги положам твоите камења врз рубин и ќе ги направам твоите основи од сафири.
И ќе ги направам твоите прозори од кристал, и порти од рубинов камен, и сите твои меѓи од скапоцени камења.
И синовите твои ќе бидат научени од Господа,
и обилен мир ќе имаат синовите твои.
Со праведност ќе се утврдиш:
Далеку ќе бидеш од насилства, па нема да се боиш.
И од страв, зашто нема да ти се доближи.
Ете, ќе се вооружат против тебе, но, тоа не е од Мене;
кој и да се вооружи против тебе, заради тебе ќе падне…
Ниедно оружје, направено против тебе нема да има успех;
и секој јазик кој би се подигнал против тебе на суд, – ти ќе го осудиш.
Тоа е наследството на слугите Господови,
и нивната праведност е од Мене, вели Господ.”
(Исаија 25:8; 62:12; 61:3; 52:1, 2; 54:11-17)
Црквата во завршниот конфликт мора да влезе заштитена со оклопот на праведноста Христова. “Убава како месечина, чиста како сонце, страшна како војска со знамиња,” (Песна над песните 6:9) таа мора да тргне по целиот свет победувајќи и да победи. .
Во борбата на црквата со силите на злото, најтемен час ќе биде оној кој што му претходи на конечното ослободување. Но никој кој што се надева на Бога не треба да се бои, затоа што кога “гневот насилнички ќе наиде како поплава која што руши ѕид,” Бог за својата црква ќе биде “прибежиште од поплава.” (Исаија 25:4).
Само на праведниците им е ветено ослободување во тој ден. “Грешниците во Сион ќе се уплашат, трепет ќе ги спопадне лицемерите. Кој од нас може да живее при оган што голта? кој од нас ќе живее при вечен пламен? Кој оди во праведност и говори што е право, кој презира печалба преку угнетување, кој ги протресува рацете свои за да не прима дарови, кој ги затнува ушите свои за да не чуе крвнина, и ги затвора очите свои за да не види зло; тој ќе живее на висините; градовите на карпите ќе му бидат заштита, леб ќе му се дава, вода нема да му недостасува.” (Исаија 33:14-16).

Господ им говори на Своите верни: “Дојди, народе Мој, влези во покоите свои и затвори ги зад себе вратите свои; сокри се за миг, додека да мине гневот. Зашто, ете, Господ излегува од Своето живеалиште да ги казни жителите земни за нивното беззаконие.” (Исаија 26:20, 21).
Во виденија за големиот ден на судот, вдахновените Господови весници проникнале донекаде во ужасот на оние кои што не се подготвиле да излезат во мир пред Господа.
“Ете, Господ ја опустошува земјата и ја прави неплодна, ја превртува и ги расејува нејзините жители… затоа што го престапија законот, ги изменија уредбите, го раскинаа заветот вечен. Затоа проклетство ја јаде земјата, и нејзините жители трпатказна… Престанаа веселбите со тимпани, молкна вревата на оние што се веселеа, стивнаа звуците на гуслите.” (Исаија 24:1-8).
“О каков ден! зашто близу е денот Господов, и ќе дојде како погибел од Семожниот… Изгниени се зрната во своите лушпи, запустени се житниците, урнати се амбарите, оти нема веќе жито. Како воздивнува стоката! Нажалени одат стадата говеда, зашто немаат пасиште; се измачуваат и страдаат овците.” “Лозата се исуши, смоквата овена; шипките и палмите и јаболките и сите дрвја полски се исушија, зашто исчезна радоста меѓу синовите човечки.” (Јоил 1:15-18, 12).
“Нажален сум до дното на срцето свое,” извикал Еремија кога го видел пустошот кој што ќе настане во последните денови од земската историја. “He можам да молчам, зашто ти слушаш трубен глас, душо моја, боен вик. Уништување по уништување се огласува, зашто се опустоши целата земја.” (Еремија 4:19, 20).
“И ќе падне човечкото величие,” изјавил Исаија за денот на Божјата одмазда, “она што е високо кај луѓето ќе се понизи; само Господ ќе стои високо во тој ден; а идолите ќе исчезнат сосема… Во тој ден човекот ќе ги фрли своите сребрени и своите златни одоли, што ги направил за да им се клања, за да влезе во камени процепи и во планински долови од страв пред Господа и од славата на Неговото величие, кога ќе се крене Тој да ја разруши земјата.” (Исаија 2:17-21).
За тие времиња кога човечката гордост ќе се потисне, Еремија сведочи: “Погледнав на земјата, и ете без облична е и пуста; и на небото, а неговата светлина ја нема. Погледнав нагоре, и ете, тие треперат и сите ридови се нишаат. Гледам – и ете, нема човек, и сите небески птици одлетале. Гледам – и ете, плодното поле запусте, сите негови градови се разурнати од лицето Господово.” “О, тешко, голем е оној ден, нема сличен на него; тоа е мачно време за Јакова, но тој ќе биде избавен од него.” (Еремија 4:23-26; 30:7).
Денот на гневот кон Божјите непријатели е и денот на конечното ослободување на Неговата црква. Пророкот вели:
“Поткрепете ги ослабените раце,
И колената изнемоштени утврдете ги.
Речете им на оние на кои што им се уплашило срцето: Бидете цврсти, не бојте се;
Еве, вашиот Бог иде со одмаздата, со отплатата, Божјата плата,
Тој ќе дојде и ќе ве спаси.”
“Смртта ќе биде проголтана засекогаш, и ќе ги избрише Господ солзите од секое лице, и срамот на народот свој ќе го симне од целата земја; зашто така вели Господ.” (Исаија 35:3, 4; 25:8). И тогаш пророкот го здогледал Господа на славата како се симнува од небото, со сите свети ангели, да го собере остатокотод својата заедница помеѓу народите, и слушнал како оние кои што чекаат сложно воскликнуваат:
“Погледни, ова е нашиот Бог,
Hero го чекавме, и тој ќе не спаси;
Ова е Господ,
Hero го чекавме,
Ќе се радуваме и ќе се веселиме за спасението од Hero.” (Исаија 25:9).
Се чул гласот на Божјиот Син како ги повикува заспаните светии, и пророкот, гледајќи како доаѓаат од темнината на смртта, извикал: “Ќе оживеат твоите мртви, и моето мртво тело ќе стане. Разбудете се, и пејте вие кои што сте во правот; зашто твојата роса е роса на растенијата, и земјата ќе ги исфрли мртовците.” “Тогаш ќе им се отворат очите на слепите,
И ушите на глувите ќе им се отворат.
Тогаш хромиот ќе скока како елен,
И јазикот на немиот ќе пее.” (Исаија 26:19; 35:5, 6).
Пророкот видел дека оние кои што го победиле гревот и гробот сега се среќни во присуството на својот Творец, разговарајќи слободно со Hero, како што човекот зборувал со Бога на почетокот. “Радувајте се,” им наложува Господ, “и веселете се до века заради она што ќе го создадам Јас; зашто ете, Јас ќе го создадам Ерусалим за веселба, а народот негов за радост. Ќе се радувам за Ерусалим и ќе се веселам заради Својот народ, и нема повеќе да се слушне во него плач ниту лелек.” “Никој од жителите нема да рече: болен сум. На народот кој што живее во него ќе му се прости беззаконието.”
“Зашто води ќе бликнат во пустината,
И потоци во степите.
И сувото место ќе стане езеро,
И земјата исушена извор воден.”
“Наместо трње ќе никне кипарис,
Наместо коприва ќе израсне мирта.”
“И таму ќе има друм и пат, и ќе се нарече Патот на светоста.
Нема да оди по него нечист, туку ќе биде за нив; кои одат по него, дури и глупавите нема да се загубат.
“Зборувајте му утешно на Ерусалим, и јавете му дека се наврши неговиот рок, дека беззаконието му е простено, зашто прими од рацете на Господа двојно за сите свои гревови.” (Исаија 65:18, 19; 33:24; 35:6, 7; 55:13; 35:8; 40:2).
Кога пророкот ги видел спасените во Божјиот град, слободни од гревот без никакви знаци на проклетство, тој восхитено извикнал: “Радувајте се со Ерусалим и веселете се со него сите кои што го љубите; радувајте се со него.”
“Нема повеќе да се слуша насилство во твојата земја, Ниту постошење и уривање на твоите меѓи; Туку ќе ги наречеш ѕидовите твои Спасение,
И вратата своја Пофалба.
Нема повеќе сонцето да ти биде видело на денот,
Ниту сјајот на месечината ќе ти свети;
Зашто Господ ќе ти биде видело вечно, и деновите на твојата жал ќе се свршат.
Твојот народ ќе биде целосно праведен, тие ќе ја наследат земјата засекогаш;
Фиданката што ја посадив, дело на рацете Мои,
за Мое прославување.” (Исаија 66:10; 60:18-21)
Пророкотслушнал музика и песна, какво што смртно уво освен во Божјите виденија, никогаш не слушнало. “Оние што ги искупи Господ, ќе се вратат и ќе дојдат во Сион пеејќи, и вечна радост ќе биде над главите нивни, ќе добијат радост и веселби, а жалоста и воздивнувањето ќе бегаат.” “Радост и веселба ќе се наоѓаат во него, благодарење и пеење.” “И оние што пеат и свирачите на инструменти ќе бидат таму.” “Тие ќе го подигнат гласот свој и ќе пеат, заради величественоста Господова.” (Исаија 35:10; 51:3; Псалм 87:7; Исаија 24:14).
Искупените на обновената земја ќе се занимаваат со разни работи и ќе ги уживаат задоволствата кои што на почетокот ги имале Адам и Ева. Ќе се живее Едемскиот живот, живот во градините и полињата. “Тие ќе градат куќи и ќе живеат во нив; и ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род. Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг, зашто деновите на Мојот народ ќе бидат како денови на дрвото, и Моите избрани долго ќе се користат со делото на рацете свои.” (Исаија 65:21, 22).
Таму ќе се развие секоја способност, ќе се зголеми секоја сила. Ќе се остварат најголеми потфати, ќе се исполнат највозвишените тежнеења и највисоките амбиции. И секогаш ќе постојат нови висини на кои ќе треба да се качува, нови чуда на кои ќе треба да се восхитува, нови вистини кои што треба да се разберат и предмети кои што треба да се проучуваат и така силите на телото, духот и душата се повеќе ќе се развиваат.
Пророците на кои што им биле откривани овие величествени сцени копнееле во потполност да го разберат нивното значение. Тие “бараа и испитуваа… испитувајќи во какво или во кое време им јавуваше Христовиот Дух однапред… Ним им беше откриено дека тие не служат за самите себе туку за нас со она што ви се јави сега вам. (1. Петрово 1:10-12).
Ние се наоѓаме пред самото исполнување на пророштвото и ќе учествуваме во величествените моменти на завршетокот на сите опишани настани, на кои Божјите деца чекале, кои биле предмет на нивните молитви и копнеење од оној ден кога нашите родители излегле од Едем.
Како патници, ние сеуште се наоѓаме во средината на сенката и метежот на земските активности. Но Спасителот наскоро ќе се појави и ќе донесе ослободување и одмор. Да ја гледаме благословената иднина преку вера онака како што ја опишала Божјата рака. Оној кој што умрел заради гревовите на светот, ширум ја отвора вратата од рајот на сите кои што веруваат во Hero. Набрзо ќе биде војната завршена, победата задобиена. Наскоро ќе го видиме Оној во кого се сосредоточени сите наши надежи на вечниот живот. Во Неговото присуство неволјите и страдањата од овој живот ќе станат сосема безначајни. Поранешните нешта “нема да се споменуваат ниту на ум ќе доаѓаат.” “He отфрлајте ја значи довербата своја, која што има голема плата. Зашто трпението ви е потребно да ја извршите Божјата волја и да примите ветување. Зашто уште малку, многу малку, па ќе дојде Оној кој што треба да дојде и нема да задоцни.” “Израел ќе биде спасен… со вечно спасение, нема да се посрамите ниту ќе се посрамотите во веки.” (Исаија 65:17; Евреите 10:35-37; Исаија 45:17).
Подигајте го секогаш погледот rope и нека вашата вера биде се посилна и посилна. Нека таа вера ве води по оној стрмен пат кој – низ вратата на Божјиот град – води во бескрајна иднина, славата која што таму ги очекува откупените. “Бидете затоа трпеливи браќа мои до доаѓањето на Господа. Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран и доцен. Бидете и вие трпеливи, утврдете ги вашите срца, зашто доаѓањето на Господа се приближи.” (Јаков 5:7, 8).
Спасениот народ нема да познава друг закон освен законот на небото. Сите ќе бидат среќно и сложно семејство, облечено во облеки на пофалба и благодарност. Над таа сцена ќе запејат утринските ѕвезди, а Божјите синови радосно ќе воскликнуваат, додека Бог и Христос заеднички ќе објават: “Нема повеќе да има грев, ниту пак смрт ќе има веќе.”
“Тогаш од една нова месечина до друга, и од сабота до сабота, ќе доаѓа секое тело да се поклони пред Мене, вели Господ.” И ќе се јави Господовата слава, и секое тело ќе види.” “Господ Бог ќе направи да никне праведност и пофалбата пред сите народи.” “Во тој ден Господ над војските ќе биде славна круна и голем венец за остатокот на својот народ.”
“Зашто Господ ќе го утеши Сион, ќе ги утеши сите негови урнатини, и неговата пустина ќе направи да биде како Едем и пустошот негов како Господовата градина.” “Славата Ливанска ќе и се даде и красотата Кармилска и Саронска.” “Нема повеќе да се нарекуваш Оставена, ниту земјата твоја ќе се вика Пустош, туку ќе те викаат Мое благоволение а земјата твоја омажена… и како што се радува младоженецот на својата невеста, така тебе ќети се радува твојот Бог.” (Исаија 66:23; 40:5; 61:11; 28:5; 51:3; 35:2; 62:4, 5).

Сподели го ова:

Similar Posts